Ова е одлика на сите баби И мајка ми, и свекрва ми вака се однесуваа/т.. ама мене пак тоа не ми смета.
Да, го сфаќам и тоа. Мислиш само они се баби. Ама се прејдува границата со грабање од раце на секој што ќе ја фати малава. Но, ај шо викаш и тоа не смета толку, саат два ќе издржам. Ама ова досаѓањево, па дали јадело серело, мочало спиело итн итн... У секоја манџа бибер, а тек да живеев со неа уште??? Него сега друго е маката, детево ќе иде у градинка, па не сака да каже ама сака изгледа максимално да искористи дур е уште дома. Ќе го славам денот кога ќе тргне жими се....
Свекрва ми ја грабаше од раце... Дури и на крштевката таа ја држеше во раце 90% од времето... Додуша, фатена бев во кичмата тогаш... па нека ја држи ако сака.. Буквално, како што го покажуваа Симба на 'Кралот лав', така оваа ја 'покажуваше' ќерка ми ... ја дигаше нагоре, дури играше оро Уат а спектикл
Аааа не, за крштевка и нагласив, за кумата и детето е. Да не претерувам ама ок беше Ете на свадба ја мкнеше, ама тешко билооо трчала не застанувала. И да, спектакл, сите веќе ми зборат дека и приметиле однесување. Абе и без нив не ќе е интересно. Како ќе се нервираме?
@WildMk @Цвет88 убаво ти рече, не и отварај. Ко ќе ти се најави, смисли изговор - не си дома и чао! Од една страна супер што има кој да седи со бебе, така ти имаш поише време за ручек и за по дома ... А сеа у моментов ми текна: нели она иде кај тебе ко божем да ти помага - па ај она нека чисти и готви, ти седи со бебе, или шетај со бебе - и тоа е помош нели ?! Па да видиме дали ќе иде секој ден
А не никако, она само за бебе иде. Никако нешто друго. Како така ќе помогне... И мајка ми вика тоа, шо не земе да запегла. Ама нема кој детево да го гњави.
Сите баби мислам дека се опседнати со внуците . Секаде они први, се они знаат највеќе, пробуват да те испонижат суптилно онака без другите да приметат. Ако она носе елече мора и детето да носе, оти оно било како баба ладно му било . И сто пати да правеш муабет ништо нема да се смене Заборавив да пишам па и колку сакаат да прават работи зад грб на снаата. Ама битно пред синчето се цвеќиња, лизни мазни
ЈАс целосна слобода давам. Ака сака да шета, бујрум. Не едно, сите три нека ги носи. Ако сака да думка, пелена да смени, да рани...изволте . Прашува, коментира, дава мислења...ама не се ни замарам, Ако де, нека си каже, уста за зборење, никој со сила не ме тера да правам како што рекла. Ок и капата на страна.
Не се сите баби..мајката на мајка ми живее со тетка ми и нејзината фамилија.Како помала СЕКОГАШ мораше да ми потенцира како моите братучеди ќе успеат во животот како они учеле, како они СЕКОЈ ДЕН СЕ БАЊАЛЕ.Женооо... Сега во средно не сум ништо подолу од тоа они што беа иако сум побесна.А тоа фалење на нив се сведе татко ми да им бара работа и на двајцата да можат да почнат од нула.Ама татко ми НИКОГАШ не го потенцирал тоа.Затоа се пази кого се омаловажува, кругот се врти. Затоа таа жена никогаш нема да ја сакам онолку колку што ја сакам баба ми од страната на тато.Можда некогаш испаѓала не фер спрема мама АМА секогаш ме чувала, правела ручеци ме шетале со дедо ми.До 4то одделение трчаа во школо да ме носат и да ме зимаат.Ме носеле и по лекари.Можда не ми поклонувале ништо (материјалното не ми значи НИШТО) ама пак се труделе колку толку.
Јас ќе треба да ја избегнувам темава да не се потсеќам. Кога ќе заплачеше малата одма од раце ми ја земаше. Преку ноќ влагаше во соба и ми ја земаше од раце таа да ја смири. Кога ја држеше, а малата ќе заплачеше свеки и викаше не плачи нема да те земе мама.
Изгледа им фали да чуваат дете..можда детето ги потсеќа на нивниот син/ќерка како мали.Или пак сметаат дека имаат повеќе искуство од ,,новопечените” мајки.Не знам како другачје да го опишам ова
И како не да не те боли???? Си се ставаат у улога на мајка они. Уше у соба да ми влагаше. Си кажа мм и за тоа, нема плаче и трк... Али затоа дете плаче таа од страна суфлира. Ја не можам да ја смирам, таа ќе ја смирела.
Ни едно ни друго. Сакаат да ја понижат снаата и да бидат главни во животот на внучето, да бидат пред мајката што го родила. Убаво некој рече дека жена од жена страда. Она што е поболно е кога свекрвата го праве она на снаата кое што нејзе и го правела нејзината свекрва. Ќе доаѓа ќе цимоле и плаче, ама се да ти било глума.
Ние планираме долго патување во фебруар. Јас мм и двете големи. Малото ќе го оставиме. Првичниот план беше со мајка ми, со надеж да биде она тогаш тука, она да го чува. Кога вчера свекрва ми вика што не си ја зедете и мајка ти со вас таму. Викам стварно не ми текна на тоа . Знам сака она со најмалото да остане тука, ама ако, и овој предлог не и е лош.
Ова свекрвчињава дека во климакс па ги мава може пак некој мајчински инстинкт, сакаат мајки на внуците да изиграваат. Чудно нигде не прочитав дека мајката од женска страна не се понаша до толку, знаат да се замешаат ама да изиграваат мајки на туѓо дете не. Дали они се сметаат како " главни баби" не знам...
Да, ако зачиташ што све има, секаде е таа главна. Таа требала на 40 дена да оди шо куќи, за крштевка исто таа требала(во некои места мајката не смее да оди на крштевката), таа да го земе детето од болница, таа да го бања за прв пат.... Има има, се има.
Лајкот е за подршка и за не верување на ипак реални нешта. Мислам дека искукуваат старите јас така велам односно прават нешто што и самите не го размислиле реално дека не е во ред, не знам.. Лошо ова Сепак се задоени со нивни времиња тешки времиња од минатото кога пателе многу од страна па тешко им е да се не знам како да кажам ама сепак не опрадвувам и не е во ред. Јас разбирам грижа и се ама ова не можам да го сватам не ми е нормално. Нормално ми е стварно да се помага да се паничи да го играат ранат помагаат ама ова не ми е нормално искрено не знам на што се препишува ама старите не се мењаат тие цел живот така живееле нема сега на 60 плус да се сменат затоа секогаш велам на страна, колку и тоа да е тешко и човек да мисли дека нема да успее ама ако се навистина потруди може да успее Секој во свој дом најубаво е. Поубаво решение од ова и за нив и за нас нема за мир во куќа.
Зошто мајките не прават така? Оти на мајка ќе и' се врекнам, не се вознемирувам за тоа како ќе ме сфати.. А свекрва, поќе пазам (пазев односно ) оти не сум била со нејзе блиска ко со мајка... И само ќе си вриев во мене. Е сега и со свекрва сме на ТИ и нема лизно-мазно.. шо на ум, то на друм. И полесно е. Мајка ми дојдена на гости еден период, бебушкава моја мала.. и и' висеше над глава цела недела со муабетот: Ба-ба. Речи: Ба- ба. И навистина.. прв збор (и долго единствен) и' беше ба-ба. Мислам дека прозборе, само да не ја слуша мајка ми кај шо ја ремети
Фала Богу маж ми разбран од старт си ги отпеа неговите да не се мешаат...секогаш се добредојдени да го видат бебево и да го чуваат ама без мн мудрување и правење паметни...