^ Така е најубаво да,ама сепак многу пари се во прашање иако јас си молчев за фустанот,не барав од неа ништо,спремна бев да си подадам барање за кредит.Меѓутоа баш неочекувано,она ми извади евра и ми ги даде.Ја прашав зошто, рече да си купиш фустан и бурма и што друго ти треба за свадбата. Ме праша само каде ќе шијам и каков модел. На проби не ми текнало ни на крај памет да ја носам,нема потреба она да се меша. Така да планирајте си ја свадбата како вас ви одговара така,без многу да и кажувате нејзе. Ете јас си нарачав перниче за бурми,сама си го платив,а она без да ми каже купила некоја кутија за бурми.Ако таа не се консултира со мене,а треба,нема ни јас сзошто.Ќе ги потрошам парите за што ми треба,сметки не и полагам. Последно разбрав дека купила и злато,ама сакала да ме изненади на свадбата абе циркус,и ова го кажа пред гости,кога искоментираа дека е многу качено златото, демек да се докаже
Матеа, читајќи те мислам дека си доста емотивна личност и се си земаш при срце. Тоа е во ред, ама денес на таквите ги користат и цело време трпат нервози. Затоа не земај се при срце што ќе ти рече свекрвата. Ако пред свадбата се меша до олку, ами што ќе прави потоа? Стави и граница. Штом дечко ти рекол дека тој ќе ја плаќа венчаницата, што сака нека зборуваа таа! И за 1000ден. да купиш, пак ќе зборува. Изгледа нема попаметна работа. И не ја земај по тебе! Што има таа да доаѓа кога одбираш? Земи си другарка, братучетка по тебе... Можам да замислам колкави се нервозите околу подготовките на свадбата, па не ти е потребно уште некој да долева масло. За златото, најубаво е бе стави ги парите на маса, еве одбери си злато по твој вкус. Различни се вкусовите, зошто толку пари да се трошат на злато, па невестата од култура да го носи, а не и се допаѓа?
кога ја видов темата не можев да не кажам и јас свое мислење јас сум разведена токму поради свекрвата...не сакам да навлегувам во минатото и да се подсеќам на поминатите денови во тој ужасен брак.повеќето од мажите во Mакедонија си ги слушаат мајките.јас сега сум во Aнглија,живеам со мојот дечко и среќна сум,а свекрва...што значеше тоа? можи нејзината идна свекрва спаѓа во тие 5% добри свекрви...дај боже да е така
Еднаш пишав на темава но овој пост на стетоскоп ме испровоцира да напишам повторно. Јас имам прекрасни свекор и свекрва кои за жал се со многу лошо здравје но тоа не беше така кога требаше да правиме свадба. Ниту ни се мешаа ниту пак јас им барав да ми го купат фустанот. Јас се облеков сама маж ми сам. Кога требаше да се купува злато се договоривме со маж ми дека приоритет ни е спратот од куќата да го направиме пошто во друг случај ќе живееме во двор Свекрва ми беше малку упорна дека мора барем нешто да ми купи а едно време ми го нудеше и нејзиниот веренички прстен јас да го наследам но и се заблагодарив и и реков да продолжи да си го носи. Ако добро се сеќавам ми даде 100евра со кои јас купив едни обетки и прстенче(тогаш златото беше поефтино ). Јас фала богу и претходно имав злато, а во моментот а богами и сега ама ич ништо не ми значи. Битно беше во тој момент да заштедиме за тоа што нас ни беше битно. Така да девојки ако сакате скапи венчаници купете си ги, ако сакате да ве китат со злато и вие на зетот купете му Хуго Бос одело, но на крај тоа нема да ве направи посреќни ниту е формула за добар брак. Со среќа и убав помин на свадба!
мој совет-кажии дека треба да седи на страна,да не мисли дека е многу паметна дека ако во иднина продолжи така дека ке се разведеш.исто и со сопругот разговарај.ако не се подобрат работите тогаш кажи им чао и толку размисли пред се на твоето здравје.со нерви можеш да завршиш во душевна болница.ова ти го кажувам од лично мое искуство и од други туѓи искуства.како сакаш свати ама јас ти кажувам за твое добро размисли добро...со среќа
Спојлер Спојлер Еднаш пишав на темава но овој пост на стетоскоп ме испровоцира да напишам повторно. Јас имам прекрасни свекор и свекрва кои за жал се со многу лошо здравје но тоа не беше така кога требаше да правиме свадба. Ниту ни се мешаа ниту пак јас им барав да ми го купат фустанот. Јас се облеков сама маж ми сам. Кога требаше да се купува злато се договоривме со маж ми дека приоритет ни е спратот од куќата да го направиме пошто во друг случај ќе живееме во двор Свекрва ми беше малку упорна дека мора барем нешто да ми купи а едно време ми го нудеше и нејзиниот веренички прстен јас да го наследам но и се заблагодарив и и реков да продолжи да си го носи. Ако добро се сеќавам ми даде 100евра со кои јас купив едни обетки и прстенче(тогаш златото беше поефтино ). Јас фала богу и претходно имав злато, а во моментот а богами и сега ама ич ништо не ми значи. Битно беше во тој момент да заштедиме за тоа што нас ни беше битно. Така да девојки ако сакате скапи венчаници купете си ги, ако сакате да ве китат со злато и вие на зетот купете му Хуго Бос одело, но на крај тоа нема да ве направи посреќни ниту е формула за добар брак. Со среќа и убав помин на свадба![/quote ] Што те толку испровоцирав?Фино си напишавдека ништо не барав-се беше по нивна иницијатива.Финансиите околу свадба не се никакво мерило за иден соживот,или за некои можеби се?
е матејче конкретно за поканите ми остави впечаток, ако не и се допаѓаат твоите покани, за нејзините гости нека си порача , мојата зошто ги згрешиле поканите и сите ги напишале прво моето име па после на маж ми, купуваа одново покани па јас не си ставив ич на душата.затоа сакам да ти кажам уживај си гледај си како ти одговара свадбата е твој ден, ден на твојот маж и тебе. не правиш свадба со свекрвата. Ако сега се замараш,за мене небитни работи,како на пример свекрва понатаму како мислиш да живееш понатаму.
^Па зарем не се пишува секаде прво женското, па потоа машкото? Исто и за кого е наменета поканата, бон тон бре, прво понежниот пол се пишува.. Нејсе, ја фатив свеки како ми ја прегледува спалната Конечно фатена на дело Кога ме виде, се избезуми, не ме очекуваше и се збрка. И влезе во дневна, седна.Почна да јаде од кикириките. Почна несврзан муабет да ми прави. А мене ми едно смешно, ама кутра не можев да се изнасмеам. Си поседе 20тина мин, си го гледаше султанот, земав да го заспивам малиот и се симна долу. Штета, заборавив да ја прашам кафенце да не сака И за жал не ми кажа дали ми е средена спалната или не.
Боже, боже што не ќе прочитам Па зарем и до тој степен има да ти шурка низ спална лел лел Е свака и част, па каде и е културата на женава?Па мајками и татко ми никогаш не ми влегле во соба да префаќаат по мој работи па не некој друг цццц.Девојки колку повеќе ве читам толку повеќе ме фаќа страв да се мажам
Не се замарај за оговарањата , гајле ти е јас за ината би ја ошурила се разбира во рамките на можностите нека плати ако току сака ама фустан кој ти го сакаш еднаш си невеста и треба да имаш фустан каков сакаш да се разликуваш од гостите а не бела хљинља од 3000 4000 ден. Значи она да го плати фустанот според мене треба , јас за инат ке ја виканам на проба кога ке биде готов а и цената да и ја кажат да ја слушне , нека оговара колку сака. Мислам дека се работи за љубомора која од вас двете ке биде пубава се разбира земи пари за да ја платиш за сваки случај ама праисе на тошо прво она види дали ке плати. . Слушај постар чоек . Се шалам и не си го расипувај расположенито . Ако сака да дрнда нека и е ти терај по свое. :
Блонд, свекрва ти и баба ми да не се роднини? И таа има навика да се шета низ соби кога не сме тука и да „разгледува“ насекаде. Некои штосови на баба ми: Еднаш влегла кај нас в соба и имавме ние оставено лижавче на маса и таа го зела. По некој саат дојде едно малечко комшивче и ја гледаме му го дава истото лижавче. А најново е што скришно и „крадела“ на сестра ми од еурокремот - таа, демек пред нас не јаде, ама кога е сама, си поткаснува. Спојлер Инаку, не е работава за јадењето, може и се пријало, ама нека не глуми пред нас, ние посекако со се’ ја нудиме.
Леле Блонд сега кога спомна за свеки па нели ние сме си под кирија,и пред да одеме под кирија јас си ги кренав теписите од дневната и чаршавите од масата,некни одиме на госте и тоа во нивната соба и кога ќе подзирнам накај нашата гледам теписите постелини како она да има давано пари за нив,па и чаршавот на масата постелен,абе жено да не ми ја купи ти спалната па да ми буричкаш или пари ми даде за чаршави и теписи ама нели е битно да се улева и да се виде се што има внатре пуста радозналост ко мали деца,баш ќе ја запрашав ама ајде си прекутив ќе ја прашав па кој ти рече да ги постилаш зарем ти ми даде пари,ама знам ќе се одбрани или син и ќе рече јас и реков па ајде нека оди инаку оште ми стои лутината,да ми ги купеше она ајде неа ги постила ама јас сум си купувала ти да ми ги газиш а сум ги кренала е ме боли тоа
Моите свекор и свекрва со ќерката и зетот дошле во Скопје во петокот.Спијат кај роднини секако кај нас нема место.На свадба сме на Велигден па дошле на шопинг да си се подноват.Криво ми ешто на Младенци не дојдоа,за само еден ден.Цело време ме мачи ова и се си мислам дека е намерно.Вчера ми се јавија за дасме шетале заедно пошто знаат дека и јас сакам чевли и фустан за свадбата.Наместо тоа со сестра и на свеки шетаат нам не ни се ни јавија.Сабајлето ми звони и тоа свекорот,они двете никако,демек шо праиш ако сакаш да шеташ ние сме Во Гтц.Реков не фала шетајте си.Он рече епа ајде барем на по едно кафе ќе гледаме да поминеме. Знам дека не треба ама многу се нервирам од вчера.Зар еден ден ќе им значеше порано. И сега нит правам ручек нит ништо а тоа време планирале да дојдат . Не знам ми се оди лом да ги направам и се да им накажам,а од друга страна си викам сигурно тоа сакале да постигнат да се нервирам. Дали кога ќе дојдат да бидам насмеана како да не ми е гајле за нив или да им кажам се што ми лежи? Навистина ми е тешко,премногу сум изреволтирана. Ама не пуштам солза за нив иако ми се плаче Да беше ќерка им со зетот тука,прво кај нив ќе трчаа. Кога ми се јавија вчера сабајле дека стигнале,иако ми падна претешко се понудив да ги прошетам низ бутици.Рекоа ќе ми се јават за попладне заедно да шетаме,а подоцна се јавија и рекоа еве ние сме низ Гтц ,утре ќе дојдеме на кафе-се правеа наудрени
Мацо, трај си и свиркај си. Прави се на Тошо. Ако ти речат зошто не си излегла кога те викале (а требало порано да те повикаат) кажи им дека си очекувала порано да ти звонат а не толку доцна, нели секако така ви бил договорот? Ич да не се секираш. Ама ич. Гледај со мт да ви е погодено, за нив ич малото прсте да не те боле А инаку не верувам дека било намерно, сигурно има причина што не ти се јавиле порано. А за Младенци, па можеби не можеле порано да дојдат, зафатени се биле.
^ По мое најпаметно ти е да си се правиш наудрена, биди си природна, насмеана, ни случајно да покажеш нервоза или дека си навредена...Немој многу да ги гостиш или да им опстојуваш... Фина, културна, нормално, но без емоции-ни радост дека ти дошле на гости, ниту пак нервоза дека не те викнале на шетање...Кога веќе тие не те испочитувале а требало, искулирај, и свари им кафе за пријатно што порано...
Да да ,тоа ми е најпаметно, ама некогаш сакам се да им плеснам во фаца да знаат дека не сме од Марс И мојот се нервира а не му давам ништо да им рече пошто знам дека лом ќе ги направи и нема да им прозбори. Несфатливо ми е моите да дојдат во Ск и да трчаат кај други роднини а мене да не ме рецкаат. Исто како што јас утре не би направила за мое дете така,само нека им служи на чест Инаку Блонд за Младенци беше договорено да дојдат свекорот свекрвата и мајка ми со сестра ми со нивната кола,и таман за викеднот да останат за да купиме нешто за свадбата.Сигурна сум дека золвата вмешала прсти,за да они откажат во последен момент ,и да ги извисат моите кои дојдоа со автобус.За да утредента дојдат со зетот и ќерката Ова ми нема смисла,а објаснувањето им беше дека свекорот качил притисок
Ааа овие сакаат да се зае*аваат? Бреееј мајката, не знаеле како да ги сменат работите, па ај свекорот качил притисок. Хах. Од авион се познава дека е наместено, ама ај. Премижи овој пат. И некогаш така низ муабет плесни им "ненамерно" за се Подобро да кажеле дека ќерка им и зетот сакаат да одат за Ск, отколку такви детски изговори.
Маца, не го сфаќај ова многу лично. Замисли како би требало да му е на дечко ти, кој сепак им е син. Тие синот го игнорираат, не па тебе. Ич не се замарај кај биле, со кого биле. Ти гледај си го твојот ќеиф. Воопшто не се во право и не знам зошто така се понашаат, ама кога тие можат така, што има ти да се нервираш и да му ја мислиш, не? А, ако сакаш нешто да им речеш, искористи ја првата прилика, во најповолен период кога ќе ти се пружи, онака културно, ама поцврсто, дај им до знаење за некои нивни постапки. Колку да им дадеш до знаење дека гледаш и дека не си проста. По сето претходно пишувано од твоја страна, навистина ми е жал што вака се однесуваат, воопшто не заслужуваш, ама пак да повторам, тие најпрво ни синот не си го гледаат!
Toj не го сфаќа тоа толку трагично како мене.Он оддамна крена раце од нив и ми рече дека они нему не му се ништо Тоа им го кажа и нив,откако се десија неколку работи.Така денес ни се јави сестра и на свеки да не повика на ручек кај неа,демек сите да сме се собрале.Отидов ,зашто не сакав да им го направам ќефот ако не отидам.Таму на смешка им го лепнав,а потоа свеки смени расположение.Не изусти ни збор,цела така изгубена беше.Мислам дека и падна многу незгодно и срам.Така ми делуваше ,мислам дека не одглуми, таква реакција не може да се одглуми. Потоа рекоа демек-сега може ли кај вас на кафе да отидеме,да не имате нето планирано?Јас реков како сакате,мене ми е сеедно Сеуште ми е криво што така направија.Криво ми е и за него,а им нема ништо погрешено.Син им е па и да има.Како ги трпеше срце да не му дојдат на Младенци,да не поитаат едно доаѓање во Скопје право кај него а не кај роднините??? Кој треба да им е на прво место.Со радост покажуваа зетот какви кошули,кондури си купил а договорот беше сите заедно да шетаме,цела недела на ФБ и на мобилен ме отепаа золвата и свеки да не планирам ништо за викенд.Јас па глупача,сестра ми ја одбив за шетање чекајќи да ми се јават. Ова ќе им го памтам и ќе им се врати.