1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Не не... Ако е така како што вели членката дека дошло до тепање и влечење на коса ЖЕНО ШТО БАРАШ СЕУШТЕ ТАМУ?! Јас да бев на твое место,круг на лево и правац дома.
    Во секој брак има кавги и несогласувања, но штом сте дошле до степен да се тепате, вреѓате и влечете нема ништо од тоа. Веќе ни ти го почитуваш, ни тој тебе, све отишло јабана. Некој кој те сака, почитува и барем малку мисли на тебе, 100% нема така да ти праи, ма колку сака нека е и нервозен и изреволтиран...
    Причината заради која сте дошле во ситуацијава е додатно дискутабилна...

    Е сеа зајакот лежи во причата дали ти од кога ќе си заминеш, ќе заминеш со мисла демек да му покажеш у моментот која си и после некое време пак да му се вратиш или да си заминеш навистина. Ако планираш пак да му се враќаш, боље не прај циркузи и седи си така.

    Инаку во целост те поддржувам, нема што некој да ми се меша околу дете, кога сакам и како сакам ќе си ја напраам крштевката !
     
    На La diabla, CameliaMiller, ArmaniCode и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Сега свекорот задоволен е?
    Убаво кажа ти, наместо со мерак да си спремате за свое дете, вие со тепачка.

    Штом маж ти кренал рака на тебе, нема што да се нарекува маж.
    Зошто пак се женел?
    Да си седел со мама и тато и нека си ги слушал :envy:

    Земи дете и оди кај твоите барем додека се среди ситуацијата, да не гледа детето такви сцени дома.
    Ќе му текне колки е саат ќе видиш!
     
    На La diabla, bibiiii, Mr. Right и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Оди си девојче земај дете и не се врти назад, ти ги исчитав мислењата. Врати се дома кај твоите застани на нозе, биди повторно старата ти, смеј се, дружи се излегувај, дај му се што досега неможеш на своето дете зошто само така ќе бидеш тука за него. Здрава, стабилна мајка на која ќе може да се потпре. Не дозволувај да ти го уништат животот, да те разболат и убијат. Маж ти не заслужува да се бориш за него те довел до тука, сврти нов лист остави го. На детето му требаш зошто утре ако те нема никој нема да го сака како тебе и да се грижи за него. Стави го тоа во глава. Се што правиш е за твоето дете. Издигни се над маж ти, над целата ситуација, биди силна направи чекор напред.
     
    На La diabla, CameliaMiller, Meckicja и 7 други им се допаѓа ова.
  4. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.381
    Пол:
    Женски
    Ако еднаш кренал рака, пак ќе го направи истото.
    Одма да го пријавиш во полиција. Треба да им кажеш на твоите што ти направил, ти за ништо не си крива и не треба да криеш.
    Маж ти има фрустрации што нема храброст да му пререче на татко му, па нашол врз тебе да крева рака.(facepalm)
    П.С. Прати му некој твој роднина, за да го воспита маж ти како да се однесува со жена.
     
    На bibiiii, Meckicja, ArmaniCode и 6 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Во полиција, пријава!
    Абе илијадници вакви примери има кои се непријавени. Уште постои таа култура на непријавување!
    Полицајците, посебно се нетолерантни кон домашно насилство.
    И кажи им на твоите. Родители ти се. Сигурна сум, и ти би сакала твоето дете да ти каже ако има мака и да побара помош од тебе.

    И оди си, без враќање. Нема: Ама се смени, се опамети. Ниту ќе се смени, ниту ќе се опамети.
    За насилство, толеранција 0 (нула) треба да имате!
     
    На bibiiii, chocolade, BabyStyle и 18 други им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Тепање.. кубење?
    Значи ситуацијава од мажот ти е сведена на тоа ниво?
    Немаш што да бараш у таа куќа жено се гледа дека не те сакаат таму се гледа однесувањето од авион и на свекорот а особено на маж ти
    Оди си оти имаш право да бидеш среќна а можеби и ќе бидеш ако направиш чекор не се давај
    Не заслужуваш вака
     
    На bibiiii, Mr. Right, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    И јас знам еден ваков случај за жал што од пијанството на таткото избега млада и се омажи ама сеа уште повеке ужас, јас предлагам некој ако сака да избега од родителите нека си створе нешто свое ако треба нека работи дено нокно нека си обезбеди сам покрив на главата после се друго само ке си дојде, има работа во странство нека работи нека заработи нека се осамостои.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како ви дозволил дете да направите :wasntme: Не ви рече он тогаш ќе правите?
    Каков свекор бе, он ќе кажува! Маж ти ако ќути, зборувај ти. И јас пред неколку години кажав овде дека ќе имам проблеми со свекорот и ете почнаа. За свадбата не се замеша во ништо, се додека не дојде денот. Тогаш од претходно договореното кој што како каде не испадна ништо, тој по негово си ја истера. Е ама, што рекле, памет за друг пат. Ќе даде господ деца ќе се родат, крштевки, родендени, обичен гостин ќе биде и ќе го имам цело време на око! Он ќе ми кажува бе кога да правам крштевка! Мм кога зборува, јас молчам. Ама он кога молчи јас зборувам бре! Разликата е во тоа што кога мм зборува не се лутат, а јас кога зборувам ауу многу е навреден. Да навредува и да провоцира ок е, јас да навредам или да испровоцирам еден месец муабет не ми прави. Е тогаш раат сум. Пушти глас бе жено. Спротивстави се. Снаата секако не чини, вака барем искажи се, не собирај во себе оти убаво ти кажаа на детето му треба стабилна и цврста мајка. Не дозволувај детето да расте во таква средина каде дедо е шефот, а тато безгласна буква. Во каков човек ќе порасне тоа дете, ако ти не се бориш да расте во нормална и здрава средина?
     
    На Milobebence, Paka, ArmaniCode и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.233
    Допаѓања:
    124.356
    Комшијата ја тепаше жена му. Она ќутеше, се додека не почна да тепа и по децата. И ќерка му се јави у полиција, дојдоа, го земаа и му дадоа забрана да и се приближи 30 дена на 50 метри на жена му. Она дома, со ќерките, он спиеше по другари, на улица, кај ќе најде... сеа е бајче.
     
    На Mr. Right, CameliaMiller, Mari-Ja и 4 други им се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Проблеми со свекрва колку сакаш.
    Јас и враќам, покусо не сум.
    Од кога се породив е неподносливо, вчера пукнав, се развикав.
    Доаѓа на 1ч.носи внуки од сестра и без да каже. Кажува дека доаѓа сама, па уште и ме испрашува како што како на испит. Па уште и си констатира дека 1 месечно бебе сме го научиле во раце, а креветот за украс ни бил.
    Абе вријам...
     
    На marlonbrando69, kukla21, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Aneta92

    Aneta92 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.808
    Пол:
    Женски
    Ааа ќе имаш такви коментари. Исто и кај мене , креветче убаво сме имале он со нас спиел , и ај еднаш рече , ај два пати и третиот пат и викам а добро тебе што ти смета тоа , секако со тебе не спие и толку беше. Не зборувам само за свекрва и со мајка истиот муабет , демек нас ни сметал мене и на мм и викам јас ти ич не се секирај за нас.
     
    На CameliaMiller, Mari-Ja, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Ама лесно е да дојде на 30 минути во денот и да носи заклучоци.
    Како да не го кренам во раце кога плаче и се грчи.
    И на што личи да ми носи деца дома? Па чиви сака нека се, а да не каже. А кажува дека иде сама.
    Срамота.
     
    На CameliaMiller, Abc07 и Aneta92 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кажи и' го ова нејзе.
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    И го кажав, освен за детето, грев ми беше - се радуваше за бебето.
    Ме држи нервозава од вчера.
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.776
    Допаѓања:
    8.785
    Пол:
    Женски
    Ехх, на оваа тема ќе магистрирам, се вракам од пораѓај со бебе, ај она ако дошла, мерак нели, ама да си понесеш гости и ручек со себе за цел ден, а снаата пред пола саат стапнала дома со бебе. Ова е само ситница од сите нејзини сра*а.
     
    Последна измена: 12 септември 2018
    На CameliaMiller, Abc07, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    91.673
    Пол:
    Женски
    Ај што забегала свекрва ти забегала ама кај им бил паметот на гостиве брее луѓе без осет.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Пак мажите не ви ги разбирам. Јас да дојдам дома од болница тазе породена а некој да дојде на поседок ќеиф да си тера, ќе треба само еден ишарет да дадам и "ќе ги имат снемано" во секунда. Маж ми ни во лудило не би дозволил да ме малтретира кој стигне. Кога доаѓав од болница со децата, он на сите уште од врата им викаше дојдете, видете ги и ајт. Ако треба нешто, ќе се слушаме. Нема потреба од малтретирање во најранливите моменти. Ако свекрвите и остала фамилија немаат осет, не значи дека таткото треба да го поддржи тоа. Исто, не разбирам зошто им ќутите. Ако нив не им е жал за моето дете и мојата удобност после пороѓај, мене ич нема да ми биде жал/срам/незгодно да им кажам дека ова не е зоолошка да се тркала кој стигне кога ќе му ќефне.
     
    На Feminka22, CameliaMiller, Mari-Ja и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Лесно е вака да пишуваш кога имаш саглам маж, а што да правиме ние што немаме. Мојот така да рече на мајка, брат, снаа, внуците од брат ма нема теорија,попрво на мене ќе ми рече него на нив. Еве доаѓам од болница со бебе, рана загноена од царски, неспиена 5 дена. Сите се довлечкаа да видат бебе се изнаправија муабети се најадоа и отидоа. Вечерта звони некој на врата, оо госпоѓа свекрва со торба ќе седела неколку дена, ни да каже ќе дојдам апа за прашување нема шанси. По некој ден маж ми го довлечка и внукот од брат да седел кај нас сакал му било мерак, му викам абе како така прво кнап е за спиење, второ јас нервозна ненаспана неможам никој да трпам. Он нема гајле вика ќе седи, а свеќи убав на баба браво што дошол кај чичко му многу го сакал и по некој ден кога сакаше детето да си оди му вика немој поседи уште малку заедно ќе си одиме. Еј првите денови во нервоза ги поминав. Дојде другарка да ме види и вика што бара бре детевокај тебе? Викам маж ми го донесе а сега баба му не го пушта да си оди, и она на свеки и вика тазе породена и треба мир а не галама. Оваа ја гледа бледо и гајле нема не и текнува или па и е гајле итн. Така да маж од таков вид е дефицитарен, ете тебе ти се погодило така или пак ти знаеш да се наметнеш и да поставиш граници.Во секој случај кај него ти си во предност кај другите, кај мене е обратно сите се во предност освен јас.
     
    На Skorpija25 и Milobebence им се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Жал ми е, ама стварно! Јас знам дека ако не сум во предност нема да сме заедно, тоа сигурно. Пробај да смениш тактика, да разговарате отворено. Да сфати со кого дели постела, биди најотворена на светот.
     
    На CameliaMiller, Skorpija25 и Milobebence им се допаѓа ова.
  20. Bojana 123

    Bojana 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Џабе душо, не еднаш сто пати сум пробала, не бива. Пред мама, тате и бате он е нем, не може ништо да каже само може да им угоди. Тоа е.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.