Зависи жената каква е и што и се допаѓа. Може тоа да биде некој мал кујнски апарат, или убава чанта, новчаник, марама, накит или парфем...
Zalosna најдобро лична порака пиши. Гледам кај тебе не може забрана имаш ставено, ќе ти пишував во порака да и пратиш што како мислам дека и за работа до март ја понуди ти. Ќе има време и да се подразмисли дали и одговара дотогаш.
Можете до утре сабајле да се објаснувате, ама на жртва да и' речеш дека е сама крива, е рамно на муабет на оние што силуваат.
Да не ги споменеме другите навреди што ги изнапишаа...нека се препрочитаат. Тоа и јас сакав да пишам дека не се подобри од тие дома што ги има.
Можеш паричник, тоа на сите им треба, можеби ташна или некој стаклен украс, ако е љубител на цвеќе можеш некое салонско убаво.
Пишувајте до догодина џабе ви е. Совети,решенија,помош и така со ред...... Членката пишала пред една год за истиов проблем,пишала годинава,ќе пише и до година и така со ред. Очигледно сака само да го изнесе приблемот и да биде сожалувана. До сега ќе превземела нешто ако мислела да превзема. Вие се трудите пишувате,нудите помош и решенија а неа никаде ја нема. Само на постовите што и одговараат. Bravo za napisanoto Немала помош од никого од татко,братучеди,маж,фамилија... Тука феминки се понудија за помош а неа ја нема никаде. Заради детето трпела..... Баш заради него треба да се бори,да му обезбеди иднина со здрава мајка,а не да живеат во такви услови какви што ни ги претставува. Сега можеби е мало детето не разбира ама за некоја година ќе порасне.Ако е вистина што пишува феминкава треба да ја удри главата во ѕид баш заради детето,да ги остави тие што ја тераат во депресија и да му овозможи најдобра иднина што може.
Се повлече заради нападите, иако не ја нападнаа сите.. ама има и такви.. Еве, како ти на пример со постов. Не земате во обзир, како нештото што го пишувате делува на некого.
А кој е крив што она не сака помош туку само си ги искажува маките? Една година и више да дозволам да ме малтретираат, уценуваат и што ти уште не, извини ама сама ќе сум крива за тоа. Секој нормален човек ќе бара чаре и под дрво и под камен, ќе се труди да се спаси себе си и детето од таква отровна средина, а не уште да чека и да дозволува насилство да вршат врз неа. Може сама да се тргне од таа фамилија, може ама ако сака. А она не ми стое дека сака.
Ја обвинувам????? Да сакала помош ќе прифатела и применела советите што и ги пишале пред една година кога се жалела за истово. Ни ја обвинувам,ни ја судам нејзин живот што сака нека прави. Пишав мислење од моја гледна точка и што јас би направила. Ама по тоа што читам не дека е повлечена туку сака да е сожалувана и тапшана по рамо.
Да. Веднаш после прашалниците: Да. Сама е крива и онаа што ќе ја силуваат, затоа што носела минич. Сами е крива ќерката на Јозеф Фрицл, затоа што повеќе од две децении ја чувал заклучена во подрум и ја силувал и и' правел деца. Сама е крива секоја жена која ќе биде нападната, оти се движела на места каде што може да биде нападната. Тоа е таа (не)логика... кога немаш познавања за психата на луѓето... ни малку... И нели си ти медицинско лице? Тркни до некој од психијатрите, кои ти се колеги, и прашај ги нека ти објаснат како одат некои работи.