Не е само кај нас... Секаде во 'напредниот' (оној со пристап до интернет) свет го има ова... Чекор е во еволуцијата т.е толку ни сечи т.е. си го мериме во песокот
Се изгуби смислата на живеење а не пак на славење. Се се цени преку парите, сите се во трка по пари и тие што малку ги имаат а и тие што премногу ги имаат. Ретко кој денес знае колку му е да доста за да ужива во животот, ретко да видиш на улица, на работа некој насмеан, задоволен.
Се согласувам со се', освен со тоа дека е изгубена смислата на живеење. Не е, само е поинаква... Не се бега од реалноста .. фак ит
Ами сега кој како си го сватил животот. Смислата на нашето живеење е продолжување на човечкиот род и животниот век да ти помине што повеќе во уживање а не во преживување. Познавам луѓе кои многу повеќе уживаат во животот а земаат по 20-30К плата отколку оние што земаат и по 1000 евра. Познавам многу повеќе работници кои уживаат во животот отколку газди кои едниствено уживаат како да ги намножат парите ама не и да ги трошат на уживање. Најголема божја казна е да те створи господ способен да спечалиш пари ама во исто време да те направи циција да ти е жал да потрошиш и 5 денари. Дали смислата на живеење е да земиш кредит за да купиш кола од 15К евра наместо да земиш настаро за 5 и со останатите 10К да шеташ и уживаш. Колку млади имаат прескапи телефони а немаат пари ни за 2 пијалоци во некој локал? Ја симам една девиза: Дека кога човек ќе почине ако оставил 10000,100000, милиони евра тоа му било залудно потрошено време во работа кое можел да го искорити да си ужива со парите
Ама сите уживаме во различни работи. Некој ужива да има нова кола, некој ужива да калапи пари, некој ужива во хортикултура .. Индивидуалната 'среќа' не се мери по наши параметри... за секого е различно
Јас се согласувам со тебе од прв до последен пасус! Ама има и луѓе кои што нема да се соглаасат со тоа и уживаат во тотално спротивни нешта како што кажа @WildMk и океј е, нивно си е тоа. Секој нека ужива како што сака. Инаку постот ти е на место.
Да ја пофалам малце свеки.... Изгледа игнорирањето се исплатеше. Ми рече, ако имаш некогаш потреба и желба да одмориш, да ти ја причувам, слободно барај ме, се ќе оставам и ќе дојдам, не сакам да сум ти досадна па затоа не идам секој ден. Ете така, конечно нешто убаво и паметно. Се надевам ќе потрае. Изјавија желба и двајцата дојдоа поручек. Изгледа се свестија малце што се случи.
И кај нас почнаа да се менуваат работите на подобро,ние се селиме за една недела,свекор свекрва не прашале за бебе ништо толку месеци но сега се живи среќни и едвај го чекале Ни посакаа среќа во новиот живот и сакаат помирење ама снаата не попушта Неможам не ми дава гордост и готово. За атер на маж ми ќе седнам на тој ручек за поздрав и во мир да се разделиме ама јас никогаш нема да заборавам што ми правеле и збореле. А какво е чуството дека си одам од заедница не се опишува тоа само треба да го доживеете. Чим успеавме ние може секој верувајте.
Мило ми е и за вас. Со последната реченица ме мотивира решена сум со сите сили да успеам да се оделуме и ние да живееме на страна. Ни кај едните ни кај другите без оглед на спратот што го имаме кај моите. Сакам тотално оделени и самостојни. Ама прво работа па одма ова. Не попуштам веќе нема сака или не сака ќе сака мора да сака.
Мојот не сакаше имаше уплав од трошкови дали ке ни стигнат пари. Но со тоа се направи бетер да се расипат односите и сега немаше решение и се реши уште од одма. Немаме високи плати едната плата ќе ни оди за кирија и сметки другата за живеачка плус со бебе. На почеток ќе имам нешто помош но понатака мора да се вработам и јас на подобро место со повисока плата. Верувај дека кога ќе се ослободиш и вработиш ќе дојде она најубавото и најсаканото. За почеток не бирај работа било каде и за 10.000 да е само почни да работиш,одма подруго ќе биде.
Маж ми зема убава плата. А за мене планираме на пролет мал бизнис веке до некаде е средено чекам после декенври лиценца. Но како и да е планирам една соба да изнајмам само раат веке да бидам. Здравје изгубив не бива веке вака. Не бев упорна затоа волку време заглавивме во заедница. Но сега решена сум и не отстапувам. Со неговата плата ке се покријат многу трошоци. А со она што јас ќе го заработувам ќе биде додатно. На крајот на краиштата ако не оди како треба се ќе работам да било што море и за 8000само мир и спокојство да доживееме .
Баш така. Никој не е должен да ни слугува. Само да ви кажам дека кога се сака сѐ се може. Имам бебе и имам родител неподвижен за кој се грижам. Дома секој ден имам ручек и секогаш е испрано и измиено. Не се фалам, него сакам да ви кажам дека има време за сѐ.
Монче, од сам почеток те читам, те знам.. ама навистина ме позитивно изненади со твојата упорност односно упорност и упорност во секој аспект од животот. Мошне вешто си се справила со се а знам дека ич не ти беше лесно и за мене си едно големо жениште, лавиште што секогаш си одела напред.. Уште од сам старт кога се вработи и застана на цврсти нозе. Навистина се радувам многу за тебе, заслужуваш ова и многу повеќе, ти посакувам се најдобро. Уживајте.
Фала ти од срце витаминче за убавите зборови. Многу е лесно да се откажеш но не е секогаш тоа решение. Поминав многу за 3 години,но убавината сега доаѓа и она вистински брак сега го осеќам и доживувам.
Мене и дм не не' канат и зошто не сме во брак и немаме деца Не ми е баш гајле да ти кажам, помал трошок за нас, оти секогаш купуваме поклон или даваме пари повеќе од вредноста на храната и пиењето за нас, а и вака гледаме со кого треба да се дружиме Мене ми е идиотско тоа, тој што го сакам во животот го сакам и со и без деца, на наши прослави ги каниме со деца тие што имаат. А тие што не канат луѓе пошто немаат деца, нека не се лутат кога нема да бидат поканети зошто имаат
Ако може некоја членка да каже свое искуство со живеење во иста куќа со свекор и свекрва, но на различен спрат? Како функционирате, дали доаѓа до недоразбирања како во класична заедница?
Зависи од луѓето. Ако се душкала и во друг град да си ќе се мешаат. Јас лично живеам во иста куќа, на различни спратови со свекор и свекрва, но ако не одам на нивниот спрат да ги видам, може и со месеци да не се видиме. Ама пак ќе кажам, ако се душкала џабе е, ќе се качи кај тебе, па зошто вака, зошто така... Сепак е многу подобро од класична заедница, ама ако си имаш услови за друга куќа/стан подалеку од нив, уште подобро.