Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Вајлд,и јас имав голем проблем во заедница, и јас да останев со свекрва да живеам ќе се разболев и ќе паднев во депресија. Психичкото насилство многу влијае, те бутка во депресии точно, меѓутоа јас со стомак до заби решив да се тргнам од проблемите и кога ќе го родам детето да расте со здрава мајка и во мирна и нормална средина. И, замисли успеав,затоа што не легнав болна и не дозволив да ме газат и да ми ја уништат психата.
    Има решение, има начин, само кој колку е спремен да се бори.
     
    На bibiiii, oblace1, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Убаво за тебе.. ама болест не бира кого ќе наваса.
    Тебе не ти се случило тоа, на некои да...
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Ако останев и мене ќе ми се случеше истото. Кога гледаш на почетокот дека те малтретираат,не дозволуваш да стигне до таму работата.
    Посебно па не со мало дете кое треба да расте во мирна средина и со здрави родители. Ако не за мене за детето ќе направам се за да не гледа глупости и да порасне во здрава личност. Посебно па не би дозволила од свекрва да ми страда и трауми да ми преживува.
    Сум видела и доживеала многу глупости и лоши работи, ама сум се борела и сум успеала на децата да им обезбедам мир и спокој, а и сама на себе.
     
    На Offspring, SV1911, ZAHRA и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Ana_mk

    Ana_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Се е до карактерот на чоекот.. Па кога родената мајка не успеа да ме турнит во депресии и не знам слични бабини деветини на никој нема да му успејт!!! Можда со текот на годините се напрајв малку цинична,ама секогаш сум ведра,расположена и со позитивни мисли! Така да се е до карактерот на чоекот..
     
    На bibiiii и Offspring им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе разбирам јас се.. ама депресијата има да ти се 'шмугни', нема ни да сетиш.
    Страдам од депресија од 13 години, точно знам за што зборувам.
    Прв пат дијагноза и соодветна терапија ми препишаа на 25 години... Ти знаеш како живеев до тогаш, кога имав депресивни епизоди? Верувај... не сакаш да знаеш...

    Е ова ти е исто, ко да се фалиш оти немаш Лупус. |(
    Болест е... некој ќе го стрефи, некој не... Лесно е да се сфати, ако разбереш дека е болест, ко секоја друга... не е до 'карактерот'
     
    На Dalia93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Значи и да е депресија не е во ред.
    Колку членки понудија помош она на ниедна фала не рече него им вика фала на тие што викаат деја она е болна дека она неможе ништо да направи.
    Незнам што уште се замарате гледате што и одговара нејзе прифаќа што не го прерипува.
    Вика се грижи за детето , ако ти е грижа нема да го оставиш во таква средина да расте па ако треба и без сопруг да останеш.
    Имам близок пример каде што од караниците меѓусебни во едно семејство да напоменам секојдневни од фино мирно и културно детенце на 4 години , стана агресивен , непослушен и со другите деца ако не му дадат нешто физички се пресметува.
    И не , не заврши мајката на психолог , детето од 4 години заврши , психологот им кажал дека од тоа што гледа во детето има револт и незнаејки како да го покаже вака покажува.
    Е сеа мајката и таткото си ја чукаат главата ама тоа е .
    Искрено се надевам дека набрзо ќе ја решиш ситуацијата за доброто на детето.
     
    На bibiiii, Lolipop23, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Е што ако не рекла 'фала'? Егото ви го повреди?

    Ете, реши да оди на психијатар. Тоа е првиот и најбитниот чекор. Што сакате да направи?
    Ако се подобри нејзината состојба, после се' лесно ќе течи.
    Првиот чекор е тоа: да побараш помош. А нејзе и треба помош од доктор.
    И тука завршува цел муабет.
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Имам личности во животов кои доживеале многу полоши работи од депресија, со терапија успеале да се вратат во нормала и да продолжат да се борат. Има жени што ги знам со големи проблеми со свекрва и свекор и семејно насилство ама не легнале болни во кревет, цел живот се борат за децата а и за себе.
    Ако на форумов не се отвараме и не си ги кажуваме во целост проблемите, не значи дека не сме доживеале слични, исти или полоши работи. Верувај дека повеќето што тука даваат совет поминале низ бура во животот иако јавно не кажуваат.
     
    На bibiiii, Harper, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Џабе објаснувам.. пак ќе речам.
    Не знаете ама ништо за депресијата како болест.
    Ви посакувам, никогаш да не дознаете...
     
    На Dalia93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Па што ако е депресијата болест. Тоа што ја тапшате по рамо и ја охрабрувате да трпи и да трај за да застане на нозе, е исто ко на болен од рак на бели дробови да му велите да си пуши цигари, за да не се нервира. Како може во таква средина да се опорави, и како ќе излечи депресија така, еве јас не знам.
     
    На oblace1, crimson, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе кој ја тапша и охрабрува да трпи??
    Никој. Ни јас, ни никој не и' го кажа тоа.

    Аман читајте што пишуваме.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Да не барам на назад во постовите, слаба ми е батеријата. А ќе најдам, убаво прочитав.
     
    На oblace1 и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Епа да може и не дај боже ако почнат таму да ја тепаат секој ден може тогаш ќе се среди се .
    Ако стварно отиде на доктор тој ќе и рече прво да се тргне од таа средина. Неможеш да излечиш нешто ако постојано си со некој или нешто што ти го предизвикува тоа.
    Она прво треба од таму да се тргне па после да посетува доктор.
    И да ние од марс сме паднати ништо не знаеме за депресијата. Само 2 примера имам во поблиското семејство и верувај дека не им советуваа да се помират со ситуацијата и да трпат.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    цк. мора прво на доктор да оди.. ова што го пишува, може и да не е воопшто толку дрматично.. Во депресија луѓето потрагично ги доживуваат работите, се' им паѓа потешко отколку на оние кои не се болни. И не во смисла 'тешко ми е', туку буквално можеш да изгубиш надеж за подобро утре.. да не може апсолутно ништо да те расположи, се' во што претходно си уживал/а да не ти прави повеќе задоволство...
     
    На Dalia93 и uspesnarabota им се допаѓа ова.
  15. uspesnarabota

    uspesnarabota Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    46
    jas sakavda vi pisam no ne e dozvoleno da vi se pise imate vie ogranicuvanje sepak vi blagodaram iako prethodno se zablagodariv na site pozzz
     
    На zalosna и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.845
    Пол:
    Женски
    Има повеќе видови на депресија ама да не бегам од темата си има соодветна тема за депресија.
    Мора таа гледа нема кој друг , мора таа да се бори за никој друг за детето , сака ли утре недај боже на патот да си го остави или да му се случи нешто на детето оти верувај се осеќа и се влијае на него.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Затоа и ја советувам да оди на психијатар.
     
    На Aneta92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.094
    Пол:
    Женски
    Јас вчера те кликнав па денес избришав пошто гледав си пишувала а мене не ми врати :) извини ете пак :)
     
    Последна измена: 18 август 2018
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Од такви совети почекај види што ќе биде еве мие ја дома легната во кревет 15 години.
    Не се чека ништо во ваква средина зимаш дете бараш помош еве и понудија и чао пријатно.
    На тие години и мојава дома страдаше имаше кај да оди но она не кај мажот но мажот ја разболи и ја легна на 37 години во кревет.
    Со ова нема играчка мора да се прифати помош и да се спаси оти кај маж тешко ќе има промена.
    А последиците кај децата остануваат цел живот,како да мие сега моментот кога ја гледав крвава и модра а ние деца без помошни.
    А на него му беа побитни мајка му и татко му,еден лош збор за свекрвата низ врата и ќутекот.
     
    На bibiiii, oblace1, kukla21 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ако мислиш на мене.. јас ни еднаш не и' реков да 'почека'.
    Проблем гледав во тоа што ја напаѓаат некои, а не во тоа да и' се даваат совети.