Супер совет. Само што зависи до свеки дали ќе се согласи ќе чукне глава и ќе рече стварно е така нормално или ќе води инат и ке се осети увреЃена. Ама ако сака да постигнат компромис мора да раговараат и нормално е да се разговара и да се постигне решение оти вака ко што тргнале не е нормално а ќе нема никаква соживеачка за жал. И свекрвата мора малку да ди ја чукне главата оти после се ова што девојката тука што го накажа стварно не е во ред, се нема ни срам ни осет ни усул. На пример секоја нормална персона би имала срам до толку да оди со глава в ѕид не знам навистина како можат двеве да се понашаат така нападно. Навистина не е во ред. Она сама ако нема акл а нема по постот не знам како ќе и стават в глава некои нормални работи.
@vitamina ваљда ќе и текне на жената... мислам, сеуште се дечко и девојка, греота е ака да им праи. Ај нека ја батали снаата, ами на свое дете лошо му праи. Син и се заљубил, решил да си го земе девојчео, оваа ќе малтретира заедно со ќерката, не е во ред ич. Затоа реков, дека сигурно не е до толку со паметот, секако ќе сфати што и зборат. Ама заедно со дечкото доле да се симне, пред него да збори, сите заедно да се договорат.
Убаво напиша една членка, глава меѓу нозе и нека се качат. Во купатило танга, нешто чипкано по цел спрат,каиш до тангата, јажиња врзи на креветот, на стар прслук направи дупчиња на средина па остави го на ачик место да го види, па нека се чуди што правите и не само што ќе припази на качување, туку и со света вода ќе прска. Најубаво се решава со муабет ама штом дошло до ситуација да се фарбаат горе, муабетот ќе има опасност да прерасне во кавга. И уште нешто. Дали го сакаш? Ама најнајискрено запрашај се. Најголема грешка според мене е да се омажиш ради две работи, едно дека е долга врска па тоа следи, сите зборуваат и што друго останува, а друго за да грубо речено-избегаш од дома.
Не сте тачни жими све Муабетов односно финтава ептен ме насмеа Баш е луда ама и ефикасна Не знам дали би можела така да играм освен ако не сум пре пре нервозна ама баш сакам фаца да и видам на двеве после овој муабет ако фо напраи девојката у пракса Кај ви текна бе
Колку што имам заприметено сите кои тука пишуваме сме снаи,значи може од некаде да се почни,ако еве мојата ѓенерација почни да постапува поинаку кога ќе сме свекрви,не мора сите,барем дел,има надеж за помладите,па не мора на запад да се оди,уствари па на запад сум,во МК разбира се
I mojata sveki se osmeli uste sega da kaze kade ke bilo krevetceto na bebceto sto kako ke bilo I jas presecev moe dete moi pravila ke pravam jas kako sto sakam so nego iako do dekemvri ima uste mnogu vreme I mm istoto I go kaza
Читам и се уште не сфаќам која е поентата на понашањето на свекрвиве. Сите истиот муабет, ова е моја куќа(а и она дошла снаа у таа куќа). Само она е мајка, само она знае да готви, спрема, чисти и никој друг. Само она има примедби и желби. И никој друг ама баш никој ништо не знае(само таа). Нејзината свекрва е нај лошата, што се не видела од неа, и посакува смрт, не може ни да ја гледа, ама таа...таа е најдобра. И луѓето се мењаат...многу. Ете го мојот случај. Од каква жена, што стана. Откако се породив.... И колку и да водиш политики не те перцепира(вероватно е некој психички проблем кај неа, зошто се исклучува, не те слуша, не те разбира што и збориш) и со сите е таква. Ама што па ја да трпам??? Ако си толку паметна и добра сама ќе сфатиш дека треба да се мењаш а не кога ќе заебеш работа после да се вадиш дека било непромислено. Е сега полека полека си легнува на брашно. Ако може да дошла ако сум немала планови, ако не ми сметала. Ама после трпење, психијатри и многу нервози, сфатив дека не треба да му мозгам многу многу и почнав искрено да си кажувам па и да излажам дека не сум дома, детето му треба мир итн... Па од секој втор ден, сега доаѓа ја кога ќе сакам и можам. Нај више ми е криво што бев напната и нервозна према детево. Ама мислеше ќе попуштам, дека без помош не можам... Издржав и нема никогаш да се предадам. Има испади не дека не, ама одма зимам дете и си одам и да видиш како после е мекуш. Него доста за неа збор два за мајка(спомна некој горе). Да бидеме реални и мајка ми е тешка жена, но со други маани. Она си зацртала дека се мора да е чисто, под конец, дете си игра и она играчки раскрева, после пак ќе и ги дала, не и е тешко нејзе... Нема ручање 5 мин одмор, одма садови се мијат, од врата влага и несоблечена раскрева...ручек, ааа не смее 1 мин да закасни оти зеткп ќе си дојде од работа, ете дојде а рочекот не е готов, па уште едно 5 мин му требаат да биде таман.(и ова го гледам како проблем, ама па дедо ми бил воено лице и така е нучена од мала, ред, дисциплина мора...) Ама никогаш, никогаш не би си дозволила да вреѓа некого. Да му се меша. Никогаш не барала да и се исповедам. Мојата свеки, у болница не ми се јави. И префлила на мајка ми дека место на мм сум и се јавила прво на мама(што сама нагаѓа никој ништо не и рекол). На мајка ми и рекла ако сме сакале да се вратиме кај нив. И зборела кој стан да го купи, она гледала убави биле... Зошто купувала за бебево, трошела пари, имала поише од нив пари.... Епа мајка ми никад нема да си дозволи такви муабети да тера. Ама тоа е кога некој се прави јак, како мене никој нема.... Абе еден куп имам за пишување....ама досадна ќе сум.
Во врска со мајките јас уште сега и кажувам ах тешко на таа снаа Ама факт е мајка дека секогаш ќе те помага ( во секоја смисла ) и најмногу ќе те жали за било што. Туку интересна ситуација имав денес. 7 години сум во брак и после работа ни испадна нешто и знаевме дека ќе се задржиме 2-3 часа. И кога маж ми вика јави и се на мама да не не чека да не не мисли дека ќе закасниме. Живееме на различни спратови од куќа. Избувнав и се скаравме. Му реков немој да ми наметнуваш глупави обврски. Јас на мајка не сум и давала толку отчет когане сум била мажена сега нема шанси. Незнам дали постапив правилно ама стварно ме изнервира јас да давам отчет на некој ни негов леб јадам ни зависам не сакам да си стварам непотребни обврски и да ме оптеретува тоа дали сум најавена негде ако решам после работа д ане си одам дома.
Денес бев сведок на ситуација снаа/свекрва во мојата фамилија, која ме остави запрепастена. Снаата, месец дена пред пораѓај, испаѓа компликација, лоши резултати, ризик за тромбоза и сл. Матичната не и обрнала внимание, и викам, дојди, да не си играме играчки, ќе те носам во приватна болница, нека те види докторот, имаат современа апатратура, а и второ мислење не е на одмет. Значи прегледот е 1200. Скокна свекрвавта, скапо било, како носела таа 2 деца, никигаш испитувања не и требале. Истата таа свекрва, пред месец дена ми побара да и закажам преглед кај специјалист на приватно, да и направел целосен преглед на абдомен, срце, туроидна и сл, со ехо, онака, без да има мака, чисто да си видела. Прегледот беше 2000 ден. А за снашка, со индикации, што и носи внуче, скап бил прегледот. Девојчево нема фамилија, и не работи, па и реков, јас ќе и платам, само да се осигураме дека се е во ред со неа и со бебето. Денес ќе кажат, од срам дека реков јас ќе платам, ќе платат, знам... Ама ме згрози постапката. Синот/мажот кај е во целава ситуација. На работа беше во тој момент, не му ја знам реакцијата.
И потоа зошто не се согласуваат снаите и свекрвите, епа како таа снаа после ова да има почит или било што спрема свекрвата? Ај се гледа дека не им е гајле за снаата ама за внучето бре барем...и потоа ќе му се прави баба, ќе трчи по него. За сите проблеми мажите се виновни што не знаат/можат да се одделат од здолништето на мама, цело време и се попушта на мајката, да не се навредела, налутела, наместо да седнат од старт да си разговараат со мајките.
И мажите и нивните мајки. Ако може девојчињата од раѓање да ги воспитуваат да бидат 'домаќинки', да раскреваат, чистат, готват.. да им се зборува дека ќе бидат мајки и ќе треба да се грижат за нивните деца, истото може да се прави и со момчињата: Да ги учат да бидат 'домаќини', да раскреваат, чистат, готват, да ги учат дека треба да се грижат за своите деца...
Точно. Ама кај нас барем, мажите и нивните мајки имаат некоја комплексна врска, мајките не ги оставаат синовите една чаша да измијат, додека пак синовите не можат цел живот да се одделат од мама или да и се спротивстават ако греши. Ние жените ако треба ќе се испокараме со нашите мајки кога станува збор за бранење на партерот, додека пак ретко кој маж тоа ќе го стори.
Епа тоа: не му дава вода сам да си земи, е она кои ги прави синовите зависни од мајките. Во нив имаат слугинка, потпора, разбирање, безусловна грижа. Правила се поставуваат на деца, за да научат да се носат самите во животот кога ќе пораснат. Ако ги научиш да бидат зависни, ќе бидат зависни. Најчесто, мајката е рол-модел за жена, а таткото, рол-модел за маж. Нивните однесувања и начинот на кои функционира брак ги учиме од нив. 99% од мажите кај нив се одгледани во заштитничко-зависна заедница... Е после тешко е да се сменат... Полесно се учи кога си малечок. Карактер се гради до 5 години, потоа само се модифицира.
Еве девер ми уште бара чорапи и гаќи од мама после капење или пред искачање... Исто ќе се понаша и со сопругата во иднина, ако не и бетер. Свекрва ми се нервира, затоа што буквално имало случаи кога женава си спие, а овој ја буди и бара алишта. Мене ми е жал за нејзе и 100 пати и имам речено дека она си е крива што тој така се понаша. Ја советував да смени однос, да го остави малце сам на себе, ќе се снајде не е глуп да не знае да си земе алишта, заради нејзе така подобро, на раат ќе си биде жената, нема да се нервира за глупости на овие години, ама она има изговор дека ако си земал сам, плакарот лом го праел, после морала плакар да реди секој ден... Ама да го научела на време да биде уреден и сам да си зема алишта, сега немало да ги има овие проблеми.
Јас да ви кажам пример каде не секогаш свекрвата е крива т.е. да крива е во ситуацијава што е добра,треба да биде лоша па да има за што снаата да оговара наоколу па и тука да се жали.Младите моментално живеат со свекрва зошто градат куќа и немаат пари за кирија па ај ќе издржат некој месец.Прво беа под кирија па снемаа пари и молеа да седат кај свекрвава некој месец додека не си направат.Снаава не работи,имаат детенце од 2год. кое ништо не јаде му дава да пие само тетрапак млеко и тоа разредено со вода.А и како да јаде кога ништо не ни му нуди друга храна,најлесно е млекото во цуцла и завршена работа.Спијат до 10-11 а легнуваат после 00 некогаш и 1 ги фаќа.За ручек на мажот кој доаѓа од работа никогаш му нема спремено,свектвата вика греота е од работа доаѓа гладен па јас му готвам.Она ако не зготви снаата не го помрднува гзот.Ниту еднаш измила садови,фрлила ѓубре или му зготвила нешто на детето.Кога веќе живееш во заедница немошеш да живееш како гостин и друг да трча по тебе.Свекрвава за ништо не и се меша,не ни тропка додека спие за да не ја разбуди.И на крај снаава наоколу ја коментира како лоша и била свекрвата
@ @meggle te citam i moram da se nadovrzam znaci sigurna sum deka svekrva ti e milion posto vo pravo. Mm e istiot za dr obvrski okolu domot pomaga se ama bas se arno ama ova so alistava e problem. Na pocerok me iritirase i po neznam koj pat kazano da si gi zdipli tie so ke gi izvadi a ne planira da gi nosi. I sekako gi naogav zdipleni vo topka. Posle odreden period se otkazav i polesnata varijanta bese da mu podadam i da gi zdriplam nego sekoj den istoto. A za znaenje znae kaj mu stojat. Sekako deka ima vas kako ovoj slucaj a i 10 pati polosi. Samo moram da kazam deka se e do covekot i karakterot. Vo slucajov teska i dusa na svekrvata.
Се согласувам ама реално тоа е така зошто нашиот менталитет и услови се такви, а и од секогаш било така. Само кај нас е нормално да живеат 2/3 генерации под еден ист покрив или да се гради куќа на повеќе спратови за синовите, и за да старите имаат гаранција дека утре ќе има кој да ги гледа. Не ги обвинувам ниту старите, зошто ова со векови наназад функционира вака. Различни генерации, потреби и навики доведуваа секогаш до несогласувања. Ретки се случаите а и секоја чест на исклучоците каде повеќе луѓе функционираат супер под еден исти покрив. Затоа и не е ништо чудно кај нас да сретнеш маж на кој му е понижувања да измие садови, да собере алишта од жица, да пушти перална и сл. Многу сум против поделби, неодамна влегов во жестока дебата со другар кој неодамна се ожени зошто жена му остана бремена. Тој лежи цел ден и само дава наредби донеси ми ги цигарите, дај чаша вода и сл. па уште се правда со муабетот демек зошто се женел, затоа земал жена. Му викам место таа бремена ти да и угодуваш, таа со толкав стомак трча по тебе. Ако се одлучиш за брак со некого тоа треба да е ради желба да основата семејство и заеднички живот, а не за жената да му слугува на мажот. Сакам да кажам не секогаш е во свекрвите проблем, доста често се мажите тие кои треба да пресечат. И пак се враќаме на првиот муабет дека кога живееш под туѓ покрив играш по туѓи правила, не секогаш и мажите се семоќни.
@Belgin1 , така се понашаат оти така ги учат од мали. Сега мама ќе ти готви, ќе те пере, после ќе се жениш, жена ќе те гледа. Јас од искуство сум слушнала, барем 10 свекрви што рекле... како бе немате ручек денес...зошто се женеше бе, синко? Додека девојчињата од мали се учат, ајде гледај, учи од мајка ти, од баба ти, еден ден домакинка ќе бидеш, треба да знаеш.
@jacqueline.s нашите мајки и баби се така воспитани зошто порано биле други времиња. Голем дел од нив живееле по селата, не работеле зошто немало и каде. Мажите цел ден по полиња и ниви и нормално дека сите обврски биле препуштени на жената. Сум разговарала со постари луѓе, тогаш така живееле секој дневно переле на рака и меселе леб. Ама денес се многу сменети времињата, 90% од жените одат на работа и не е во ред да се очекува пак сите обврски да се на грб на жената. Не му паѓа на мажот круната ако зготви ручек, уклучи перална, измие садови. Обврките секогаш треба да бидат поделени и место девојчињата да се воспитуваат да бидат домакинки, нека се воспитуваат и момчињата да бидат домакини а не до вчера го чувала мајка му, од денес жена му. Милион такви мажи кои од работа дома, па на фејсбук или у обложувалница цел ден. Разбирам голема љубов спрема дете ама во никој случај не би сакала утре син ми да биде паразит, една чаша вода да не подигне сам.