Мојава кога се роди малава по некој ден и вика дојди кај мама и викам"шо кажа"еми ми вика исто е да мајка да бабаболна жена. Можиш реков на синти така да му викаш на ќерками не... Ова е само една дешавка од многуте.
@Sandrin4 и мојов ги седна и им кажа, уште трудна бев. Дека ќе правиме ние како мислиме дека треба. Ама џабе. Кога он сам вика не знам шо да правам, не верував дека ќе биде ваква....вика дека стално му зборела уште пред да се запознаеме, какл кога ќе има снаа ќе ја сака како ќерка, не ко свекрва и бла бла... И ете. Сам гледа и сам ми кажува.
Мојата е иста. Да не те разочарам од кога тргна во градинка уште понеподнослива е. Комплетно ги расипавме односите, сега комуницирам само околу детето. Никаков однос немам со таа особа, ниту планирам да имам. Не се менуваат еве и после година од првиот конфликт, пред недела ист скандал. Џабе се, само дистанца му е мајката. П. С секој ден се јавува во градинката и прашува за малиот, болна и забегана!
Каков чуден народ сме...по по пооооо....јас кога гледам околу мене што све трпат и невести и зетој и комшии...на другарка мајка и кога правеле свадба свекрва и со нив спиела хахахаахха а пак една комшивка страдна е благо да напрај за децата пошо свекрвава невидена лакомија е...себичњаци...
Убаво рече даничап погоре Да смениш некого не можеш ама можеш да игнорираш све што не ти одговара, да си молчиш и запевнуваш од време на време Можеби свекрвите мислат дека е нивно да кажат како постари ама наше е дали ќе прифатиме или ќе се тераме како ни одговара Не само свекрвите ако забележиме сите зборуваат наоколу, ама на крај од денот најважно е да си легнеш сам со фамилијата далеку од сите и да си тераш по твое како тебе ти одговара и мислиш дека е најправилно. Тоа е важното
Мајка ми ја вика ќерка ми, ќерче, мамино злато... Некогаш ја маваат флешови и со моето име и се обраќа на внуката...
И мајка ми така му викаше на син ми кога се роди. Не е намерно, прво внуче е,им треба време да прешалтаат на “баба”. Јас уште на внук ми му викам “мамино” па ќе ми текне и ќе се исправам “тетино де”.
Ние се смееме со мм, за да не си замерат или нервираат бабите и дедото кога ќе дојдат на сите тројцс по едно ќе им “тупиме”. Фер да биде. И мајка ми исто, плус, момиве сине им вика некогаш. Не и е злонамерно. Не знам, за вакви работи и на свекрва не замерувам, по исти терк за двете се водам. Имам подеднаква доверба во двете и имаат подеднаква слобода кон децата. Двете се баби на место. А за останато не очекувам некој да седи со мене со саати, или со детето, и да не смее уста да отвори, да каже мислење или предлог. Не се ниту платена помош па да идат за работа и да држат уста под клуч ниту јабанџии, ниту па стравот ми го имаат и да седат на трња.
Ако бабата од женската страна на внучето му се обрати со сине не е страшно . Од ќеф и радост така го ословувала . Ама недај боже свекрвата да ми рече - сине ,ќере . Узбуна се крева И на двете им е подеднакво мерак . Нека си ги викаат де како сакаат , тоа ќе им остане . Мене не би ми сметало ако било која баба на моето би му се обратила со сине или ќерче
И на мене не ми смета зборот "сине" не знам воопшто не се доседувам да е нешто лошо туку напротив сваќам дека е од милост кажано
Мајка ми ја вика ќерка ми сине, не ми пречи воопшто. А кога ќе рече свекрва ми пречи зашто глуми и така ја вика само пред мм, а кога не е он дома, не не познава и не се интересира за малата воопшто, а пред него се прави намерно. Не можам да ја смислам.
Епа девојки јас со свекрвата немам проблем бидејќи е премногу добра ми помага за се и сешто не можам да речам лошо бидејќи господ грев ќе ми пиши ама затоа е тука золвата која е малку не знам баш кој збор да го употребам како во одбрана на мајка и.Ако ги оставам децата да ми ги почува леле мајко па таа била изморена ќе мо ѕвони да со дојдам побрзо,сношти имаше сварено костени јадевме и ми вика дај малото кај мене малки да го подржам и золва ми и вика а кога ќе јадиш ти? И вика свекрва ми ќе јадам а оваја Ахаа..кога? Како ќе останеше гладна ако го ппдржеше малку.А кога на свекрва ми и треба помош за домашни работи еве сега на промер дрвата дошле,ајвар и слично неа ја нема ќе се дотера и ќе си излези цеел ден.Тогаш е во ред,таа млада била треба да излегува.И тие некои работи од кој набројав само мал дел ме излудуваат а јас си ќутам и трпам
Јас на пример воопшто не би оставила на некој што не сака дете да ми чува.Ако видиш дека еднаш два дека така реагира за чување веќе не ја бараш не и го оставаш.
И мојава почна да се заборава на моменти ама се врати во колосек. Она ја чува ќерка ми додека сум на работа и сум благодарна. Не наоѓам маани. Но си зема слобода. Кога ќе дојдев од работа превземав јас. Почни да ја пресоблекуваш, она трча со панперсот. 100пати ме прашува дали се измочкала, покакала. Што ќе и правиш за јадење? Кај ќе ја бањате? Немаш подебели хулахопки? И на прв поглед не изгледа страшно за некои, ама кога живеете заедно и цело време кога ти дише во врат станува иритантно. Издржав една недела (и јас се чудам како) и пукнав и дирекно се и изнакажав. Дека сум благодарна што ја чува 8 саати, но кога ќе си дојдам јас она слободно може да си одмори и да си посвети време на себе. Нема потреба да иде цело време по нас и дека тука е мм ако ми затреба. Дека ако и е ладно на неа слободно да си се облече, а како ќе биде облечена малата одлучувам јас. Мм ме поддржа целосно и сега гледам дека не замара. Си се повлекуваме во нашиот дел и не не демне.
Да бидеме реални золвата повеќе ја боли за мајка си,него снаата за свекрвата.И вистина е дека не им е лесно после 55 год да чуваат внучиња.Па јас на 30 се преморувам а не на 60.А си ќутат бабите и од милост за внучињата,и да не замерат децата.