Не се замарај пред време. Да ви даде Господ детенце побрзо, ќе си се борите и ќе си поставите граници со сопругот. И кај мене додека се роди малата, само кажуваа што ќе било, како ќе било, како ќе правеле, како требало, ама кога се роди, никој не смееше да писне, а не против наша воља да оди. Имало моменти кои се дешавале зад мој грб, ама ги фаќав, оти очекував дека ќе се десат (знаеш дека чекаат да те снема да направат по нивно), ќе се вратев на сред злочин, хахаха.... па реагирав многу остро. Така им дадов до знаење дека имам очи и на тилот, и нема со мене играње кога станува збор за мое дете
@Mihaela91 убаво ти кажа членката пред мене дека нема потреба да разгалабаш за што било ако било и да се замараш уште сега за тие теми со нив.. Баш тука лежи проблемот што предвреме се искажуваш што и како а најдобро е да си молчиш и да си тераш по твое односно самите да си правите тоа што планирате без да раскажуваш многу многу од околу на други па и на нив А здравје кога ќе дојде тој ден секоја жена знае како ќе реагира во зададена ситуација и тоа е тоа Најчесто теоријата никогаш не е веродостојна на вистинската пракса Не се нервирај за глупости искрено. Трај си и прај си што велат.
@Mihaela91 На време разговарај со маж. Прашај го дали тој сака така да го лигават или ќе им се спротистави доколку го прават тоа. Од неколку реченици не можам да имам целосна слика за вашата ситуација дома. Заедно живеете со неговите? Во темава и сличните на неа се покажа дека треба да се крои капа на нероден петко.
Луѓе,пред време се замарате со се и сешто. Не стварајте нетрпеливост уште од сега. Здравје,кога ќе си добиете бебенце па тогаш можеш да кажеш што ти пречи.Една познаничка роди многу крупно и слатко бебе,немате појма какви обравчиња имаше. И нормално,без осет,кој како дојди штипај го. Тогаш почна на убав начин да им кажува да не го прават тоа,а и имаше купено и лигавче на кое пишуваше Ве молам не ме штипете за образите. Јас сум за тоа работите од почеток да се решаваат,ама не мора за секакви ситници и унапред.
Здраво Би сакала да знам како би постапиле. Ние со маж ми штедиме. Немаме многу пари. А и поради неговите нема да правиме свадба 2019 туку 2020 зашто немале пари. Е сега проблемот е што мојов им дава пари а тие на золва ми. Како на кој начин да и кажам некако да се смени ситуацијата?? А така во се се мешаат ни кафе не и се вари се снаата. Глупости..
Ќе му кажеш на вереникот дека ти смета што троши од вашата заштеда за сестра му бидејќи треба свадба да правите и дека сте ја одложиле ради НЕГОВИТЕ.Не оди тоа така од едно дете земи на друго дај. Прави муабет со него, кажи му дека свадба ве чека и дека тие пари не ви стојат туку-така туку се и ТВОЈА заштеда.Не се само негови. Да трошеше негови пари ајде де, ама и твоите ги раздава. Си има девојчето родители нека ја финансираат како знаат. Имаше уште една членка ваков проблем колку што памтам..не си ни прва ни последна.Само муабет со ВЕРЕНИКОТ ти е чарето, иначе отиде ќесето.
Што да и кажеш, да не ги зема парите? А тој твојот зошто дава кога штедите? Со него си имаш проблем, со него треба и да го решиш.
Мајка ми е самохран родител. Никогаш не се наметнувала. Не живееме заедно со снаа ми и брат ми. Дали е можно човек(мајка ми во случајот, па и јас) да не се почуствува лошо кога му викаш дека сакаш приватност за 3 дена во хотел, а од друга страна викаш слободно дојди ми на гости и седи колку сакаш??? Како да одиме кај нив на гости кога без прекин ми потенцира приватност... страшно. Многу се нервирам, а не сакам да права расправии
Може да и сврти муабет одоколу дека тие пари се нивни и ЗАШТЕДЕНИ и дека им требаат.На крај краева си има она родители
Не гледам искрено потреба од тоа. Што има таа да се објаснува на золвата дека штеделе и им требале пари, кога нејзиниот сопруг првенствено се однесува како да не е така? Со него треба да си разговара. Ни на крај памет не би ми паднало да си ставам нервози и да се расправам со золва, ако проблемот е до мојот сопруг.
Тие ако немат сега ќе немаат ни 2020. Ако чекате на нив свадба ќе дочекате. Тргај парички на страна, а за тоа ќе треба вереникот да си го седнеш и да му кажеш два три збора.
@SunnyGirl2 уууф! јас сум во многу слична ситуација. али изгубив нерви и партал се направив со мојов и баталив и свадба и се. ако нема пари за ние кога ќе сакаме да си ја правиме свадбата, ние како што сакаме, нема ни свадба да правиме. Ќе се регистрираме бидејќи ни е битно на двајцата и двајцата го сакаме тоа, а го пролонгираме веќе на два пати, и трет пат нема. Нема да има стринки, тетки, фамилија 10 колено да частам јас, а да штедам на наша облека и сл. А паринките ќе си ги диплам. Веселба само најблиска фамилија и другарки, другари. Ни братучеди, ни ништо. За најблиска фамилија и пријатели ја и он имаме пари да си го истераме. Уфффф! Се изнервирав. Немој да чекаш некој друг да ве спонзорира, налет од тоа. А за пари давање.. сукалото да го фатиш и на маж ти да му го покажеш Земи ако не од вашите пари давај и ти на твоите, па да видиме што ќе остане за вас.
90% од проблемите во темава се за во тема Мажот и жената - проблеми. @SunnyGirl2 Зошто им дава пари? Свекор ти и свекрвата не работат, не земаат пензија? Ако се моментално во некоја критична ситуација, може да им помогне доколку евентуално немаат за храна, но тоа да е само период, а не цел живот да им дава пари. Сепак тоа се негови родители не може да ги остави на милост и немилост. Од друга страна пак зошто тие парите ги даваат на золвата? Мажена е таа, работи? Ако нејзе и требаат пари пологично е директно нејзе да и ги даде. Од каде знаеш дека парите му ги даваат на золвата? Разговаравте со маж ти зошто и до кога ќе им дава пари? Дали живеете заедно со свекорот и свекрвата?
Срц грешка членка си тагнала. Иначе не си во право според мене.Тие пари се нивна заедничка заштеда може ќе звучам ко особењак ама ни јас не би сакала моите пари да шетаат навака-натака ако се спремам за свадба. Океј да, еве сме во брак тешко им е ќе им помогнеме.Ама они ја пролонгирале свадбата ради неговите. Колку пати годишно или во животов има свадби?Тоа е за некој голем настан.Јас не би преминала преку ова лесно само ради свадбата. И подобро да ми каже вака и вака на моите/сестра ми им требаат пари дали ќе ти смета да им дадам.Значи има разлика меѓу заебно и заедничко.Утре ден кога ќе се венчаат он може нивните пари да ги раздава на сестра му.
^ А зошто всушност мислите дека свадбата МОРА да ја платат родителите? Во ред е да ја платат ако можат, ама ако немаат доволно финансии што да направат? Во тој случај најдобро младите да си заштедат и да си одлучат кога сакаат да си ја прават. Инаку нормално дека на никој нема да му е сеедно ако едниот штеди, а другиот ги раздава парите, ама затоа тоа е проблем само меѓу сопругот и сопругата. Не знам како успевате секогаш другите да ги наоѓате криви, убаво напишаа погоре, 90% од проблемите во оваа тема се меѓу сопружниците.
Неговите родители можеби навистина не се финансиски способни да ја платат свадбата, но тоа што ќе ја одложите не е нивна вина. Доколку немаат ќе треба да се задолжат кај познаници или да земат кредит доколку имаат можност. Крај краева подобро е да не се прави свадба отколку да се влегува во дупка заради истата. Едноставно, скромно склопување на брак е сосема солидно и доволно, а свадба може и по неколку години кога вие ќе заштедите пари. Прашањето е како да му кажеш на маж ти или на золвата или на свекрвата? Не е јасно напишано. Како и да е кажи му на маж ти, разговајте, смирено, не се плаши, за тоа е бракот, заедно да створите, да разговарате... Или ти или маж ти земете кредит од банка доколку сте вработени и со парите од поклон во плик делумно ќе го исплатите, барем некој дел ако не целосно.
Работат.. Предложив на сопругот да не праиме свадба зашто сме регистрирани 4 месеца веќе.. ам тој сакал свадба без тоа како ќе било..