Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    целава ситуација ми е премногу сомнителна
    се допишуваш со некоја си преку ф.б. дооолго време,се сретнувате во живо-како што и ти самиот кажа љубов на прв поглед, и додека да трепнеш, ти се жениш за неа :^) полека малку каде брзаш
    очигледно е дека сопругата нешто крие од тебе, и тоа што не сака да оди на гинеколог го потврдува тоа
    а мајка ти па со сила што ја тера нема ношто да постигне со тоа, само спротивен ефект може да добие тоа да, и нема право да доага на гинеколог со женати-си чул ти за ИНТИМА

    јас мислам дека ти треба да седнеш да разговараш со нив двете, полека и смирено-без викање, закани и сл.(малку ке биде тешко, оти со двете жени тешко се излегува на крај :rofl: ) и ако решиш да останеш со неа, да си изнајмите/купите стан, кука(нели тазе сте во брак) а за мајка ти да си обезбедиш личност која ке се грижи за неа

    бре што ке беа ова македноскиве мажи, мамини галеничиња, застани и бори се како маж, а не да се креш под сукњата на мајка ти :lol: (ова е општо за сите мажи, да не ме сватите погрешно)
     
    На Anyshka и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас си кажав свое мислење. :!:
    За мене 6 месеци се премалку, да го преболиш стариот, да запознаеш нов и да видиш дека новиот е вистинскиот. :^)
    Затоа има толку разводи. Уште незапознаени скокаат во тавче, па потоа се фаќаат за глава.

    Свекрвата не ги држи конците во бракот, туку во куќата. За мене и тоа не е исправно, ама мажот е во Авганистан, невестава очигледно не ја бидува, и што да прави свекрвата? Да молчи и да ги препушти работите сами на себе? :^)
     
  3. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Па имале, купиле, на кого на својот СИН. Па некако ми е нормално да е така..
     
    На Anyshka, rici.aaaaa и enca.69 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Убаво си кажаа сите форимџики погоре а јас само ќе додадам дека ,,ДЕЧКО БРЕ,, па си ја направил грешката уште во старт па сега ги легаш авганистанските (ирачанските) болести. Изгледа не си го сватил помодарството во Ку-во.
    Со тие пари сите девојки се твои :geek: Среди си го прво животот а потоа залетувај се да се жениш
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Прво, и после две деца родени, никогаш не би и дозволила на свекрвата да ме носи на гинеколог. Ама никогаш! Второ, нема логика мајка му на маж ми да ми купува ако ми треба нешто. Трето, бракови се распаднале и после врски од по 10 години, знам примери од мојата околина, должината на врската не е гаранција за ништо. Следно, ако некому жената му е ОК, зошто да се замара со чаршиски муабети? Работа на алапачите е да озборуваат, секој си има своја занимација. Туку човек треба да е зрел, сам да осознае што сака, а после да прави според сопственото убедување. Никој не може да тврди дека си згрешил со изборот на жената, како што не може да тврди ни дека не си згрешил. Тоа човек тешко и сам за себе да знае реално да каже. А тоа што нејзините имале кредит, ич па не ми е јасно во муабетов... Ти им го плаќаш? Ако не, не е твоја грижа. Барем во Македонија има толку семејства со финансиски проблеми што тоа е секојдневна реалност. И тука на форумов сигурно има еден куп девојки/ жени (или нивните родители) заглавени на картичка во минус или со кредит... не верувам дека сите трчаат да се омажат за првиот што ќе го видат заради тоа...
     
    На Anyshka, Filiposka, artemidis и 13 други им се допаѓа ова.
  6. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Моето раазмислување во врска со твојот проблем е следно,,,Пред се мислам дека претходно сте биле само ти и мајкати,значи мајкати те одгледала само тебе,најверојатно си сам,што незначи дека треба да ти го контролира животот.Не се согласувам дека се омажила дека имала кредит ,хахахх ,денес сите имаат земено кредити па не се мажат да ги отплатуваат.Воопшто не ми се допаѓа тоа што мајкати да ја носи на гинеколог,ШТО БАРА СО НЕА,мислам дека сте премалку заедно и немате редовен секс за да се сомневате на стерилитет,и ако има проблем ТИ ТРЕБА ДА ПОЈДЕШ СО НЕА ПА ДА СЕ ПРЕГЛЕДАТЕ ,А НЕ МАЈКАТИ.Друго што не ми се допадна зборам мене да не бидам погрешно сватена,што има мајкати да се распрашува за неа,дали била и со колку била,ова кажале она кажале,АКО ТИ СИ ОДЛУЧИЛ ДА БИДЕШ СО НЕА ШТО ИМА МАЈКАТИ ДА СЕ РАСПРАШУВА,ако тебе те засегало што не си прашал ти,еден човек може да биде каков сака со сите,но за некој друг секогаш ке биде посебен,што значи женати да била и најголемата к,,,а ,не значи дека и тоа ке останела ,па секој си има некакво минато,ако си ја прифатил гледај ја ИДНИНАТА СО НЕА А НЕ МНАТОТО,но прво мислам дека треба да се вратиш а не преку скајп ,брак не се прави преку скајп,а дотогаш зенати нема потреба да биде со мајкати. Мој совет,кога ке се вратиш и почнеш да живееш со неа тогаш ке си ги видиш вистинските работи,а не преку рекла казала,,,,,,биди ми поздравен,
     
    На Anyshka, Filiposka, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    43
    прво и основно голема грешка е што за толку кратко време си ја зел за жена,,не си знаел апсолутно ништо за неа..на фб може да ти кажува што сака..во денешно време и во ист град да е,може пак да не знаеш за неа,,светот стана многу расипан,,па камоли вака....не е мое да те судам,,ама доколку си бил влјубен,а си знаел дека мора да се вратис авганистан,требаше да и кажеш дека ја сакаш,но сега не може да сте заедно ќе одиш по работа,,ќе бидете во контакт,,а после се ако с ебиде ок ќе си се земете,,можевте само во врска да сте,,,сега вака што испадна?...она џабе седи дома,ти не си тука,,па и да не бевте земени ќе беше исто,,ти таму она ваму....

    мој совет ти е,ти лично да разговараш со неа,,ако треба и разделете се некое време,ако мислите дека не оди вака,,па потоа дајте време,,размислете,дознајте повеќе еден за друг,,па пак земете се,,,ако е лјубов во прашање..а ако не подобро сега отколку покасно да се разделите....
    немој да седиш будала да те прави

    друга работа...од каде тоа мајкати да ја носи на гинеколог?..па ти не си таму,немате односи,,што бара на гинеколог..?а доколку си ти таму,имате односи,сакате дете,или рутинска контрола,,мислам сама ќе посака да оди,и ќе викни некој со неа...а не вака...а ако имала нешто направено,имала,,требаше памет во глава да имаш..не се прима секој дома....ама верувај гласнините не излегле за џабе...

    ќе кажам мој пример mоја комшивка седеше со снаата,а синот живееше и работеше во германија...се запознаа и за една недела ја зеде бегалка,дека старата му викаше на синот дека била убава...луѓето и викаа немој не е за синти,таа вака правеше,,така правеше,,толку долго,,итн..старата викаше..лјубоморат луѓето затоа зборуваат......и синот ја зеде...по 2-3 месеци ,,,снаата се фати на дело,таа не беше тоа што се претставуваше...затоа велам дека во секој муабет има нешто вистина...
    отвори си ги очите...можеби и навистина е лјубов во прашање.можеби навистина еискрена со тебе,,тоа ние не можеме да знаеме освен тебе,ти си ја знаеш подобро...се надевм се ке се среди,,,се најубаво
     
    На rici.aaaaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    најпрво треба да се знае дека се зависи од мажот,доколку е тој поврзан со родителот(мајката)од бракот небива брак.Зошто? Бидејки нормално е да се сака и почитува,но треба да се разграничи мајка за мајка-жена за жена.Секако дека тој никогаш нема да признае меѓутоа тоа е личност што секогаш неговата мајка ке биде најдобра во се,било за приготвена храна,било за уредување во домот и така натаму.
    А,се произлегува од разговорот кој го води со својата мајка,таа умешно ке наога ситуации слуцки примери да му покаже на синот дека сопругата што ја одбрал нему не му прилега.Има многу да се зборува на оваа тема,но како и да е доколку се помирите со тоа тогаш во ред.Запомнете пепелашка не беше родена принцеза,ама ја сакаше принцот и стана ПРИНЦЕЗА нели?
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Како што секогаш велам, жената е таа со која ќе го поминеш најголемиот дел од твојот живот, потпората кога родителите ќе ги нема. И децата се тука, се разбира, но еден ден и тие ќе тргнат по сопствената среќа. И тогаш кој останува? Жената? Жената. Затоа најинтелигентната работа која еден маж може да ја направи е да ја почитува жената и да не ја третира како туѓинка. Почитта и љубовта кон родителите треба да остане, тука збор да нема, но секој маж треба да биде свесен дека со самиот чекор-стапување во брак, тој веќе не е сам, почнува да оформува ново, свое семејство чиј столб треба да биде тој. Дебилно и незрело е и после тој момент да се влече по сукњата од мама или по паметот од тато/бате/дада. Сослушај и испочитувај ги ако имаат некој совет, сепак твои луѓе се, ама да дозволиш упорно убедување за нешто кое се коси со гледиштето на жена ти само од инает не доаѓа предвид.

    Ако барем еднаш се почувствувам како туѓинка по вина на мм, јас веднаш би го напуштила, сме разговарале и го имам предупредено на таа тема уште кога се осети атмосферата дека врскава оди накај брак. Никоја жена не излегла од домот на мајка си и татка си за да биде третирана како туѓинка и измеќарка.
     
    На Trendafilka, srcekrsacka, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ххахахах :D Што ми се случи прееска...јас во темница не забележувам никој и одиме ние накај него а она да ти била надвор и ја изминав како да не постои зошто гледав во земја од страв од темницата.И она оп наеднаш викна Добро вечер а јас кога рипнав ааааа лелее ме извади од памет па не те видов и она ми вика аха да ја мала сум ццц и почна да си мрмори сама не ја ни слушав си ја затворив вратата кај него.
    Па и онака не збориме не ми е ни гајле ако се налути. Сепак смешно ми беше жената како се изнервира. :D
     
  11. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Мене не ме јасно зашто снаите и свекрвите толку многу сакат да се натпреварувата една со друга. Секој си има свое место во животот на мажот или синот. Битно е ни едната ни другата да не се мешат кај што не им е место. Ако синот ја слуша повеке мајакта отколку жената не секогаш се работи за тоа дека таа се меша или дека тој е мамин син во 90 посто од случаите ТОЈ мисли дека така треба да биде.
     
  12. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185



    e pa neka si go smenit toj mislenjeto :!:
     
    На srcekrsacka и verica81 им се допаѓа ова.
  13. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Не си го сменатат :D нормално. Сакав само да кажам дека проблемот тука треба да се бара во мажат а не во свекрвата.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Потпис. Баш коа праам муабет со мм истово му го викам: „Доколку твоите некогаш престанат да ме почитуваат и ете решат да се повампират (со стари луѓе мора на све да си спремен) и решат да ни` се мешаат во бракот, пред да одлучиш како да реагираш и кого да одбраниш, да знаеш дека со тоа покажуваат дека имаат некаков проблем со тебе и тебе не те почитуваат, значи тоа не е мој пораз како снаа, туку твој како син, како што тоа што моите не те прифатија претставува мој неуспех да ги задоволам нивните критериуми за ќерка. Ти си им дете на крајот на краиштата, ако не се грижат за твојата среќа, па која обврска ќе имаат да се грижат за мојата?!“

    Баш познавам примери на од оние ја ги викам ненормални и полуписмени жени кои си ги делат децата кои излегле од ист стомак, џоа играчки се оваа кукла е поубава и затоа поише ја сакам :puke: . Значи во сите тие 10ина случаи за кои знам, снаите/зетовците на тие посаканите деца се 100 пати повеличани и попочитувани од оние другите. Чуден некој феномен.

    Или по се` изгледа тактиката на еден крал (не ми текнува точно кој, да не зборам напамет) била точна (Колку помалку им се докажуваш на луѓето пред да те изберат за крал, толку полесно ќе можеш да ги воодушевиш кога еднаш ќе седнеш на престолот).

    Леле остај, исто како да збориш за односот на моите кон снаата од брат ми. Абе принцеза е она...на оваа свадба била најубава, на работа им била најпаметна, па „леле види Х каква кошула ми купила од Шпанија, значи каков вкус има...“ Патетики :puke:
    Не, не би ми било ич криво да не ме третираа мене у целата прича како грдото пајче. Ама тркалото се врти сеа брат ми и истата таа распекмезена на мене и на мм ни` го лижат г*от „Па лее душички коа ќе се видиме на кафе? Па вие сте ни` помали, мора да ве чуваме, хахаха (пропратено со смеење демек нешо ептен духовито кажале)!“ Бре, бре, каде беа да викаат за кафе кога јајцето ни` беше под г* и кога еден убав збор од толку навреди ќе ни` значеше како цело богатство. Туку сеа колку да искористат нешто...е нема :muscle: :D !
     
  15. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Свекрва и снаа најдобро да се разделени :)
    Да не искоче масовно тепање :rofl:
     
  16. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Да се разбереме никогаш нема да ја сакам како што си ја сакам мојата мајка, доволно е да се почитуваме и се разбира да не живееме заедно :)
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    За љубов е јасно дека не треба да се прави муабет. Но, ете, едно почитување да се има. Многу е важно да не се влезе во таа куќа (па и да не живеете во моментот заедно, не се знае животот што носи) со почетничка одбивност и резервираност пошо ете она е свекрва и по дифолт мора да биде лоша со тебе, да те мрази и да се такмичи со тебе. Се осеќа тоа.

    Тоа е уствари и проблемот со некои свекрви...и мојата на почеток така се постави со мене, за среќа брзо сфати дека не сум јас непријателот, ја виде мојата големина и дури ми се има и извинето за почетното недоразбирање. Добро мојата ситуација беше друга и стравот и` беше оправдан.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lara-s

    lara-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Kako me nerviraat i dvajcata svekrvata i scekorot nemozam voopsto da gi podnesam vo se da se primesat iako ne im obrnuvam vnimanie,najdobro e da gi ignoriras ni loso odvrakaj im ni arno mozebi ke se setat deka treba da prestanat da dosaduvaat vo se edna rabota...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Од Riсi.aaaaa зa Tessie:Се е лесно да се каже додека си девојка,идилично е се.Секогаш мотото на една девојка е ама ајде ова јас да го трпам нема шанса,а мотото на мажите е:секоја може да ми е жена,но мајка ми е една.Бракот е убаво нешто,но во бракот нема само набрани рози туку насекаде по некое трнче колку и да боли се залажуваш дека не е страшно.Многу е лесно да фрлиш се по вода,многу е тешко да најдеш рамнотежа.Не верувај на зборовите ниту еден маж
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Не сум девојка, мажена сум веќе неколку години :) од кои првото полувреме го поминав во заедница. Секако не се ружи, барем мене тоа ми е јасно. Се` е индивидуално, а за трнчињата главни и одговорни се сопрузите. Ако не научат да мислат со своја глава дека сега главната заштита и поддршка треба да ја пружат на своите жени, ретко која мајка би му го рекла тоа, за жал, мислејќи дека така ќе го загуби што е повеќе од погрешно.

    Доколку се почувствувам грдо пајче, доколку и тој маж за кој, барем јас, сум поминала низ сито и решето и не сум дозволила никој да не` раздели ме разочара...нема веќе тука шо за баланс да се збори. Здравјето да си го фрлам по ѓаволите? Брее...

    Мое мислење, ако некој се почувствува навреден, се извинувам.