И јас не знам со кој ум вложувате пари во куќа што не е на ваше име? Зошто сте толку наивни? Јас немав намера ни спрат да кревам ако куќата не беше на име на мм. Пре би тие пари да ги вложам да си купам плац и отом потом да градам, него да вложувам во туѓа куќа. А со трудницана што и се клања на свеки за еден ручек, шта речи? Сами на себе си ја намалувате цената и се правите мазни. Јас да знаете колку можам да ја користам свекрва ми и за дете и за дома. Цел ден можам да уживам. Ама не сакам! Детето е моја обврска целосно, домашните обврски поделени. Не сакам никој да ме третира за некадарна, дури ни сопствената мајка.
I jas ne bi vlozuvala pari za sprat od kuka koja ne e na mm na imeto od kaj znam utre zadutre dali svekorot I svekrvata ke ja prefrlat na ime na mm taa kuka ili ne
Па не живееме со свекрва затоа што не прифаќаме да живееме. А за соживот треба двајца, да се разбереме. Знаеш, некако се очекува од свекрвата да ја прифати снаата, синот, внуците. Ако толку не може, зошто не се живее кај вашите родители? (не мислам конкретно на тебе, општо прашање е). И втора работа, за проблем треба двајца. Невозможно е сите свекрви да се ужасни, а сите снаи жртви. И ако толку е неподнослив животот, мажите што прават? Преземаат нешто?
Далеку ми е од неподносливо, едноставно сум разочарана од нејзината промена, да не се повторувам секако дека за кавга се потребни двајца таа се промени јас се променив, и тоа е сведов контакт на минимум, гледам да не се нервирам, мм е тука ме подржува.
И тоа е начин. Ама фрлање дрва и камења, вакви се и такви, а пази, има жени овде кои буквално се вселиле кај свекрвата, не вложиле, ништо, ништо, а очекуваат сите да се прилагодат. Мене ми се тоа нереални очекувања. Значи не зборам конкретно за тебе, не го ни знам твојот проблем, ама ако читаш ќе видиш дека свекрвата што и да направи нема да чини, ќе биде ваква или онаква. Имаш и постови каде што свекрвата е нели ужасна па подоле во истиот пост објаснување како мајката на невестата е нечија свекрва, ама во тој случај снаата не чини
И ние со мм спрат од куќа од корен реновиравме, да биде со посебен влез плус, кредит уште 10 години имам за доплаќање, а не е на наше име/име на мм сеуште, има проблеми со лепенката до нас, дур се среди ситуација може уште време да помине. На зафрканција некој у муабет спомна па не е ваше, може да ве условуваат, утре да ви кажат ное горе ќе одиме, и јас "на зафрканција" реков и без спрат се може ама друг да ми го земе нема, шкорчето ќе заигра. Едит: После е...ње нема каење. Јебига.
Што воопшто се мажите ако одите под свекрвиниот покрив да живеете ? Свекрвата е алфа мужјакот тоа да си го знаете сите , а и претерувате со децата ! Треба да се воведе закон оној што не е способен за деца (ако нема финансиски средства, ако нема посебна детска соба , и да го организира кој ке ги чува додека се наработа децата , и социјален работник да ги проверува нон стоп ) да им се забрани да рагаат деца !! Верувајте некои деца се злато , а со никакви родители , не заслужува секој да биде родител !
Ова со детскава ме насмеа....и јас сум немала детска соба. Инаку ако некој не може финансиски да си ги издржува децата, државата треба да му обезбеди (само кај нас тоа го нема)...ако нема пари не значи дека не си ги сака децата и ги запоставува. Значи на повеќето со ниски примања, ќе им ги одземат децата.
Јас колку што сфатив @Justicija сака да каже дека децата не треба да спијат во иста соба со родителите , посебно кога се интимни , што до некаде се согласувам.