Navistina e tesko da ignoriras arogantno i bez osetno ponasanje sekoj den veruvajte jas i rabotam rabota kaj sto se srekavam so mnogu luge mnogu karakteri i za se treba dobar dogovor kompromis. Ama toj se pravi so luge sto sakaat da go napravat a ne so luge sto samo od inat funkcioniraat
Се решава се, само треба упорност, компромис и разбирање и од двете (трите) страни.[/QUOTE] WildMk Ретки се случаите каде има компромис и разбирање од двете(трите) страни. Не може да има компромис кај некоја свекрва или пак мајка која не можеш ни да ја тераш ни да ја водиш. Истото важи и за снаите има снаи кои ни оган ги гори, ниту вода ги носи. За каков компромис ке правиме муабет во ваквите случаи каде и едните и др. имааат магаречки инает. Исто така пак има случаи каде свекрвата е опак, а сната е бубаче мирна и обратно. А пак има случаи каде двете се дарувани од бога со добрина и разбирање, каде двете се културани и полни со почит една кон другае, е тука може да се има компромис и слога. Тоа е реткост. Затоа заедницата каде нема слога, носи недоразбирања и проблеми и големи главоболки и на крај може да дојде до распад на едно семејство, кое доколку живее самостојно би функционирало мн. подобро и поубаво.
Не се извинувај бе душо, потполно те разбирам.Сакаат мекици да прават ама синот дс ги плати,ама дамо за нивните гости, ма немој,а кај се гостите од кај снаата? А не за нив нема пари, нив ќе ги платат мајката и таткото на снаата, тоа е ако им досволиш. Од вакви работи кинеш нерви и неможеш со радост да дочекаш бебе. А ова маживе се чуден створ, само нивните и толку, тие се најбитни а на крај од нив ќе плачат. Тоа е што да правиш памет не им доаѓа
Мекици треба да си прави кој сака. Јас и мм ич не се замаравме за тоа. Ние рековме не правиме. Свекор ми и свекрва ми сами сакаа и направија на нивни трошок за нивни гости. Моите не направија. И никому ништо. Наместо пари за мекици, ни ги дадоа за пораѓај. А и не мораа. Они така сакаа. И никој не смее нешто мене или на моите да пререче. На крај краева, ниту јас имам право да се мешам на неговите дали ќе прават и што ќе прават, ниту мм се меша за моите. Сами треба да си ставите граници за вакви работи.
Можеби се е до луѓето....Имам во непосредна близина една цееела фамилија,голема куќа и во неа старите,двајца браќа,золви по 2 деца различна возраст и гужва еден тон.Сите се слагаат си помагаат нема галама,мирно е.Е сега секое семејство има проблеми и нели некогаш и ќе повишиш тон но се во граница на нормала,но кај нив мирно е и сложно ептен погодено.Ние со сопругот сме си оделени,слобода си имаме не се тесниме,а свекрва ми е душа од човек и фала му на Бога што е така,зошто читајќи ги вашите искуства јака ви душа и нерви вас и вашите семејсва дури и стресно.Поздравче и секое добро
Дечки а што правиме со снаите што мува не ги лази? Амс во буквална смисла на зборот. Пр. Јаде ајвар домашен и праи дури мх мх мх додека го џвака, ама ракави да засука да излупи некоја пиперка тоа никако. За ручек репете чека, а да зготви или постави /раскрене маса за тоа ја нема никаде. Кога треба дома да се чисти патот го фаќа во трговски центар итно по намирници кои никој не ги гледа дека се купени. И да не редам на даље. Свекрвата оди на работс и се ова плус сама го прави дома, збор не и се слуша. Бебето и го чува за да се избања госпожа, компоти за малото уште сега става итн додека снајка со прст не мрда. Има дете бајче за чување ама како испод чест да и е да фати. Еве и таква заедница има ако не сте знаеле. Снаата памет само за шетање и скитање, ништо друго. Дете у количка и да може цел ден да не се прибере дома. Мене најискрено срам би ми било да ручам "не заслужен" ручек! А не ајвар да мачкам и сирење од село донесено да кршам калапи.
Ние живееме на различни спратови со свекрвата и свекорот, ама заедно ручаме. Ручекот го прави свекрва ми. Ретко кога јас. Милион пати сум ѝ кажала да правам јас ручек, таа не,јас ќе направам, не се мачи, гледај си детето. И додека бев бремена таа правеше со изговор да не седам на жешкото, надвор има летна кујна па таму готви летоска. Одвечер готви. Масата заедно ја раскреваме, она ги мие садовите оти така сака, качи се горе ми вика, остај садови. Кога седевме заедно, јас ги миев некогаш, сега она. Мене не ми е тешко и ручек да направам, секако за детето готвам. Ама ете таа сакала да готве.
Што да правам јас спас нема од овие двајца (девер и јатрва). Нели рековме секој посебно да си прави сѐ и сабајлево јас направив ручек за нас (за мене мм свеки и свекор). Дојде девер ми од на работа и срам му беше да јаде после тоа вчера а не му ни зборував. Јатрвата дојде од работа си го зеде детето од свекрва ми без да и направи муабет лута и е нешто. Кога мислеа дека сите си легнавме дојде девер ми со чинијата да земе од ручекот ама јас бев во кујна. Ко ме виде му падна незгодно дека нели од неспособната зема да јаде и тој и жена му па почна да ми се умилкува да ми прави муабети а јас си правев нешто и не го регистрирав. После 5 минути ете го иде пак уште една чинија. Чекај бе, нели јас не сум способна за ништо, нели барем чинијатс од мајка ми требаше да ја измијам. Ако беа толку способни што не и даде пари на жена му за намирници ко маж ми што ми даде мене и што не зготви способната, а не се криеја цел ден за вечерта да дојде да јаде од тоа што јас со мои раце сум го направила. Плус дојде од работа а свекрва ми го имаше враце моето бебе и не го ни погледна. А вчера ко се расправавме нејзиниот син викаше по мене и свеки му велеше не те сака нина. Значи за него ја боли за моето не. Видов дека со овие луѓе никако не може. Пак исто е сѐ и само нервози. Утре кога свеки ќе рече што за ручек ќе и речам таа да си прави. Јас да правам на некоја што ме зборува како неспособна сум била, моите не ги прашува што ќе се напијат а сите други да, а тие на секое доаѓање носат нешто за детето а нејзиноте доаѓаат во мој спрат и никогаш ништо не носат за моево и пред мои очи и даваат за детето, што не го регистрира моето дете а јас нејзиното го пораснав. Нема шанси. Таа караници направи за чинијата од мајка ми што ја измоча зошто тогаш јас да не се бунам што јаде од мое јадење.
Уште ли ќе се замараш дали ве фермале или не ве фермале тебе и детето? Аман, жено, што им се замараш дали рекле на твоите здраво, што ќе се напијат и слично. Ете сфати дека тебе толку не те обожаваат и готово.
А шо не отвори уста и на деверот да му речеш назад јадењето си имаш жена нека ти зготви од денс јас готвам за нас и крај а?
^мене друго ми падна в очи Вели идат на мојот спрат Извини, не е твој, нивен е Твој ќе е ко ќе си го купиш/ изградиш сама
Не се замарам за тоа, има кој да не ферма. Ме нервира што зема да јаде од мене. За јатрвата и деверот зборувам не за свекрвата.
Не зборувам за свеки туку за јатрвата. Не е ни нејзин И направија неа посебен. Јас живеам со свекор и свекрва и тој е наш. Јатрвата има свој спрат. Нека си одат нејзините таму. А од кај знаеш јас колку имам вложено во тој спрат?
утре напрај ручек ама само за вас 4ца да име по еден тањир коа ке дојде девер и јатрва по јадење ке речиш дека броено ти е јадењето и нема за сите биди безобразна
Ти се читаш што пишуваш? Велиш дека не го погледнала твоето дете јатрвата и дека свекрвата не ги прашувала твоите што ќе се напијат. И нонстоп пишуваш за тоа дека не те фермале кога детето ти плачело и слични работи. Ете сфати дека не си им омилена и готово. И не прави јадење де. Нека готви свекрва ти
Јатрвата дојде од работа и не го ни погледна моето. А вчера свеки му велеше на детето од јатрвата не те сака стрина ти. Јатрвата не ги прашала само моите што ќе пијат а сите други гости ги послужила. Јас тоа време бев со бебето. Затоа викам зошто од мои раце да јаде некоја што не го почитува детето мое, моите и зборува за мене дека сум неспособна. Разбра сега?
Може имаш вложено, не знам јас тоа, обично во заедница се знае кој вложува И искрено, будала си била ако си вложила за да живееш во заедница, баш заради се' ова што го пиша...
Па кажи им де нека не земаат и готово. Или трпи си уште. Во иста куќа за жал така е. Сте требале ти и маж ти со посебен влез свое да си направите, а не како што пиша членката Симона во една куќа каде што сте на куп да вложуваш
Се знае кој вложува секаде старите ама овде во оваа фамилија не. Кренато имаат раце од сѐ. Тие сметки не плаќаат и не пазарат за дома чекаат од нас не пак да вложат нешто во куќата. Вложиле тие кај другиот син. И сега наместо да не остават да собереме некој денар за нешто повеќе тие ни ги трошат парите.
Да разговараш со мажот ти за овие проблеми? Ваљда пред да се мажиш си знаела во што куќа влегуваш. Сте праеле планови за иднина пред да се земете..Најубавите денови си ги трошиш во нервоза, мене искрено ми делува како мажот ти ич да не го боле убо, битно се женил. Штом имаш свој спрат готви, чисти, гола ако сакаш шетај се таму, нема потреба и за свекрвата да готвиш. Размисли малку за детето што ќе расти во таква дисфункционална фамилија.