Abe site sme svesni oti e taka ama oni se dolzni kako bliski rodnini da me pokanat koga veke gi kanat I drugite bratucedovci sto imaat deca po fer bi bilo taka a moe si e dali ke odam ili ne
Должни бе маче, ништо не се. Каде е таа книга на долгови. Скрати си ги нервозите и не се замарај. Знам тешко е, ама слушај постари понекогаш. Сме минале кај што минуваш.
Еве јас славам роденден на дете и јас би ги канела оние братучеди со дечиња за во игротека. А братучетката што нема детенце на кафе дома ќе ја викнам. Плус тука играат финансиите а и блискоста помеѓу роднините може со другите поубаво стои отколку со тебе. Кај мене во фамилија во игротека на роденеден одат само родители со дечињата другите си се собираат дома ниту баба и дедо не одат во игротека. Јас за блиска роднина подразбирам сестра и брат а рандом братучетка и ако е прва не.
Јас сите ги канам во игротека, нема посебно да ги собирам. Што ако е игротека, секогаш има маси и за тие што не трчаат по деца, мајка ми, татко ми, свекрва, свекор плус двајца браќа негови, едниот од нив има ќерка на факултет, она нема деца, плус двајца другари на мм што се ергени, мои сингл другарки... ќе се сместат на маса, мезе, муабет, ќе ни направат чест. Зошто да ги двојам? Додека е мало детево се собираме по игротеки, за некоја година ќе сака куглана, кафич, со друштво негово...е тогаш ние ќе си обележиме роденден или дома или во кафана, а децата ќе се забавуваат на нивни начин. Тоа ни е друштвото, таа ни е фамилијата, не ми е пријатно да ги двојам, ги канам сите, а кој сака и кој се чивствува пријатно нека дојде. Ако некој не дојде не се лутам.
Ама она престави дека демек и кажале не те викаме тебе на тиганици или еве роденден само заради фактот дека немаш дечиња. Јас не верувам дека некој и се јавил и кажал така . Можеби само едноставно не ја поканиле . Може да се случи догодина пак некоја подачечна роднина да не ја покани . Тогаш мечкичка може да рече - еве од завист не ме канат , или од срам . Оделе со наведната глава кога ја гледале трудна бе А неќни сама пишубаше дека е многу асоцијален тип и дека скоро па и воопшто не се дружи со пријателки ,роднини. Тешко да и се погоди нејзе , мое мислење
Сакате замерете сакате разберете, не ве навредувале само свекрвата, деверот, свекорот... Штом мажот дозволил тоа дс се деси повеќе од еднаш и продолжил како ништо да не било, тој ве навредувал. Боли, знам. Но тоа е вистината.
Како се замараш дал ме поканиле дал не..па кој сака нека е и брат нека бидит...нивна одлука...па колку побитни работи имат, ептем кусур фаќаш за небитна ствар...
Многу е лесно да кажеш 'Не ме поканиле само мене' без да вратиш филм назад и да подразмислиш дали има причина за тоа. Можеби не е бременоста и тоа дали имаш или немаш деца, туку некоја посериозна причина. Сигурна си дека никој тебе не ти замерил за ништо? Е ако нема караници и со сите братучеди имаш муабет, тогаш не е пријатно да направиш поделба. Еве ке се земам себеси за пример. Јас имам 4 братучеди, по 2ца од страна на мајка ми и од страна на татко ми. Немам иста близина со сите, ама сите подеднакво ми значат и никогаш нема да ставам некого на страна, особено не поради некоја ваква причина. Доколку можам да помогнам, исто би помогнала на секој од нив, кога е ред за канење, сите ги канам на иста маса. Никој со никого не е замерен ниту скаран и не гледам причина да правам поделби или да ги класирам едните ваму, другите таму. Пари ако имам ке ги поканам сите, ако немам - никој нема да биде поканет. Да речеме славам роденден во игротека, 3ца братучеди имаат деца, а еден/ една од нив нема деца. Никогаш, ама никогаш, нема да се направам на три и пол и од сите 4ца, само еден братучед или братучеда да ги викнам дома, на торта. Не е исто - ниту атмосферата, ниту радоста, а веќе ако одиме до детали, ниту пречекот, ниту храната. Бедно е да кажеш - Еј види немам пари, ти немаш деца, па тебе ке те ставам на друг список, дома ке дојдеш.
А демек не би ви било криво вас да не ве поканат оти немате деца? И мене не ме канеле од тие причини, знам, и не го оправдувам тоа. Во наша фамилија има два пара кои се уште немаат деца(се мачат две три години веќе) и канети се сите и исто се третирани како и оние што имаат. Значи или сите братучеди /сите пријатели ги канам или никој. Јас не го правам она што мене ми го правеле и нема двоење или да ги викам дома дополнително. Тоа би било многу себично од моја страна.
Мене па ми е криво кога ќе ме поканат Ах колку ми се измачувачки родендените во игротека. Деца растрчани насекаде, мајките сите по нив, и јас така сама си седам и си јадам Сериозно сега, јас мислам дека е некултурно, кога веќе се канат сите братучеди, некои да се делат само затоа што сеуште немале деца. Или ги каниш сите, или никој. Не дека е крај на светот, ама Е големо непочитување.
И јас не можев да останам трудна, ама поубаво ми беше да не ме викаат у игротека од причина што таму немав што да правам. Не ми беше тешко, ни криво... Знаев дека еден ден ќе имам кого да носам во игротека. Друго е кафана, кафич, дома, па сите да се поканети а јас не. Еве може јас не разбирам ама многу ми е глупо кога ќе видам баби, стринки, тетки у игротека. Или уште погрдо, 3-4 дечиња и еден куп возрасни. Не знам, не ми иде. И следниот роденден ќе викам само деца, па кој сака нека се лути. Ако веќе правам во игротека, се знае дека е за деца.
Јас сите ги канам во игротека... баби, тетки, вујни, па дури и колеги од работа и од кај мене и од кај мм... кој со деца, кој без. Бирам игротека што служи алкохол, пици, даски, што ти душа сака, ги седнувам како во кафана, возрасните си се дружат, си јадат и пијат на масите, децата во игротеката играат и завршена работа. Јас 3-4 дена да славам родендени, па овие дома, па овие в кафана, овие во игротека, немам ни време, ни нерви. И сум била поканета на многу места и како колешка од работа, и како комшивка, и покрај ќерка ми кога ја канеле од градинка, и како тетка и секако, и никогаш не ми било глупо. И кога немав деца (и тие што ме знаат тука знаат дека кај нас не беше баш плукни залепи работата за правење деца) не ми сметаше и ми беше сосема ОК.
Абе ок е дека ако си поканет ќе одиш... Ама ете на некои од нас ни е глупо... Мене и на сите останати што бевме без деца ни беше досадно. Деца ко деца у игротека, не им е ни гајле дали си дошол. А сега веќе е друго, одма се растрчуваат по малава Него поентата е друга... Дека не ја поканиле ради тоа што немала дете, а таа проблем со забременување па се навредила?? Така разбрав. Подобро да не ме кани, отколку да ми направи лице. Ама, прифаќам сечие мислење, зошто знам дека не сме сите исти. Затоа сите прават како што мислат. Многу офф отидовме... Ќе не караат.
Никому не му е должност да ме кани, негово си е кој како си мисли така и си прави. Додуша малку и непочитување е според мене, нели први роднини сме со кого ќе споделиш ако не најблиските ама не секој гледа така на работите. Инаку имам први братучеди со мали деца кои никогаш не не поканиле на ниту еден роденден, буквално на ниту еден. А малку се фалбаџии па обавезно на фб ставаат слики со гости, од трпезите, што како спремиле па од таму дознавам дека всушност и на детето нивно мило роденден. Признавам, на почетокот ми беше малку криво зошто да не делат само нас ама со тек на време прифатив како нешто најнормално, веќе и сеедно ми е кога се такви ситуации во прашање. Имам и други први братучеди со кои имаме најнормален, коректен убав однос. Не сме претерано блиски ама не сме ни далечни, знаеме да се слушнеме некогаш, си идеме на гости и сл. Нивните деца ме обожаваат, доста често знам да ги изненадам со некој подарок. Прв роденден славеа во кафеана и бев повикана. Наредните во игротека, сум идела и по игротеки на роденден кај што имало возрасни и не било лошо. Еве сега наскоро имам еден роденден и ми се јави братучедка ми да ме праша дали да ме планира за во игротека или не. Културно се изјаснив во игротека да не ме планира, зошто ќе бидат само деца и мајки со деца. Да имав дете океј, ќе си игра ќе се дружи. Вака сама кога можам ќе поминам на едно кафе, ќе однесам на малата што и имам земено и готово, блиски сме и кажав нема потреба што да ме угостува. Се на се нема потреба од лутење. Некогаш ни е криво да ама тоа е тоа, доааат секакви ситуации во животот. Утре здравје кога ќе имам дете и тие што ме викнале и тие што не ме викнале, јас ќе ги поканам на роденден. Нивно си е дали ќе дојдат, не сум злопамтило ниту сакам да се замерувам за вакви работи.
Еве ви една ситуација, ама не е со роденден. Прва братучетка си правеше веридба, и демек отпосле, ќе канат гости дома, пошто збор си дадоа само нејзината и фамислијата на зетот. За нас се знаеше дека нема да не поканат, демек оти далеку сме, брат ми ќе е поканет. Јас не ни сакав да ме канат, ни да одам. Тера-вара, ни брат ми не го поканија Мајка ми и брат ми, лути ко песој! Се јавува еден ден братов и ми се жали: вака и вака. Го прашвам јас: 'А вас ви се одеше многу'. Ми вика: 'Не'. И му враќам: 'Па шо се нервираш ко така? Уште поарно шо не ве поканиле. Еве и мене не ме канеа, и мене ми е ок, пошто секако не ми се оди'... Не ги канам сите-секаде. Ги делам, и не се нервирам ако ме делат и тие, пошто факт е, дека со сите не сум толку блиска. Секако.. важам за 'црна овца' во фамилијата, ама барем не си прам стресови кога не ќе ме поканат.. ко брат ми шо си прај .. иако сигурна сум, дека голем удел во нервозата има мајка ми. Во мојот (за некои искривен) свет, нема правење работи од 'култура', или оти 'така треба', или 'што ќе помислат'.
Тачно бејби, ама некои луге сакаат чест правење. Наместо да се нервирам, или ќе им плеснам у фаца, ако сум навредена, или ги шкартирам и јас кога ќе дојде време. Јас еднаш во живот се изнервирав, пошто ни беше најавено дека ќе сме биле канети на магистерска бранење , и тоа нагласено беше. Интересно ми беше оти немав гледано никад. Кога дојде време- штурци.... Неестата била нервозна. Е ај важи, што не напнавте толку ами? Оттогаш, за никој и ништо не ми е гајле. Ако сака ќе ме покани, ако не сака не. И јас такоџе. Крај
После за све кај нас исто ко свадби се правело. Веридба не правев, само домашни и кумови и старосвати, диплопска мм исто... Баш од тие причини што некој увек ќе се најде да збори како нешто нечини. Еве пример за роденденот од малава еден најде маана на балон, балон бе... 1 со столб... Перверзен бил бе. Абе ако тебе умот ти е перверзен не значи дека уше на 50+ луѓе им е. Бог да чува.
Нашта нација е стоворена само за кафани гага јадење и пиење и муле на крај праење тоа е.. не се мења се повеќе изнудни славја има.. а едно време како било? Како се славело родендени веридби матурски не знам што? Сега така е? Не Туку што повеќе има на маса и што повеќе гости газда си А овие другиве среќни на гага ке одат Тоа е. Се знае што треба да се слави у животот и како треба да се слави. Се изгуби смислата за славење уствари се изгуби поентата за славење односно Поентата за славја сега е друга.