Се спремам за на работа инаку цел ден можам да ви прикажвам што и како ми се има случувано!! Поз женски се слушаме вечер или ако фатам луфта покасно!!
Za tebe mozhi i nema ama nekoj saka da si stvori fam taka da ne veruvam deka nekoj che cheka do penziata od mama i tato..so vrene treba da si go zapnish gaz..o za da stvorish nesto svoe
Најлесно оправдување е неможам со децата!! А речете за шетање или за шопинг спремни за две минути се!! Најинтересно е тоа што ако им речиш нешто се лутат!! Хаха ем иска ем и стиска!! А сведок сум и дека многу расправии се токму поради тие работи оти ем му се шета ем нема кој децата да им ги чува!!
Па и јас тоа го викам дека со време треба двајцата да се запнат и ќе успеат да се осамостојат. Очигледно не ме разбираш и не ме читаш убаво. Прочитај и ќе видиш дека истото го викам.
Jas dusho ubavo te chitam ama i ti ne znaesh sto sakash Za ova te citirav Па ако сакам и цел живот ќе седам со нив, и што?
Мислам дека малку сте забегале од темава. Ете,и јас сум од оние кои не работат.Пред да се земеме со мм,двајцата работевме и тоа со солидни примања бевме,си вложувавме во куќата,после поседовме две години во заедница додека не се среди се за да си се преселиме.Кога ми заврши породилното за првото дете,фирмата кај што работев се затвори.Останав дома.Работам по нешто од дома,најдов и друга работа,но ете и тоа не успеа.Не им беше работник потребен веќе.Се роди и друго дете. Мм работи две работи и никогаш не ми пререкол за тоа.Дури и е согласен бар дур подпркне малово да бидам дома.Секако дека си кратиме од многу нешта,но на децата ништо ама баш ништо не им фали.Сами живееме.Сами плаќаме сметки.Кој сака ако може нека помогне. Сте се запрашале дека во помалите градови има плата која ти е само за храна и превоз,и градинка ако ти остане да платиш? ЈАс не сметам дека како што прочитав погоре “си ја прчам“ туку на друг начин придонесувам,а богамии можам да си заштедам нешто. Секако дека не планирам да седам дома цел живот,но ете мојата одлука беше таква.На некој може му личи дека си ја прчам,но секој со своето мислење.
Јас многу убаво знам што сакам и веќе имаме план за иднина со дечко ми, ама не сум јас тема овде, ви благодарам на грижата. Кажувам дека СПОРЕД МЕНЕ треба ПРВО да си стабилен финансиски, застанат на свои нозе, па после да правиш свадба....а не само направи си свадба, изроди деца во НИКАКВИ услови во заедница и после ќе плачеш. Секој си знае за себе. Јас пре би седела дома кај што сум родена додека се решиме да живееме заедно ама САМИ со него. Сакам да ми е среден животот, да бидам стабилна финансиски пред да стапам во брак или да родам дете. Ако некои мислат дека убаво е да избрзаш и со деца и со брак, а немаш скршен денар, тогаш нека прават така. Никој не им брани и нема никакво правило.
Живеење во заедница и безмалку кажано преживување. Ние живееме со свекрва зашто маж ми неможе да ја остави мајка му. А жената здрава права и без осет од оние простите што не те прашуваат дали може да влезам да го земам детево. Да е најтрагична работата ние имаме услови да живееме сами ама мамино дете си е маж ми. Неколку пати сум пробала да го убедам и ништо вака ни се уништува бракот ама не можам да му докажам. Незнам како да се убедиме женава е љубонорна зашто детево плаче по мене сака да си игра мајка мене ми идеше на нерви сеа само викам си го зимам и чао.
Абе тие таквите што викаат дека си ја прчат жените што не работат, прво нека скокнат, па нека кажат оп. Од такви што немаат уште деца, т е. не се мажени, женети ми е преку глава, па уште солат памет. Ај нека ми каже господинот кај ќе го носиш бебе од девет месеци ако нема јасли во местото кај што живееш? Еве има многу невработени што ги знам од тие причини. Чекаат барем детето две години да наполни. Има градинки само над две години во некои места. Значи ќе плаќаш жена да ти го чува ама ако имаш богами висока плата, а не ако работи некој за 9.000.
Никој не е сигурен шо носит иднината! Шо прајме ако не се стабилизирате финансиски уште 10-15 год.цел живот дечко и девојка ке бидите? Крај краева не пишано правило дека мораш свадба да напрајш!! Ние со мм бевме 3 год.во брак,а свадба праевме ко дојде време за крштевка и за роденден на малиот! Исто не мораш да поканиш 400 гости! Еве на пример ние од двете страни имавме 70 гости
Братучед од маж ми на 20 години се ожени зеде помала жена. Живеат во заедница со родителите и со сестра му. Сите работат. Детето негово мајка му и сестра му го изгледаа. Сега имаат второ дете. Па никому ништо поубаво живеат од нас кои се караме и нерираме ама баш за ништо
Не мораш воопшто да се правдаш некому. Ако не одиш на работа не значи дека си ја прчиш.....вложуваш на друго поле домот, семејството....секој најубаво си знае како му е, нема потреба од такви етикетирања кон било кој.
Имаше една реклама ја даваа на тв за нарталитетот за зголемување. На рекламата има двајца млади и прават муабет за брак, деца... И си викаат почекај да дипломирам...почекај работа да најдеме...почекај стан да си купиме....почекај сега малце сами да прошетаме да уживаме... И ги покажуваат веќе стари без деца и внуци... Не викам дека треба да се мажиш и деца да раѓаш по секоја цена, ама па не секогаш излегува како што сме планирале, сакале или не годините брзо минуваат и биолошкиот часовник отчукува. Има еден пример што го знам на мајка ми колешка ќерката, исто така чекај ова, чекај она... Се средија после неколку години и сега за дете, ама за жал си ги имаше веќе и годините и плус се појави проблем. Се лечи ама како што минува времето се помали се шансите и сега знае да каже што чекавме толку.
Темава е за снаи и свекрви, ама ете коментирајте за мојата иднина ако толку многу сакате. Штом модераторите мислат дека не се ова оф топици нека стојат мислењата. Не знам зошто толку не можете да сфатите и да прифатите дека СЕКОЈ човек си планира нешто, си има цел и се води по тоа а не според некои непостоечки правила. Сите сме свесни за биолошките часовници, дека време си минува, па затоа работиме на случајот да мрднеме напред а не дремеме во кревет за да ни падне од небо некаква прилика. Некоја сакала се омажила помлада, родила деца порано, живее во заедница, може и е убаво, а може не...Јас си имам поинакви планови...Трета си има поинкави. Никој не знае што носи иднината, ама затоа дејствуваме во сегашноста. Слободно живеете во заедница ако ви се живее така. Јас си знам што планирам за себе и затоа во темава пишав СПОРЕД МЕНЕ мислам така и така. Ни барам вие да ми обезбедите иднина, ни некој друг да се замара со мене.
Мислам дека мислењава треба да се преместат во соодветната тема Дали да се живее со свекор и свекрва или така некако слично се викаше. Многу офф отидовме
Темава е луѓе да се кажат проблемите меѓу свекрвите и снаите, а не за паметување посебно од луѓе кои не се во брак. Браво за сите успешни жени кои успеале или да ги средат свекрвите или да се одделат, дај оставете ни ја на нас неспособниве темава за издувен вентил ако ништо друго
Многу "интересни" снаи има во темава. Една се мава у гради дека е нај, нај на секое поле и дека не ја поднесува никој од страна на мажот ама она е најдобра па и љубоморат. Нека пукнат душманите работава. Врвот е дека она не се замара ама темава ја оптерети со јас нај во се, они никакви. Друга живее под кирија, демек супер и е, ама постојано во секој пост ја збори свекрвата како најлоша, цела приказна на памет ја знаеме. Во заедница е тешко да се живее, кој живеел знае, вклучувајќи ме и мене. Различни генерации, две жени во иста кујна е еднакво на хаварија. Меѓутоа, не можам да го разберам моментот - свекрвата му се прави мајка на детето, криво ми е што по неа плаче, одлучува за него. Од друга страна муабет - за моето не и е гајле, другото внуче го сака и гледа повеќе, не сака да го причува. Штом си била спремна да родиш, биди спремна сама да го застанеш на нозе и израснеш. Првата година во брак е најтешка, посебно кога снаа и свекрва се прилагодуваат една на друга. Ама,ако и после неколку години очи си копаат и не можат да се погледнат и поднесат тогаш не е само свекрвата крива. Имам пишувано колку проблеми имав, не беше подносливо. Ама, седум години сум во брак со две деца, после година брак одвоени од заедница, под кирии со триста селења па на крај станбен кредит без ничија помош ни финансиска ни за било што друго. Ама, со свекрва ми не си копам очи, со отворен муабет и прифаќање на грешките и извинување имаме убав однос, и по гости, ручеци, празници, деца гледање и гушкање, па дури и лав муабет на телефон. Сум и простила за сите глупости а она си ги увиде и призна грешките. После се сум сфатила дека животот е прекраток за да водам војна со свекрва и да се карам со маж ради неа. Најмногу помага искрен и отворен муабет за проблемите очи во очи,кажување на се што смета и прави фрки и неподносливи моменти. Трубење на глава на мажот против мајка му не помага, прави само проблеми и го уништува и бракот и животот. Кога искрено пред самите себе ќе си признаете дека има вина и од ваша страна тек тогаш ќе почнат коцките да се редат.
Баш тие што немаат никаков контакт со свекрва им ја пренатрупаа темата со коментари како свекрвите не чинат и на секој трет пост истото го пишуваат. Постојано се едно исто се пишува на темава, не знам нели ви здосади. Може да се има коректен однос со свекрва ако се сака. Нормално дека сите прават грешки, некои намерно некои ненамерно, луѓе сме. Битно е да не се става се при срце, а за некои работи и да се притрае. Никој не е совршен. Нема лоши снаи и лоши свекрви, има само лоши луѓе.