Па бракот намерно го одложуваме за да не живееме со свекрва Или мислиш дека е лесно години и години да си двоиш на страна, да сакаш да живееш со некого, ама си викаш - не, чекај, не може уште? Искрено, уште 20 години ќе живеам со моите, а ниту еден ден со свекрвата. Со која патем, немам никаков проблем. Па, оттаму, не се согласувам дека е "паметување". Всушност, наместо упорно да се бараат оправдувања, може да не' прашате нас (немажени, со свое спечалено) и мажени, со свое спечалено, како сме успеале. Не се сите немажени на темава, што со ниски примања и многу пот спечалиле свое, сами, без помош.
Затоа што ми е преку таквиот што го немам од тоа "вие немажените...". Па 90% од немажењето е затоа што не е решено станбено прашање. Ко божем возот ќе им избега ако не се омажат до 25, крај, готово, потоп. Па после секоја глупост проблем ќе биде. Да не зборам дека снаиве се' совршени, која од која, свекрвите караконџули... освен сопствените мајки, тие се светици. А ако мајките нивни се свекрви, тогаш снаата не чини. Кај е огледалцето, де нека се ѕирнат малце...
Тргнувам од себе не отворам ни тема која не ме засега да ја читам а не да коментирам, од тука е моментот вие немажените, и секако дека твојата е златна ќе праиме муабет за 20тина години кога ќе се решиш да се мажиш. Ние имавме средства кои ги вложивме во куќата кај неговите тоа е бидна сега неможам да го кренам спратот на раменици да го носам, па кога ќе дојдам овде да се испукам за некој проблем што можеби најмалку е проблем ама ете мене така ни делува наидувам на триста осуди и паметувања, далеку од тоа дека не ќе можам да спијам од коментарите сепак јас си знам најдобро која сум и како ми е, али сепак не ми е драго
Не е златна, ниту таа, а ниту јас А богами ниту ти, ниту која било тука. Не треба да сум мажена за да знам дека пари не се вложуваат кај што не стои твое име. Ни во куќа на татко, мајка, брат, не пак некој друг.
И тебе колку што знам не те засега темата развод , па не само што ја читаш ,туку и даваш совети како членката да го "излаже " маж и и да се снајде да излезе од дома . Ако ептен толку не можеш да излезеш на крај со свекрва ти , стварите под мишка и барај празен стан под кирија . Друго решение не гледам јас . Ова ако бараш решение. А ако темата ти е издувен вентил , тогаш свати дека и на немажените им служи за тоа можеби. И нема што да се лутиш
Како не размилував јас вака незнам ама ете ќе се среди. Затоа сестра ми е со истиве ставови како тебе и 12 години е во врска и уште си е при мама и тато. Вакви размислувања тешко се разбираат и следи она ама ајде што чекаш 30 години имате кога ќе раѓаш те лаже он толку време Фамилијата е умислена дека ја лажат и искорустуваат сестра ми А она им вика јас ќе си бидам госпоЖа ама не разбираат они. Проблемите не се решаваат да земеш и да кукаш.
Сите можеме да погрешиме. Ама тогаш фаќаш, почнуваш од почеток, правиш друг план... еднаш само живеам, и тоа како за себе ќе живеам Поздрави ја сестра ти, еве и мене ме лажат од 2007 навака
Па богами и она е од тогаш од прва година на факултет. Мене кога ми викаат ајде што чека сестра ти отиде времето и почнав да викам аа чекај има време принцот го чека А сега вика чекај внучето да си го почувам малце да му изнакупувам на него прво. Секој со својата среќа ама дека треба 4 очи за брак треба посебно за вакви проблематики.
О далеку сум од златна, околу тоа дали и на кој начин ме засега темата развод пак ќе кажам јас знам која сум и што сум, никој не ми треба да ме тапша по рамо во момент на слабост сум немала на кого да се кажам па сум пишала тука и тоа имам јака самоконтрола само сега ми дивеат хормоните и далеку од своја сум. Овде страници се испишаа со тоа осамостојување, свое да имаш, како не секоја да го посакува истото. Тие што живеат со свекрвите по дифолт одат по одмори, деца им се чуваат, излегуваат, шетаат па свекрвите убаво што ги толчат. Еве второ лето неможам ни да помислам со одмор, каде одам одам со дете, никогаш дете не ни причувале, ова не се жалам само кажувам пред да коментирате не ги ставајте ниту сите снаи ниту сите свекрви во еден кош. Сепак зад секој ник овде стои жива особа, со емоции, со животни борби и своја приказна.
Ниту ти сите немажени Обострано е. Не, немаат сите можност да живеат сами. Не може секој сѐ да има, ама или се навикнуваш на тоа што го имаш (и немаш), или правиш нешто да си ја промениш ситуацијата. Инаку, да, не верувам дека сите овде живеете со по 200 евра плата, една. Ниту со по две плати од 200 евра. Не викам никој, има и такви. Ама... не се сите. И приоритети. Многу важна работа. Немој да мислиш дека ние немажениве, вакви неизживеани и ништо што немаме видено нели, не знаеме што е мака. Барем јас знам што е, за да стигнеме со дм таму кај што сме. А ако јас знам, тој знае 100 пати повеќе од мене.
Никаде не реков дека вие немате проблеми, ниту дека сте неиживеани туку конкретно немате соживот со свекрва, и кога бев немажена и кога ѓивеевме со мм оред брак и ќе се фалев по луѓе за мојот однос со свеки ми викаа назад ти е зимата. Живеам во Охрид работев приватно во агенција плата минималец кога ја направија 200 евра 2000 ги враќавме на рака, во бутици и самопослуги уште побатал е така да и голем дел се среќни и ако 200 евра земаат, затоа неможеме да знаеме кој и во каква ситуација е затоа малку поблаго.
Леле жено божја,еве и јас сум бремена имам релативно ризична бременост,ама се сама си прам и не зависам од никој во тој поглед! Дури и теписите сама си ги перев,а не па ручек и основни работи! Свекорот и свеки ми помагет и тука се за се шо требит,околу поголемото дете и се и свашта,ама дека ако сум бремена ке легнам и дупка во креветон ке прам сигурно не!!!
Верувај има трудници кои мора и баш дупка да направат во кревет! Не секој може да пере теписи . Еве и тебе ти помагаат . И тоа е баш убаво . Имам прочитано дека имаш супер однос со свекор и свекрва . И тоа ти е голем бенефит . Ама да пишувам( ко некои овде ) дека живеам со свекрвата само и само " да ме гледа " дури сум бремена , а пред три месеци да ја правев од стока подолу , ми е