Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Знае да зготви. Не кој знае што ама леќа, грав, ориз има правено. Само велам на прсти се брои тоа.
    Тоа е и проблемот. Сега од кога работи па ич не можам да и речам оти нон стоп разговара на телефон, таква и е работата и втора смена
    Ми тежеше тоа, па да си кажам.
    Период е ова кој треба да се издржи.

    Па може и е битно оти и кога не беше вработена и си ја прчеше 2 години пак не беше заповедана.
    Може дека сум помека ми вика мене, она има неколку пати бурно реагирано ако не и е по ќеиф нешто.
     
    На Rebecca_R, SummerGirl и violetblue им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.501
    Пол:
    Женски
    Ако ќутиш, ова ќе потрае. Очигледно е дека се заебаваат со тебе.
     
    На Skorpija25 и mynameislove им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    5.614
    Тоа е мирните и добрите секогаш си страдаат повеќе за жал.
     
    На Skorpija25, Meckicja, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ana_mk

    Ana_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Епа ко така исто ко на приказнана,ко ке седнит да ручат ти прашај" ти шо сработи за да заслужиш да ручаш денес" "ништо" " епа ко е ништо,немат ручек за тебе"
     
    На Meckicja, stilas7 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.501
    Пол:
    Женски
    @mynameislove јас да сум на твое место ништо немам да готвам.

    Ќе го напишам мојот пример. Сите живееме одделно. Маж ми има двајца браќа. Кога сме сите собрани кај свекрвата, она очекуваше јас да готвам. Најверојатно затоа што со неа не се расправав. Јас да готвам, а јатрвите да си ја прчат, мало сутра. Со прст не мрдам. Виде, не виде, она готви.
     
    На oblace1, Skorpija25, Meckicja и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Фала на сите за советите.
    На мм мн му сметаше ова и се остреше да и рече на свеки не сакам гости во куќата.
    Кога виде како се понаша резервирано со снаата ми вика што му е на мт.
    Викам се спремал да каже дека гости не сакал дома што ништо не работат.
    И одма почна, нека не се занесува тој, мене не ми е тешко ништо да правам ни да готвам ни да измијам садови. Кога ќе ми биде тешко ќе ви кажувам сама.
    А очигледно не е така што од тоа што оди во смени, што од тоа што вика само на едната.
    Иначе сеуште немаме официјално поделено соби. Кога ќе сме имале, по свадбата, никој немало да ни влегува, ќе си имаме и кујна.
    Иако тоа е привремено, не планираме да останеме тука.
    Ако не се смени нешто ќе си кажам отворено. Јас ќутам ама и се почитувам себе.
     
    На Meckicja, Milobebence и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.347
    @mynameislove Ако јатрвата е втора смена, може да зготви нешто од сабајле за ручек (зар само втора смена ќе оди), не е тоа проблем ако се сака, а ако не можеш да и кажеш на јатрвата да земе да поготви она малку, доаѓај си подоцна дома и стигнувај таман на ручек кога се е поставено на масата, шетај некаде, кажи дека те оставиле подолго на работа некој период па да видиш тогаш дали ќе готви јатрвата или свекрвата. Ако готви јатрвата после тоа договорете се една недела ти една она, а ако готви свекрвата, не се жали и не и вика на јатрвата да зготви, нека си продолжи она да готви за сите.
     
    На Skorpija25, Meckicja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    @mynameislove и јас не би го трпела тоа. Сега живеам одделно, ама на времето и јас живеев со свекрва и истото го правев како тебе. Јас немам јатрва,како во твојот случај, ама кај мене гостинот беше свекрва ми. Две години го трпев тоа, исто како тебе, ај што ќе зготвев па уште и садовите ги миев и масата ја раскревав сама,се додека еден ден не ми пукна филмот. Ништо не и кажав бидејќи не сакав да се карам, кратко време беше во прашање кога ќе се делиме со мм и затоа почнавме да излегуваме надвор да јадеме, или пак ќе начекав таа да зготви па ќе седнев да јадам, и ни масата не ја раскревав за да види како ми е мене.
    Кога престанав јас да готвам, нормално почна таа, па кога вифе дека не е лесно сама бараше да ги поделиме обврските.
     
    На Meckicja, SummerGirl и zalosna им се допаѓа ова.
  9. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Не ми е логично да готви оној кој е прва смена. Нели е подобро тој што е втора да зготви сабајлето и да се заврши обврската дневен ручек. Ти или свекрва ти се враќате од работа утепани и допрва да ве чека ручек правење и садови миење. Затоа и не ми е ич логично да се устручаваш пред јатрва ти да и кажеш да зготви нешто затоа што работела само втора смена. На крај краева што е битна смената. Време се организира многу едноставно. Супер што и маж ти приметил и му смета. Многумина не би ни приметиле.
    Ако сакаш да бидеш директна и намерно да ја усрамиш, кажи и пред сите за да бидат сведоци и да не ти извртува утре муабети дека ти нешто си ја нападнала. Некако чекај некој прав момент, фино културно залепи и го. На пример кога јадете и она да го пофали ручекот речи и ќе ти кажам рецепт па следен пат ти уште поубаво. Или ако се пожали речи и ако знаеш поубаво бујрум направи.
    Или втора варијанта договори се со маж ти да те знае кај си. Шетни си после работа сама или со него, дојди за време на ручек, ама ненајавено. Па кога ќе побараат мажите во куќа ручек и кога ќе видат дека нема, а ти си "морала хитно да останеш на работа", нејзе нека ја јаде срамот ако воопшто го има. Секако све во договор со мт. Инаку не дај боже тебе ќе те најдат крива си ги остаила без ручек ненајавено :lol: Па и да пререче некој таман ќе кажеш 3 жени сме во куќа, смеам и јас да ме нема еден ден.
    На крајот на краиштата па не мора и све роботски и ко во војска да се функционира нели. Некој пат и мажите нека зготват нешто :) Во секој случај ич не и е за пофалба тоа на јатрва ти. Нејзина маана и срам е, ама те сфаќам потполно дека не ти е сеедно. Ама ако си одите од таму за брзо или се поделите веднап фати си само за вас лично и ич не ги есапи. Нејзината мака допрва ќе дојде.
     
    Последна измена: 21 јуни 2018
    На oblace1, Skorpija25, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Најубаво, никој да не готви.
     
    На Meckicja, stilas7, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Мене не ми е тешко, но ако си ја ставам чивијата на глава утре кога обврските ќе се зголемат дупло пак ќе треба да терам така.
    А и глупо делува. Сите јадеме, сите треба да придонесеме на некој начин.
    Иначе неколку пати намерно не правев ручек кога ќе си дојдев, и не миев садови оти ми скисна. Но после спласна тоа и толку беше.
    Не за џабе има толку поучни приказни за мрзливи снаи.
    Најарно е сам а
    Добар совет :)
    Иначе и мм знае да зготви. Посебно за теста е цар.
    И секогаш знае да ме одбрани.
    Денес јас правев торта (набрзина, она ми рече да ја искористам хоплата) и ручек и машина и мм и се јавува на свеки и вика кој ќе ни дојдат вечер гости што толку спрема снаата. :)
    Јас му реков да не коментира ама ете не останува така он.
    А за женско не личи ич така да се понаша. Порано правеше свеки пред да оди на работа втора смена, јас само ќе го извадев од рерна.. сега се има некоја работа, или спие до 10.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.621
    Допаѓања:
    107.062
    Пол:
    Женски
    Пушти нека коментери не му брани на маж ти, имаш огромна среќа што те брани и што вооошто приметува, те цени почитува и те брани нека продолжи така.
    А девер ти како реагира на ситуацијава?
    Веке ти дадоја членките совет седните вие жените сите три направи кафе и почни разговор речи ајде додека сме овде трите ајде да ги поделиме задачите што која ке работи.
    Тебе те јаде туѓ страм место таа јетрвати да се страми ти се срамиш.
    А ако свекрвати се побуни нешто тогаш сите обврски препушти и ги на неа нејзин избор.
     
    На Skorpija25, Meckicja, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Девер ми е индиферентен. Он нема некои работни навики во домот, па може и не му смета толку или што знам. Не и прирекува во тој поглед иако и во собата им е хаос. Еднаш и пререкол ќе се угушиме во прашина, па како навредена чистеше и коментираше син ти вака ми кажа.
    И свеки мислам за тоа се плаши да и рече нешто не знае како ке реагира.
    Иначе фала на советите, само зрел разговор во право сте.
    Свекрва ми научила од свекрва и многу работи да преќутува, ама ова очигледно не е за така.
     
    На Rebecca_R, SummerGirl и Milobebence им се допаѓа ова.
  14. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Собата и е хаос и ќе се угушат од прашина? Тогаш не е ни не знаење да готви, ни во свекрвата е проблемот туку таа е чиста мрза. Очигледно убаво и е да си ја прчи, или пак така е навикната од дома.
    Според мене едноставно си ја мрзи жената, па кога има кој зошто таа да се мачи.
     
    На zalosna, SummerGirl и Milobebence им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Паметна жена :)
     
    На ivi1987, Meckicja, kim.k и 4 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.742
    Допаѓања:
    38.501
    Пол:
    Женски
    Јас ја разбирам членката, затоа што и јас го имав истиот проблем. На една од семејните собиранки, свекрвата кажува - Ајде сега снаата да направи ручек. А тоа се однесуваше на мене. Јас рецка и мавнав. Си седам и си ќутам. Па она си го направи ручекот. Кога можат јатрвите да седат, можам и јас. Некои сакаат да те користат. Ако им ќутиш, ќе си тераат така. Додека има овци за стрижење, ќе има и волна. (facepalm)
     
    На Skorpija25, Meckicja, Sanja1105 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Ви кажав, бебето сака само кај свеки, и тоа сеуште трае, ако не е таа тука сака кај мене, но кога ќе ја види неа подава раце. Завчера кога дојдов од работа, работам два сати подолго од неа, а маж ми го чува, бебето го држеше таа. Влегов дома одам да го земам, почна да плаче кај мене, го зема таа пак прекина, појдов и и го зедов и по втор пат почна да плаче. Ликуваше госпоѓата. Незнам кај грешам. Скоро почнав на работа и мислев ќе се смени тогаш тоа, но продолжи. Совет? Тешко ми е.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не се замарај. Навикнато е со баба му. Нека го држи таа, што мислиш ти, ќе заборави оно која му е мајка? Никогаш нема да се случи, верувај ме :l:
     
    На CameliaMiller и FlowerPower им се допаѓа ова.
  19. FlowerPower

    FlowerPower Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    289
    Се си мислам ја осеќа мојата нервоза кога ќе ја видам неа со него, потсвесно му праќам негативна енергија. Се надевам дека нема долго да му трае фазата.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Како да не ја осеќал. Само е навикнат со баба му.
    Не се напнувај. Секогаш ќе му бидеш ти мајка. :l:
     
    На Offspring, alana, FlowerPower и 1 друга личност им се допаѓа ова.