Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    зависи од кој тип на свекрва имаш.има лоши,неразбрани,прости итн
    а најлоша кога е комбинирана-проста неразбрана :swear: :rofl:
     
    На Anyshka, feminagirl25, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    А извини вака, на што се љубоморни, на бременоста ;)
    Не би рекла, едноставно се израдувале и така реагирале, може чекале подолго време ваква убава новост (однапред се извинувам ако грешам) и сакале да ја споделат радоста, па чекаат внуче, како да бидат љубоморни.... :) тоа е најубава вест.
     
    На hunny-bunny и bittersweet им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    после се што прочитав, доживеав со кандидатките кои некогаш требаа да го завземат местото свекрва-за жал отпаднаа сите :lol: ако навистина се погоди да имам свекрва здравје боже , ке ја пукам :lol: :rofl:
    а тоа дека проста и неразбрана се најтешка категорија се-на едниот од бившите мајка му беше таква бог да чува и да брани.
     
    На portokalcemace му/ѝ се допаѓа ова.
  4. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    не мислев на бременоста дека се љубоморни,не се изјаснав добро.повеќето свекрви и золви гледаат ривалство во снаата.CECILIA веројатно има и други недоразбирања со нив па затоа и напишала така.на сестрами ситуацијата беше слична па затоа знам.да боже да грешам и се да е ок :)
     
    На feminagirl25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Колку и да е голема љубовта ако мажот е мекуш и мамина маза нема љубов тој ќе потпадне под влијание на мајкаму,а ние не сме кукли па и да не сечат да не чуствуваме,имаме чуства сакаме и сакаме љубовта да ни биде возвратена, кога не боли плачеме како нив,но ако мажот е прав маж ќе ја знае границата и колку да се има проблеми свекрвата ќе мора да се повлече.
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Демек не постојат добри, културни и воздржани свекрви???? јас мислам колку свекрвите се виновни толку се и снаите, доколку е таква ситуацијата да живеат заедно секогаш треба да постои и компромис, а не натпревар која е попаметна и поголема домакинка, а како што гледам овде во погломените случаеви баш тоа е проблемот!
    Разводите кои велите дека се последица на свекривата јас не се сложувам овде проблемот не во свкрвата туку во син и поточно во маминото синче. Ако тој е некој вистински маж нема да дозволи да се разведе со сопругата само заради тоа што мајкаму не ја сакала туку ако живеат заедно ќе си ги собери децата и ќе бара чаре за нов живот.
    А впрочен и не ми е јасно која мајка би сакала син и да е разведен и да живее сам? Која мајка би сакла детето да и е несреќно?
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Засега неможам да се пожалам од свекрва ми. Фина е, сака да помогне колку може, но не сака да се меша во ништо.
    Може да си каже свое мислење, но сепак не форсира и не убедува или наметнува, ако ми се свиѓа ок, ако не здравје.
    Е сега постојано знае да каже како другата снаа била ептен фина, за пример, прекрасна личност и сл. Исто и за маж ми дека многу го сака, дека од секогаш бил гален....
    Ваму малку се осеќам запоставено, јас никаде не се спомнувам меѓутоа нема проблем, рано е уште ќе се стрпам :wasntme:
    Од друга страна пак маж ми колку и да е гален од нејзе, он секогаш е на моја страна, сака и се труди да ме заштити, па макар и да нема потреба од тоа. Се додека е вака, јас мислам дека свекрва ми и да се претвори во најлоша личност на светот исто и се фаќа. Јас имам целосна поддршка од сопругот, па секој од страна може да брка муви и да пука од мака на тоа.
    Сметам дека за една фамилија да опстане е многу важно да се има почит и поддршка меѓу себе.
     
    На jana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. portokalcemace

    portokalcemace Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    секако дека постојат добри,културни и воздржани свекрви ама има некои едноставно болни во мозокот.во светот има се и сешто.секој си го пишува своето и не можиш да знајш додека не осетиш на своја "кожа".има и снаи лоши,не велам не,ама свекрвите претежно се тие што се "мешаат" во се и сакаат да се слуша нивниот збор.барем кај нас во македонија е така.земи во предвид дека повекето парови живеат во заедница + се малку назад со размислувањата :)
     
    На Anyshka и feminagirl25 им се допаѓа ова.
  9. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    еве јас како тазе снаа да си го изразам своето мислење за свекрвица која сака само нејзиниот збор да се слуша бидејки само дума си дадовме си останав дома да си живеам зошто таков ни беше договорот со вереникот и одпрва сите аха добро ок нека биде така се до пред извесен период кога направи сцена пред моите родители дека местото ми било кај нив требало таму да живеам на што личело оваа работа луѓето зборувале насекаде(нема врска оваа така си го измисли од неа) требало да работам во кујна да и варам кафиња да си седам со неа мислам у превод да си бидеме среќно весело семејство на што нема никогаш да се согласам и реков ке почекам спратот да се спреми кој ни го дадоа и тогаш дури ке дојдам ама џабе не разбира од ништо како амеба е а пак се прави најпаметна и соли памет на сите.
    моите останаа воздржани поради мене и не сакаа да се спуштат на нејзино ниво ама другпат ако се случи оваа велат ке дадеме да разбере до каде треба да е нејзината граница.и ајде сега кажете што да се прави во ваква ситуација јас си го изменив мислењето за неа целосно бидејки на почетокот кога ја запознав не беше таква ама се со времето секој си го покажува правото лице.
    ги избегавам средбите со неа овој мојот се лути ама тоа е нека се лути услов ми беше се додека целосно не ме подржи не доаѓам кај нив воопшто малку ми промрмка демек на твоја страна сум а никогаш и се нема спротивставено.
    според мене маж во онаа смисла на зборот е оној кој ке се одели од папочната врвца на мајка си навреме и да си створи фамилија без ничие мешање.
    ако продолжи оваа никогаш нема да се има мир и среќа во семејството и за своите приватни работи си донесуваш одлуки самиот а не некој друг во твое име без да те праша.
     
    На Anyshka и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Не станува збор ниту за добра,воздржана,убава,богата,интелектуалка или што ја знам каква свекрва,снаата и да не се замара еден ден ќе и пукне филмот што е важно кој ќе прави јадење уште подобро нека прави свекрвата меѓутоа нека не се меша во приватноста на синот,или пак нека се меша ама снаата нека и прави проблеми со свекорот,а воопшто не е чудно синот да биде разведен а таа срекна,таа ке му ја најде вистинската а вистинската непостои,бидејки која и да дојде исто ја чека и секако уште еднаш крај
     
  11. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    Леле читам и страв ме фака,вака ли и за мене ке зборат ахах имам двајца синови,ама го знам форумов ке прочитам хахах,шала на страна,вака си размислувам,,,,Мојте се сеуште мали,здравје боже ке пораснат,тие со мене и јас со нив нормално сме многу поврзани, во вистинска смисол зборот МАЈКА,посветена сум им 24 часа,на работа не се вратив за да ги чувам ЈАС како мајка,а не по градинка и баби,значи кога растат да бидам со нив кога најмногу им требам,јас како медицинско лице,се дружам доста и со медицинската психологија,и сега значи посветеност до крај,во денешно реме кога егзистенцијата е тешка значи јас останав дома поради нив,затоа што растат толку брзо и еден ден кога не ке имаат потреба од мене да не ми биде криво што го пропуштив времето кога најмногу имаа потреба од мене ,да ме нема по цел ден.И сега си викам - Тие со мене ке имаат отворен,пријателски ,мајчински,однос полн со разбиранје. Кога ке почнат да излегуваат и дојде време за девојки,дај боже да имаат,ако ме спомнат два,три пати,ке биде АМАН ВЕКЕ МАЈКА МИ,ПА МАЈКА МИ,јас сум значи од женски пол,јас имам сестра,ние сме се женски во фамилија и заклучвам дека Ние жените сме полоши,така да мојте деца здравје боже велам,ке ги научам никогаш да не ме спомнуваат пред нивните девојки,за да непочнат да ме мразат пред време,само затоа што синот ме спомнал три пати по ред и да го нарекуваат мамина маза,,,,,секое дете е маза на родителите без разлика машко ,женско,,,,секој е дете на некого,,а нема родител што му мисли лошо на своето чедо,НЕ ТЕБА ДА СИ ПОСЕСИВЕН,тоа е болест,но не е болест ако си го сакаш детето,па ако треба да си го гушнам и прегрнам пред девојкаму да мислам дали може или не,да не ме искара после дома зошто пред неа,ке рече мамина маза,а јас само сум му се изрдувала,,,,секој дај боже да стане родител посебно МАЈКА,па да ја види големината и грижата на тој збор,,,,
     
    На teddybear, ph.orhideja и joelle им се допаѓа ова.
  12. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    Феминки нова сум во оваа тема, но за жал и јас ги имам истите проблеми како и сите вас..... Официјална снаа сум 1год(пред тоа усте 1 бев неофицијална :) ) и на почетокот беше се ок, се правеа муабети демек јас нема да ти правам проблеми зошто мене свекрва ми многу ме малтретираше, не ме интересира како ви е со син ми и ред други филозофии кои беа само празн зборови. Сега единствено нешто што прави е да ме омаловажи пред свекор ми, да се направи најпаметна, најдобра домакинка(нормално дека не можам да се мерам со неа но сепак некои работи ги правам подобро од неа, и баш тоа нејзе не и е погодено). Нон- стоп има замерки за чистотата во нашата соба, а да не зборувам па за тоа дека се им прекажува на моите золви и на нејзините(дали за мојата бременост, нашата финансиска состојба, расправиите....работи кои треба да си останат во нашата кука). Нема што да се прави колку и да се жалам кај маж ми толку е полошо бидејки тој многу и верува и ја жали.....охх кога ке дојде тој ден кога ке ги види сите овие работи со моите очи :(
    ве молам за совет само немојте да ми ре4ете да го игнорирам нејзиното понашање, зошто првата година тоа го правев и добро ми одеше, но вторава година едвај ја избуткав....не смеам ништо да и речам бидејки е многу "чувствителна" и ке му се пожали одма на мажот ми, па после ке вика "не сакав да ви направам проблеми" аххх ужас ПОМАГАЈТЕЕЕЕ !!!!!
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Сега потешко ја гураш фазата ,,игнор,, затоа што ти лудуваат хормоните бидејќи си бремена. Те разбирам. Претпоставувам дека живеете во заедница. На почетокот сите се пазат а потоа се гледа вистинското лице на секого, без разлика свекрва/снаа.
    Ако мажот ти е глув на твоите примедби за тоа што ти смета и како да го решите проблемот тогаш преземи ти иницијатива. На шала на смешка кажи и што во моментот те вади од контакт. Ако ги дели куќните проблеми со други шлапни и го во фаца дека несакаш твоите проблеми и друг да ги знае, тие се куќни и треба тука во куќата да останат.
    За работи на пр. кои ги правиш подобро од неа а таа те критикува кажи и ,,е де пофали ме и ти некогаш или научи ме како е подобро,,. За хигиена во собата кажи ,, мој проблем, не те терам тебе да ми чистиш,,....Ако нависитна не сакаш да ми правиш проблеми тогаш не ми се мешај, можам и сакам да слушам критики до некој степен.
    Ми ја сваќаш поентата затоа што утре кога ќе се роди бебето на глава ќе ти се качува, како таа исчувала деца и дрн дрн јариња а тоа ужасно нервира.
    Покажи така малку заби што се вели за да знае до кој степен може да оди. Се додека молчиш ќе си се нервираш постојано. Друго, никакво жалење на твоите затоа што родители како родители ќе сменат мислење....
    Маж ти треба малку тактички да го работиш. Тој ќе увиди кога тогаш ама ти ќе си ја јадеш нервозата. Мора на некој начин да си извојуваш свое место кога сте веќе под ист покрив и почесто од едно уво влегува од друго излегува. Знам дека не е едноставно и секој збор допира до тебе ама се додека не покажеш малку заби ќе се подиграва со тебе.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кога немаш подршка од маж ти, тешко е да се даде било каков совет. :^)
    Тие двајца против тебе. Што може тука да се прави? :?:

    Игнорирај ја свекрва ти колку можеш повеќе. Не земај се при срце. Ти терај си по твое.
    Си се познаваш себе си која си, тоа е доволно. Нејзе остави ја, кога нема попаметна работа.

    Не знам што и е гајле за собата? Во вашиот простор за спиење не знам што бара таа да влегува?

    А, на мажот кажи му дека ако секогаш се слуша мајка му, дека ти ќе полудиш! И ти си човек, и ти имаш душа, ајде сега нека ти ја извадат душата!? :^)

    Бори се некако, балансирај меѓу двајцата, користи тактики...
     
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Тогаш играј на нејзината карта,кажувај и дека е најдобра во се дека мора да те научи да станеш домакинка како неа.Не му се жали на мажот ти туку направи финта почни полека да ја фалиш дека таа е добра и дека кон тебе е добронамерна,мажот ти е мекуш тој никогаш нема да и се спротиртави бидејќи станува збор за свекрвати која е добра глумица,па што е таа подобра од тебе,само успеј некако да се приближиш до свекорти да добие добро мислење за тебе а не како таа што те прикажува а воедно со текот на времето мажот ти ќе сфати.Поздрав и не се замарај многу :hai:
     
  16. anuHka

    anuHka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    фала ви многу на советите ќе се обидам да ги употребам навистина ке ми требаат :) :) поздрав до сите
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss-HeLL

    Miss-HeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Јас се уште не сум снааа.. ама таа што треба да ми биде свекрва.. ОБОБОБОБОБОБОБОБОБОБОББООБ!!! ЗМИЈАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!!!!!!!
    Значи, да, признавам.. имам вишок кг.. не сум дебела ко стока.. него ете имам малку подебели нозе.. тоа не е проблем.. зошто кога тоа ќе го ускладам со добра облека.. изгледам супер типка со поголеми облини.

    Арно, ама.. оваа еј.. секогаш кога треба да одиме некаде.. едно те исто.. ЛЕЛЕ ШТО СИ СЕ ОБЛЕКЛА ВАКА?? ПА ОВА ТЕ ПРАВИ ПОДЕБЕЛА ОД ШТО СИ!!! и тоа пред луѓе што јас не ги познавам... ЛЕЛЕ КОЈА УТКА ТИ Е ФУСТАНОВ.. ЛЕЛЕ АМА ТИ Е КИЧ БЛУЗАТА.. итн.. ок ја трпам, ја трпам, ја трпам, ја трпам... се додека не му рече на мојот иден маж... кажи и ( за мене ) да ослаби зошто јас и татко ти ( а то нема врска ) не сакаме снаа која има шеќер во крвта ( а немам ) и која утре нема да ни роди деца.
    Значи познавам случаи.. кога луѓе дијабетичари, луѓе со еден јајник, луѓе со преголема дебелина имале деца... оваа не ме сакала за снаа. Најголем проблем е што син и .. шо ќе кажи мама така е..

    Ќе не викни на ручек.. а тоа е секојден бидејќи според нејзе јас не знам да готвам и мојата храна дебелеела, го видела то по син и .. здебелен бил... и кога ќе седниме да јадиме.. мене ми дава само салата. И притоа додава.. месо нема за тебе.. сок ти не пиеш... супата е со тестенини.. не ти требаат дополнителни калории и така си дебела.. ориз и компири не.. ако сакаш вода имаме обична.

    Му кажав на овој идиотот.. дека ако уште еднаш ме третира ко пацинет од тешка категорија кој не знае да се контролира при јадење дека се деси и со свадба и со се.. и тој секако и рече да се контролира.. и сеа џо као не не вика на ручек.. до пред некој ден кога не викна.. и ми стави во чинијата 5 ПАРЧИЊА МЕСО, ЧИНИЈА СО КОМПИРИ, ГОЛЕМА ЧАША КОКА КОЛА, И 6 ПАРЧИЊА ЛЕБ!!!! :envy:

    Значи, ослабев 20кг за да не ја слушам... и пак тера по своето.. а сеуште не ми е свекрва!!! :envy:

    И не само за ова.. се меша значи буквално во се. Купивме бел лцд бидејќи ни беше онака несекојдневен.. сите имаат црни. Ќе дојде кај нас и .. хмм.. бел телевизор.. само ти можиш да купиш бел телевизор. Зошто машината ја имаш тука ставено... што е тепихот ваков.. зошто масата во дневната е правоаголна.. зошто и зошто... влегува кај мене во плакар а моите алишта се во амерички плакар.. БЕЗ ДА МЕ ПРАША ВЛЕГУВА и туку ќе дојде в дневна.. зошто си ја купила маицава? Стварно мислиш дека вакво нешто тебе би ти стоело?? А МОЈОТ ИДЕН МАЖ СЕДИ ДО МЕНЕ ЈА СЛУША И НЕ ВИКА НИШТО!!!

    Јас сакав свадбата да е во Мај... сега свадбата ќе е во Октомври бидејќи таа сакала тогаш...

    Не знам што да правам. Не ми е ни свекрва!!!! :envy:
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Леле јака ти душа алал нека ти е, познавајки се сама себе да сум на твое место одамна би и кажала 2-3 реда муабет за малце да подзакочи.Добро што си ти куче???Те викнала на ручек поставила свашта на маса а ти кажува што да јадеш што не катастрофа :x искрено мене да ми се деси такво нешто не би можела да седам на маса и да јадам налет на такво јадење.Али сепак мислам дека највеќе е крив дечко ти се додека он не пресече она ќе си дава слобода и на глава ќе ти се качува.Не е финтата еднаш и рекол онака блиц-муабет него убаво седнување и држење лекција,зошто она тоа што ти го прави и збори е веќе понижување.Ма да јас да сум на твое место јас би ја седнала и фино лепо културен и отворен муабет би направила со неа,секако и подршка од партнерот да имам.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    МисХел, знаеш како велат старите- Гледај си ја крастата и молчи ;)

    Ти многу добро се произнесе во една друга тема како го доживуваш вереникот и кој вистински сакаш, а верувам дека и така се однесуваш кон него, ладно и незаинтересирано, а од друга страна се буниш за нивниот однос кон тебе.
    Кој дел од фразата брак од интерес не ти е јасна?
    Во овој случај е и од двете страни, така што молчи си и не коментирај.

    Ако ти чини де, ако не знаеш што е решението нели?
    И онака имаш услови да живееш сама.
     
    На Trendafilka и Moira им се допаѓа ова.
  20. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45
    Miss-HeLL не биди тактична, со овакви мостри само остро се во лице. Она нека се плаши од тебе, ти нека си лошата и никаквата, ама пред тебе ќе ќути како она да е млада невеста. Те молам послушајме, профилот на таа госпоѓа е таков, што само тоа и го заслужува, ќе се мутри и на крај ќе види ќе невиди пред тебе ќе ќути како мумија. А пред други нека те прави змија, тебе важно ќе ти биде раат главата. Не и ќути, не се ни карај, едноставно враќај и за се што ќе ти запречи и ќе видиш ќе си ја затне муцката.
     
    На Anyshka и Miss-HeLL им се допаѓа ова.