А не сфаќам зашто бабите и дедовците мора да купуваат нешто?Ај да кажете да ви се подалечни роднини еднаш да ги гледате во година океј ќе сфатам,од култура.Ама баба и дедо се не е битно од чија страна. Мене бабите и дедовците како мала не знам дали ми купувале нешто и не ме ни интересира.Баба ми и дедо ми што живеат под нас пример само за роденден или Велигден,Божиќ,Бадник ќе ми дадат некој денар, а тато им ги плаќа сите сметки.Па не ми е гајле.И на братучедите што исто ретко ги гледаат исто за истите прилики им даваат пари или чоколадо. Другата баба што ја гледам само за родендени или имендени исто само за роденден ќе ми даде пари или чоколадо. Јас не ни сакам да ми даваат нешто.Си имам мајка и татко здрави, живи работоспособни неќам друг да ми купува ништо едноставно. Ако купува свеки зашто купува ако не купува зашто не купува.Ако готви и помага смета ако не помага исто смета. Ни на вас не ви се наоѓа крајот.Кога стварате брак тоа е меѓу ВАС И МАЖОТ ВИ.Не се уклучени и вашите родители у бракот не знам што очекувате?Двете тетки имаат израснато деца од по 20 год, без помош на свекрвите па еве ги братучедиве живи и здрави немаат фалинки.Колку можат да си дозволат толку им даваат.Ни помалку ни повеќе.
Темата не е кој колку плата зема, да не забегуваме за да не не бришат. Тоа со странство јас го спомнав во друг контекст, во смисла дека оние кои се заминати во странство сами си гледаат деца и си извршуваат обврски без помош од мајки и свекрви. Инаку и нашите родители не се вечни, треба да размислиме дека ако нам ни се мали платите на нив нели им се? Не за џабе рекле сит на гладен не верува. Кога веќе израснале и школувале, одомиле деца нели треба да размислиме дека можеби и тие сакаат да здивнат малку. Океј е, пари не стигнуваат ама немаат ли тие свои потреби да си купат нешто ново, да излезат на вечера, да отидат на викенд некаде? Зошто мислиш дека се должни цел живот нас да не оправаат и помагаат. Убаво е ако имаат вишок да дадат и помогнат, помошта е секогаш добредојдена ама во никој случај тоа не им е обврска на нив или должност. Не е убаво да бидеме себични. Ако сме се омажиле, сме станале мајки па не се врти цел свет околу нас дека сите треба да не тинтрат и да ни помагаат. Освен тоа јас ако се мажам се мажам со сопругот не со цел негова фамилија. И нормално тој е тој што треба да ме подржи и да ми помага, не неговите или моите.
Многу брачни парови немаат за одење на вечера, одење на викенди... Малку наопаку е децата да ти немаат за побитни работи, а ти да одиш на викенди.
Цело време јадеш, а кога си отишла на ручек кај нив не си била гладна? Извини, ама од култура треба да пробаш од јадењето колку и да не си гладна.
Bravo na odgovorot se si e na mesto od zbor do zbor. Steta sto seuste ima sto ne go delat istovo mislenje.
Не се чудете какви ги има. Ги има секакви свекрви. Да немав осетено можда ќе мислев и ја како вас. Еве свекрва ми спрема двајцата синови се однесува како да не се нејзини. И никад не сум побарала од нејзе, да се разбереме, нема ни да побарам. Само се чудам на првородено внуче да не сака ништо да даде, без разлика на вредноста. Можеме до бескрај да се натегаме што е правилно, морално, како треба или не кој да даде. Ама од комшиката добив повеќе(100 денари) , па и она не мора да ми даде. Јас од друг аспект го зборев тоа. Пак ќе кажам, за меракот е. А мерак пари не гледа.
Според мене апсолутно не се должни ни едните,ни другите некого да издржуваат или да помагаат финансиски или сл. Штом ќе си основа секој свое семејство си ја превзема одговорноста на себе и се снаоѓа како знае. Ако приметат дека навистина ви треба помош,финансиска или друго,а се во можност,зошто да не помогнат. Ама НЕ се должни. Не можете од една страна да зборувате против заедница и како е поубаво да си сам и да не ти се меша никој,ама пари кога ќе затреба може да дадат. Родителите за жал не се вечни,па што порано се навикнете да бидете самостојни и сами да се снаоѓате во животот полесно ќе ви биде.
Извини, но по тоа што го имаш напишано јас гледам само најдобронамерна постапка и мајчинска грижа од страна на твојата свекрва. Можеби го доживуваш како индиректен напад или критика, но од страна воопшто не изгледа така. Едноставно жената се грижи за тебе и не и' е сеедно дали си јадела или не. Не гледам ништо лошо во тоа што рекла да каснеш кај мајка ти, за твое добро и за добро на бебчето.
Изгледа не се изразив убаво или не ме разбравте, воопшто не беше кажано како добронамерна забелешка, тонот на гладот ја издаде. Повеќе беше како замерка, ти тука намерно не јадеше за да одиш таму да јадеш. Како и да е...
E требало атер да и сториш макар да си штипнела едно залче Па и стварно така делува од страна Не јадам тука за кај мајка ке се чувам Јас да сум свекрва би се навредила Извини ама искрена сум неможам лице да правам
Тргнувам од себе. Ако имам повеќе отколку ќерка ми, ќе поамагам, оти ми е ќерка и оти нема да пукнам јас ако си скратам задоволство, а таа да не може сметки да покрие. Сега, финансиски не зависиме, ни од едните, ни од другите... Ама сме зависеле. Првите 2-3 години, со многу малку пари живеевме. И да не беше нивната помош, ќе немавме за секојдневни потреби.
Ма луѓе бре, не ви се должни родителите мажени, женети да ве финансираат. Па што ако сте им деца? Дали нивниот живот се врти околу вашиот? Дали вашиот живот се врти околу децата? Не и не треба. Ќе го родиш, ќе го исчуваш, ако сакаш и имаш ќе му обезбедиш нешто за почеток и ќао рагаци. Знам каква ни е ситуацијата во државава, ама да чекаш на мајка и свекрва е неодговорно. И да, зошто треба мојте да не појдат на вечера за да ми дадат за пелени? Нивното си го завршиле, за мојте деца јас ќе се секирам. Цел живот треба да се секираат за мене? За сметките мои и моите потреби треба да си мислам ја, не мајка ми, татко ми, брат ми, сестра ми, или пак неговите. Ја се водам по една девиза, кој ме финансира, тој ме команда.
Јас мислам дека таа помош , после антеградно и нас не оптоварува. Јас стално велев во мк- еве моите ми купија стан, ми дадоа пари за кола, треба сега и јас на керка ми. И затоа инсистирав станот да остане на име на мајка ми. И на брат ми станот е на нејзино име, ако не смениле нешто. Фала им што живеев таму. Свекрва ми немаат толку, ама фала и за цела помош кон нас. Од друг град идеше за дете да ни чува кога е болно. Се пресели кај нас малата бебе кога беше за да ни помогне. Ние ја побаравме. Фала и и довек ќе и должам за тоа, иако таа вели не, не, мое внуче е , кому да помогнам ако не вас. Ама ценам. Ако не цениш ни палата не ти е доста. Ама најубаво е свое. Свој на своето.
Ти благодарам на искреноста, немам проблем со тоа. Имам проблем со правење атер, сега е еден залак утре ќе биде име на бебе итн. Не правам компромиси за никој. Кога на некој неколку пати ќе му кажам не сум гладна очекувам тоа да го разбере, а не да ми се понаша и да вади секакви бесмислени заклучоци. Никогаш за ништо не сум ја навредила нит сум и зарекла, до крај ја поштувам ама тука премина граница.
Затоа што јас така мислам. Ни моите, ни неговите правеа проблем за тоа што не помагаа првите 2-3години. Сами нудеа, не им баравме. Исто и јас би постапила.
Ја само добронамерно ти укажав како изгледа од страна Ај пр вака ја каниш на ручек иде она ама не јаде а после тоа ке оде на ручек и кај јатрва ти Шо ке по ислиш ти? Може те мават хоемони и ти узгледа страшно ама не си стварај нервози непотребно воопшто не е така
Од една страна се сака независност во кој никој не сака нели да им се меша во бракот а оддруга страна требало вечно некој нив да им помага. Типично балканско размислување каде родителот секогаш треба да биде жртвата за доброто на детето. Прво се грижиш за детето а потоа и за детето кое патем станало маж/жена па плус и за внуците и цел живот не смееш да имаш свои потреби, свој живот. и така се во круг кој апсолутно никој не ужива во животот туку само преживува. Секогаш се потенцира само за љубовта на родителите кон децата и внуците а обратно? Сте размислиле ли дека родителите имаат право да уживаат воживотот? Должност е на родителите да ве истераат на прав пат, да ве школуваат а потоа самите за себе да си се грижите оставете ги малку да видат и они убавина во животот а не само жртви да бидат. дали и вие сте направиле се за вашитте деца да имаат подобар живот. Познавам многу родители кои пушат а велат дека немаат доволно пари за децата. каде е тука жртвата на родителите, Мајка ми рано остана без нејзиниот маж мојот татко, не изгледа 3 деца, на секој му овозможиу да студира а кој колку му се учеше толку и си заврши. Јас многу го почитувам тоа и сакам сега таа да си гоодживее колку може подобро барем малку на старост да си поужива и не мислам дека е сеуште должна нас да ни помага. Или да се чувствува виновна ако таа отиде некаде на викенд или еднондневна со пензионерите а ние си седиме дома. И да ако сака ќе даде ако не нека си ужива.
Во претходниот пост ти реков да си се насмееш и да не обрнуваш внимание, ама по ова што сега го прочитав можам да кажам дека претеруваш. Си можела од култура да замезиш барем нешто. Па јас на слава ќе отидам кај пријател и колку и да сум јадена од дома, ќе земам нешто од култура,а не да терам инаети.Плус си знаела дека ќе одите на ручек, така? И како споредуваш јадење кај свекрвата со името на детето? Значи имало и снаи што се безобразни, не се само свекрвите.
Јас да викнам некој на ручек, а тој да не проба, не само што ќе се навредам туку не го ни викам следен пат. Мислам, крајно безобразно е да одиш на ручек кај некој и да не јадеш, а тој да спремал и да готвел за тебе. Зошто да му ствараш непотребни трошоци на некој?
Ууу ама знаете да ги свртите работите наопаку за вие да излезете во право, хахаха. Не, не отидовме на ручек никаде на кажав такво нешто. Ама добро, ќе завршам тука со дискусијата, поарно нека заврши вака, јас да бидам безобразната.