Со такви треба да си малку дрзок, за да сфатат некои работи. А и мажот треба да сфати. Е тука лежат проблемите. Ќе почне некој да се меша и одма расправии помеѓу партнерите. И јас се расправав со маж ми додека не му дојде памет. Па не може она да изиграва мајка на децата мои. Па и да не сум доаѓала затоа што она ќе била главна. Она била баба. Свашта.
Се сте во право, ама проблемот е што и е кажано се... Не знам...изгледа се прави дека не слуша. Си тера по нејзино. А знае дека си отидовме од кај нив ради тоа нејзино мешање. Мора да се среди, знам... Ама веќе зборење и кажување кај неа не поминува.
Не ќути мојов, ама со оваа луѓе не се излага на крај. Имам и порано пишувано. А не беше таква... Мислев ќе биде радост дете, еден син имаат. Замисли, она доаѓа само преку ден, кога сум сама. Поручек не изјавила желба да дојде син и да го види. Тоа се зошто мајка ми е дома. Ако не отидеме кај нив, што мора синот да го видат, не им треба он, внука имаат само.
Да не сме мажени за истиот? Мојот често ми вика - Ти не ја сакаш мајка ми. Јас му одговарам - Колку што она мене ме сака, толку и јас неа. Имам претходно пишано дека го терала маж ми да си бара друга жена.
Јас немам проблем да ми се меша. Јас имам проблем со тоа што цела фамилија мислат дека господ за м.да го фатиле и не осеќам почит од нивна страна.
@Цвет88 ти ја разбирам нервозата, ама ако со маж ти се согласувате, не се нервирај што некој ќе си дига нос оти не е по негово. Сакала нејзини гости за роденденот на твојата ќерка, ок, нека ги викне посебно дома кај неа и нека ги почасти. Најсмирено кажете ѝ дека така сте замислиле и дека така ќе биде. Имавме слична ситуација два дена пред роденденот на малата, маж ми не попушти. Имаше закани дека ако не ги викнеме тие и тие, неговите нема да дојдат. Знаеш што им одговори? Ок, јас вас ве канам, ако вие не сакате да дојдете дека другите не се поканети, тоа си е ваша одлука. И што се случи? Дојдоа. Знам дека ви е непријатно, ама па на секое дигање нос, вие да се нервирате, не вреди. Денес е роденден, утре ќе биде нешто друго. Вакви однесувања ми се многу детски од нејзина страна и мислам дека само гледа да си истера по нејзино. Сега е важно да бидете прибрани, смирени и да не попуштате. Со тек на време ќе прифати, може не за брзо, ама ќе прифати. И не треба секогаш да се објаснувате. Кога се објаснувате за сите ваши планови, таа си го сфаќа тоа како да ѝ се правдате, па користи ситуација. Седнете со маж ти и договорете се што сакате и држете се до тоа. Вие тројца сте најважни на крајот на краиштата. Пак ќе кажам, слични ситуации поминувавме, еве по години, се средија, со игнорирање и терање по наше, без објаснувања и оправдувања.
Ретко оди кај неа. Кога ќе сака да дојде кога ,,нема да си дома,, ...кога ќе си дома ама детето ќе спие... Мора малку дистанца да направиш, ама не оди преку ноќ тоа. Неможе да си дозволи таа да изигрува мајка. И...не се расправај ти со неа.Тоа мт треба да го среди.Ти дома со него муабети ќе терате. Нареднен пат кога ќе правите некоја ваква веселба, нејзе последна ќе ја известите, во очи на настанот.Не и давајте простор да маневрира со нејзини желби. Обично сум за мирољубиви мерки и за смирување на ситуација, ама ако нема разбирачка со некого, мора да се оди чекор подалеку-репресивни мерки.Што поблага форма од нив ќе успее, толку подобро сите ќе поминете.
Еее тоа башка приказна душо, само нејзините чинеле, биле паметни, носеле вредни подароци, биле убаво облечени....овие од кај свекор ми све сељаци и глупаци се за неа.... Да не правам глупи споредби сега.... На сите она им покажувала местото кај им е....
Јасно ми е. Имам такви. Они се најпаметни. Со нив никој не може. Па ако не им го направиш ќеифот, ти си им душман.
Премногу и дозволувате затоа е таква. Од постот сфакам дека со мт сте си на иста страна, со него проблем немаш. Работите се сечат во корен за да не се повторуваат. Јас на твое место не би дозволила гости да бира па колку сака нека драми и тука ке биде крај од тој тип на мешање. Утре ке имаш и други поводи и за се ке биде иста ако сега не пресечете. Јас би кажала јасно гласно списокот на гости е тој и крај. Впрочен така и имам постапено во една ситуација и си разбра жената колку е саат т.е дека џабе ургира.
@Цвет88 Со ваши пари не дозволувај свекрвата да наредува кој да каните кој не, јасно и гласно не и не, јас така на првиот роденден дозволив на татко ми да покани некои луѓе што не ми беа по кејф да дојдат и толку беше, пробуваше после и за 2 и 3 ама ништо не му успеа и сега си ќути. Добро ти рекле сега за роденден утре за друго нешто... Ако треба кажи и ти и не дозволувај, терај си ти по твое гледај ти со мажот и малото да сте среќни тој ден, за другите да не ти чуе...
Да не ве цитирам и означувам посебно(а и батерија немам). Среќа што со мм сме на иста страна.... И затоа мо е криво, ми е страв дека ние ќе се одалечиме, скараме, расипеме ради ова што се случува. Многу работи почнавме да криеме. Не се издржува веќе. Пошо дур не поднесеш дневен извештај не поминуваше, сеа само супер сме кажувам и толку. Ако препраша, јас пак супер сме... Некад не кревам на тел, не и враќам на вибер... Еве денес сакаше да дојде и реков ме сум дома и си излегов...
Само сечење од корен, оти на глава ќе ви се качат. Мојата уште се лути што не и го правам ќеифот. Искрено, не се замарам. За мое дете јас одлучувам.
@Цвет88 јас само чисто информативно сакам да прашам тој брат на свекрвати му е чичко на маж ти а децата негови 1братучеди така?ако добро рабрав твојот чичко или тетка зависи шо имаш итвоите 1братучеди дали се поканети ме интерсира?
не е тоа поентата на муабетот... Поентат е што се поканети а она вика никој нејзин немало. Се изјаснив јас за мои дека немам да канам.
Јас да сум на твое место ќе ги поканам сите што сака таа. Чим веќе сте решиле дел од нејзините ( еве викаш брат и и децата ќе ги викате , на свекор ти сестра му) значи десет души веќе има од нејзина страна . Ќе и ги довикнам и тие за кои плаче и веднаш ќе и кажам : толку и толку пари треба за нивните порции. Ќе кажам дека јас сакав само најблиските да ги викам ,толку имам . Рестото она нека си плати . За СИТЕ нејзини гости!! Велиш понудила пари,мислиш ќе плати ? Ако си плати јас не би да се расправам . Знам револтот е голем , ти се меша во твои лични работи ,ама удри ја по џебот да видиме ќе биде ли силна така
Принчип е во прашање, ако попуштам уште толку на глава ќе се качи. А не сакам да плаќа она зошто после ќе збори дека она и направила роденден. Како за мекиците, заедно правеа, 120 луѓе па после испадна сите нејзини биле 120.