1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.990
    Па и така е...
    Имам ептен близок пример, исти муабети како девојчево, 4 години брак, 1 ден без нервоза... "мажот" не ја остава кај мајка и' кафе да пие.

    Така почна, со "тебе сега моите ти се семејство, прво кај нив".

    Никогаш семејството на мажот не може да биде повеќе семејство од она во кое сме родени.
    Арно најдобри луѓе на свет да се.

    И никогаш нема да можам, на пример јас, повеќе да ја почитувам мајката на партнерот од сопствената.



    Погрешно е да се лажеме сами себе, ама ајде.
     
    На 1209, SummerGirl, Ivan4e04 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.976
    Пол:
    Женски
    Јас ова не го негирав ниту пак изјавив такво нешто било каде.
    Само мислам дека не мора да води до физичко насилство. Тука и реков на девојката дека може отиде предалеку со претпоставките.
    Друго за девојчето што ќе се мажи, веќе и напишав во предходни постови дека треба да размисли што прави и да разговара со партнерот, како и да се снајдат некако да живеат сами, за да не јаде нервози секој ден.
     
    Последна измена: 10 јули 2018
    На Meckicja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.990
    Физичко насилство... и тоа има во мојот познат случај, а не почна така.

    Него, ако решила да се мажи не значи дека готово, крај, нема назад... поарно сега, ако веќе не можат да се разберат да се разделат, него после со деца, па не се само они во прашање, туку и живи луѓе што не се ништо криви за нивните погрешни избори.

    Јас верувам дека 90% од љубов се омажиле, ама љубовта е залудна, ако нема разбирачка, или што би рекле старите, ако "си немаат муабет".
    Зборувам за ситуациите во темава - најголем дел од проблемите се ради мажите кои "неговите го буцкаат".
     
    На SummerGirl, Nausicaa, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.384
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како за овие работи не разговараат пред брак. Обично тие ставови мажите ги имаат и пред брак, дека жената после е "нивна". Јас не би можела да сакам човек со такви сфаќања, едноставно не сме на иста бранова должина. Инаку, што се однесува за фустанот, цело време сакам да искоментирам. Ако јас не сакам да го покажам, нема да го покажам. Разбирам, мерак им е и сл., ама секако ќе го видат. Еве јас сакав да биде изненадување за сите, а дали некој се лутел или не, негов проблем. За среќа, немав таква ситуација. За живот во заедница, одлучено беше уште многу порано пред да стапиме во брак, сами е најубаво. Прво онака низ муабет, нели проверка кој како размислува, а после и дефинитивна одлука. Расчистете многу порано кој што сака, договорете се на време, бракот само ги продлабочува проблемите, не ги решава.
     
    На SummerGirl, makedonkamak, Minnie 1 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. SexyGirl2

    SexyGirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2017
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Леле како јас да сум пишувалаа, ИСТО!! Кога зборам на телефон стои до мене и чека да завршам за да праша со кој сум зборела и што ми кажале. Но веќе кога разговарам и дојде и стои, јас престанувам да зборам и ја прашувам да каже што чека од мене што мака има за да продолжам на раат да си праам муабетт.
     
    На mynameislove и Milobebence им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Мора да сме мудри и ние жените. Ако се кажуваме на свеки или се ослониме целосно лошо ни се пишува. Ќе сака се да знае и да се меша во бракот и воспитување ма децата, а тоа не верувам дека некок го сака.
    И така ќе се живцираме оти немаме никаква приватност и ќе немаме нерви за ништо.
     
    На SexyGirl2 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.976
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа @NarCis@ разговорот е клучното нешто. Јас многу често читајќи тука доаѓам до заклучок дека младите не разговараат, не прават заеднички планови, немаат исти ставови. Дека всушност се женат/мажат за да не останат сами и како тоа да им е најголемото достигнување во бракот. И кога ќе ми каже некој ех ти лесно ти е да зборувш кога имааше среќа, ми се стемнува.
    Како може бирањето на партнер за до крајот на животот со кој треба се да делиш, да го наречеш среќа? За мене среќа да ти се падне на лото, од прво играње, се друго ми е веројатност.

    Исто клучен фактор, многу од младите што ги читам, велат се мажам за мажот не за неговата фамилија. И тоа не е точно во целост, оти не можеш да му ја избришеш фамилијата, оти он не паднал од небо. Оти утре што и да треба за таа фамилија мажот ќе биде тој кој ќе трча. Ако било кој не може со тоа да се помири, поарно нека и не стапува во брак. Ако не му одговараат условите да си створи свои.
    Во една врска треба да се мисли и преценува, а не незрело скокање во брак и после пукај си глава.
    Ако не ја бива врската/ бракот може да се раскине. Големо чудо. Не живеам за кој како кажал и што кажал. Ак треба и 10 дечковци ќе сменам за да си го најдам кој ми одговара најдобро.. На никој лебот од уста не му го земам.
    И тотално нездраво е да живееш во заедница, па кој како сака нека вика.

    Тебе девојче тука убаво те посоветуваа сите, само ти не сакаш да слушнеш. Ама штом ти е убаво така терај. Расправај се со свекрва секој ден штом немаш попаметна работа.
     
    На bittersweet, SummerGirl, dc15 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.990
    За некои ситуации важи она - прво омажи се, секако.

    Ама во повеќето случаи, ниту мене не ми е јасно како не се одлучуваат работите пред брак.
     
    На SummerGirl, WildMk и NarCis@ им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.976
    Пол:
    Женски
    Оти не мислат. Оти мислат дека многу се љубат, како што и ти кажа. Само што не ја имаат разберено добро дефиницијата за љубов.
    Оти љубовта не е само привлекување и страст, туку и верност, разбирање и почит. Љубов е сакаш да го правиш партнерот среќен, да правиш компромис, да го разбереш и него и неговите интереси.
    Љубовта е постојано вложување, љубов е да не го повредуваш.
    Љубовта не забрана, љубовта не ограничување и љубомора, љубовта не е страв и потчинување.
    Ама се ова треба да биде обостано, ако не не е љубов.

    И најважното, колку и да љубиш некој, себе си треба да се сакаш најмногу. Оти е еднен живот, нема повеќе. И сам треба да одлучиш како и со кој ќе го поминеш.
     
    На SV1911, WildMk, Luna91 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    ^^ Не е само дека многу се дакаат, туку понекогаш не знаат што ќе ги снајде. Како на пример во мој случај.
    Јас никогаш не сум сакала со свекрва да живеам, па кога се преброивме со мм сфативме дека нема пари за кирија и дека ако не направам компромис со тоа што ќе живеам со мајка му, може и никад да не се земеме.
    И си мислев ај не е толку страшно,ама страшно е. И ми е криво што не размислив подобро ама тоа е. Не е лоша жената него немам приватност за нишо. А чисти, пере, пегла ама јас не бсрам слугинка низ дома, барам да сум сама.
    Па и сестра му од странство кога ќе дојде на месец-2 не да ми иде да се убијам... ама тоа е.
    Џабе шо и да му зборам на мм кога дома реално сите ме поштедуваат и не дозволуваат за нишо да се помачам екстремно, особено и дека сеа трудна сум
    Пак ќе кажам, боље да се мачам секој ден, ама да знам дека кога ќе дојдам дома ќе можам по гаќи на жешково да прошетам.Цела година поминс и не успеав да се навикнам, пак сум до помислата до кога веќе
     
    На СноуБол90, WildMk, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    @SexyGirl2 којзнае колку си се покајала што пиша тука да побараш совет...неможев да дочитам од почеток на твојот коментар до сега колку ли страници се изнапишаа да те коментираат а ти па на сите се правдаш и одговараш... (facepalm)
    A горе доле едниот ист муабет го вртите скоро сите цело време!
     
    Последна измена: 11 јули 2018
    На SummerGirl, SexyGirl2, mynameislove и 2 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.972
    Допаѓања:
    260.990
    Обиди се да преживееш барем дур се породиш, барем вака како што кажуваш не е некој проблем со колење и тепање, туку сосема разбирлива потреба од самостојност и создавање на свое гнездо.

    Не разбрав дали работиш, кога ќе појде бебе во градинка, ќе работиш и ти, и ќе се снајдете за сами.

    Ретко кој преку ноќ добива се', упорност и труд и вие ќе се средите.

    Важно е да имате слога и да се разбирате :)
     
    На WildMk, SummerGirl, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    3.976
    Пол:
    Женски
    @Girly90 знам, те разбирам.Јас ни со моите не би можела да живеам, ни со неговите. Едноставно ми треба приватност и мене и на сопругот.

    Мојата свекрва е многу умна и разбрана жена, и многу пати ми има кажано дека нејзината куќа е и моја куќа, да се осеќам таму како дома. Е арно ама..., не бива. Во таа куќа свекрва ми си градела домакинство 35 години, си има свој тертип, различен од мојот. И без разлика на се, ако живееме заедно доволни се само тие 30 години разлика меѓу нас, за да се случат некои несогласувања. Оти има денови кога јас себе си не можам да се поднесам, а камо ли да внимавам што ќе кажам пред свекор и свекрва. И не сакам да давам објаснувања за тоа што ќе правам кај ќе одам. Има денови кога не ми се готви и не ми се раскрева и сакам цел ден надвор да го поминам, е ама во заедница нема да биде така, оти и никој да не очекува ништо од мене, јас ќе си направам притисок сама врз мене.

    Исто и со моите. Мајка ми милион пати ми има кажано дека сум била чуден карактер. Епа таква сум. Не сакам да се правдам и полагам известувања што сум правела, што сум купила кај сум била со кој сум пиела кафе... Си ја сакам независноста и слободата.
    Само што на мајка ќе и повишам тон кога ќе ја претера, ама на свекрва ми нема можам. Ама мајка ме знае, нејзина крв сум, знае дека не мислам ништо лошо, ама свекрва ми којзнае што би си помислила.
     
    На pianogirl, Annora, mKdevojce и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.156
    Пол:
    Женски
    И мојата е душа жена, само до кога :D Ок е жената, засега се разбираме, уште се немаме скарано за ништо и додека бев девојка и сега кога сум снаа. Не ми дозволува да се мешам во готвење, чистење, перење, кога ќе си сама тогаш ќе си работиш ми вели. Но, знам да се замешам, не бива се на готово да чекам :) барем додека да се среди спратот.
    Кај мене е друг проблемот, свекорот мој сака во се да се меша и да наредува, ама на шала си добива и од мене и од мм :P порано молчев дека пресна снаа, ама веќе не. Како тој, така и јас. Изгледа уште не може да се навикне дека син му е веќе возрасен и женет.
     
    На pianogirl, SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    За ова со тертипов ме потсети на една случка. Јас, пресна снаа, мијам една пепељара кај свеки, и ја ставам да се цеди кај другите садови што се цедеа. Се свртев два круга низ дома, гледам пепељарата извадена од цедалникот и ставена на маса. Останатите садови сеуште стоеа во цедалник. Ок викам, ај си сака пепељарата да е сува во секое време и да стои на маса. Следен пат пак празнам пепељара, мијам бришам со сува крпа и ја ставам на маса. Она поминува и ја поместува 2цм полево :rofl: Нареден ден демек да и помогнам да праиме ручек, сечам компири за печење во тава и ми вика не така, вака (демек на 4 сакала ко коцки, а не по дужина:headbang:) Фатив ги досеков и после неколку слични ситуации веќе не и ни фаќам. Варам само кафе и мијам шољи од кафе. И ептен ако видам у гужва е неможе да постигне па да фатам и јас нешто.
    Е она кога ќе дојде кај мене си праи пак по нејзин тертип и си остава садови на пример кај што нејзе и одговара и изгледа логично, а не кај што јас сум решила да ги чувам. И ај сеа. Неќам да сум како нејзе и да и кажувам што како. Ептен глупо ми делува.
    Зашто не може за 2 тие дена во месец што се гледаме да преќути? Јас можам да си преќутам и да си прередам кога ќе си замине. Или што ми е битно дали компирот е на 4 или не, секако ќе се изеде. Битно ручек има и некој те одменил за едно јадење мајко му. Од утре секој пак по свое. Ама не, она мора да си каже како и одговара. Оти така е најправилно нели (facepalm)
    Едит: не знам зашто буквиве во розево. Нека ме просветли некој како да се смени :$
     
    На SummerGirl, јolene и SexyGirl2 им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Таквите не можеш да ги смениш. И мојата правеше така. Ако земев нешто да правам, она одма дофрлаше. Оттогаш се сама прави. Јас си уживам. Кога доаѓа кај мене ништо не фаќа. Јас не сакам.

    Некој спомна дека работата со членката сме ја дотерале до физичко насилство. Така и ќе биде. На особата за која пишував и се случи тоа. Исти случај како членкава. После некој период откако се земаа дојде до насилство. Не самод мажот. И од сите други. Не смееше ни кај нејзините да појде. Самата си беше виновна. Кога и викаа да внимава, она никој не слушаше.
     
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Жени, јас имам сериозен проблем.
    Оваа мојава стана ептен посесивна, себична и мора она у се да се меша и наресува.
    Со детево се понаша ко само нејзино да е. Ако ја фати дедо и она му ја зима. Не му дава на детево да дише, седат на земја, со нозе ја опкружила и плус ја држи, а детево сака да се врти да лази....
    Кажи и, одма се лути...добро добро и носот у вис, за 5 мин пак.
    Инаку, се разборев јас, проблемот сеа е за роденден. Она сака она да каже кој да викаме, со изговор ќе си платам јас за нив.
    Јас сметам дек ние сме родители и ние си одлучуваме, а секако гледаме на сите да им угодиме како така.
    И одбравме ние место време мени гости, иако имаме време ама сакавме пред одмори да средиме.
    И ај викам како нормални луѓе да ги информираме....
    И одма а колку луѓе иматее...викаме толку и толки...аха тоа само ваши? Не сите, добро вика ЈАС имаѓ тие и тие...
    Мм и вика не може, зошто ќе си платам...не е до плаќање, не сакаме рака. Добро јас само нив ги имам бла бла...(дека не е од скопје). И лута уште ќе плаче. А да не ме сфатитњ погрешно, брат и со цела фамилија ќе се викнати, внука и исто(сестра и е почината).
    Од свекор ми само сестра му. Он па сирот ништо не кажува.
    А јас, јас немам роднини да канам.
    И ај помина муабетот со добро демек.
    Ми се јавува мм прееска од работа, му ае јавила да се видат да зборат за роденденот. Луѓе, ај ќе сфатам да кажела, синко дојди мајка да се видиме после работа и муабет да напраиме. Ама не...резили живи, на сред работно време. Уште не знам што збореле, не ќе ми кажува мм преку телефон од работа, ама ептен се напнав. Зошто знам што може да зборела и да припаѓала таму.
    Ништо не сум забранила, кога сака доаѓа, ја гледа игра со неа, јас се тргам да се и сами. Секој втор ден е тука. Освен што не ја чувала уште( освен коа сум ја оставила за пазарење и сл.). Таму кога ќр отидеме пак ја оставам со нив цело време. Само се такмичи. Детево почна да кажува тата, мама нана амам што не значи дека по нас вика, таа од пуста љубомора одма кажи баба.... А кажи деде никако, нема друг детево, само неа ја има.
    И веќе не се сеќавам што све да кажам. Ама денешнава ситуација ептен ме изнервира.
    Не знам што да правам. Неќам мм да го карам, мајка му е. Ама немам сили веќе, нит желба за нешто. А искрено не можам ни да ја гледам. Не можам вака да живеам.....не знам...
    Дај те совет утеха, било што...
    За се и е кажано што ни смета и како, што сакамешто не, и пак по свое тера. Инает ни води. Дури коа ќе и укажеме, го крева носот(буквално) ни врти грб и си оди у друга соба.... Или па се праи не чула.
    Знам дека е долг постов...ама морав да се искажам...
    Ве молам, без осуди, сите си знаеме нај убаво дома како ни е...кој може да ме разбере може. Кој може да даде совет нека даде....јас стварно мислам почнав да полудувам( у буквална смисла).
    Фала ви на трпењето ;)
     
    На snegulkata, WildMk, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Олади ја главата малку за да не пукне тиквата и рамнодушно речи и -а зашто за роденденот на детето да ги викаме тие? Зошто на пример не ги поканиш за твојот роденден?
    За се си во право што си напишала и мора да го средите ова. Мора да и кажете каде и е место зашто се гледа дека женава гуши.
     
    На 1209, CameliaMiller, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Добро те разбирам. Поминав низ истото. Само што јас не попуштив. Ист проблем имав. Сакаше госпоѓата да кажува како да ги прославиме роденденот и крштевката на синко (поголемиот). Со таа разлика што она не понуди пари. Кого да викаме, што да спремаме, јас да не доаѓам, и др. Го подбрав маж ми и му кажав дека она нема зошто да се меша и дека ќе направиме ние како што сакаме. И друго му изнакажав. На крај му реков дека ако планира да ја слуша мајка му, нема да има ни крштевка ни роденден. А ако на неа не и се допаѓа мојот начин, не мора да доаѓа.
     
    На CameliaMiller, Цвет88 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    @Цвет88 детето е ВАШЕ, роденденот го правите ВИЕ и мислам дека треба маж ти јасно да и стави на знаење до каде може да оди со планирањето.
    Само знај дека ако и каже дека нема да бидат поканети нејзините роднини, ќе драми и ќе ви направи циркус.
    Најубаво е да и се објасни дека само нај-нај блиските ќе бидат канети и дека нејзините роднини ќе ги пречекате друг ден со сите почести.
     
    На CameliaMiller, Milobebence, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.