Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    На која девојка не и' е ќеиф да средува дома? Посебно од почеток и посебно ако не работи?
    Ќеф невиден е твој дом, ти си 'главна', ти за се' треба да се грижиш, од тебе се' зависи во домот.
    И што ќе прави ако не да среди и зготви кога е дома? Да не се оние кокошките што и роварат низ дома, не ќе има ни што да средува. Двајца возрасни луѓе колку ќе извалкаат?

    Драматични промени. Тоа што го кажуваш: има пари .. не мисли дека е совршена, туку е во манијакална фаза и не можат да си ја контролираат 'среќата', среќа чувствуваат, хиперактивни се и полни со елан. Во депресивна фаза се депресивни. Знаеш како изгледа депресија, да не ти објаснувам. Порано болеста се викаше: Манијакална-депресија. И не можеш да споредиш биполарно растројство, со обични промени на расположение, затоа што биполарното е психотично. Не верувам дека си психотична во ПМС. |(

    Се менува се'. Аман те.. Одма со разводи.. Кој не се борел бре во брак? Кој немал кавги? Кој не се расправал со свекрва?
     
    На CameliaMiller, meggle, manako1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.674
    Пол:
    Женски
    Сељачиште никогаш нема да се смени. Нека седи со него и нека ја понижува како сака. Јас не се расправам со свекрва. Зошто? Затоа што госпоѓата беше доволно паметна да се дрзне да ме понижи. За малку ќе ја истепав. Сега со неа само службено, заради маж ми. Нема што свекрвите да се мешаат во брак.
     
    На uspesnarabota му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Нема што, ама се мешаат. Ти се иссели заради нејзе. Зошто Анастасија да не проба да си го среди бракот?
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.674
    Пол:
    Женски
    Јас не се иселив. Она се исели. Нека проба, ама со такви тешко. Затоа е најдобро на страна. А зошто па тој не сака да се одделени? Чудно ми е.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Оти има веќе спрат за без пари.
    Се средува ова што ја мачи нејзе, само треба воља од двете страни.
    Мајките се виновни што ги третираат синовите како 'фатени', што не се доволно созреани за улогите кои ги преземаат како сопрузи и татковци, ама се' се учи. Како што жените ги учат од деца како е да си жена и мајка, така и мажите ќе се научат.. подоцна во животот, ама ќе се научат..
     
    На CameliaMiller, 1209, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.674
    Пол:
    Женски
    Честа појава е тоа. Мама ќе ти зготви, мама ќе ти исчисти, мама ќе те испере, и др. И после не можат да се одделат од цицката на мама. И затоа жените го јадат стапот.
     
    На bibiiii, M.B., iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Епа и тие се жени: и мајките и снаите, што значи, жени од жени патат, а не од мажи.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Комплексот е... Јас давам кров над глава, јас ќе правам како што сакам, јас ќе се слушам тука.

    Не искомплексирани личности, даваат од срце, даденото е дадено и тропаат на врата пред да влезат, оти сметаат дека го дале некому, и тоа веќе не е нивно.
     
    На Snowbell, Cholipam, Sanja1105 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.653
    Тој не може да не знае мајка му и сестра му какви се и што праат по дома!?
    Он си ги познава и сигурно потсвесно знае дека и досаѓаат на девојкава ама тешко му е да прифати и да се соочи оти му е срам па затоа на девојката се истура. Ама она да седне да поразговара со него, малце да проба него да го стави во нејзина кожа, да се разбуди чоеков малце и да одреди правила по дома.
    Она не треба уште одма да биде на ратна нога со свекрва и јатрва ! Ко што рече не е ни верена. Сега се средуваат тие работи, ама се со арно со убаво. Маж и треба да го одржи балансот и да ја повлече границата, да видиш после како поарно ќе се живее.
    Девојкава мора да се бори за врката, се додека има љубов меѓу нив...
     
    На CameliaMiller, Hellobeautiful, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    И не зборат по народот дека снемале пари оти спратот ти го направиле, ако ти со твои пари си го направил и кредит за тоа плаќаш. Не зборат куќата е моја и јас како кажам така ќе биде. Не зборат на мајка ти Ќе им дадам 10.000 евра нека си идат под кирија. Се ова сум го доживеала на своја глава и затоа веќе ни спратот кој сме си го средиле со маж ми не ми е мил.
    Ама тоа е, со искомплексирани личности кој ќе се разбере
     
    На CameliaMiller, Hellobeautiful, Milobebence и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    182.916
    овие двете у последниот случај се фатени на инат ,курдисани мајка и керка против снаа
    Демек јас ти дадов спрат и јас сум главна уште не ти снао Комплекс на виша вредност
    Снаата не е мокна ништо да праве со нив ама со маж и и те како има уште многу работи да средува
    Те нека заклуче спратот снаата да видите шо ке се случе???
    Свекрва и золва коа ке се разпиздат јас ти дадов спрат вие да се клучите да не одбегавате јас трпев да створам да ти оставам спрат и одма се оде на варијанта да создаде грижа на совест кај синот
    Тука се сече у корен на почеток ке седне синок и ке каже од денеска качување горе по потреба и со најава тропни зазвони у наше вц ептен коа вашето не е функција и крај ке си подвијат опаш двете кокошки
     
    На CameliaMiller, Offspring, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.674
    Пол:
    Женски
    Затоа најдобро сами да си спечалат младите. Оти низ нос ќе им го извадат тоа - Ние ви дадовме покрив над глава. Ама во денешно време тешко е сам да направиш нешто, со овие мали плати.
     
    На Milobebence и Meckicja им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.847
    Допаѓања:
    182.916
    Знаејки ја ситуацијата во македонија се знае
    Додека туѓа вошка не те полазе нема друго чаре
    Сега тука има шанси синот да оправе ситуација
    у краен случај под кирија
     
    На SummerGirl, Milobebence и Meckicja им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    Работата е што на почеток сите се толку лицемерни и едно зборат, ама после си го покажат вистинското лице
     
    На SummerGirl, Milobebence, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Се' ова се решава, доколку и двајцата се потрудат.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    2.653
    Кај нас на Балканот, некако по дифолт се мразат снаите и свекрвите. Уште ко ќе се роди девојче се учи да си ја мрази свекрвата\снаата. Имало случаи кога уште не запознаени една со друга они се мразат!
    Уште ко ќе стапне снаата во куќата овие двете искри си фрлаат...
    Девојките уште од мали нозе од своите мајки слушаат негативни коментари за свекрви. Ко ќе влезе ќерката кај свекрвата дома, мајка и се меша во брак, во односите со другата фамилија. Тука се соли памет, се подучува ќерката како да мрази, како да го насамарува сопругот...
    Сакам да кажам дека ништо нема да оди на арно ако пред време се развива омраза, ако пред време се ствара негативна енергија.
    Кога и да има некој проблем, решението е секогаш полно со гнев, се одбира најзлобната солуција. Што и да се направи, што и да се каже, секогаш со злоба се гледа, демек некој на некого намерно му праи ...
    И така тоа со векови кај нас ...
     
    На Hellobeautiful, WildMk и esperansa777 им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не е само тоа. Две жени во една куќа, не бива. Секоја си има различни тертипи за водење на домаќинството. Треба да се разграничи кога ќе се ожени синот, дека неговата мајка, повеќе нема ингеренции во одлучување за водење на неговото домаќинство.
    Научени се да ги тинтраат синовите како неспособни да се, и по дифолт мислат дека и со снаата го имаат тоа право, дека тие сами се 'мали' за да одлучуваат што и како е најдобро, дека старите повеќе знаат и дека всушност им помагаат. Не ги доживуваат како возрасни луѓе со свои потреби и желби, туку како деца. Мажите го дозволуваат тоа, затоа што се навикнати да бидат така третирани, да им се даде, стави, крене, намести, зготви, испере.

    Штета што економски е Македонија тапа. Да не беа повеќето во толку лоша финансиска ситуација, да си живееа самотојно после 18-20 'децата', ќе си научат убаво и машките, како изгледа водење домаќинство.
     
    На bibiiii, CameliaMiller, Annora и 9 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    ^еве мене мајка ми ниту еднаш не ме 'подучила' како да го насамарам маж ми, ниту еднаш не ми зборувала против свекрва ми, не ми се ни меша во ништо ниту ми кажува како да правам. Што не е случај со свекрва ми :)

    Му кажала на девер ми за роденденот на малата да купува балони и други работи за украсување во кафана без да ме праша и консултира со мене. Ама сега увидов дека не е прв пат да ми праве работи зад грб. Не е она крива, јас сум крива затоа што за се ја информирам и и ги кажувам плановите. Ама толку веќе. Од друга страна мајка ми ми кажа дека она ќе ја плати тортата, а јас да си одберам од кај сакам и каква. Нели можеше она да порача и да се направе мутава као јас ти ја плаќам јас кажувам каква ќе е? Можеше, ама не ми работе зад грб, го почитува мојот збор. Некои работи касно ги сфатив, ама се во животот е лекција
     
    На Hellobeautiful, SummerGirl и Milobebence им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Мајките да ви се свекрви и со нив ќе се мразите.
     
    На Macito007, molikaMk и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.351
    Пол:
    Женски
    Јас не ја мразам свекрва ми. :) И не, нашите мајки не се злато,не се совршени, тие ни се МАЈКИ. Свекрва ми не ми е мајка и нема никогаш да ми го мисле она што мајка ми ми го мисле
     
    На bibiiii, CameliaMiller, flower30 и 9 други им се допаѓа ова.