Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Исто и моиве! Срамој живи бе !! :D
     
    На mal.ecka и Bridget им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.742
    Пол:
    Женски
    Мене толку ми се ниски и малоѓраѓански овие вечити препирки и дуели меѓу свекрви и снаи, ми се ежи кожата од простотија и се кајам што уопште прочитав некои постови.

    Кога сте се земале со вашите мажиња, сте знаеле во што се впуштате и дека покрај него, се мажите и за неговата фамилија на чија територија влегувате.
    Не сочуствувам со никој.
     
    На Macito007, Feminka22, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Абе не можеш да не сочувствуваш со никој :D
    Баш оти не можеш да се идентификуваш со нив, не можеш да ги разбереш.
    Она од што се грозиш, е онаа малограѓанштина, која тебе ти е сосема непотребна.... ама ним им е. Затоа што се растени во друго време... Вашата генерација е мнозинство со размислувања како тебе... во мојата.. на прсти се броевме ;)

    Напредок е.. имај сочувство :hug:
     
    На Skorpija25, mal.ecka, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.268
    Допаѓања:
    39.742
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и плус би додала дека според мене, мислам дека некако целата таа токсична атмосфера им прираснува и на нив и бракот. Го прави тоа што е. Мора да се има изговор за лош ден нели - блејм ит он свеки.
     
    На Macito007, Rebecca_R и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Учат и тие... Интернетот им овозможи да видат и поинаков свет. Поинаку е кога ќе знаеш многу различни размислувања, и ќе видиш дека има и такви кои, ете, мислат дека не чини така да е.. па помалку се воздржуваат сега, него ли претходно.
    Затоа и бројот на разводи е зголемен, во однос на пред 10 години.. Не се устручаваат како тогаш, да не си се борат за правата, и право на свој живот. Не дека пред 10 години немало толку проблематични бракови.. само не си дозволувале да се разведат.. од срам.

    Еден куп вакви придонеси има интернетот.. Ептен влијае на едукацијата. Еволуциски скок е...

    Рачунај.. јас имам 40, поблиску сум со возраст до мајка ти ;)
     
    Последна измена: 13 октомври 2018
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    47.243
    Пол:
    Женски
    Па не дека сум пишала буквално немам пари, сум пишала немам средства и слично. А плус јас лично немам пари ако тој има, не делиме финансии, па така нема што да се меша и да кажува јас што да правам на социјалните мрежи.
     
    На oblace1, buba4e89, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    24.043
    Пол:
    Женски
    Во врска не живееш со нив 24/7/365. За кафе муабет секој секого ќе истрпи.
    Ама, друго е кога гледаш се.
    Кога веќе не може да се преправа човек. Кога ќе се расипе сликата која си ја имал. Кога маж ти ќе ти каже, мајка ми не била ваква не знам што и е. И немој да ми кажеш се гледа тоа од старт. Таквите така слатко знаат да лажат, што ќе си помислиш на мравка не гази.
    Психички проблеми знаат да се јават неочекувано.
    Понекогаш не е до свекрвата проблемот туку до генерацијата. Си имаат за некои работи поинакви сфаќања и едноставно не прифаќаат туѓо мислење. А сакаат да го наметмат своето. Е тука настануваат сите проблеми.
    И со мајка е исто. Ама со мајката ќе се скараш и пак ќе се смириш, со свекрва мораш ти да балансираш зошто таа нема да го направи тоа.
    Гледам овие што имаат помлади свекрви, немаат вакви проблеми. А секаде каде што свекрвата е 60+ таа знае се. Така се растени.
    И друга работа, сите проблеми во повеќето случаи настануваат ради внучето. И секаде е така.... Имам милион случаи во блиска средина.
    Детето доаѓа и се се врти 360. Све освен тие да се прилагодат на бебето. Пошо кај смее тоа да му се спие коа нејзе и дошло да му се дере на мажот.
    И на крај кога ќе им ги чистиме гомната, пак нема да чиниме.
    Ама јеби га, заборавиле дека на ова однесување не научиле они, сме гледале од некаде, како они за нивните свекрви, така ние за нив.
    Кога една свекрва ќе ми каже дека нејзината е лоша и дека господ ја забораил(треба да умре) и да ми се понаша бетер, епа до снаата не е сигурно.
    А ако се однесува нормално, баш ради таа мака што ја има поминато, тогаш да, до снаата е.
    Е затоа, ќе гледам на моите деца да им обезбедам посебен кров над глава, да не мораат да живеат со мене, зошто се мењаме и јас сум сменета. Нек се на страна, нит да кукам нит да кукаат.
    Некои проблеми не се само површни како што изгледаат. Кажала нешто и оп на ратна нога. Не не, забегуваат некои.
    А дека има вечни препирки има, дека некои се за глупост се. Дека и снаите знаат да претераат, знаат.
    Ама ние бар бараме совет, па некој ќе ни укаже дека грешиме, не сме во право. А тие никогаш нема тоа да го направат.
    Се распишав јас, дете заспа, одам на пивце и цигаре.
    Ќе има пукање сега ;) ама баш ме брига.
     
    На mKdevojce, WildMk, mal.ecka и 12 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    70.556
    @1209 кажи му на свекор ти ако не сака така да пишуваш, нека ти праќа пари за секое маче и куче кои што сакаш да ги нахраниш, однесеш на ветеринар, дадеш терапии. Најверојатно нема да му текне друг пат да ти се меша. :D

    Без нервози, давај одговор веднаш во лице и крај. За тебе поубаво е така, нема после да си под стрес бидејќи не си се искажала.

    Ќе те сметаат за дрска, ама па подобро дрска и мирна глава, отколку циркузи по дома.
     
    На oblace1, koritsaki, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.232
    Допаѓања:
    14.293
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.799
    Допаѓања:
    323.805
    И од страна на свекрвите и од страна на снаите мора да има разбирање.
    Разлика во години е.Сигурно се 25+.
    Од друга страна свекрвите во тие години се во климакс, можеби и не се "такви" ама хормоните си го прават своето.
    Не ги оправдувам свекрвите со мешање и ставање туѓ ред ама има и пекмез снаи.
     
    Последна измена: 13 октомври 2018
    На Feminka22, WildMk, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.718
    Пол:
    Женски
    Не е природно две, па често и три генерации да живеат под еден покрив. Целосно се согласувам со @lovestoneddd дека кога снаата ке влезе на нечија територија, треба да е спремна дека староседелците ке си имаат свои правила и навики.

    Кога живееш со луѓе кои се постари од тебе 20+ години, очекувано е да немате исти погледи на светот. Не треба да се земаат сите муабети здраво за готово, не треба критиките да се ставаат при срце. Штом сте се нафатиле да живеете во ист влез со нечии родители, треба да очекувате дека ке имаат замерки. Едноставно не се оптеретувајте со секакви ситници. А ако сакате мир, тогаш решението го знаете - кирија или кредит.

    @1209 вие и да не живеете заедно, можеби свекорот повторно ке речел така. Еве да речеме, живеете во странство а ти продолжиш да споделуваш такви објави. Постои голема шанса свекорот да прати абер, затоа што соседите ке кажат - Eте ги, во странство се, сигурно не им оди работата, немаат ни кирија да платат штом немаат да платат лекување.
     
    На WildMk, lovestoneddd, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    47.243
    Пол:
    Женски
    @SV1911 најнервозно е што и тој е огромен љубител на животни, јаде од иста чинија со кучето, дури љубовта негова се граничи со лудост оти не е гадлив, дома имаме 4 кучиња, ама проблемот е што он сака луѓето да се однесуваат на начин на кој тој замислил дека треба, тој си има направено шема во главата што е срамно, а што не е, што е правилно, а што не е и освен тој што ја следи, очекува без исклучок сите други да ја следат. Свекрва ми од тој аспект ја жалам, постојано и наоѓа за нешто маани, постојано ја прекорува или преправа нешто што таа има напрвено, секогаш е он најпаметниот. Префекционист е, кој смета дека и околината треба да е, пречи на другите, се граничи со растројство. Кога полани се спакува мм за да оди во странство, тој го распакуваше оти не било убаво и складно наместено, на крај се испокараа и не разговараа со месеци. Плакарот земаше да им го прередува на сите дома оти не му било по ќеф, како го уредиле, а и маж ми пример е многу уреден за такви работи. На маж ми и ден денес му пререкува ако облекува пример некоја мајца или патики што нему не ми се по ќеф, тој сака да контролира се околу себе. Среќа маж ми го игнорира и си тера по негово, ама на свекрва ми и ја вади душата, што е најжално жената работи цел живот за фамилијата, тој беше угостител и повеќе уживаше од што работеше, потоа беше без работа 4 год и седеше дома и сега 2 год работи и многу му е тешко, едвај чекал јас да одам во странство па тој да се пензионирал,а уште 15 год треба да работи до пензија...Јас знам дека човекот не е амбициозен, сака да ужива, а да не работи. Го знаете тој тип луѓе.
    Сега маж ми кога се спремаше да оди пак во странство тој се нервираше оти не му кажувал што планира, морал тој да организира каде ќе живеат и што ќе прават, оти и тој е исто таму, маж ми не сакаше да споделува оти знае дека само ќе се нервира, се понаша како тој да е многу упатен во животот таму, а маж ми живееше година дена пред него таму. Последно го изнервира оти му се јавил да му честита работа, всушност без согласност од маж ми, кој сто пати му рече дека кога ќе дојде таму ќе види за работа дека не сака одма кај него во фабрика да почне, тој направил разговор и го вработил. Па пробаше да не убедува дека во странство не е убаво, што ќе сме правеле таму, тука ни било убаво, ако некој се обиде да се спротистави тој вели да трае оти не сме живееле и не знаеме, тоа точно дека е така, ама не се сите како него да сакаат да седат дома и да не ризикуваат, да им е удобно со тоа што имаат.
    Предходно кога си беше дошол, проба да ми наметнува и мене некои такви работи и јас го сосеков тогаш, па ми беше лут, чудно се понашаше, му велам тогаш на мм, татко ти не е научен да му се спротиставуваат, оти цел живот сите играле како што свирел. И сега со ова ме извади од такт оти знам дека е обид и мене да ме контролира, може не звучи како страшна работа, ама јас ја знам позадината.
     
    На tina-63, x.Daisy.x, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.102
    Допаѓања:
    42.439
    1209, со нарцисист си имаш работа. Само строго со нив. И не....ни под разно немој да живееш заедно со свекор.
     
    На oblace1, WildMk и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Sandrin4

    Sandrin4 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.198
    Пол:
    Женски
    Баба ми стално викаше "две жени в кујна не бива". Затоа среќа што сопругот имаа стан па ние таму се преселивме а неговите си останаа во куќата. Додуша од старт они инсистираа да не сме под ист покрив и ги разбирам..си имаат они свои навики кој 3 децении си ги тераат и неможам јас да им ги менувам допрва...Плус имам слобода сакам по гаќи се шетам сакам јадам на полноќ сакам друштво да ми дојди...
     
    На gjoker4e, vitamina, Skorpija25 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Не живееме со нив од почеток, ама секое доаѓање, свекрва ми има навика да си 'намести' по нејзино.
    Од почеток се нервирав, после се навикнав, затоа што ми стана јасно дека така прави, оти така е навикната нешто да биде направено/наместено.
    Ден-денес ми 'прередува', ама не можам да го изземам делот, дека всушност ми помага со тоа што раскрева.

    Муабетот: Кога друг ќе ти брка работа, ќе ти направи по негово. Ако не ти чини, сам направи си :)
     
    На Bella*, SV1911, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    24.043
    Пол:
    Женски
    Затоа викам ние како снаи многу компромиси правиме, прво ние сме тие кои треба да се прилагодат. Да се смениме ние, да правиме онака како што тие научиле и се навикнале.
    И колку гледаш да си објективен, баш тоа највеќе смета.
    Па пак нечиниш.
    Еве мојава го тера да напраел крвна слика зошто бил ослабнат, па жено како нема да биде ослабнат трча по детево цело време, на одмор по узгорница по 10пати у денот ја носеше. Кога беше дебел, беше синко ослабни... Ама ете тоа не ме погодува зошто ќе и кажам да да и ја му викам исто. Колку да замачкам очи и да сум раат.
    Ама за детево не можам бре да сум ладна едноставно.
     
    На Skorpija25, mal.ecka и 1209 им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Класичен свекрвински муабет. Синко ослабнат си ми некако... Во превод, жена ти не ти готви ко шо треба :)
    Мојов од толку што е ослабнат на секое видување со неа, до сега требаше килата во минус да му тргнат. :rofl::rofl::rofl:
    Јас па ич не се занимавам со такви работи,и не ме нервираат.
     
    На bibiiii, duffi, magichips и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    24.043
    Пол:
    Женски
    Па тоа тоа, се прават нив како им личи од страна, а не како навистина е.
    Ко муабетот за џемперот, дека тоа е нешто што го облакаш кога на мајка ти и е ладно.
    Има и бисерчиња на кои само си се смеам... зошто онака за у бардовци веќе ќе бев ако баш се ставам при срце.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Sandrin4 blaze tebe sto taka maz ti gi postavil kaj sto im e mesto! Mojot ko picka cuti.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marica123

    Marica123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    И мојот е разбран,и често ги става на место,ама попусто...си тераат по нивно...муабетот е додека се согласуваш со нив е во ред,се сакаме се почитуваме,кога мислиш поразлично или им кажеш нешто одма лоша сум. Не го слушаат син им...за мојот случај разговарал смирено,со цел да објасни дека неможеме сите да мислиме како неа и дека ако таа напага и навредува истото ке го добие за возврат....попусто не го слуша,си трае,пак по нејзино,не разговара се лути...најмногу ми е жал тоа што знае дека детето нема на кој да го оставиме па користи ситуација,ама и тоа сака да си оди долу,во иста кука сме мало е....Муабетот ми беше дека понекогаш и синовите не ги рецкаат, а не пак со снаите да сакаат да поправат односи...не знам бе како им е убаво така?!