Не навлегувам. Јас ни едно нема да родам додека немам поволна финансиска клима, ама тоа сум јас. Не мора да се сите како мене. Муабетот ми е дека не мора да значи ако децата се голема разлика дека нема да бидат блиски. Од личен пример знам дека тоа нема врска
Ама ти одлучуваш за себе, јас за мене и така натака. Јас ги имам дома и двете разлики, споредба не се прави. Се си има своја убавина.
Точно тоа, него, членката што ја цитирав, Ана мислам беше, тврдеше дека ако има разлика поголема меѓу децата како странци ќе бидат. Верувам дека кај неа е тоа така со брат ѝ, но не е правило.
Samo da ve informiram. Se sredi se. Najdovme stan pod kirija. Jas maz mi I sin mi. Vekje nekolku dena sme vo stanot.
Ова е веќе подобро. Се надевам сѐ ќе се среди и двајцата ќе сфатите кај ви е местото. И на мт со тебе, и тебе со него - а не кој кому што дал и направил
Ајде да пишам и тука со надеж дека ќе добијам побрз одговор. Не пишувам за да се жалам или да бидам напаѓана туку за да дибијам совет. (Малку вон стандардната тема, ама пак е во односи снаа-свекрва-јатрва) Имам јатрва која е помала од мене пет години. Скоро се вработи, работи од дома како асистентет за продажба. И јас работам државна работа, и бидејќи со свеки сме различни смени кога ќе си дојдам ми препушта мене да правам ручек, особено кога е втора смена а јас прва и други пропратни работи. Кога она не беше вработена, јас си идев од работа и плус правев ручек, а она станува од спиење тогаш и често затворена во соба. Маж ми знаеше да замери често за тоа, а мајка му му вели да ќути. Дали има простор да се нервирам, како да реагирам...не сакам да си ставам тежина на душата. Јас не го покажувам тоа и веројатно нема ни да преречам ама не ми е сеедно. Често свеки ја брани и не и пререкува.. знам дека треба баланс, но чувствувам и некој немир... дали она треба да ни ги подели обврските или за мир во куќа да ќути? А мојата работа е со деца со посебни потреби и иако имам скратено работно време не е воопшто лесна.. Совет?
Штом живеете сите 3 во таа куќа ферски е сите 3 да си ги поделите обврските несомнено. Тоа се постигнува кога би седнале сите 3 на маса и би го договориле распоредот на обврските подеднакво .
Да за сите, сите заедно јадеме. Се случуваше и она да зготви но ретко, еднаш неделно или пак ни толку.
Во тој случај мене не би ми било сеедно, ке ги соберам двете и ке им кажам да си направиме распоред за готвење или ке си се затворам во соба па не готвам ниту јас па може ке им текне. Така си ја научила свекрвата ти да готвиш затоа ти остава на тебе. Дигни раце и ти од готвење одма ке реагира,
Тоа и велам, јас не можам да и речам оти не знам како ќе ме сфати. Мислам треба свеки да рече, ама она не го прави тоа. Па се створи во мене омраза, се надевам привремена А сега пак откако почна со работа, а втора смена само работи излеа ништ од готвењето. Со тоа ништо и од садовите и машината и ред други работи.
Немој да молчиш. Кажи им тоа што треба. Ако видиш дека нема ефект, воопшто не готви. Купувај си за јадење. Така се научиле тие двете. Друг да им готви.
Некогаш кога ми вика тоа направи за ручек, ако само јас правам си кимам со главата и го веднеам погледот, да сфати демек само јас готвам. Готви и свеки кога е прва смена не викам не, ама во таа приказна и други работи ја нема третата.
Па така е изгледа, се на готово.. јас не би можела така никогаш. Лебот треба да го заслужиш. Свеки никогаш не спомнува за тоа. Како да не и пречи воопшто, дури и ја брани. Може дека се улизува многу со нив. И затоа јас си ќутам засега.
Можда не знајт да готвит жената,па и е срам да кажит??!! Ти некој ден на пример ко ке сте сами викнија заедно да зготвите или да ти помогнит за салата да речиме,или за раскревање,или па речии ајде денес една торта да напрајме... Па види како ке ти реагират. Од то процени како да постапиш понатака
На свеки и е битно да има направен ручек па мн и е гајле кој ке го прави дали ти или таа. А дека ти си молчиш си молчи и она. Ако не знае да готви може да каже, да помага тогаш во други обврски со чинии, машина , расчистување кујна . А не да си молчи и да си седи во соба и ајде на ручек на маса. И јас вака не би можела никогаш.