@anastasija18 те поддржувам од почеток, арно ама со претходниов пост малце се замислив... Идната ти свекрва збори за да не се делите со јадење и сметки, ама сето тоа може има некаква позадина. Ти велиш оди на работа зема плата женава, свекор ти работи во странство праќа пари... Можеби фамилијава има некои скриени долгови со кои ти не си запознаена на пример, па не може да се постигне, можеби затоа толку ти труби да готвите на едно место и идниот ти маж да си ја помага сестрата со школување. Само пример наведов, може и не е така ... На крај краеви размисли дека ако вереникот ти сега не те поддржува, што би се случувало во иднина ?! Сега сте сами, утре деца ќе имате, ќе бидете во брак, нему уште ли ќе му биде устата залепена пред мама?! Сестра му сега бара пари за факултет, ко ќе се мажи може пак да си бара (имам таква тетка во фамилија), ќе си се научи дека бато МОРА да помага и нон-стоп така ќе си тера?!
Е поради такви совети како на nextredstyle постојат мажиња што пред мама не смеат уста да отворат,што мама и тато се прават како да се единствени баба и дедо на нивните внуци, што мажето нема муда да си ја заштите жена му и фамилијата што ја создадел со неа од канџите на мама и што не гледа од носот подалеку. Ама животот е круг, се се враќа се се плаќа. Еден ден ќе си го стават прстот на чело и ќе се каат за сите неправдини направени врз него и жена му од страна на мама и тате.
Aко не се приберат ќе го оставам, му кажав. Тој им се спротиставува ама тие го знаат дека е мек и наивен затоа и вака му прават. Немам намери остатокот од животот да го трошам на глупости ради нечија неизживеаност. Свекорот работи и живее во странство, ретко доаѓа. Ни се јавува секој ден да се слушне и нас и нив долу, па и на камера се гледаме. Нормално вереникот му кажа дека парите си ги поделија тие две нему не му дадоа ич. Тој рече ако сме имале потреба ќе пуштел ама сега за сега не ни треба. И свекорот е како вереникот, многу мирен и повлечен човек. Кај нив е командант мајка му, таа го команда и свекрот пред неа тој не смее да писне. Вереникот има зборено со него за циркузите што ги прави сестра му и се и човекот само грчи рамења демек ке ги среди ама верувај пак останува на тоа. Му викам на вереникот да се тргнеме под кирија ако не некое време, тој не сака вика со години се мачиме за овој спрат сега како да оставам се. Јас би правела муабет со свекорот не ми е проблем ама знам дека ќе нема полза од тоа. Ако дотичната золва се одлучи за факултет секако дека свекорот ќе праќа пари ама ним никогаш не им е доста. И порано парите што ги праќаше свекор ми таа место да си ги расподели да си има за цел месец таа купуваше глупости и пак бараше од вереникот мој. Тоа е тоа ако не се приберат јас си одам. Кога се вративме од одмор и кога ја известивме дека ќе се земеме ама дека сакаме да се оделиме таа демек не подржа ни рече деца убаво сте одлучиле млади сте, задомаќунувајте си се. Кога влегов кај нив дома почна да пее друга песна цело време љубомора и манипулации. Да има некоја позадина не верувам да имаше било што ќе му кажеше мојот, сме збореле и на пострашни теми. Работата е што нив никогаш од ништо не им е доста, научени се како тие ќе свирнат тој да игра. Скриени долгови да има не верувам, си имаат кредит за кој свекорот исто праќа пари посебно и редовно се отплаќа. Тој ме подржува и се согласува со мене ама дали му е страв или срам да се изјасни малку појасно пред неговите. Јас му кажав тие не ти дале ништо освен спратот кој беше голи ѕидови само блокови. Значи се што има средено до сега средил сам со негови пари сам купувал сам плаќал мајстори. Значи купатилото ни е средено и спалната одприлика ама ни фалат многу работи. Ако тој почне да и дава пари за факултетот тоа никогаш нема да престане и дури ни за 10 години нема да го доопремиме спратот. Имам само помошна маса и судупер и обична маса и 2 стола во кујната, друго ништо. Ни фали цела кујна, трпезариска маса, петосед, комода и мн. други работи што реално си кошта пари. Јас си имам своја заштеда за која тие не знаат и нормално дека ќе вложам ама сега за сега не дури ова официјално не се реши. Млади сме ама здравје натаму си планираме и свое семејство и дечиња. Разговаравме многу пати и сакаме основите работи да си ги средиме сега дури сме двајца. Јас сум одела со тренерка место палто и со патики место чизми низ снегот, зошто ете моите немале. Баш тие периоди дома сме ставале ламинати, нов кревет, фрижидер се расипал и многу убаво се сеќавам колку трпевме и страдавме со брат ми ради тоа. Куќа се прави цел живот ама одлучивме основното дури сме сами да си го средиме, зошто не сакам утре на моето дете да му кратам од екскурзии, да го делам од се зошто сега плаќаме на госпоѓицата факултет па тогаш да средуваме соби, така не. Не сме деца ни ние, ни золвата. Му кажав ако случајно веќе денар им дадеш ним мене заборави ме. Зошто јас не барам ништо од нив ама не сакам ниту да не искористуваат. Свекрвата сабајле дури не бев дома качила список зошто е научена секој почеток на месец дечко ми чим земе плата да им пазарува нормално на негов трошок. Пред него го скинав листот, на кој што му треба нека си пазарува. Ниту сакам да ме идржуваат, ниту да ги издржувам. Му кажав носи ја до маркетот, нека си пазарува и врати ја. Пари давање не, нам сега најмногу ни требаат.
Како бе да и дава пари на сестрата? А таа што прави? Нека работи па нека си плаќа сама факс.Разбирам,помагање сестри,браќа но се си има граница.Утре твоето дете може да трпи оти тета е научена бате да дава..Секој си има своја фамилија и за неа си гледа. Какви се тие родители,список да пазари синот? Ако јадете,чистите заедно ок,но посебно зошто?Таа да е совесна, ќе рече штедете деца за да си направите што ви треба а не да му бара на детето. Ок е,и децата некогаш да им помогнат на родителите финансиски и секако,родители се,но не е во ред семејството на синот да трпи и нервози и проблеми заради други. Пресечи во старт мешање и заедничко кесе.Така не се печали. Додека е време средете ги тие односи,оти после поголеми се кавгите.
Да му дадам список и мене да ми изпазари шом е толку добродушен Муле е тоа нњ маж А тебе да ти кажам ова се ти прават намерно за да си заминиш од таму
И јас го имав тој впечаток дека не им е по кејф па се им текнува да прават само да си отиде за да им биде се намирено ко порано оти вака гледаат дека очигледно не ќе им биде иста приказна од порано Не можам да верувам што јас мислам од муабетот и што уствари и се случува на девојката оти ова навистина нит е нормално нит човечки ама... Наместо да се радуваат што ете син и брат и се омажил ќе ствара фамилија тие списокот и горе тутни му Ако е се ова навистина така не знам кој би можел да трпи ваква неправда и вакви гадости стварно А па и синот за ќотек е .. молчи Јес да спрат не е мала работа ама па за еден спрат да ти го извасуваат цел живот и да ти тријат сол секој ден и физички и психички и финансиски екесик нека е спратот
@anastasija18 Сега следно што следува ќе ти прават големи расправи со вереникот он нема да знае како да реагира,наскоро нема да имаш никаква комуникација со свекрвата и золвата. На вереникот ќе му треба повише време да свати кое и како е а затоа време ти само ќе се нервираш и страдаш. Истата ситуација ја имам јас само што јас среќа немам спрат па ќе си одиме. Две години така живеев со многу караници помеѓу нас двајца се поради нив. Искрено јас да знаев што е и како се ама па пред тоа мед и млеко беше,најискрено нит свадба нит бутур ќе си го исплачев и секој по својот пат. Со вакви луѓе живот нема да имаш.
@anastasija18 или гледај го случајов вака: -замисли сега да бевте во брак, а ти никогаш порано да не си имала прилика да поживееш кај него дома со неговите, како би се одвивала ситуацијата ? Многу девојки немаат вакаа прилика или не знаат да си ја створат, или сплет на околности па ете од врска во брак и после не им чини... Вие сеуште немате ни веридба официјализирано, гледај сега убаво каква е ситуацијата и како се одвиваат работите, како велат кај нас: гледај-земај...
Читам и не ми се верува!Сопругата била туѓинка. Полнолетен маж на чекор на формирање на семејство се знае каде и на кого парите ќе ги троши. На жената и на дететето/децата, а не на мама и на сестра што сака да си ги задоволува хировите како и се текне, при се што има од нејзините. Штом со некого стапуваш во брак тој ти станува твој а не туѓинец. Треба да се помогне на родител, брат, сестра, не велам не, но во договор со сопругата, имајќи ги предвид првенствено семејните потреби, се разбира доколку навистина имаат потреба за тоа. Таа има помош од родителите, здрава, права, работоспособна, па уште и овој да ја издржавал. И кои се они да водат туѓ есап кој што ќе јаде и колку струја ќе троши. Типов ако сака да си ускрати себе, на сопругата, на својот дом, подобро нека си живее со,, своите,, за век и векови... АМИН.
Леле дај бе муабетиве не сум мало дете а тресеш зелени.Можда не му е крв но ако решил да основа семејство со нејзе не е битно другото.Поред 2ца вработени родители он ли да ја финансира сестра му?Па такво муле ли е?Кај одат парите од свекорот?Во џеб? @anastasija18 дај му до знаење на вереникот дека ти смета тоа што ја финансира сестра му бидејќи средувате спрат и си имате свои поголеми трошкови а госпоѓицата има мајка и татко.На крај краева може и некоја работа да си најде а не со мама да го експлоатираат бато..Заземи цврст став со нив ако неќеш да го изгубиш бидејќи лошо ми мириса работава.
Јас му дадов да знаење и сам е свесен дека тоа не е во ред и зборуваше со нив ама они пак по нивно и цупкаат. Имам пишувано и порано свекорот е цел живот по странство заради финансии зошто немале ништо сами ја подигнале куќата. И вереникот е единствен маж во куќата и се научени за се да бараат и да го прашуваат него. Ние онака немаме никакви проблеми многу се согласуваме скоро за се. Ама мајка му и сестра му никако да се свестат дека тој веќе си основа свое семејство, ќе се почитуваме ќе си помагаме пак ама претерано го пикаат носот секаде. Имаат нереални очекувања и тоа е факт. Не сакам да го замарам вереникот секој ден со едно исто, се трудам што можам сама да си решам. Плус тие го знаат каков е, чим им пререче нешто мислат дека се од мене иде. Затоа ги земав работите во свои раце и отворено им кажувам што ми пречи, макар се лутеле или не. Мислев дека со свервата ќе имам некое разбирање ама сум грешела. Таа на некој начин прави поделби и проблеми. Ако го дале спратот не мора низ нос да ни го вадат сега. Уште кога ја правеле куќата тој спрат бил планирал за вереникот затоа и тој кога се вработил си го средувал. А сестра му се лигави цело време и ништо повеќе. И кажав отворено на свекрва ми, не е мала и јас од 18 години работам ако сака факултет а со свекорот не можете да и приуштите нека поработи некој месец нека заштеди, нормално дека ќе помагаме сите. И одма ја обрна тактиката ми вика дека така било ама не била сигурна дали пари ќе стасаат па и вереникот да давал. Отворено и кажав ние спрат средуваме и од нас не очекувајте сега за сега ништо. Зошто јас уште кога дојдов свекрвата ми кажа дека пари немала, сами да сме си го средувале спратот. А се запна за свадба сакала нејзините деца свадба да прават зошто таа немала, претпоставувам и тоа ќе беше од наши пари таа само за да се фали пред народ. Што се однесува на списокот тој не го ни погледна, јас пред очи му го скинав и кажав не може знаат каде е продавницата нека си пазарат. Тој не им попушта ама тие никако да се откажат од навиките што ги имале порано. Не верувам да им е намерата да ме избркаат, тие се многу поврзани со него и љубоморни се мислат дека јас го украдов тоа е целиот проблем. Сега за сега нема ништо ново, нека стојат работите малку во место да видам понатаму како ќе се одвива. И не зборам ништо ако ситуацијата не се реши тивко ќе си заминам.
Да, Анастасија не им е по ќеиф оти е бунтовна. Секоја една која е со сличен карактер и барања (кои се сосема оправдани), нема да им е по ќеиф. Ако се најде некоја без уста, ништо што не видела, да клима со глава, дечиња да роди и да игра по свирката на мама и ќере, е тогаш да видиш живот што ти е. Немало да им стигнуваат парите за факултет свекорот што ги праќа...колку она планира да троши на факултет, 1000е месечно? На мајка и дома сама жена колку ќе и требаат, уште 1000е? Слабо математика, оти така им одговара.
@anastasija18, јас ќе бидам лошата, за твое добро. Многу ми беше чудна целава ситуација што ја пишуваш, и ти ги прочепкав мислењата. После мислењето од 4 мај оваа година, јасно е што се случува. Се надевам дека си свесна дека си правиш само полошо и дека еден затвор го заменуваш со друг. Срцето ми се скрши кога те читав на темата која ја имаш отворено и навистина се надевам дека ќе си ја најдеш среќата. Меѓутоа, мулево не е принцот на бел коњ кој доаѓа да те спаси. Ќе си земам слобода да искоментирам дека врската ви е ептен прекратка за сериозна одлука како веридба и брак. Реално, вие уште не познавате доволно за да знаете дали воопшто сте компатибилни за врска, а не па да збориме за брак и основање семејство. Вистина, твој живот, твои одлуки ама ако мислиш дека бракот е магичното решение кои ќе ти ги реши сите проблеми, верувај, многу, многу ќе згрешиш. Мој совет? Оди си од таа куќа. И од куќата на татко ти, како знаеш и умееш. А ако навистина го сакаш момакот, и тој не само средство да си одиш од дома, продолжи ја врската и види каде ќе ве однесе.
Абе што.ќе беше ова упм... како си дозволуваат вакво нешто... значи страшно. Анастасија те читав и претходно и многу ми е жал за ситуацијата во која се наоѓаш... имав другарка.која избега од нејзините (слично како кај тебе) и мислеше со брак ќе се среди ама.уште полошо коси корне со свекрвата и золвата а маж и не е баш некако заинтересиран да ја одбрани (сама е крива го знаеше макс 5 месеци само) . Секој ден се разочаруваше поише и поише и на крај роди.дете мислеше ќе се среди проблемот ама за жал се продлабочи од проблем во.проблем клопчето секој ден поише се замотуваше. И така од прекрасна девојка се претвори во зомби пропадна ужас и.кога ќе ја прашам зошто не си оди вика ова ми е казна за грешките и убедена е дека не вреди ништо (се тоа од притисокот од двете страни) Дај боже кај тебе да не биде ништо.од ова само сакав да ти доловам дека со бегањето нема да средиш ништо. Секој ден ќе ти.пререкуваат, како ќе одминува времето ќе бидеш под притисок и малку коа ќе почнат да се средуваат работите ќе ти текне што.ти правеле на почетокот и пак одново нервози... никогаш нема да се сменат ниту они ниту ти.. и да има подобрување тоа.би било чиста глума а така не се живее.
Па тоа го прави, се спасува. Во мај пишува како барала маж да му се ували и да избега од дома, во јули веќе кука за свекрвата. Профи си е Анастасија, за два месеца си најде муле што ќе ја издржува, спратот веќе си го смета за нејзин, кај и да е ќе ги елиминира и конкурентките (свекрвата и золвата).