Јас имам сестра, тоа значи дека мајка ми и татко ми треба рандом машко од улица да најдат да му ја дадат куќата? Ете можда и брат му си финансирал во спратот, исто ко брат ти.. Нема фер, не фер и ти си дете на мајка ти и татко ти колку што е и брат ти Не инаетете се и еднаш прифатете дека брзате и намерно си одите со главите во ѕид
Останало од стари дека машкото било машко ма пази немој!! Дете е дете. Се лутите кај свеки а истиот проблем при мајка пу пу не важи. Ајде бе.. Двојни арнишини, уствари мала си не можеш убаво да си ги склопиш коцките и глава. Немој да ги тапшаш твоите по рамо оти си имала брат, братот р подедбакво дете исто како и сестрата и точка! Прстите од рака се дели ли? А свеки е лошата. Аха добро. Што ви одговара вам тоа. И после лоши биле. Друга работа, ми се допаѓа начинот на кој што зборуваш самоуверено дека се ќе се реши и со кредит и со странство ама за жал праксата во македонија и во странство а па посебно у бугарија кај падошите не е иста дома и на пазар. Ова од искуство. Се додека не пробаш, не почнеш да се бориш за нешто кути си и молчи си и терај си работа се додека не успееш во некоја желба и замисла. А вака као трчам трчам па ќе се сопнам тоа се тие 22 години!! Се убаво што пишуваш, дај боже и да ви се наместат коцките само сакам да ти кажам од искуство дека едно е желбата а друга е праксата и животот што можат да те лупнат на земја за 1 секунда. Како и да е, ти посакувам среќа и борба, борба за да навистина се снајдете и да ви се остварат желбите у јаве. Од срце. Само ќе ти дадам еден совет од мене, молчи и прави, не избрзувај и не се залетувај, се гледа дека не си зрела за брак и последици од истиот, не знаеш што е нервоза тешко и мачно. Сите тука те советуваат од искуство, не дека ти се мешаат или попуваат или скраја да е убедуваат за твојот сопствен живот само те опоменуваат да размислиш и да бидрш претпазлива зошто не секогаш плановите течат по желба, па скоро и никогаш. Здравје, како викат човек се учи на сопствени грешки, расте, созрева и воочува па така и ти. Со тек на време ќе ти стане јасно што сите сакаме да ти кажеме. А до тогаш среќно!! Ама стварно среќно ти посакувам.
Коментариве станаа малку злобни не мислите? Таа си одлучила да се венча нека и е со среќа. Побара совет околу една работа и заврши со анализи што и како правела и зошто правела. На никој не му брцна во џеб, грев е да се подбивате. Помогнете ако можете, ако не баталете и тоа е помош. @SexyGirl2 очигледно имаш краток фитил народно кажано, и целата еуфорија околу венчавката те праи уште толку нервозна и пламнуваш брзо. Чим си имате планови, терај те. Ти пробај да се смириш, за да тоа време дур го поминуваш во заедница не ти биде на тебе ужасно. Додека се средите, ти поработи на себе, не фермај многу многу кој што ти рекол по дома, за да не си губиш живци што подоцна во животот посебно со деца ќе ти требаат. И не сте ни први ни последни што се зеле без решени прашања, така да нека не те обесхрабруваат тие коментари. Двајца млади, работоспособни и со меѓусебно разбирање кое е можеби и најбитната алка, се можат да постигнат во животот. Никој не вика дека е лесно посебно не на почеток, ама на крајот ќе вреди секоја таква жртва.
Моник,за ова за годините конкретно не се согласувам. Зависи до зрелоста на размислувањето,за двајцата партнери зборам. *Прва грешка секси која ја направил вереникот е тоа што те запросил јавно каде што на некој начинначин сакаш/несакаш ќе кажеш да. Претходно во врската имавте ли разговарано околу тоа кога да се земете Дали си ти спремна на тој чекор,одоколу требало да дознае што сакаш ти,а не само прстен да купи и да те изненади,тој момент да ви е убав. *Многу лошо е тоа што денес сите сме нервозни,абе малку да ни се преречи нешто веднаш се избувнува,караници и веднаш кај мајка трчење. Чекај малку,си била во врска,не си го научила каков е? А мајка ќе те прибери,нормално нејзино дете си и ти си во право.(не го зборувам конкретно за тебе). Што не значи и дека некој треба да се изживува врз нас,да вреѓа а ние да молчиме. Но се со граница! Нормално ние младите сакаме да сме си сами,но ќе се среди со работа,волја и слога поѓеѓу тебе и момчето. Штом дојдов како вереница во оваа куќа (пред нецела година) уште истиот ден почнавме со реновација. Син единец,ама решен одделни спратови за живеење. Тој работи,јас студирам сеуште. Јас,вереникот и свекрва ми спиевме во иста просторија во ист кревет цели два ипол месеци! Знаеш колку бев нервозна? Неможев нит да го бакнам мм а не па за односи.Вриев,само сакав да си одам кај моите. Се испокарав со свекрвата,свекор и мм. Таа ми рече издржи,следната година ти горе јас доле,само слога имај ти со синот мене остави ме. Застанав размислив кои работи ме извадиле од колосек. Венчајте се само,парите за свадба одите под кирија,гарсоњера сами двајца. Нека работи тој,ти, ќе си завршиш плус. Тешко ќе ви е. Или издржи уште некое време каде што живеете,ќе гледаш да не се замараш многу за старите,спечалите и тргнете се од таму. Некои феминки пишаа не се гради така лесно илу да купиш стан кога не си финансиски поткрепен,ама за кирија некоја скромна ќе најдете. Родителите прават грешки со тоа делење на деца. Пр.татко ми ми рече за сестра ти пет дена зурли в двор ќе имам. (Ние ќе правиме мала веселба во рестпрант и нема да има одење по невеста залудно давање пари по музика,дарови,адети чуда). Па го нема нит да ми помогни за реновсцијата ама ќе си знам и јас за понатаму.Размисли и гледакжј трезвено на работите,проблемите тек ни почнуваат во брачна заедница. Ќе се среди,биди храбра и силна. Сите кои ти пишаа нафорумот се со добромерни намери.
Kako e trgnato se naopaku nema nikogash ni da priznae deka e taka samo ke si ja chuka glavata nekogas od i tolku
Devojce ne izbuvnuvaj odma ete pred nekojden I mene taka me sovetuvaa zenite oti vo stan od 60 kvadrati so svekor I svekrva ne se zivee I taka e no cekam samo da mi se rode deteto I da videme sto ke praveme za nekoj mesec ke bide I toa
Благодарам мила на разбирањето и советите Ме радуваат вакви луѓе како тебе што се трудат да разберат не одма очи да ти извадат и да те искритикуваат
Така тоа со изненаџење у ресторан кај шо почнува, лошо завршува. У една соба, со баба , со пелени и така
^ Абе ајде, те запросил и не можеше да го одбиеш. Човек живот е, тој е, еден е ! Сериозно ќе се мажиш со некој иако не сакаш, барем не сега, само затоа што те запросил во ресторан? Па тоа е една од најважните одлуки од животот, кои неможе да ти се засноваат врз желбите на другите. На крај краева и да се вериш, немора свадба да правиш ниту истата, ниту наредната година. Има парови со години си седат верени, додека да си решат други работи, па подоцна си прават свадба. И мене после ова јасно ми е се. Него годините му се таман, не му се чека, сака да си ја врзи од страф да не му избега со некој Неговите дури се нафатиле да ја платат целата свадба, само да ја земат невестата што побрзо. А оваа па наивна, штом друг плаќа, трча да се мажи. @SexyGirl2 Јас цело време гледам дека велиш ЌЕ ЌЕ и ЌЕ. Супер што имате различни можности за снаоѓање ама тоа се прави пред брак, а не после. Тоа ми беше целата поента на муабетот, зошто одлучивте сега, а не подоцна, ама веќе се ми е јасно. Ти прифати брак само затоа што тој сакал, како да те прашал дали сакаш во кафана да одите. И сега уште првите денови кај нив имаш проблеми. А како мислиш да издржиш додека да се снајдите? Ќе живееш во една соба, ќе делиш тоалет со еден куп луѓе и ќе криеш храна по плакари бидејќи ќе ти ја изедат. За бабата - нема ни да коментирам. Твоја одлука си е се ова, ама немој после друг да окривуваш и да се жалиш. Штом си се нафаќаш ќути си и трпи си. Јас никогаш не би се сложила на ваква тортура само затоа што не сум знаела на човекот со кој сакам да го поминам животот, да му објаснам дека моментално не сум спремна и зошто не.
Некако целава дискусија сеирџиска испадна. Не се наоѓајте себе компетентни да дискутирате за нечии години и причина зошто стапиле во брак. Не осудувајте. Не се подбивајте. Ако имате да кажете искуство-добро или лошо,споделете овде. Осуди и шегачење на сметка на нечија зрелост не е убаво.Годините не се показател на зрелост. Ако се има трпение и разбирање и во 60 м2 ќе се издржи додека се најде решение Темава да не ја претвориме во надмудрување и осудување. Сепак некојА овде пишала од што има мака и проблем.
A кои сте вие да судите зошто се омажила на 22 год? Па и да се потсмевате. И јас се омажив на 22, 3 ипол години во една соба седевме пред да си го направиме спратот. И не, не се каам ни малку
@SexyGirl2 значи вие практично немате ништо, освен еден куп планови, кои мене ако ме прашуваш, се нереални. Ти студираш, значи сеуште имаш трошоци за факултет, па претпоставувам со таа сезонска работа го покриваш тој дел. Ниту тој не е вработен, а тоа приватно работење за себе е океј ама ако работиш за џепарац, не се тоа приходи со кои би можел да гледаш семејство. Да не бидам груба, ама вие имате едно големо ништо, а како што веќе ти пишале, со џепарац куќа не се гради. Неколку феминки со броеви ти пишале колку точно пари ти требаат, па вие пресметајте дали можете да се фатите во тоа оро. Многу битна работа е да запомниш дека од свадба не се печали. Приказната вели дека колку ке дадете толку и ке земете, ама јас не би спиела на тоа уво. Свадба се прави од мерак, а ако немате чаре, не е крај на светот. Ти си голема и треба да си свесна за последиците и животот кој ке го имаш во таа мешаница. Сите убаво ти кажале, кредит не се зема така, на Европа не и фали работна сила и со бугарски пасош нема да биде така лесно, а уште потешко ке ти е да живееш во соба- магацин со личност која кака во собата до тебе. Јас би се навредила да ми каже земи ја венчаницата овде бидејќи мајка ти може да ја покажува на сите. Искрено, би го отерала у три лепе. Пази, он на мене ке ми кажува дека жената која ме израснала ке ја покажува венчаницата наоколу, море мрш, не ми треба таков човек у животот.
!!! Кажувајте си ги вашите мислења без препукувања и напаѓање на другите. Не може сите исто да мислеме. Mислењата надвор од тема се избришани. Ве молам продолжето со дискусија околу темава.
И јас познавам жени, пријателки и од форумов, кои се омажија и деца родија на 21-22. Ама не е до годините, до зрелоста е. Изградена личност не си допушта да се нервира и да се замерува за глупости (на свекрва ми не и' се бендиса фустанот), а уште помалку дозволува некој практично да и' наредува што да прави. Без оглед дали има 22 или 42, тука се гледа "зеленоста", која сепак е посвојствена на помладите, неспремните. Една од другаркиве не само што роди дете на 23, туку не се ни омажи и од прва секунда е самохрана мајка. Ама стисна заби и ни мајки, ни свекрви дете и' гледаат, јас се чудев од каде и толку сила и дете со се' да биде подмирено, не само финансиски, и прошетано, и играно, и она да работи фул тајм+екстра - се' сама. Затоа, не значи дека ако некој има 22 е зелен, ама девојкава начинот на кој размислува ја прави зелена. Се' е ќе, за ништо нема конкретен план, само желби и фантазии. Не и' е касно да се опамети и да фати малку конци во свои раце.
Ova me voodusevuva. Zar ima mlad svet koj seuste trezveno razmisluva. Me raduva sto imalajkovi, znaci I tie isto razmisluvaat + tie sto se slozuvaat ama ne davaat like zosto nesto gi mrzi denes. Odlicen post.
така така тие сакат свадба а ти како некое даше шо ке посакат ти исполнуваш ако ако така треба за вас
@SexyGirl2 ќе успеете само доколку и двајцата сте на иста бранова должина. Ако маж ти е цврсто решен дека ќе се делите после свадбата и нема да дозволи мешање од страна. Исто и ти. Доколку стоите цврсто на земја, знаете што сакате и на каде терате ќе се средите. Ќе стиснете заби, ќе го решите стамбеното прашање. Разговарај со него , и види на што цели. Не оставај на тоа да умре бабата, да правите салонот... а богами ни на општински стан. Веќе никаде не постои вакво нешто. За свадбата колко ќе вложите тоа и ќе добиете. Ама ако сте решени, ете направете ја. Не се омажив и јас кој знае колку стара. Ама битните работи ни беа решени до некаде. Ете не две години во солиден брак.