@mynameislove и јас би го напишала истото како и @DaenerysT Или прашај ја - ке правиш ручек или ке го чистиш WC-то? Ако те прашаат, ке имаш образложение дека си чистела просторија која (претпоставувам) сите ја користите, свекрва ти втора смена, а бидејќи има уште една снаа, нејзина е вината што не направила ручек. Кога треба да се прави генералка, или кога ке треба да се сработи нешто друго, направи се дека не разбираш. Оди кај мајка ти, кажи дека имаш работа со некое дете итн. Доколку не и проблем на свекрвата да чисти сама а дома полна куќа со луѓе, тогаш нека чисти. Со карање не, подобар ефект ке има ако направиш некоја итроштина како од народни приказни. Ако молчиш и тераш вака, уште долго време ке си правиш ручек, биди сигурна во тоа.
АКо навистина ти пречи, земај го в количка и надвор шетај го...да се навикне малку повеќе на тебе. Може си изморена, ама ќе направи промена....помалку ќе биде кај неа во раце и повеќе тебе ќе те бара...Деца, си бараат шетање, внимание, играње....ете со нешто го привлекла.
Мислам дека не и го зема, туку дека е навикнато на неа и кај неа само бара...така јас ја разбрав, а свекрвава се гордее со тоа дека неа повеќе ја бара наместо мајка му...а нормално на Фловер на нерви и оди.
Изгледа не разбрав добро. Нормално дека свекрвата ќе се радува. За после да може да коментира дека она и го исчувала.
Мојава идеше еден викенд преку две или три недели и таа се го научила (јас секој ден со него ништо не сум го научила ....те потценуваат и ти ја вреѓаат интелегенцијата). Значи кога ќе си влезат во некој филм и не признаваат никако поинаку...не знам дали се сите вакви . А пред да родам дете не беше таква...после се повампири (да се посмеееме).
Исто и мојата. Затоа плаќав жена да ми ги чува децата додека да тргнат во градинка. Изгледа забораваат дека и они биле/се нечии снаи.
Ама што ви менува вас, што мисли и зборува свекрвата? Нека кажува дека таа го израснала и совршено е ради нејзе... Како тоа ви го менува вас животот? Освен ако не ви е битно што мислат комшиите.. И оти не знаете да ја искористите помошта која ви ја нудат? Та и мајка, та и свекрва. Свекрва ми, кога и да дојди, ми усисава дома и ми раскрева. Сум и' рекла дека не мора, таа тврди дека сака, оти и' било досадно така да седи два дена. Другото време, седи со ќерка ми во детска, си се дружат и си разговараат. Не ми пречи, напротив. Мило ми е да ми заврши работи, кои морам јас. Си имам повеќе слободно време да си се дружам со сопругот. Вин-вин!
Така го научила. Знам како ти е. Издржи додека да тргне детето во градинка. После ќе ти биде полесно. Гледај што почесто да бидеш со детето. Она користи што ти не си дома. Колку што разбрав, работиш?
Сега се вратив на работа после породилно, таа доаѓа од работа два часа пред мене, и стварно незнам како го врза во тие два часа плус, кога со мене 9 месеци не покажа ништо такво.
Не мора да значи дека сака повеќе да биде со неа наместо со тебе. И јас некогаш кога ќе ја оставам мојата со свекрвата дали било цела вечер или саат време не сака после тоа да дојди кај мене, ја бара бабаи. Не го сваќам тоа како нешто лошо, ни па и замерувам на свекрвата. Малите знаат да се инаетат , барем за мојата знам дека се "лути" кога ја оставам.
Најубаво ти е како што ти кажав да си го изнесеш детето...и тебе убаво ќе ти дојде...вака дома нервоза само ќе те фаќа....а сигурно кога ќе си дојдеш од работа ти недостасува да си го изгушкаш.
да си жива. И јас ова сакав да го наведам. Тоа што ми го почувале детето мне значи дека ми го изгледале,па кој што сака нека си кажува. Зашто све на лошо помислувате? Значи јас некогаш кога ќе имам внуче ќе немам право да го видам и да го почувам??
@FlowerPower одамна се има замерено за многу посериозен проблем околу однесувањето и опседнатоста на дотичната свекрва кон внучето. Во оваа ситуација повеќе е тажна бидејќи е во немоќ да влијае на однесувањето на толку мало бебе. После се, и јас би си пукнала од мака знам. Ама ќе помине и тоа. Ти и само ТИ си и можеш да му бидеш мајка на твоето чедо. Без разлика по кого се подава. Се подава да си игра, кога плачат сите ја бараат мама
Проблемот е кога влегувам низ врата, ми се смее тој, таа го држи, но кога ќе го земам да го гушнам, почнува да плаче и бара назад кај неа Веројатно во тие два часа го шета низ куќа или во двор, па навикнал да го шета, барем така се тешам. Кога не е таа во видик, си доаѓа кај мене, проблем е ако таа се појави од некаде. Совет до сите идни мајки, не дозволувајте првите недели некој друг да го носи на раце бебето повеќе од вас. Јас од дотичната, а и поради раната и проблемот со цицањето не можев да дојдам до детето месец и пол, може ова се ефектите Кога е убаво времето се шетаме обавезно, затоа сум збунета од каде променава, се правам да сум со него што повеќе, го дојам сеуште, доаѓам и на пауза од работа.
За мене секој маШ и жена е будала што (сака да) живее со свекор и свекрва, односно со неговите родители.