Абе ајде... Жртва изигравале!?? Физички ја нападнал (или скоро ја нападнал) жената, вие што зборувате??? Абе не знаете вие како заточеништво влијае на разумот а? Абе ова што го кажува (ако не е измислица), е баш тоа... заточеништво. Сте чуле за Стокхолм синдром? И една недела жртва која е психички и физички малтертирана, може до толку да изгуби контакт со реалноста, и да почне да се идентификува со киднаперот, а да не зборуваме кога во прашање се години!! Не зборувајте од памет, затоа што е ваквата ситуација, буквално: Да не дај Господ никому!! Илијадници жени во Македонија секојдневно трпат некаква форма на семејно насилство, и вие им кажувате дека 'глумат жртви'??? Срамота! Доста потфрла системот, не ги штити, ги изневерува и начисто ги препушта сами на себе... дури и роднините, блиските тоа им го прават често... па уште и вие на форумот фалевте да ги омаловажувате. Жени сме, знаеме жени, блиски, далечни, имаме или ќе имаме ќерки... малку поголема емпатија кон жената, жртва на семејно насилство, во Македонија... не е на одмет...
@uspesnarabota Еве јас ке ти понудам помош.Сакам Октобер месец да седнам со тебе и да поразговарам,да се договориме нешто.Услов до Март да најдеш работа 100%.пиши од каде си? Кликни ме на Фб Андријана Гјоргјиеска
Филм Што предлагаш ти? Да се фрлиме во емпатии и оплакување на судбината со секојдневно одење во црква за господ да ни поможи или да ги засукаме ракавите како жени и да го решиме проблемот? Што треба да разбереме дека им е тешко? Разбираме и што понатаму? Да ги сфатиме дека не се во состојба да го видат светлото? Еве им го палиме. Сите ја изгубиле реалноста, само прашањето е кога? Јас мислам пред да влезат во заточеништво. Токму и затоа е на тоа дереџе жената во Македонија од советиве како твоиве, наместо да ја охрабриш да ги отвори чакрите го наведуваш публикумот да плаче врз нејзината судбина. И помош и понудија. И институции има ( може не на долг рок али до година дена и те како има да и помогнат). Има и интернет, знаат и на форум да пристапат и да разговараат. А не знаат да најдат решение. Стокхолм синдром ги затепува моментално онака на блиц од како ќе се одлогира и ги прочита решенијата. Што треба? Да ги земеме на рака или на ушка па да им ги решиме проблемите? Као те разбирам душо не плачи јас се ќе ти завршам ти само исплачи се на грудима мои. Зошто ја симнуваш жената на толку неспособно скалило не ми е јасно. Зошто умре Клара Цеткин. Будала жена. За кого?
Не ја мешај Клара Цеткин, не покажуваш знаење за психологија, туку само за правата на жените... А овде, си ги помешала лончињата! Жената е во некаква форма на депресија, во психологијата има цела посебна гранка која се занимава исклучиво со 'Психологија на жртва', а ти овде се расфрлаш со: Ако сака, може!! Е дај Боже да е така, во секој случај, и за секоја личност!. Ама не е!! Статистиката тоа го кажува. Ако сакаш борба за права, насочи ја кон нефункционалните институции!! Кај била патронажна да ја следи после пораѓај, во какви услови живее, како изгледа, како се храни, како размислува???? И како не заприметил никој надвор од дома, што се случува?? Зошто ни еден комшија не пријавува, тепачки и пискотници ако чуе?? Зошто социјалното не е известено, од таа патронажна која треба да доаѓа? Зошто не се проследило до психолози? Мвр? Било кој!! Епа никој ништо не работи, и жртвите ги најдовте да ги обвините?!?! Нека не ве чуди после, како се случило: Татко си го претепал 2 годишното синче, до онесвестување, а ова завршило во болница! Што мислите, од каде? Мислите, прв пат го тепа, и од првиот пат до толку тешки повреди му нанесе на детенцето??? Неее.. тоа се има случувано зад затворени врати, со години!! Само никој не посегнал да ги “спаси' тие жртви внатре! Потфрлиле институциите, и блиските, и далечните... како во уште илијадници други случаи во државава!
De be wild zosto e zrtva? Ne me zezaj aj sega i ti preteruvas. Neka se zapne i neka prevzeme nesto. Veke edna god ako znaeme nie za problemov ona seto toa vreme so pravela. Deteto ima min 2 godini ne e novorodence, gradinki ima za cuvanje itn. Aj sega da ne razglabame. Pak ke recam ako skaa pomos eve vidi kolku i nudat, ama nekako ja snema nejze od temava...
Само кажи ми, дали знаеш како делува психички семејното насилство? Само тоа... ништо друго.. Во тој одговор, се содржи се' што ви е 'несватливо' во вакви случаи.. Не зборувам од памет... за жал..
Ама неможеме бе злато сите психолози да бидеме и од тој аспект да ги разгледуваме проблемите. Јас не сум психолог по професија ниту имам познавање, јас го разгледувам проблемот од оној аспект кој мене ми е познат. Нефункционални институции нема од сега, има од 1991 наваму. Треба на сите да ви е јасно дека системот е крахиран и мора самите да бараме решенија. Онаа помош која за мајки жртви за семејно насилство се нуди мора да се прифати од мтсп ако се нема фамилија зад себе и средства. Фасцинантни ми се овие форми на депресија кои наместо на гугл да напишат “ како да се спасам од семејно насилство” “ каде да пријавам” “помош за самохрани мајки” кликаат фемина форум ( да се разбереме ако си компјутерски неписмена форум е доста тешко да го совладаш на прва). Еве ти како психолог објасни ми ја оваа форма на депресија попрецизно? Јас сум се борела за права на жената од мои 14 години и не планирам да прекинам до крај. И секогаш ќе поддржувам жени кои бараат помош и секогаш ќе влијаам на промена на систем на институции и менталитет. Али никогаш нема да прифатам сожалување како решение на ваков проблем.
Нејзе не и' треба 'сожалување', и' треба практична помош, и тоа како.. Но сама, не е во состојба да ја 'побара'... Се обидува еве... со овој 'вик' на форумов, да пушти глас, дека страда... Нејзе и' треба, некој буквално, да ја фати за рака и да ја однесе на психолог/психијатар... Верувај, и јас се борам за правата на жените, исто како и ти Ама ова не е начин, во вакви сучаи. Знам дека е крахиран системот, затоа и го изнапишав сето тоа... околу потфрлањето на системот. Тоа на сите ни е јасно како ден... Пристапот до нејзе, е од таа страна: институционална, или некој нејзе близок човек, кој ја разбира... А таа очигледно, го нема, ни едното-ни другото. Жртвата, никогаш не се обвинува, за ситуацијата во која се нашла. Зошто по таа логика: И ако носи девојка кратко: Сама си го барала.. и треба таа да “се бори', против 'злите силувачи', со носење мантија.. Е такво ни е општеството... Од ист корен, се влечат ваквите проблеми...
Помош и понудија само да ја прифати останува. Се разбира има услов и да работи. Јас како што читам на темава 99% што го имаат проблемов се финансиски зависни (пак по сопствена одлука). Го прескокна моето прашање како е способна да го пушти крикот на форум, а не онаму каде треба и е многу полесно отколку на форум да ги учи опциите? Чим овде може да научи може и да работи тргам по таа логика. Јас прочитав само канонадно кукање и секој обид за помош го прескокна, нешто му доаѓа као пмс момент. Ние сме сите живи битија и разбираме кога на некој му е тешко, али кога при очи слеп се прави некој нема подобра дефиниција од “жртва по професија”.
На тоа се сетила... Толку и' текнало... Ене, има еден куп жени, што поставуваат прашања, и бараат помош на форумот, а за некои тие прашања изгледаат смешни... Прво, влијание има, колку е запознаена со работите и начините за себе-помош, потоа и од психичката состојба. Депресивните луѓе се повлекуваат во себе, па уште ако се и под 'надзор' и закани, плус додатен страв и несигурност чувствуваат... Не дека сакаат да е така, не знаат и не можат поинаку... Имаше еден предавач на еден семинар, што викаше: 'Немој да судиш никому! Секој од нас може најразлично да изреагира во различни ситуации.. И неочекувано, и страшно, и чудно... Но никогаш не го потценувај 'ќошот во кој е стеран'.'
Да не се лажеме, темава на повеќето им служи како издуван вентил. Да се пожалат и да ги сожалат, а не да послушаат совет или да прифатат понудена помош. Ниту еден прихијатар нема да рече "помири се и трпи, тоа е" За жал познавам жени кои се жртви на семејно насилство, меѓутоа никогаш не легнаа со спуштени ролетни и не се жалеа на форум. Израснаа деца, работат за да бидат до некаде самостални и се борат. Сите имаме некакви проблеми во животот, ама не иде да легнеме и да пишуваме романи на форум, и да чекаме некој да не земе за рака и да ни го среди животот, мора сами да се бориме ако сакаме да се извлечеме. За болки во желудник, за хеликобакер, па и за депресија постои лек, само колку е човек спремен сам на себе да си помогне и да се извлече од ситуацијата во која се наоѓа во моментот. На крајот, колку ќе дозволиме толку ќе ни се качуваат луѓето на глава, посебно па свекрвите.
Никој не рече: Помири се и трпи. И не зависи секогаш од тој колку е 'спремен'... на многумина, им треба да ги бутне, физичка личност, која е до нив... Не е зафрканција муабетов... Не потценувајте ги колку се сериозни ситуациите во кои се наоѓаат. Имало и жени кои се како 'камен' јаки, финансиски независни, самосвесни, образовани, ама ваков живот, буквално 'ги скршил'...
Вајлд, со твоите постови и пружаш поддршка, како тоа да е во ред што го прави, а не е. Мајка ми била жртва на семејно насилство, од свекор, до свекрва, до золва, цели ПЕТ год, па никогаш не престанала да се бори и секогаш одела на работа. А во меѓувреме се борела и со неплодност, дополнителен проблем кој членката го нема. И НИКОЈ немала да ја бутне. Не смеела да оди кај нејзините! Излез МОРА да се бара. Па макар нека е и - голтај апчето за смирување и во поход! Можеш да се откажеш на два, три дена колку да здивнеш и пак тераш. Оти жив во земја не се влегува, нели? Животот е борба, не резигнација! И пофалба за членките кои понудија помош. Баш пишете дали ќе ве контактира.
Тие никогаш не би живееле во 20м2 со се свекрва и остала банда. Ако има некоја овде финансиски независна, образована и самосвесна што има проблеми од овој тип нека ме цитира, живо ме интересира нејзината приказна. Може имаат проблем во брак и семејно насилство овие жени, но никогаш проблеми кои се создавааг од една соба со 3 генерации. Демантирај ме со пример радо би прочитала.
Не се сите јаки.. реков.. Секој човек, во различни ситуации, различно реагира... Контактираше веќе, кого треба... Затоа ви викам: Никогаш не ја обвинувајте жртвата.. никогаш... Им одмагате така..
Јаки? Она си знае колку била јака и какви се не стравови немала, ама што дека? Кога нешто мора, мора...нема сакам, не сакам, можам, не можам. Излез и спас мора да се бара! Стресот кај сите си го прави своето, ама барем знаеш на крајот од денот дека се што е до тебе си направил.
Добро бе врескај ми мене!! Знаеш што, подобро е мене да ме изнавредиш, отколку да им судиш нив! Опсуј ме, наречи ме глупава! Ама престани да ги напаѓаш жртвите! И кај се модераторите бе???
Кај ги нападнав? Што правиш драми??? Кажав приказна од реалноста која е вистинита, кој нападнав??? Срам да ти е!
Еве јас сум била жртва на семејно насилство!!! И психичко и физичко и секакво!! Па не дозволив да ми влијајт ни на разумот ни па на животот!! Татко ми е алхохоличар,мајка ми си е прича сама за себе,тој ја тепаше неа,таа ме тепаше мене,ме навредуваше,ме омаложуваше и сега шо? Шо требаше јас да напрам?!? Ајде ти се молам! Според мене лично само човек без карактер можит да паднит во депресија и да не си барат решение за проблемот!!
Мене? Или тебе? Не ни знаеш што е напад. Знаеш кој одредува дали нешто го боли? Тој што е удрен, а не тој што го удрил. Абре луѓе!! Психичка болест не е со 'дозвола' од некого! Болест е, како и секоја друга. Исто како да рече некој: Не 'дозволив' да ме фати ишијас