Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Едно нешто не ми е јасно. Зошто сите брзате да направите свадба па потоа да решавате станбено прашање? И зошто воопшто живееш кај нив кога не ти е убаво, додека си верена?
     
    На Joi, SV1911, oblace1 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    9.402
    Пол:
    Женски
    Истото и јас сакав да ја прашам. Кога нема услови во таа куќа и како што разбрав уште не се во брак. Зошто седи таму?
    @SexyGirl2 ако сте од исти град, што не се враќаш за спиење дома кај мајка ти и татко ти а преку ден поминувај време со вереникот. Што си тргнала уште сега да се расправаш со свекрви, јатрви деца, баби..?
    Па ако има услови кај вас што не седите со вереникот таму?
     
    На Joi, oblace1, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Те прашав зошто во муабетов е битно што сака он ама не сака сами значи имате проблем.Е сега незнам колку финансии очекувате од свадбата.На пр куќа не се гради испод 30000 е и плацот не е евтин а кредит колку би земале колку би ви одобриле.Целта ми е дека тоа треба точно прецизно уште сега да си го пресметате дали нешто е возможно остварливо колку ти се реални очекувањата.После да не испадне немаме финансии па тука ќе седиме.И јас се омажив во 50 квадратен стан со 8 луѓе во него ама имавме прецизирано колку време ќе сме таму колку пари ќе имаме вкупно и не бевме заедно скоро ни година сега сме си посебно јас и мм
     
    На Meckicja, SexyGirl2, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    И да имаат прецизно пресметано и испланирано што и како ќе прават, јас повторно не ја разбирам потребата прво да се мажиш, да искиниш нерви во заедница, да се испокараш со сите и со сопругот и на крај да се одделиш. Ако имаш можности да се одделиш после една година, ќе почекаш таа година, ама барем бракот ќе си го започниш во свое, со мир и хармонија.
    Која е поентата да брзаш кога ионака наместо да уживаш во првата година од бракот со сопругот, ти секој ден ќе се расправаш?
     
    На Joi, Dennings, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Ако прашувам конкретно за мене да ти раскажам,а ако е за членката ете она ќе ни одговори зошто така постапила
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Не е проблем, ако сакаш да споделиш слободно. Ме интересира општо за сите кои се одлучуваат на таков чекор. Зошто?
     
    На zalosna, Harper и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Дечки било поминало, сите сме направиле некогаш погрешен чекор. Не е сега време да полемизираме со членката зошто отишла уште сега, а не покасно. Знаете со каков менталитет на луѓе живееме во нашава земја. Ете се вериле и заминала од дома. Ако не заминела повеќе проблеми ќе си створела можеби. Ќе и се качеле на глава ајде дојди, ти си веќе мажена и слични глупости. И нејзините може ја напнале да си оди, оти ете верена е! И тоа е за осуда, ама човек ќе подлегне под притисок. Старци се, се вреѓаат од постапки на снаа/зет, не разбираат некои работи. И што сега, со сите да се искара и со маж и на крај.
    Да бидеме малце реални, не е се така црно-бело, седи си кај мајка ти и одвојте се кога ќе имате финансии. Да, ова се решава така пред да се решат на брак, а не сега на пола пат, пу пу не важи јас се враќам кај моите до свадба. Ама ете, луѓе се заљубуваат, избрзуваат, сакаат да бидат заедно и да си градат иднина. Дајте малце поддршка, не секој еден прави паметна одлука и во старт се двои и започнува живот сам со партнерот. За жал така е во нашава земјичка. Што од финансии, што од менталитет.
    Не вреди во животов да се навраќаш зошто си направил некоја грешка. Треба да се гледа напред и да се решаваат проблемите.
    Конкретно кон членката, бегај со маж ти од таму додека можеш. Напнувај, ангажирај се, барај станчиња едно друго. Не ја запоставувај темата живеалиште. Затоа што верувај, маж ти колку и да сака да си оди, не сака колку тебе. Тоа е негов дом, таму растел, негово семејство и е навикнат на таков живот. Утре ќе дојде ден трудна, па ај не можеме да се селиме, па дете чекај мало е едно друго. Ќе си легне на брашно и маж ти, ем жена ем мајка крај него, готвено чистено перено, ќе се предомисли. Ќе проба и тебе да те предомислува или ќе ти вика чекај уште ова она, па ќе си одиме. Нерви ќе искинеш, а нив ќе им е гајле на сите. Дома си се. Ме сфаќаш? Верувај после со дете е многу покомплицирано.
    Ако имате многу пари тогаш гледајте за опција плац и куќа. Ако немате, и мора со кредит барајте си стан. Банка не дава кредит за куќа што допрва ќе се гради, од причина што мора да ставиш нешто под хипотека, а куќа непостоечка нели не може да се стави туку мора друга куќа/стан. За стан даваат кредит и истиот да го ставиш под хипотека, под услов да дадеш поголемо учество (пример 10-15 илјади евра е отприлика во Скопје).
    И не подлегнувај под притисокот дека куќа е поубаво дека со двор, приватност и сл, па дај полека ќе ја градиме со штедење. Никогаш нема да ја доградите и ќе остариш во таа ќуќа кај што сте сега!
     
    На mal.ecka, Meckicja, SexiLy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Јас сакам да бидам во добри односи со свекрвата.
    Да не биде на памет зборам, ете @vitamina ја запозна, воопшто не е "бабеста".
    Е сега, таа си има свој живот. Работи, шета, излегува... итн.
    Која сум јас да и' го нарушам редот и мирот во нејзиниот дом?
    Начинот на кој функционира?

    Во станот во кој живее со дм, нема теоретски шанси да живее некој плус. 55 м2 се доволни (не сосема) за нив двајца.

    Да немавме никаков начин за свое, ете, во најлош можен случај, ќе беше продаден тој стан (во град) и со тие пари ќе се направеше каква-таква куќа, во село, каде што пак ќе бевме посебни. И пак ќе стоеше и нејзиното, и на дм и моето име, затоа што и јас и тој долго штедевме.

    Како и да живеете - НИ ПОД РАЗНО не вложувајте во нешто што не само што не е ваше, туку не е ниту на маж ви.

    Јас практикувам и со дм да сме секаде двајцата, не знаеме животот што ни носи.
     
    На mal.ecka, SV1911, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Се' што е стекнато во брак, се дели на пола.
    И покрај тоа, на станот кој што го купивме, и јас и сопругот сме заведени како сопственици.
     
    На Meckicja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Доколку знам дека не ми е решено станбено прашање не би правела свадба! Ќе правам свадба а ќе живеам во една соба или еден спрат? Тоа никогаш неможам дада го разберам! За свирачи 500е,дарувања,стринке тетке. Па самите сме свесни колку пара лета на тоа чудо безпотребно!
    Дај боже да си решите што поскоро овој проблем и само слога ви посакувам! ::
     
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тоа што си го напишала. Точно е дека не секој можи да си дозволи да живее одделно. Меѓутоа тие конкретно имаат планови за да се одделат, што значи имаат финансиски средства. Затоа не ми е јасно зошто би чекале да го направат тоа после свадбата, наместо претходно? Зошто да се стегаат во заедница, не само со свекор и свекрва, туку и баба, и да тргаат нервози, кога можеле претходно да го решат тоа и да си уживаат во бракот?
    И точно е дека кога еднаш ќе почнат така да живеат, ќе одолговлекуваат и којзнае дали некогаш ќе се исселат од таму.
    Не ми е целта да ја осудувам ама ионака дојдовме на таа тема, па искористив да прашам која е причината бидејќи голем број на парови ја прават истата грешка(ако можам така да ја наречам), и после жените се оние кои најмногу се засегнати од овој проблем.
     
    На CameliaMiller, Milobebence и violetblue им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Ние не сме во брак... :)
    Пред брак правиме се'.
    Иако е во секој случај паметно пемпеле да си има за се', без оглед :)
     
    На Rebecca_R, zalosna, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е убаво е, ама немавме пари предходно :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила што одговори во мое име

    .Ако останев кај моите ќе си правев кавги со вереникот. Му ја полнат главата од дома и после се расправаме ние. Инаку ме побара за жена со изненадување не ни беше планиран баш вака бракот. А за свадбата ништо нема да даваме ние зашто неговите правеле свадба на брат му па сакаат и на него да му направат исто и моите сакаа свадба бидејќи еден ден ќе направат и на брат ми. Јас и моите викавме свадбата да биде догодина, но мојот се запна за ова лето и тоа е. Инаку не кажав дека сме спремни финансиски за да го решиме проблемов. Спомнав дека планираме од тоа што ќе го присобериме од свадба и некој кредит и така да вложиме во нешто. Значи мм работи внатрешно уредување на домови за себе, нема фирма и се смета као невработен, а јас сеуште студирам имам уште една година и поработувам што најдам, по малку сезонски. Чекаме за да се венчаме и регистрираме затоа што така можиме да искористиме некој општински стан да си го исплаќаме затоа што и двајцата сме невработени и немаме недвижен имот на наше име. Доколку не успееме ништо од тоа. Моите ќе ни помогнат, можеби преку нив ќе земеме кредит и да исплаќаме стан. Кај моите не можеме да живееме затоа што имаат две соби, а спратот си е на брат ми и ни таму не би се осеќале убаво.
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Да не те разочарувам со вакви планови и јас се омажив ама од ова не испадна ништо првите три години.
    Општински стан да се земе било некогаш на времето такво нешто сега не постои.
    Двајцата невработени сте кредит незнам како би земале ама најсериозно.
    А и да ти кажам ако во врска кога сте биле му ја полнеле главата и се расправате сега во брак уште во заедница спремај се за такво секојдневие.
     
    На mal.ecka, Joi, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Според ова што го кажуваш ми делува како ти да немаш збор во ништо. Како ќе ти кажат, така правиш, само за да нема проблеми. Сепак се работи за твој живот и ти треба да си одлучуваш кога ќе правиш свадба, каде ќе живееш додека си верена итн. Овие не се работи кои ги одлучува едниот партнер, туку се прави компромис за истите меѓу двајцата.
    Се сложувам со членката над мене. Незнам како ќе земете кредит двајцата невработени. И нема повторно да те прашам, бидејќи гледам дека други ти влијаеле на одлуката за брак. Двајцата без работа, а брзате да се земете. Сепак, вие си знаете најдобро и се надевам дека во иднина ќе ви се остварат плановите.
     
    На oblace1, SV1911, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    9.402
    Пол:
    Женски
    По твојата логика сега бидејќи живееш кај нив не треба да има распарвии, ама тоа не е точно. Ете вчера било за фустанот, утре ќе биде за нешто друго.
    Не ти зборувам јас постојано да живеете кај твоите родители, туку привремено додека се средите на свое.
    И кој не би се осеќал добро кај твоите? Ти или вереникот твој? Ти во моментот се осеќаш ли добро таму?

    Ти си знаеш најдобро за себе.
    Јас не би се мачела себе си непотребно. Да делам вц со милион други луѓе и секојдневно мир да немам, не фала.
    Ако те сака ќе те разбере и нема да се налути ниту пак ќе дозволи да му ја полнат главата од дома. Ако не те сфати и поддржи во моментот, голема е веројатнста да нема разбирање за тебе и во иднина.
     
    Последна измена: 5 јули 2018
    На Joi, SV1911, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  18. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    @SexyGirl2 Сега те прочитав убаво и неми се верува дека знаеш во што ќе живееш,во мочки како што кажуваш и ред други работи.
    Девојче извини со сила ли те тераат да се мажиш?
    И да ти кажам кога купуваш за јадење во фризжидер кој што е заеднички со 6 души нормално е дека слободно ќе си прават со храната што сакаат.
     
    На SV1911, Meckicja, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    141.740
    Каков е тој општествен стан?
    Кој дава кредит на двајца невработени?
    Колкава заработка ќе имаш од станот?
    Со која плата ќе плаќаш рата од кредит?

    Многу нереално. Треба некој да ти ги отвори очите. Ти немаш проблем со свекрва. Имаш посуштински проблеми.
     
    На Elenche87, oblace1, Macito007 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.331

    Ako ova e vistina togas samo razvod moze da pomogne, mada Jas mislam deka e prikaska.
    Mnogu detinski zvuci, detinski e sto dvajcata ste nezdreli.
    Dali ke se rezvedes sega ili ke teras 25 god. brak, krajot se gleda uste sega.

    So sreka :$
     
    Последна измена: 5 јули 2018
    На CameliaMiller, Milobebence и vitamina им се допаѓа ова.