Самата си го одбрав тој живот никој немие крив. Јас почитувам се,и си помагавме со свекрвата се кога она ќе готви кога јас. Без ручек не сме биле,ме масирала ми правела супа кога сум била болна,од старт се знаеше дека ние таму нема да живееме долго и они си знаеа и се што ќе купевме викаа ова ќе си го земете со вас кога ќе си одите. Пресудно беше што моите неми дадоа пари за гарнитура и тука ау бау ама јас се сама си купив. А цел хаос бидна од трета особа,ама што е тука е. А грешката наша е што дозволувавме да се караме пред нив. И веќе кога почнаа да ме вреѓаат јас не ќутев враќав и се дерев неможев веќе и јас сум лошата а не они тоа целата ситуација.
Грешки сите правиме. Не е можно да оди се' како подмачкано. И муабетот, на туѓите грешки се учи е глупост, според мене. Додека не осетиш на свој грб, некои работи, не можеш да ги разбереш во целост и да ги доживееш потполно, кога ти се само раскажани од туѓо искуство. Ние, иако живееме одделно од првиот ден, на почетокот имав проблеми со свекрва ми, и таа со мене... Си имаше жената очекувања дека и јас ќе се однесувам како да сум и' дете, дека не знам ништо, не можам ништо, таа ќе ми чисти, ќе ми готви. Маж ми си беше навикнат да го тинтра, и не му сметаше. Мене, искрено, ми беше неубаво да ми кажува што и како да правам. И исто би рекла, сама сум виновна, бидејќи и дозволив да биде информирана за се' што правиме. Дури и наинви работи, како: Утре ќе правам генералка, испаднаа проблем за мене, а сигурно и за нејзе.... Тоа, за првиот пат, кога и кажав дека наредниот ден ќе правам генерално чистење, утрото, женава ми се појави на врата, со вангла полна со средства за чистење, сунгери, ракавици, крпи Шок ме мана. Немав сила да ја одбијам и цел ден чистев, заедно со нејзе, по нејзин тертип. На пример, женава, прозори чистеше со вода и сјај, па после бриши сапуница три саати, па после со сува крпа. Душата ми излезе . Уште еднаш, не и' најавив кога праам генералка... И така, едно по едно, како идеа работи, си се адаптиравме, а можам да речам, и бавно оддалечувавме, за и двете да имаме мир... Во смисла, да нема преглед во секој сегмент од нашето секојдневие.
Сличен калап на свекрви имаме изгледа. И јас така наивна, сеуште недоисшљифувана, допуштив за све да е запознаена. И сеуште правам по некоја грешка и ми се излетува несакајќи да кажам што и како планирам да правам. И ете ти ја нејзе непоканета со коментар, совет, помош и сл. А мора човек па за нешто и муабет да прави, ќе те праша ќе одговориш. Не можам да и кажам на секое глеј си твоја работа нели? И у све има искуство, совет, желба да помогне А и мн прашува бе кога ќе подразмислам поубаво Она ти е тип на жена што мисли дека снаава везе нема, дека ние млади ништо не разбираме и за све она мора да ускочи у сусрет! Ти вика на пример "зошто користиш кристал зејтин, а не брилијант?" Читај она користи Брилијант и тоа е најпаметната и единствена опција што во нејзина глава доаѓа во обзир. Или друг пример "Ааа такви папучи кај нас се 290, а тука кај вас си ги купила за 350. И тоа да видиш колку поубави модели имаме ние овде". У една реченица те праи ем недомаќинка, јер нели скапо си купила, ем со неубав вкус за мода Пошто нејзината мода и вкус се No.1 Ако те праша кај ќе одиш, и речеш таму, она ќе ти рече а зошто не ваму. Да видиш колку е поарно јас кај што ти кажувам. Само нејзиното е порано де, нашево никако не чини Не е лоша жена пак ќе кажам, ама досадна брате пр*лив Арно и одвоено живееме, да бевме заедно кожа подебела ќе ми требаше. Не би да се карам за вакви банални работи, луѓе вистински проблеми имаат, ама и живци требаат за вакви жени бе
^ затоа ни јас на моите, ни дм на мајка му кажуваме нешто предвреме Само ги известуваме отпосле, откако е свршен чинот
Слично. Се случувало, блуза да ми тегне надоле, затоа што и' изгледала кратка. А пуста блуза, намерно кратка си беше Си поќутев... ај да не објаснувам.
Чудна работа сме ние луѓево. Кога почнав да работам, живеев сама во станче под кирија, па после се всели мм (тогаш ми беше дечко), па се зедовме и свекрва ми ниеднаш не спомнала да дојде да зачисти или да ни зготви. Како се вселивме во нивната куќа, аууууу, секој ден да ни зготви, да дојде да исчисти. Тоа не се деси, ама дури да се разбереме Среќа со мм се согласуваме околу таа работа. Разбирам дека некогаш имаат најдобра намера, ама ако некој ти рече "не, фала" неколку пати, повлечи се. НЕ значи НЕ! А за "совети" делење, ехехееееее, сѐ се изнаслушавме. Ама среќа мм за такви работи ги сече од одма, па после демек мене ќе ме убедуваат. А јас викам: маж мора да се слуша Али сѐ што се деси пред дете, е ништо во споредба со тоа што го направија штом се породив. Сега си враќам филм и си викам дека тоа не биле проблеми за кои вредело да се нервирам. И да си кажам, ни еден ден не сме живееле во заедница, ама со самото тоа дека живееш во нивна куќа, иако неколку километри оддалечени, го имаше моментот "ова е наше". Дури и кога реновиравме, мислам дека им беше тешко што им "рушиме" по дома. Ама битно сега супер им е што живеат во реновирано и ново, така што win-win за сите
Вчера излегувам од работа, и една жена околу 50 тина години збори на Вајбер со камера. И цитирам: " Сине ти од кога отиде да работиш, ни еднаш ама НИ ЕДНАШ не зготвила за мене и татко ти. Нити па потфаќа нешто по дома" Толку успеав да слушнам. Личеше на еманципирана дама а уствари трула вишња свекрва. Бљак. Сите што сте во заедница ви посакувам што поскоро да се откачите од тој терет.
помагајте луѓе.. се омажив свекрва и свекор тралала мојов мамин син постојано се расправам со него само поради неговите ние немаме проблеми никакви.6 месеци сме во брак и од кога се доселив тука мир да се немало секогаш има некој побарувачки обврски и секогаш имаат критики ваква сум онаква сум незнам веќе како да му докажам дека воопшто не сум јас крива за тоа што неговите ме теретат..Мислам дека не сум должна секоја нивна наредба да ја исполнувам и сите желби да им ги остварувам за на крај повторно да бидам не достојна за нивниот син.Мислам имам право да живеам како што сакам и своето слободно време да го поминам како што јас сакам без да чекам некој од страна да дојде и да ми наредува што јас ќе правам во своето слободно време.Бев сосема коректна на почетокот но видов дека и тоа не било во ред,сега ги стегнав забите пак не е во ред што би рекле ни се води ни се тера...ако има некој совет или било каков предлог би била пресреќна да го чујам,постојано сум во депресија и веќе неам идеа за ништо а маж ми си го сакам развод не доаѓа во предвид...очекувам некаква тактика или било што слично -ве сакам
Да си се олеснам овде. Вчера си ја земав венчаницата и ја однесов кај мајка ми. Мојов запна и се скаравме, зошто фустанот бил кај мајка ми, јас таму не сум живеела, мајка ми на сите ќе го покажувала, како мајка ми го видела така сакала и мајка му да го види. Се расправавме и океј попуштив аајде ќе го влечиме фустанот ќе го гужваме по коли низ раце. И синоќе го облеков кај него и тој го виде, иако јас сакав да ме види дури на свадбата. Му кажав да ја викне мајка му за да го види фустанот и да го ставам во плахар спакован до свадбата во септември. Дојде ладнокрвна на врата и од старт со маани...„па кај се гранчињата шо требаше да ги има на половината?, Долг е !....“ Ништо добро не излезе од нејзината ПОГАНА уста. Што да каѓам за свекорот. Човекот застана на врата и насмевнат вика лелее многу е убав, преубава си. Си излегоа, го соблеков и му викам на мојов: „Сега среќен си? Слушна некој убав коментар од мајка ти?“. Вика остај ја таква е... Епа како со мене со можеше како несалам да се кара зашто нејќам да го однесам кај него, така можеше и неа да ја изруга да каже нешто убаво не маани да наоѓа. Нејќев да го донесам тука оти ми е страв, има секакви луѓе. Нејќам никој да ми се вртка околу венчаницата. И плус собата магацин ни е станата. Ние сме во една соба, таа соба и кујна ја правиме и спална и магацин и Е*ална и се. Му кажав ќе стои таму фустанот, но собата цело време под клуч кога не сме дома.
^ Венчаницата е голем мерак. И за мајка ти и за мајка му. Убаво е што ја виделе двете. Малку нервозно реагираш , можеби тоа го поттикнува маж ти да се расправа. Свекрва ти секогаш е таква зајадлива или само сега за венчаницата ?
Малце со ова секакви луѓе имало, ќе се врткале околу венчаницата ми е ту мач. Млади луѓе сте, зар уште верувате во такви бабини деветини? Поправи ме ако грешам, ова го сфаќам дека мислиш некоја магија ќе ти фрлат Инаку за носењето на фустанот кај свекрвата, мислам дека од нејзина страна дува ветрот. Не верувам дека има маж што ќе се замара кај била венчаницата однесена. Ми делува како она да го запнала мт, и овој се грабнал со тебе за гуша. Решение не знам...само разговор со мт. Ова било и поминало, глеј во иднина да пресечеш да нема слични ситуации од овој тип. Денес е венчаницата, утре ќе биде зашто детето го носиш или не знам ти што. И мојава е таква, на секое едно мора да се избрбори капачка да стаи. И све у негативна конотација, ретко комплимент да излезе од нејзе.
Ви ги читам проблемите и не можам да се изначудам какви све ситуации опишувате. Се повеќе и повеќе мислам дека проблемите не ви се во свекрвите, него во мажите. Ако мажот е на ваша страна, не знам каква лошотија од свекрва да биде, ништо не ви може.
Не сакам да тријам сол, ама кај му текнува на маж за фустан, па кој ќе се налутел па едно па друго.. Тоа само ѓаволица може да го измисли.
чим го виделе фустанот..врати си го кај мајка ти таму нека стои...како и да е од таму ќе те зимаат пак ке треба да го вратиш таму да го облечеш..врати си го уште сега чим го виделе нека не стои во магацин
Кажи му на сопругот, како ти што сакаш да не ти наредува некој, не сакам ни јас. Наброј му што ти наредувале и речи му, или нека застане на твоја страна, или воопшто нека не се меша, па ти терај си по свое после.