Кој е мостра? Таа која се си кажа као што е реално или свекрвата која веројатно знае дека бракот е само од интерес, дека нејзиниот син ништо не добива туку губи. Сега видов што и како се произнела на форумов ... мислам дека Мис Хел е во тежок некој филм. На тие години да не мисли со своја глава и да влета во нешто кое е серизно животно прашање, воопшто не ја исполнува едино може само финансиите ... Не можам да сфатам!? Ок, денес ништо чудно, вакви бракови се повеќе има. Само не ми е јасно како можат со глава у ѕид да одат свесно за се, па уште да наоѓаат други кривци за нивната "тешка" ситуација. Мис Хел девојко, свекрва ти си го заштитува синот и своето богатство, оправдано знаејќи како сте се споиле ти и нејзиниот син и што ќе значи вашиот брак ... ти свесно знаеш дека си направила голем погрешен чекор во животот и свесно знаеш дека овој не е тој кој го сакаш и би го сакала за цел живот. Така да ај стави прст на глава и размисли кој е тука кривец или змија?? Колку и да е мајка ти амбициозна и сака добро да те омажи по секоја цена, ти не си глупа ни ти си мала за да можеш да застанеш на свои нозе и да и се спротивставиш ако навистина сакаш. Искрено најмногу го жалам вереникот, тој е единственото жртвено јагне.
Ти немаш птоблем со свекрава ти туку со маж ти! Типично мамино синче, како што ќе каже мама Како прво маж ти ако сакал мир во куќата со кој памет ти го пренел ова толку навредувачко нешто? Тој не треба да и дозволи да ви се меша и да зборува за тебе,а камо ли да ти пренесува такви навредувачки рабпти. Мој совет ти е не се многу замарај со сцекрвати сфати си ја како да е ретардирана ( што по тоа што го имаш пишано и така изгледа ) и ништо не си земај при срце. Кога ќе ти рече на пример од кај си ја купила оваа блуза ич не е убава ти одговори и : Кажи ич не е убава како циганска е ама шо да правам морам да ја носам син ти ми ја бираша, нему му се допаѓала.
И јас мислам дека немаш проблем со свекрвати туку со идниот ти маж.Како можи да ти иди на гости и да ти чепка во плакар....што не и го затвориш пред нос па да види кај и е местото?Како можи и дечко ти да ти пренесува такви работи по мене (простачки) ова го имам слушнато два пати до сега во животов....Вујната моја и таа се занимаваше со вакви ниски коментари....демек снаата била дебела тешко ќе забременела.....бог да чува ама за тоа брадучед ми на МУТЕ му беше ставена.....си ја зде таа што си ја сакаше за него беше слаба сега си имаат две дечиња а мојата вујна по потреба ги чува ....Значи не е ништо страшно ако ја имаш вистинската подршка...мислам дека занеш од кого
Девојко... кога не знаеш ништо подобро молчи си.. мене ме исполнуваат финансиите??? Да, секако.. сверкавата не знае ама баш ништо.. и ако дознае тоа е во моја корист. Јас не сум со него бидејќи јас сакам, тоа е прво, јас сум со него бидејќи мајка ми така сака. И ПО НЕ ЗНАМ КОЈ ПАТ ЌЕ ПОВТОРАМ... КОГА СЕ СЛУЧУВАШЕ ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО МОЈОТ ЖИВОТ.. И КОГА МОЈОТ ЖИВОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕКОЛ ЈАС НЕМАВ ДРУГ ИЗЛЕЗ... НЕМАВ РЕШЕНИЕ.. ОСТАНАВ САМА БЕЗ НИКОЈ ОКОЛУ МЕНЕ... ТИ ДЕВОЈКО НЕ ЗНАЕШ КАКО Е КОГА ЗА ПОМАЛКУ ОД 24 ЧАСА ЖИВОТОТ ЌЕ ТИ СЕ СВРТИ ЗА 360 СТЕПЕНИ И ЌЕ ОСТАНИШ САМА!!! Нејсе, нејзиното понашање не е нормално.. и тоа нема врска со понашањето мое кон нејзиниот син.. бидејќи јас со него не се понашам ко кучка.. се понашам со него како со најдобар пријател.. во ниту еден момент, не сум го излажала за било што или сум го повредила. Фактот што тој знае што јас чувствувам за него.. не ме прави мене НЕКОЈА КОЈА ТРЧА ПО ПАРИ И ЈА ИНТЕРЕСИРААТ ФИНАНСИИ туку тој самиот беше и е свесен во што се в пушта. А понашањето на мајка му.. нема врска со тоа што ми се случувало мене и со тоа зошто сме ние заедно.. и како јас се понашам со него.. има работи што не се кажуваат секому. Затоа ако можеш да ми помогнеш помогни.. ако не можеш ќути си. Јас на мајка му не и имам речено ниту еден збор попреку.. ја почитувам и ја условувам со ВИЕ.. ама нејзе ништо не и дава на право да се понаша така со мене...
ма што се замараш бе јас не знам......кога ќе ти иде на гости види ако е таа и не и отворај не знам што и маваш црти на нејзиниот прост мозок?......па биди си ти каква сакаш да бидиш а не како она што сака....а на тој твој иден маж....кажи му до кај ти е границата и не му попустај мн мн....
Не се однесувам ладно и незаинтересирано.. се однесувам нормално и пријателски... Тоа што некој ми ја скорил судбината значи дека морам да трпам газење и понижување цел мој живот?? Брак од интерес.. само за мајка ми не и за неговите.. бидејќи тие не знаат ништо... не знаат зашто никој не им кажал...
Дали си од сопствени или од причините на мајка ти, ти со овој човек не е битно. Битно е дека ти не го сакаш и си со него заради парите, дали тебе ти биле битни или на мајка ти, ти си со него заради парите(директно или индиректно). Мислам за една 29год. девојка (ако имаш толку) овде пишуваш ко залетана тинејџерка, па мајке му, ако до сеа не успеа да се осамостоиш за да си одбереш сама човек за себе и да и се спротивставиш на мајка ти...незнам што да ти кажам. Таа жена што тебе ти смета и те навредува и понижува е мајка и таа, за разлика од твојата мајка, има поинаква замисла за среќата на своето дете. Таа знае дека нејзиниот син нема да биде среќен со тебе и без разлика ти дали ќе и се обраќаш со Вие или со краво, нејзе ќе и е сеедно. И златна да си, кога ти нејзиниот син го МРАЗИШ, таа тебе нема да те сака. Поинаков однос, жалам, ама неможеш ниту да очекуваш нити пак ќе добиеш. И да...тој изгледа исто има сомнежи за тебе, штом дозволува така мајка му да се однесува со тебе. Доказ плус е поместување на свадбата. Очигледно му треба уште малце време да размисли за сето ова...не би ме чудело поинаку да излезат работите на крај. Не биди зависна од никого и застани на свои нозе. Не е ни битно на крај краева, ако никогаш не се омажиш, барем ќе бидеш среќа и горда на себе и нема да дозволиш некој да те гази заради туѓите одлуки за твојот живот.
miss hell ti si edna sebicna licnost koja gi gleda samo svoite interesi,gi zalam i verenikot i svekrvati so takva osoba vo nivniot zivot ko sto si ti,a i ciato sumnjam deka brakot ke ti uspee moze da trae nesto kratko dodeka verenikot t.e. soprugot ne se totalno rasvesti.a toa sto samo molci e znak deka poleka gleda so kogo se spletkal....
MissHell, те читав уште откако почна да пишуваш на форумов. Твоите постови зрачат со омраза, гнев и исфрустрираност. Сфаќам дека тоа потекнува од фактот што твоите (конкретно мајка ти) не ти дозволуваат да бидеш со оној со кој навистина сакаш да бидеш, а те присилуваат да се омажиш од интерес. Не си малолетна, впрочем имаш 29 години, и никој, ама баш никој не може да ти наредува, можеш да правиш што сакаш, ама буквално. Не ми е јасно, зошто си со човек кој не го сакаш, зошто воопшто ќе се омажиш за него - само ќе се унесреќиш и ти, а и него го чека истото. Подобро раскини ја свршувачката и кажи им на твоите дека не сакаш да се омажиш, а ако ти се закануваат дека, доколку не ги послушаш, ќе те лишат од наследство или што знам што, зошто не си заминеш? Доволно си возрасна, свесна за своите одлуки, можеш да бидеш независна. Ќе си најдеш работа, ќе живееш сама, ќе си го тераш животот. Еден е, каков таков, секој има право на свои одлуки и избори, така и ти. Ама ако се плашиш да бидеш независна, тогаш - со среќа понатаму.
Она се плаши да не остане сама, дека ги изгубила сите другарки, и сега ајде ќе го мачи и вереникот. Ќе ти пишував и во другата тема, каде што го раскажа твојот случај и тоа дека си го сретнала бившиот на улица и тој не ти рекол ништо и ти тоа си го сфатила како знак дека не си му веќе битна, а дали си се запрашала како му е нему, кога слуша дека ти спремаш свадба и неколку години живееш со друг, сигурно си вели дека конечно мајка ти успеала во нејзината желба. Јас би му напишала едно долго писмо за тоа како се осеќам, како сум се осеќала сите овие години, и дека уште го сакаш и твојот број, и знаеш каде поминува, кога ќе се разминете само стави му го во рака и готово (ова го имам правено со една другарка со која се скаравме и ми успеа, ми се јави со плачење затоа што од напишаното се гледа колку ти е тешко и како се чувствуваш.) А вереникот го измачуваш, те читав на почетокот ви било супер и секс и се, епа и он е душа ти може се однесуваш со него коректно ама на човек се му се гледа во очите, а сигурна сум дека во твоите има омраза кон се, па и кон него затоа што на нејзиното место не е некој друг, нормално дека ќе му се смачи таа твоја нељубов Ако евентуално не можеш да си со тој што го сакаш биди искрена пред самата себе, биди доблесна и прекини ја оваа фарса- мајка ти можела да ти се меша на 22-23, ама на 29, кога си имаш свои приходи од платата, тоа ќе и оди малку потешко. Пресели се ти, или нека си оди тој и готово. Пријателите со тек на време ќе ги вратиш, ако биле вистински, ако не ќе стекнеш нови, доволно е да им предложиш на колегите да пиете кафе и со тек на време да ви прејде во некаков ритуал и да го продлабочите тоа дружење. Време е да се соочиш со светот, доста се криеше зад постапките на мајка ти! Лоши се да, ама ти си веќе возрасна и силна и треба да и се спротиставиш!
Miss Hell:Се запрепастив од ова што го прочитав,немам намера да те кудам или осудувам тоа е твој живот но запамти дека е еден и дека парите не се ништо во споредба со љубовта.Факт е без пари не се живее,а пак без љубов воопшто.Дали размислуваш дека тој човек когаш тогаш ќе почуствува дека нема искра меѓу вас и штом има пари те остави дали размислуваш што понатаму?секогаш нема да бидеш млада ниту убава.Незнам меѓутоа брак поради пари тоа се нарекува ПРОДАВАЊЕ НА САМАТА СЕБЕ.Размисли страшно е да си го уништиш животот.Навистина ме запрепасти со своето сфаќање,како и да е твој е животот но така да го живееш тоа е мизерија бидејќи ти никогаш нема да ги имаш неговите пари тоа не се твои.
Многу се извинувам ако сакате избришете го моето мислење ама секаш кога сакам да се смеам ве читам. Како мали деца да се расправаат. Стварно мислам свекрва е свекрва, ама многу ми се смешни случките. Зошто тоа си го облекла, па мајката повеќе ја почитува од мене и зошто не си ги мие пајнците абе лудници Се знае решение одделно да си живеете ако сте во можност, јас ако се мажам некогаш нема да си дозволам ни една кавга со свекрвата. Иначе не сакам да навредам никого, примерите не се упатени кон никого.
Оваа реченица НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ НИ ЕДНА КАВГА СО СВЕКРВАТА ако се омажам,верувај беше моја арно ама кога ќе се омажиш се е поинаку биди ми поздравена
Miss Hell,Сега ги прочитав твоите мислења. Мој совет ти е да бегаш.Подалеку и од мајка ти и од семејството каде треба да се мажиш.Сега ти се случуваат вакви работи,се наоѓаш во пекол,а после кога ќе се венчате и деца кога ќе добиете во кој круг од пеколот ќе бидеш,а? Не му ја мисли.Здрава,млада со работа и со цела иднина пред себе,не си го осудувај животот на пропаст.Без пари не можеш,но без љубов,разбирање и поддршка,каде?! Доволно си возрасна да ги преземеш работите во свои раце,но само ако сакаш. Сруши ги мостовите зад себе,и почни да градиш нови. Со среќа.
^^^ Фино што те забавува оваа тема, само да знаеш дека сите сме биле девојки со став и мислење како твоето, дека сме совесни и цивилизирани и нема да се најдеме во ситуација да се расправаме со свекрви, ноооооо...живи били па видели, не е исклучено некој ден, некој да ти се смее тебе, али моментално уживаj и смеј се, ти се може...
Со сопствената мајка ќе се испокараш, ќе се направиш парче, не па со некоја туѓа. Туку женички драги, вие што сте во брак (па и останатите што не сме), кажете како им се обраќате на родителите од партнерот/мажот, и уште поважно - како тој им се обраќа на вашите родители? Ние уште незаживеани што се вика заедно, не можеме да се разбереме. Мислим збиља. Кога си правиме муабет, сакам некогаш да им се обратам, а не секогаш погледнуваат во мој правец. За среќа, мајката на мојот дечко одамна си кажала дека не сака никој да ја вика - мамо. Сега остануваат варијантите - тетко та-на-на, или само тетко или само по името? Зошто луѓето не се изјаснуваат докрај по прашањево? Ќе пратам ливче со а, бе и це и ќе напишам - заокружи па врати. Татко ми се изјасни дека сака да го викаат по име. Од друга страна, неочекувано, мајка ми се постави мошне глупаво во однос на ова. Не сакала да ја викаат баба (како што е обичајот нели, ако веќе се тера она старинското), она не била баба молим ти се, ниту тетка - оти, не му била тетка, види богати. - Па како сакаш? - Па мама. Мислам човече. Сега за инат цела недела ја викаме со татко ми - бабо, по дома.
Јас до ден денешен одам им се залепувам за фаца па тогаш прашувам тоа што сакам...тетко ми е глупо, мамо тато не можам, пробав, се гушам буквално...па така остана овој идиотски начин Ми се случило да треба да подвикнам од далеку, па како будала одам до нив и прашувам, а како би им викнала? Тоа е, шта чеш Едит-тој моите си ги вика бабо и дедо а тие се топат-нивната љубов е чиста
Навистина дечки Не ја напаѓајте одма девојкава се искажа на форум,сподели проблем и побара мислење,а вие одма со куршуми ако ве нервира не пишете и крај Срцка јака ти душа со свекрвати мораш под хитно да разговараш со маж ти и нека те одбрани,што си му ти
И мене ми е ептен глупо и застарено тоа мамо - тато/бабо - дедо. Абе ако си ги викал пред да се омажите така продолжете си оти ако не е така по цел ден ќе чекаш да те погледнат за да и се обратиш, да праша нешто Абе си има и такви и ќе кажам приости жени кои сакаат да ги вика снаата мамо демек со тоа покажувала почит спрема нив, а и спрема сопругот абе живи глупост. Фала Богу ако не друго барем си знам дека тој проблем ќе го немам јас уште сега си се имам изјаснато пред дечко ми од мене мамо тато да не очекуваат
Јас ги викам МАМО иТАТО бидејќи мојата баба ми остави аманет демек многу ќе ме сакале нема врска како и да е продолжив да ѓи викам несакам да го повредам мажот ми