^Па добро, на еден начин, на друг начин. Се може да се постигне тактички, без кавги. Итра игра може повеќе да придонесе него ли кавга... Различни ситуации, различни карактери, различен начин на разбирање. Секакви луѓе постојат и пак ќе се повторам од некогаш, мислам дека денес свекрвите се далеку полабави отколку некогаш, затоа што и друго време е дојдено а и тие биле некогаш снаи. Не е баш како во приказните, ќе те затвори свекрва во подрум додека мажот е на работа. Не сум тука да кудам, ниту да оправдувам, ниту пак сум компетентна да дадам совет. Секогаш постои начин да се разрешат работите и да се среди односот, без кавги, со убави зборови пред се, а ако тоа не пали, мора да се пронајде итрина за да се изиграат. Едно не пали, друго не пали, трето не пали, па мајко му стара, мора да запали 4-то или 5-тото. На крај краева, ладен однос е најпожелен без потребно претерано зближување, барем според мене, така ретко ќе дојде до несогласувања и трауми што ги доживуваат снаите.
Дај жити се кажи уште некои тактики,ПОТРЕБНИ ми се И другите феминки,ајде како да се справвиме со вампирките? Спојлер јас за како да се справам со баба ми прашувам
Баба ти писмена е, мислам знае да чита?? Ако знае да чита остави и порака дека ќе ја скршиш од ќотек зошто ти чепка по облека. Кога ќе го види листот ќе помисли дека е од некој дечко а кога ќе прочита ќе и стане јасно. Можеби ти ги проверува џебовите за да дознае дали пушиш цигари :geek:
Хахахахах добро е! Само што мислам дека и да прочита тоа нема да реагира на неа,и да дознаам јас дека чепкала пак ништо...Неа гајле и е ќе негира до утре и со свои очи да сум видела... Јас секако ќе пробам ништо не губам!
оф феминки ве читам и стварно значни нема каде нема проблем снаа свекрва... хм... мене искрено страшно ми се дискутира на темава оти имам мн работи да кажам ама ај ќе се воздржам ради љубовта која ја чувствувам кон вереникот.... искрено мое мислење...абе сами да си живееш најубаво е....а не нон стоп некој да ти се меша ти си крива ова било вака било онака било...ем тебе мирна главата ем нив мирна главата....ама пак некои луѓе не се замараат за иднината на нивните деца.....туку гледаат нив на старост убаво да им е.... хм.......
Абе Nastjaaa4 најубаво е младенците сами да си живеат и јас така си планирам,кога ќе дојде време. Ама оваа баба ми несакала со дедо ми да остане во старата куќа кога ние сме се селеле.Запнала,синко да ти умрам тука не ме оставај..еее сега на нас на глава ни се качува,дедо ми почина втората година откако се преселивме..
Nastjaaaa4:убаво е кога се вели сами да си живееме и се ќе е поинаку,но не е така свекрвите забораваат дека некогаш биле снаи но како и да е проблеми секогаш ќе се има само треба да се држиме до граница и секогаш моето мото е мажот е тој што треба да стави граница
точно мажот е тој што треба да стави граница....ама денешниве мажи сите се мамини мази....абе тешко нас ама ај да се надеваме ќе си издржиме и дека ќе бидиме што поладни спрема нив за се да ни успее...се надеваме...се надеваме поздрави девојки и имајте убава вечер
Еднаш го поставив прашањево, ама никој не одговори.... Што правите кога вашата свекрва ве оговара по роднини, комшии, пренесува вистини (кои не се за јавност) ама и невистини? Како се справувате кога до вашите уши допираат разни муабети? Спојлер Ова ме интересираше порано, иако и ден денес после толку време знам да потслушнам некој муабет. Изгледа уште сум им занимлива тема.
Гирл нека не допира тоа до тебе. Многу често некои муабети и не се пренесени како што треба,бар денес кога е во ек оговарањето,рекла - казала,не гледам да си ставам многу при срце.Знаеш што се дешава кога такви муабети се пренесуваат од еден на друг,еден на друг итн.....-јас тоа би го нарекла торта исфилувана со шлаг и јаготки Секој муабет кој ќе допре до нашите уши ,не е точен,или бар 100 посто сигурно не е. Јас досега немам слушнато,освен од порано,ама мислам дека сето тоа беа измислици,од чиста љубомора или едноставно немање паметна работа.Тогаш се нервирав,ама не сум ги сфатила луѓето што луѓенца се А свекрва ко свекрва,особено ако нема паметна работа ќе си подрекува нешто за снаата .Ако се потврди дека навистина зборува нешто,маж ми ќе ја седне .Но не верувам,онојпат баш коментиравме за нејзината јатрва како си ја оговарала снаата и свеки искоментира нешто во стил-Како може да ја оговара,кога и е фамилија,сите ќе и се смеат,зар сака сите да бидат среќни што не се сакаат и оговараат Браво за свеки И доаѓа памет,знам јас
Се сложувам, така е, знаат луѓето да исфилуваат намерно, за да е поинтересна приказната. Но, колку и да се трудиш, некогаш не можеш да не се изнервираш на некои муабети. А, муабетите повеќе се намерно да те изнервираат и во револт, да се одбранат себе си, кажуваат се и сешто. Сепак, тука споменав не само измислици, туку и вистини. Сакале-не сакале, свекрвата понекогаш знае некои тајни меѓу мажот и жената (пр. дека жената абортирала во првиот месец, колкава плата зема, дека на мајка и` и откриле дамка на сликата и слично), кои муабети се само во семејството, а утре слушаш како цело маало знае.
Затоа јас гледам некои работи да си останат само со маж ми,а оние фамилијарните мои-дома.Таа не знае сеуште колку зема син и плата,не пак јас.И никогаш не прашала. Инаку Гирл,ако овие муабети се однесуваат на тебе,не вреди да се нервираш зошто веќе не си во таа куќа,и нормално она ќе направи се да те оцрни.И за другпат ќе имаш лекција-да си ги чуваш интимните работи за себе Сега ти останува само да си рамнодушна на тие муабети,да не ти отвараат стари рани,а ако некој нешто ти рече-ти само насмевни се и речи -Леле од лутина веќе не знае што да измисли
Јас би ти препорачала да не се нервираш тој што си е таков таков си е. Таа не збори за тебе таа збори за сите. Сигурно и пред тебе ги оговара нив и тоа е цел ланчан систем Свиркај си и уживај си ако нешто некој сака да те праша а не сакаш да одговориш само кажи му нека ви одговори тој што ви кажал или не е ваша работа.
Нов скеч. Значи (по инсистирање на маж, демек мајка ти знае мора и мојата да знае) решавме да и кажеме дека сум трудна ама дека чекам да помине прегледот за синдроми пред да кажувам јавно и ја замолувам да не кажува додека јас не одлучам дека е време. Ај што не се израдува нешто посебно (во однос на радоста на мајка ми на пример) кога вечерта ѕвони золва ми за да ми честита Мислам стварно??? Ништо не и реков, а што да и речам? Па нели тоа е наша новост, нели ние треба да си кажеме на сестрите?
Не се замарај, не вреди. Еден ден на ова ќе се смееш, верувај ми Еве и јас не и кажав на золва ми, туку свеки одма вечерта и` кажала. Ние со неа (со золва ми) се видовме после 2-3 недели и мм и` кажува на сестра му дека има ново кај нас, а таа вика- знам, мама ми кажа. Големо чудо, па што ако кажала, ич да не ти е гајле. Здравје да си дочекаш и второ детенце, па ќе видиш дека првото на сите ќе им труби дека ќе има братче или сестриче ...и тогаш ќе се нервираш ...не, сееедно кој кажал, битно новината се дознала, а на тебе останува да ги замолиш ако така сакаш да не избрзуваат со кажување додека се зацврсти плодот.
Свекрвите и снаите вечна борба Една куќа за две жени секогаш е тесна. А на мојави и недостигам не дека сум совршена, кога ме нема ,нема кој да ја слуша Ме извади од состанок да ми го каже сонот кој го сонувала и така сите си ме чекаа јас и го одгатнував сонот кој го сонувала .. а во него главна улога јас А бе жени терајте свој живот . Мојот свекор бог да го прости многу ни одеше муабетот а посебно ракијата наутро кога ја стегавме заедно... е кога ќе се размуабетевме долго и широко Знаеше да ми каже. Ќерко, старава си има и добра и лоша страна , кога ќе ја покаже лошата, тебе од едно уво да ти влегуваат нејзините зборови од друго да ти излегуваат и на срце ништо да не си ставаш.Па така јас си го послушав и еве не и денес така си тераме. Него што сакав да кажам .Леле , како летаат годиниве , како што тргнал мојов и јас сирота на млади години изгледа свекрва ќе станам а јас уште луда бе
Никогаш нема да престане проблемот снаа-свекрва а, воедно напомена тие што ќе станат свекрви да не заборават дека биле снаи Тоа е стрес кога мајката го жени синот,во смисла таа е радосна но тажна љубовта кон нејзиниот син ќе ја дели со друга,бидејќи свекрвите сакаат и понатаму да го задржат местото бр.1 во животот на нивните синови,а тоа често се случува каде е местото на снаите
aaa i zdravkova...sakav da odgovoram na tvoeto prasanje....DA jas mislam deka denesnite brakovi najmnogu se rasipuvaat od roditelite! fala prijatno
исто како ситуацијата на сестрами ако имаат памет свекрвати и золвати нема така да се понашаат.тие ти се љубоморни затоа така прават.ти за инает биди насмеана и воопшто да не обрнуваш внимание на нивните зборови гледајси го здравјето и спремајси се за бебенцето а тие што сакат нека прават
Јас лично не верувам дека бракот може да се растури од родителите. Нормално се си има граница, НО, ако љубовта меѓу брачните парнери е голема , не верувам дека некој може да ги разделе. 99% имаат проблеми ( најчесто со свекрвите), и сите тие бракови треба да се растурат? Не! Стави ги на муте, не треба туку мора. Ехее јас колку проблеми имав со свекравата па успеав да излезам на крај со неа, уствари како успеав едноставно веќе не ја слушам, ја запознав и веќе не ја слушам таа си зборува таа си слуша. Доволно е едно ДОбар ден да и кажам ако ја сретнам во дворот. Сепак овој е мој став.