Работата е шо немам избор иначее ич не ги оставав,моите не живеат во истиот град подалеку се инаку ќе ги оставав таму.Ме иритира она кога ќе рече јас кога ќе се омажам неќам никој да ми се меша ,јас како ќе си наместам така а си велам вум зошто ти мене ми се мешаш тогаш.Тоа јас шо ќе наместамќе наредам таа ми го праправа ко ке се вратам оти така било поубо,помодерно. Да така е за тоа,НО зошто нр и помага на мајка и кога толку ја боли кога има мака кога е болна а треба да сработи нешто туку таа ќе се дотера и ќе излези тогаш сум јас тука оти ми е жал да и помогнам .Жал и е за мајка и о не треба да ја оптоваруваме само кога јас и внуците сме во прашање.
Во конкретна ситуација си рекла снаава на раат ќе јаде, наместо дедето да си го чува, а мајка ми дете ќе пази наместо да апне. Мајка и повеќе си ја жалела од тебе.
Секој без секого може да се снајде. Што би правеле ако недај боже не била жива свекрвата или е во друг град? Гледам свекрва ми дека со мерак ја чува. Ако еднаш ми прекори толку ќе е. Ако треба жена ќе платам тоа не поднесувам. И јас сум со став дека баба не е физички силна ниту може да воспита дете. Затоа само зимава ќе ја чува, па од пролет градинка.
Епа не и е жал веројатно е и уште девојче,ппретпоставувам немажена,сега шета ужива.Утреден и она ќе има сопствена фамилија па ќе мора да чува дете,средува,готви.А во врска што немаш избор кој да го чува кај нас тоа оди вака ..освен на татко ми на друг не сме го оставиле.А го оставаме само кога одиме на лекар сега конкретно кога сме кај гинекологот за раат да видиме и слушнеме што како.Повеќе од два саати не му бил оставен.Го има и 4 пати чувано кога сме биле на свадби и тоа биле 6 саати.А многу пати и сме го носеле со нас дали по маркети,лекари,кога завршуваме некои работи во банка.Само јас и мм го чуваме така е две години веќе.Татко џокер чувам за ептен итни случаеви,а многу пати и не сме пошле некаде.Не е лесно знам,ама поубаво се чувствувам јас кога никој за ништо неможе да ми пререче.Така да ми врти па ќе ми се одмили оставањето.
Не ми пречи тоа што ја викаат сине и и се обраќаат како да е машко. Ми пречи тоа што си даваат премногу слобода да одлучуваат во мое име. Тоа што свекор ми зборуваше по народот дека имал внук, кога бев бремена ме прашуваше што правел внукот и што ќе бил кога ќе порасне, дали директор или ракометар. Забегана работа. Еднаш кажа дека ако била лоша малата он ќе ја истепал а ние не сме смеале да писнеме. Свекрва ми еднаш кога бевме на гости додека ја хранев ја зема и вика дека и било доста јадење и ја изнесе надвор за да не и давам. А и неколку пати ми има правено работи зад грб. И како да имам доверба во нив?
Свекор ми и свекор ти да не се браќа Значи исто. И гледам дека повеќе е по другиот внук зашто е машко. Назадни сфаќања, демек машко си е машко ццц.
Моево уште не родено нени прашуваат за него. Мм им кажал вбук ќе имате она искоментирала чекај нека се роди прво Кога ќе ми текне како ми се ситеа,јас дома лежам после загубата секој ден ми се збореше како оваа била трудна како золвата не ги фрлала блузите биле широки како труднички еј тие зборови нема никат да ги заборавам. Вечераме на бадник а дента ми беше термин и свекорот на сред вечера кажува како комшијата чекал во секој момент ќерка. Па ми се криеше дека вујната била трудна одкако се породи кажаа да не сум се навредела демек јас неспособна. Моите родители ме оставиле на милост и немилост зашто неми купиле гарнитура. А они ништо нени дале. И јас да сакам да почитувам такви луѓе,никогаш во живот. Колку сме се карале само заради нив што плачење сум имала. Ден велигден од кујна ме избркаа вапцале јајца јас да не сметам и како они си биле дома. А сирота свекрва побожна постеше 40 дена и гревови правеше. Кај ја отворив темава кај се зае.ав Нема кој не ги збори и не им се смее.
Истото и мене ми го правеа,ми се ситеа тогаш дека имав спонтани. И да ги сакам нив? Не никогаш. Ни дете не им давам да го почуваат, со мене го носам секаде или кај мајка ми. Т е они не ни прашуваат за детето, ама не ми е ни гајле. Со нив само добар ден и службено иако ни тоа не заслужуваат.
Множи со нула и под хитно на игнор. Глеај си го здравјето...не вреди за небитни луѓе односно НЕЛУЃЕ да им даваш значение...
Јас па не можам да сфатам како може луѓе да се ситат на вакви болни моменти, не па родител да се сити на дете. Ненормална работа. Инаку да си кажам, дефинитивно откако сме на свое, ситуацијата е многу подобра Лабав разговор, без убедувања вака треба, така треба, ова мора, она мора итн. Баш како што требаше да биде и на почеток. Не знам дали дека го нема моментот на уценување, нели, дека сме под "нивно", а као "наше", односно не зависиме од нив. Или си ја увиделе грешката. Мислам дека е првото, но на крај не е ни важно тоа. Најважно ми е нашите одлуки сами да ги носиме и да не осеќаме потреба да ги објаснуваме и отчет да даваме. Инаку обраќање со "сине" е нормално во некои краишта од земјава, мене тоа не ме повредува, затоа што ми се обраќале така рандом тетки. Али не сме имале проблем со тоа. Им се обраќаат со име нагалено. За сѐ треба отворен разговор. Прво со сопруг, после тој да среди со родителите. Истото важи и за нас и нашите родители. Тука има членки со сериозни проблеми. "Проблеми" од типот вака или така ме погледна се смешни. Т.е. многу кажуваат за вас, не за нив. Кажав на почеток, не дај Боже да ми се сителе за абортус, или проблеми околу полот, уцени од типот "прави вака како што кажувам, инаку...", тоа се веќе сериозни проблеми.
Za poznanicka koja ja znam iz vidzenja da cujam deka imala spontani zal ke mi bide a ne pa za najprva rodnina. Uzas.
Болни луѓе ти се тоа. Затоа ете им го другиот внук и снаа зашто за неа многу се радуваа кога остана бремена. Јас кога го имав вториот прекин на бременоста, мајка му на мм пред мене кажа дека е бремена другата снаа и дека добро е што ќе роди на помлади години зашто на постари години можело плодот да има проблеми, а јас ја прекинав бременоста тогаш од тие причини. Смрдла.
Најново кај мене, нервоза што ме наполнија од сабајле. Јас објавувам често на групи за животни ако имам за вдомување и најчесто пишувам дека немам пари за веќе да нудам терапија за некое или слично, оти стварно веќе немам, секогаш некое лекувам или хранам. Свекор ми дал наредба по свекрва ми веќе да не сум пишувала на групите дека немам средства и пари, срамота било, таа ми вика не пишувај така преформулирај го. Не ми се веруваше што слушнав. Уште сум запрепастена, мене од дома никогаш не ми забранувале да пишувам и правам што мислам, дошло ред тој да ми кажува. И јас викам мене не ме е срам, ич. А мм вика, а татко ми може да престане да кажува на сите како да си го живееме животот. Уште ми е криво, дури се навредив. И свекрва ми седна да јади доле, мажот ми се изнервира и и се развика да се качи горе и да не дреме тука. Таа се навреди, како демек нели заслужила таа да јаде доле, па и се заинати вика ќе седам тука нема да се мрднам. И тој зеде јадењето и тргна да и го качува, се скараа, се качи таа. Си ветувам сама на себе, прва можност кога ќе имам доволно финансии, ако се вратам некогаш во земјава, купувам стан, макар две соби и раат да сум, ако се навредат нека се навредат, нека продадат цела куќа, што сака нека прават.
Абе шо ќе речат комшиитее!?!? И мајка ми, и свекрва ми се по: Шо ќе речат комшиите???!! Цел живот со мајка ми се расправам за 'палени комшии' и колку нивното мислење за мене, ама ич не е битно... Ама оди докажи и' де Свекрва ми пак, до таму ја тера работата, што и ако е на гости кај нас, а иде другиот син после кај нас.. оваа ќе се испотепа да раскрени се'.. оти ко ќе дојдат, 'срамота е ако не е средено' Демек, треба ние со деверов и јатрвава, да си глумиме 'домаќини' А.. да, еве еден кокретен пример со мајка ми. Ова одамна... не бев мажена.. Не памтам за што, се испокаравме сите дома.. и јас и брат ми, и мајка ми и татко ми.. И сите се црекавме. Мајка ми рипа, да ја затвори вратата од тарасата. Е то ми ја чурна глата!! Станав, ојдов ја отворив, и и' викам: Ти не се секираш за то шо се караме ние меѓу себе, мислиш на комшиите да не не' чуеле!!
Па во право е свекор ти, што сте толку осетливи не знам Стара школа, се пази на имиџ, леб и сол ќе јадат ама -немам пари нема да кажат. „Немам пари" не звучи убаво за да го лупнеш така на фб. „Не сум во можност да се грижам" или нешто слично е веќе поинаку, не мора да знаат сите зошто не си во можност да се грижиш. Нормално твој живот, твој фб, како сакаш ќе се претставуваш, ама тие те сметаат како дел од таа фамилија, посебно ако сте во заедница, па кога кажуваш дека немаш пари, тоа значи донекаде дека сите дома немате пари. И свекорот топтан. Си му ја раздрмала гордоста фамилијарна
Јас така да напишам и моите дома и свекорот и свекрвата, сите срцев удар ќе ги фати...цело "село" да знае дека пари се нема за храна за маче