Еј луѓе пукнав. И се развикав на свекрва ми после толку трпење, чудо не пцуев, како не ја искршив не знам. Забременив со близнаци инвитро второ, во 26 недела завршив во болница отворена, лежев 3 недели, па ми пукна водењак се породив 29+4, едното ми почина, другото месец ипол во болница. Нели се фалев ми помага и све, ма спрат од куќа сме, и си трпев некои работи, као ај за доброто на сите, ама денес пукна филмот. Во рок од 5 минути ги направи следниве работи, кои обично ги преќутував или на фино ќе кажев: 1. Влагање дома без да тропне Ова откако дојдов од болница се дешава, мм безрбетникот епа ти доаѓа на кратко да го види, епа ме фатила и на спиење и серка и хранење на малиот... Па почнав да заклучувам.. и прашува зошто заклучуваш? На мм рекла ко циганка, затворено. Абе ајдееее... 2. Доктори што знаат, како ние сме ве израснале Не најде со малиот тој на стомаче, малку се нервира џуниор, ама си тера си врти, крева главче, а ја се радувам издржал повеќе од 5 минути без да дрека. "Што го мачиш детето, како ние сме....бла бла" Викам мора да вежба, плус прематурче... "Што знаат доктори" Така и за некои други ситуации било коментари. 3. Упорно немиење раце Правило бр.1 пред да ми фати дете некој, од докотри и личен разум нели, измиј раце или со антисептик барем помини ги. Неколку пати ја имам заприметено, мислиш ко за инат.. имам и антисептик влажни и алкохолен спреј ако ете не може да се измијат раце, ама и тоа е тешко. Пред два дена свекор ми и вила земи влажна забриши рацете па земи го, и таа се направи дека не слушна, го зема така, а пред тоа со храна и садови баратеше и ме гледа у очи еј. Нејсе, прееска носи сливи во раце, ги става на маса и зима веќе искористена антисептик влажна марамица, мислев ај од водата ги забришува, праиме муабет нешто и зима го фаќа за раце и лице. И подавам од марамиците и се буни, викам помини убаво 5 секунди работа и се налути и....тогаш пукна филмот, се развикав што е толку тешко, не ти е прв пат, сите можат ти не... "Ама доле ги измив" ... А сливите, а ограда, а врата фаќање.. не барам многу човек ало...како можам јас по 50 пати на ден да мијам можеш ти еднаш. "Епа не го фаќам веќе никогаш" ... Одиме на точка бр: 4. Превртување на зборови Не ти реков да не го фаќаш, не ти забранувам, само што е страшно тука ало, една работа барам од тебе. Сега ќе видам како ќе изврти, обично плаче и никогаш не е крива. Јас ќе бидам злобната што се дерела, ич не ме боли, побитно ми е детето. 5. Договарање повојници со роднини и комшии без да праша или информира "нема горе да се качуваат" Дошле комшики пред некој ден, некои саат два пред тоа ја прашале да пројдат, таа рекла ок, не ми кажала мене, ја дремам со мало у спална, иде таа, влага у спална?!, оди долу дошле на повојница да земеш поклони и качи се. WTF?! Може да знаев ќе сварев кафе, ќе послужев благце ако не се качени, вака испаднав безобразна..а ја појма неам. И денес исто еј таа и таа сака да дојде, се договоривме.. мислам ... неам коментар. Многу се распишав, битно имаше викање од моја страна, таа си се симна да плаче, нека крши глава, на мм му кажав вака и вака, па зошто си се дерела...бла бла... Епа 100 пати сум ти рекла да и кажеш да не прави ова и она, ти не, епа ќе пукне тиквата, уше ја брани еј!! Му викам мамичка е побитна или детето твое, уште еднаш вакви глупости нема од тебе да чекам веќе да ги разрешиш, чим нејќе со убаво, ќе ве решам јас сите вас на мој начин. И така јебига. Плус се нервирав малиов нешо ме зеза, проливче/чудна столица, влакно ми фали да разбијам некого.
Па баш заради таа причина што ја наведов иако и јас му реков родители ти се, не би требало да преречат. Не знам, може дека сме учени се сами, па послатко ни е нашето. Секако на млади на почеток им требаат пари, или било каква помош, не ги осудувам и нив.
Ах.. не те осудив и јас тебе. Храбро е сам да правиш се', посебно, ако има можност да ти помогне некој. Немаат сите толку трпение, сила и решителност во себе.
штом мажти не знае д аи каже со убаво ондак ти ја перкаш и си сиркаш на лево дете имаш за гледање немој да се замараш со неа смета нешто кажи и еднаш два пати со убаво не сфака идеш со друго понашање ајде чувај малото не се замарај
Ти се насобрало и тежок период за тебе бил, нормално е да избувнуваш. Не се секирај многу околу немиењето раце...треба да е во допир и малку со бактерии за имунитет да стекне бебчето (освен кога му сменуваш пелена). Не дозволувај да го шлапаат и бакнуваат по раце и лице...бебе на косичка само бакнување. Роднини цело време со марамици и средства дезинфицираа и скоро нон стоп се болни. Многу слаб имунитет детето им има. Јас не ја пазев толку, здрава е како дрен. Имај предвид утре ќе ти почне да лазе и се во уста да става...Нека е живо и здраво само.
Срце тебе кога те земале се бришеле ли со антибактериски? Или мајка ти со нејзина плунка те забришувала ако се извалкаш од храна... За ова воопшто не те поддржувам, затоа што кога детето ќе порасне не можеш да трчкаш пред него со антибактериска. Самото тоа мора да створи имунитет. За другото те поддржувам скрос, и за влегувањето без тропање, и за договори зад твој грб, за мешање...
Прематурче е бебето на членката. За миење раце кај мене немаше компромис. На крај краева, кога одам во посета на бебе, ако ми речат така прави, така ќе правам, воопшто не е важно моето мислење. И навистина не разбирам, што е толку тешко да се измијат раце. @DuchessAnn сѐ што бараш е оправдано според мене. Моето не беше прематурче, па пазевме на овие работи. Миење раце, не го дававме да го држат во раце, на повојница, срам- не срам, не примавме луѓе. Беше зима, период на вируси и грипови. Кој што сака нека мисли, дека претеруваме или не знам што, ако не дај Боже ми се разболи детето, мене најмногу ќе ме боли и јас ќе треба со него да трчам по доктори и да си чукам глава. И имунитет исто така не се ствара ако се разболи на еден месец, па да треба да пие антибиотик. А бебиња многу полесно се разболуваат од поголеми деца. Терај си ти како мислиш, ти си мајка на тоа дете и слушај доктори. Не дај Боже да ти се разболи, истите тие ќе ти се качат на глава дека ти си крива.
да не се правиш паметна ти знаешшо е прематурче извадено од инкубатор ? родено со нецело кило и со што ти не соочено? ај не туку се занесувај и да збориш на памет породи се пред време едвај живо извади го од болница и дај на сите да го лигават
извинете знам дека сум оффтопик сакав само да прашам,прематурче е предвреме родено бебче или грешка сум ? @NarCis@ ?
Абе зелени тресете прематурче има време да развива имунитет и нема штета да се измијат раце пред да фатиш бебе. Јас на никој не сум рекла ама на бабите и дедовците прво влагање им е миење раце.
@DuchessAnn Ме врати назад со муабетов ,Исто живеевме еден спрат над нив и слични ситуации,од мое искуство,кажувај секогаш дирекно неа што ти смета,и тоа веднаш,влегла без чукање кажи и нареден пат да тропа на врата.Ако не кажуваш веднаш си собираш фрустрации па како вулкан ке се излее од тебе,како денес. Така одлучила за нејзиното дете,небитно дали е за марамици или било што друго,битно е нејзината одлука да ја почитува.
@DuchessAnn слична ситуација имав и јас со тоа немиење раце само не со свекрва ми. Како може да се толку неразмислени незнам. Кај мене особата одеше во тоалет и никако не миеше раце и јас како полицаец одма на врата и назад раце да измие. И неколку пати така повторував и пак си тераше по свое и на крај ми пукна филмот и на кавга испадна работата. Гадости големи, само кога ќе ми текне пак ме фаќа нервоза.
Секогаш е кажувано и директно и индиректно преку мм и пак исти срања, особено за влегувањето така, еднаш ја средив гола се шетав по дома, па не правеше така, ама со бебево се повампири. Затоа избувнав. Обично сум си избувлива. И со мм и со моите знам поштено да се искажам и искарам ако ми пукне филм, и на крај ќе се разбереме и со убаво, викав ај моиве ме знаат шо "ѓубре" сум, да се воздржам малку пред нејзе, ама кога се преоѓаат граници на велико епа нема циле миле веќе. Детето нека си порасне, понатака знам дека ќе лази и ќе пика во уста, ама сега кажано ми е треба пазење, немање контакт со деца, нема одење по гужви, молови и сл. На почеток и маски ги терав да ставаат. Ќе се разболува понатаму, настинки, глупости... и сега си пика раце во уста, цуцлата колку и да ја миеш пак си има контакт, ама бацување по лице, раце, и немиени раце не. Се имам видено на детска клиника, да не раскажувам хорор приказни. После толку време по болници, од 1300гр. родено, месец дена со антибиотици и инфузии пукано, бар да пркне џивџи малку повеќе пред да почне со настинки/болештини. Морав некаде да се истурам, па пишав тука. Фала на совети и поддршка.
^^Ама што има да се "правдаш" зошто не дозволуваш бебе да се бакнува по рачиња,лице , зошто да се мијат раце . Така си одлучила и свекрва ти мора да го почитува тоа . Јас да сум, еднаш и два пати ќе кажам ,трет пат сериозно нема да и дозволам ниту да го види преку стакло . Озбилно ! Како да не знае и таа што се претрпе ти и колку се боревте со јунакот Кога одев кај внуката да ја видам до годинката, ми беше "забрането и надвор на тераса да палам цигара . И не сакаа кога ќе идам здивот да ми мириса на цигари . Исто не сакаа алиштата кои јас ги носам да бидат третирани со омекнувач . Парфем никако на мене . И ред други "правила " имаше . Колку и да ми се гледаше претерано сето тоа ,ниту еднаш не прекршив правило ,ниту еднаш не се "побунив" .
TOA E MAJKA LAVICA! GO DUCHESS! Poddrska celosna od mene. Posle se sto pomina, nema pobiten od maloto!
@DuchessAnn Браво мајка само продолжи така и построго дури! Камо и јас да бев таква со свекрва ми. Ако ти кажеш дека мора да се мијат раце пред да се пипне тогаш и МОРА! Уште од одма покажи и кај и е местото. Само не се нервирај многу, многу. Кажувај се што ти лежи на душа.