@Belgin1 , според мене, не им прават услуга на синовите. Прават паразити од нив, што да се најдат 2 дена сами, ќе се осеќаат како на Survivor, и ќе се молат да преживеат. Имам ќерка, ако имам и син, и двете деца подеднакво ќе ги учам да си зготват, да си ја средуваат собата, да знаат перална да пуштат, за утре - друг ден, кога ќе им треба, да не мора да зависат од никој, сами да знаат да се снајдат.
Мојата 10 години чекала за да и купат кујна. Три деца изгледала за тоа време а немала ни вода на спратот па морала да влегува во кујната кајшто спиеле нејзините свекор и свекрва. Не можеше да се помири со тоа што ние после 6 месеци од веридбата си купивме кујна и ја средивме целосно. И првиот пат кога ние двајца седнавме сами горе да ручаме таа плачеше доле.
Јас сум била среќничка тогаш Мм сам знае да собере и пружи алишта, да намести кревет, да си зготви, да си земе алишта после туширање, да помине со правосмукалка, да подраздигне по дома... Е не сака да мие садови, ама не е страшно, има машина, па ќе го работи и тоа Е свекор ми ни алишта собира, ни кревет мести, ни алишта си зема, вика по свекрва ми да му подаде ама него така си го научила самата. А додека бил ерген вели дека бил многу самостоен. Кај нас ваквите ги викаат готовани
Апсолутно се согласувам. Јас немам деца ама би сакала и ќерка и син да имам и уште сега знам дека еднакво ќе ги воспитувам. Тетка ми лани требаше да замине 3 дена за Охрид а има две возрасни деца(22 и 25 години, син и ќерка), цела недела унапред потресена, растресена како ќе ги оставела сами со татко им како ќе си зготвеле, па алишта ќе се собереле за перење и на крај не отиде. Некој од страна да ја слушаше ќе помислеше за бебиња се работи. Мразам поделби по било која основа. Не е веќе ништо срамота и нема машки женски работи. Јас по брат ми редовно го карам за кревет и алишта расфрлани на почеток се инаетеше ама сега кога сум дома без да му речам сам мести кревети, собира алишта.
Мм кажа од војска научил перфектно кревет да мести без набори и такви ми ти работи, знае и алишта да здипли како за на излог се тоа од војска вика трауми ама интересно му било Сега па ни тоа нема, нема ни ум од родители, ауу страшна работа. Ние обично ко одиме во мк сите не разгалуваат ама тоа де неколку недели и опет назад у секојдневие што си го сакам и ми значи премногу. Една поука имам извлечено дете од мало се учи на ред и граници а вол не се учи за жал.
И маж ми пред да се земеме беше таков, значи буквално ја чекаше мајка му креветот да му го намести, чорапи да му даде, па да го спреми за работа( мислам на јадење, такви работи, па ова не сакал,она не сакал, а всушност и самиот не знаеше што сака. ) За тоа е виновна свекрва ми. Бидејќи истиот тој маж( не велам дека јас не го правев истото како неа, ама кога не одев на работа и затоа што ми беше мерак) сега сам си зема алишта, сам го мести креветот, а богами знае некогаш и јадење да си спреми ако не сум дома. И да, истиот тој маж ме чека секој ден со кафе на маса од работа( ако не е и тој на работа) Значи што ми беше целта на муабетот, сакав да кажам дека мајките ги галат, а после они на жените им се качуваат на глава. И ден денес свекрва ми знае да каже како го стави во ред, алал да ти е. Ама не дека таа не можела, туку не сакала.
Пишав веќе дека го пишувам тоа што го гледам не тоа што некој ми го кажувал.Уште јас фалам да живеам со нив во стан од 40квадрати.Ама сум преспивала па верувај дека видов и повеќе од доволно.Дете од 2години основна храна да му е само млеко и да нема ниту еден цврст оброк,немора да живеам со нив за тоа да го знам.
Па не е ни прва ни последна така што го храни. Чест на исклучоци, денес на мајките освен млеко, најлесно им е кроасан да му тутне на детето, смоки, пуканки, леб и паштета/мајонез/кечап... Ама кроасанот, смоките и дробено млеко е хит, барем од примерите што ги имам околу мене.
Што му фали на дробено млеко? И ние кога бевме мали, за појадок и/или вечера јадевме млеко со бисквити/леб
Секој ден??? Дете кое има оброци и јаде секаква цврста храна, НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО да јаде катаден млеко. Пресно, кисело, пресно, кисело... па ќе ти скиснат цревата и на тебе, а не на мало дете.
И секој ден да е. Што му фали да има еден оброк со млеко? И тие фенси-шменси кашичките од Хип, ноќните, сите се со млеко. Милиони луѓе јадат житарици со млеко за појадок... Друга, многу битна работа: Зависи од детето.
Зборуваме за мало дете, не за возрасни луѓе. Јас не сум за ништо фенси шменси, не знам од каде сега кашичките ги најде. Не може детето да јаде млеко, кроасани и смоки постојано како оброк. Ни з од зеленчук, ни о од овошје. Истите не се забранети, ама како што реков, не секојдневно, и не како главни оброци.
Де бе луѓе, какви хип кашички, какви млеко во шише. Две годишно дете веќе јаде нормални оброци, како големите: мачкано лепче, манџа, компири, ориз, месо, мусака, полнети пиперки, да не редам
За појадок со млеко зборуваме.. може да е со бисквити, може со леб, може со житарици.. За мало и за возрасен. Секој може да јаде оброк со млеко.
Ама каде прочита ти за појадок??? Јас никаде не го спомнав! Ај ти јади наутро дробено пресно, навечер дробено кисело скоро секој ден и види дали нема да ти скиснат цревата! Ете јас таков пример имам пред моите очи. Измеѓу, кроасан, смоки или некоја мачканица.