Абе девојче Ти јасно пиша на јавен форум што мислиш дека ќе те тапшаат по рамо ли? Еве ти кажувам дека од сето што го кажа нема да ви успее во првите две три години. Повеќето членки што ти пишавме вака се имаат залетано. Кукаш дека живееш во мочки и стара баба испосрана и што сакаш да ти кажеме? Девојче мажи се живеј си тами може ќе се среди некогаш. Уште тапанот не тропнал ти кукаш од нив.
Надвор од темата знам ,ама морам да си кажам Никој не успеал сам баш сам да дојде до нешто свое и секој се помачил и се мачи у животот за да створи, тука нема дискусија. Конкретно нашите инвестирале во образование, среќа дефицитарни кадри се исплатеше образованието, ама пред да ни се уновчи пошто сме од села и двјцата сме рмбале од сабајле до вечер на нива и не било воопшто лесно, некој пат си мислам дека до мои 30 години си имам изработено за два живота. Ми било криво сите на одмор јас не, сите на излегување јас не, ама ете се сврте тркалото сега имам се што сакам и шетам кај што сакам. Моите другарки од детството што шетаа и уживаа тогаш, еве ги сега со свекрви и со кредити се расправаат. Јас сум од тие што преферираат на младост да се мачат а не на старост, ама сепак не се знае што иде и како иде. На други пак родителите им помогнале со куќи и со коли, со станови. Некои пак имале среќа да добијат и куќи и коли и образование, ама да никој од нигде сам не успеал се' да створи.
Што ако му излезе виза или ни излезат пасошите? Пасошите не ги почнуваме допрва, у завршна фаза се. За тоа не значи дека ќе чекаме 2-3 години, ако успее да отиде тој некаде на печалба, јас ќе одам со него и тоа е и најубаво решение, да бидеме подалеку од сите. Крај на приказната.
Точно, јас не реков свекорот и свекрвата да ми направат куќа и јас да уживам на готово. Друг е проблемот, ме боли тоа што на деверот му овозможиле цел спрат, а на мојот да се мачи во една соба. Ако правиш, прај за двете деца исто, ако не воопшто немој да правиш. Значи на стари години дека на деверот му дале спрат, а на нас една соба треба исто да е замаме за нив така? Некој дете, а некој сирак во куќата. Нека ми даде господ да имам и две сина, од проживеаното ќе знам како треба. Дека не е фер едното дете да се дискриминира, иако за тоа можеби тие не се свесни, но боли, автоматски правиш поделба помеѓу децата. И не е исто да споредувам брат ми со брат му. Јас мене и брат ми вложуваше, работеше и финансираше за неговиот спрат, плус и уште владее тоа дека се што имаат останува на синот. А овде се двајца синови, брат му не ја правел куката неговите ја правеле. И тие не му го дотерале спратот му го дале празен, но и ние ќе бидеме презадоволни да имаме простор барем како нивниот и празен. Лесно е да имас спрата макар и карабина празен, но тешко е кога немаш простор ни за друга соба, а имаш нешто финансии за да спремаш еден спрат внатрешно.
Така лесно не се иде у странство на печалба. И маж ми има бг пасош па те го стое во фиоката. Два,три пати се изгоре од што им веруваше на тие огласите на пазар3 и реклама5 . Никој денеска не гледа за друг, туку само за себе. Не брат, кој сака нека биде.
Епа ете не му се чекало, спремал изненадување и ме запроси во сред ресторан, што требаше да избегам и да раскинам? Сакал да ме изненади како што најчесто сега прават, нејќел да ми каже и со договор да планираме брак.
Побогу имаше решение како не ќе си кажеше да ќе си се веревте и ќе си беше при мама додека не се средите станбено или со визи. Извини а по колки години имате?
Него го бараат луѓе за во странство кај кои има работено овде во Македонија, но затоа што уште не му е излезен пасошот не успеал да отиде. Во странство ни се кумовите, и братучеди и тетки. И да не ни помогне никој од нив, кога го имаш пасошот во рака и си добар мајстор ништо не е невозможно, ќе се најде.
Абе Мониче решени се да се земаат нека се земаат. Очигледно од дома ги поддржуваат па како мислат така нека прават. Недозреани се тоа е факт, си замислиле розева иднина и ок е. Човек кога е позитивен и повеќе среќа има. @SexyGirl2 ја не би играла на картата што ако. И странството не е засекого, особено сега со презаситен пазар и ненормално голем број на ниско платена работна рака од Романија, Бугарија и другите земји од Балкан па и прилиот од бегалците од Сирија низ Европа. Немој да мислиш дека ќе биде лесно. Не се берат парите од дрво и низ Европа. Чисто да ти кажам што би те очекувало, да не се разочараш на лице место..За у странство ако не си квалификуван и баран кадар, баеги ќе треба да се ипотиш за пристоен живот. Едит: И мене ми е јасно сега се. На 22 години, златна младост ти да се мажиш. О не не.
И да не го кажав ова до сега, значи јас откако се верив останав кај моите и понекогаш одев кај него на спиење, но со брат ми дојдов до еден конфликт и ме изнервира, а јас сум таков тип што лесно се лутам и навредувам и плачам. Нешто индиректно ме навреди, каква домакинка сум била не сум готвела дома... Ме изнервира и си ги собрав работите и од бес отидов.
Ќе биде постарашно и поболно кога утре ќе те налути свеквата, деверот или јатвата. Тогаш кај ќе одиш? А биди сигурна некогаш нешто ќе те налути и повреди. Од мене совет да си размислиш што правиш. Знам јас многу парови што млади се земаа и полека створија ама знам и многу кои на 22 се земаа па до 30 пораснаа, сменија мислење и се разведоа.
Неговите не се фер кон двајца сина, што останало за моите уште владее тоа размислување дека женското излегува од дома и треба да оди кај мажот. Плус и кажав дека и брат ми си работеше и финансираше во куката на моите, така да недолично е јас да им барам дел. Плус јас студирам за мене издадоа 2-3 000 евра секако до сега за факултет, а брат ми не студираше туку си работи и што треба сега да и ги бара тој тие пари што ми ги дале мене за студирање да му дадат толку и на него?? Очигледно не сакате да разберете некои работи. На нас господ нека ни даде од никој не сакам милостина, само после ќе враќам кој колку ми дал и колку заслужил.