Те разбирам...сите другарки што ми се мажени 99 посто имет такви мажи што се да не речам пи*ки...најлошо е кога немаш заштита...
Не се пи*ки, туку 'добри синови' Нас не учат од раѓање дека ќе бидиме: домаќинки, мајки.. што значи, од старт не припремаат за водење домаќинство и одгледување деца.. Машките, најчесто, не ги учат на такви 'женски работи'. Плус, не учат дека ќе одиме во 'туѓа куќа'. Суптилни пораки добиваме, како на пример, мајка ми ми има неколку пати речено: 'Ти кога ќе се мажиш, за два дена ќе те вратат дома'. Беше во контекст на нешто што не правам како 'добра жена', не памтам што беше точно.... Жената е 'променлива', мажот 'константа'. Што е многу лошо. Маж нема од кај 'да го вратат'. Никој не им дава задачи за чистење, готвење, деца гледање. Никој не им кажува дека треба тие да бидат 'домаќини'. Значи мажите, најчесто, се тотално исклучени од концептот 'домаќинлук' и 'родителство'.. Тоа ко по дифолт е 'женска работа'.. Е затоа им е тешко да преземат контрола врз сопственото домаќинство. Па имаш незаинтересираност за истото, што всушност не е незаинтересираност, туку ни на крај памет нема да им текни дека е нивна работа и е за 'секирање'. Ко демек, до сега мама ми бркаше работа, сега може и жената.. или мама, битно 'не е моја задача тоа'! Е сега, има некои кои се поосвестени, дали оти попаметни, или сами имаат живеено, или нивните родители не биле толку стриктни во однос на 'машки' и 'женски' одговорности.. па со нив полесно се преговара. Некои, отпосле ќе научат, односно.. ќе ги научиш Како јас маж ми. Ама под услов, да сака да учи и да се 'смени'. И имаш трета категорија на: пиши му крст! со инка не се тура. Тие се 'најстрашни'
Мојов се дур не се зедовме, буквално незнаеше да фатит една чаша или да помогнит. Кога се зедовме и почнавме да живејме под ист покрив мислеше дека јас ќе ја глумам мајка му...Епа немат...седнавме чоечки си ги поделивме обврските...Воопшто не му е срам да чистит со мене, да ми помагат, да зготвит.. Никогаш не сум го злоупотребила то шо ми помага или па намерно да се "иживувам" со него... Додека живеев со мојте немаше машка и женска работа...секогаш сум им помагала доброволно и свесно...сум копала бавча, сум кревала цигли, песок, дрва...јас на секоја работа си глеам позитивно и задоволство ич не ми е срам...ем фитнес, ем ќе научам нешо...
Lele jas malce pozavidiv koga procitav oti svekorot saka da dipli i redi alista po plakarite. Sakam i jas edna takva osoba vo mojot ziv0t so ke mi dipli i redi. @1209 mnogu stari namerno digaat kuki i spratovi za da go vrzat deteto da ne si otide od niv. Ova ti go kazuvam vo vrska so toa sto rece deka bi kupila mir makar 2 sobi.
@1209 стој си на страна од нив. Игнорирај секоја наредба и секоја работа против твоја воља. Кога ќе заминеш таму ќе си најдете нешто понастрана од свекорот и раат. Битно маж ти те подржува, според пишаното гледам дека и он раат не видел од нив и нивните наредби ама човек да смениш не можеш плус родители. Што може по на дистанца смирено и игнорирање. Тоа е решението. И да, секој да си е на страна во свое дефинитивно. Млади сте имате време за се со сакање се се може. Плус каде и да е нема да си таму во куќата тоа е дополнителен плус на твоја страна
Јас не би сакала да живеам со некој кој е контрол фрик и тешка педантерија. Затоа што имам 'слободарски дух' и не сакам правила и контрола... И затоа што не сум некоја 'домаќинка'.. дома не ми е ко во аптека, ниту имам желба да ми биде, ниту се трудам... па ако е некој педантен, има да се 'задавиме'.
Оооо исто...јас кога ќе исчистам све за именден на сопругот дури нерва ме јајт хахахахахах имам една комшивка стара незнајте шо прајт, гости кога идат ела нека ти мирисаат нозете...и кога си одат одма зема пери,смука итн...на продавница мора кусурот пари ко со пегла поминат...затоа снаата им замина...тоа е болест
Да знам! Да не живееме заедно! И ти ќе ме замразиш, и ја тебе Дека мојата 'болест', е обратна од твојата
Чек чек, смрдење нозе е габична инфекција а психичи што нон стоп чистат имав дома во детството, затоа сега чистам кога сакам , како сакам, викам жена или со маж по пола. Да се злопатам немам намера. А нозете не ни смрдат
Аууу болната темаа чистење. Да се ижалам и од мајка малце. Лелее луѓееее... Не не е нормално. Даљинско до тебе, никако, кај тв да си стои. Ќе си станеш и ќе си смениш. Садови се мијат дур уште јадеш, како така прљаво оатаваш. Шпорет исто, чистиш у исто време кога мешаш манџата. Нема мочање, вода пиење и слично ако има работа, така само се правдаш. Играчки од детево се раскреваат дур си игра, мора да е средено, ќе дојде може некој. Има уште многу ама ме мрзи а и ќе се напнам. Детево ми писка за спиење...а нема да се успие знам.
Леее тој муабет МОЖЕ ДА ДОЈДЕ некој...паа ако идат некој да глеат како ми е дома, поубо ич нека не ми идат...
^тоа со да не дојди некој е само изговор на тие шо си ја имаат болеста. Охоо јас какви ритуали имам...иако некој не ги знај,јас си водам сметка за многу работи. Болест е
Секако дека е болест, ама оди докажии. Викам остај после ќе средам. Е не може после, како после заврши си сега па после терај работа. И со пеглањето... Пижами, пешкири, крпи... Кој ме гледа бе во пижами... Али за недај боже. Шо ако ти се слоши ноќе м? Гужвана на дежурен ќе идеш?
Ова ме потсети на мајка ми . Еднаш уште девојче додека бев бодито што го носев под блуза дома имаше дупче , малку скинато беше. Викам ќе одам до продавница , вика смени си боди скинато ти е , викам после , вика како ќе одиш до продавница со скинато. Не дај боже ако ти се слоши те однесат во болница ти со скинато боди. Уште имам трауми.
Демек во спиење нема да ти се изгужваат? Или другиот ден пак ќе ги пегла? И мојана свеки е таква, ама не до олку со пеглањево. Некогаш се прави дека е многу средена ама имам бројни примери дека не е.