Штом работат не би требало да има потреба од давање пари. Кажи му дека и без свадба ќе живеете среќно до крајот на животот. Посреќно. Ако се заглавите во долгови и кредити за свадбата нема да е толку среќно. Нека мисли долгорочно.
П.с. золвата е мажена в друг град и работи и таа и маж и. Се бараат пари со изговор уште не се пуштиле плата или кога ќе доаѓате оли идеме на гости и се знаи тогаш им ја полнат колата со храна(овошје зеленчук јајца -тоа имаат дома свекрвата) и зимници и си одат хх Ајде тоа нека и праќаат и дават што сакаат.. ами не се ни без работа Не знам како и на кој начин да им го кажам тоа. Зашто секако излегувам крива. Сум инала муцка кога нешто се побунам. Штета. Пред брак не беше вака хахаха
Ако мене ми се обраќаш ќе ти одговорам јас. Не реков да ја финансираат неговите свадбата.Едно е да дадат удел друго е да ја финансираат. Затоа и штедат они ваљда за да не зависат ни од неговите ни од нејзините. Јас кога ќе се мажам немам во план да ми финансираат моите или неговите па после низ нос ни го извадат.Имам пишувано по темиве.Дур не се осамостоиме и двајцата и не тргнеме пари на страна свадба нема.Бар јас не планирам.
Не ми е јасно. Сите работат, а вие им давате пари. Зборувај со маж ти дека еден ден ќе имате дете, треба да имате заштеда. Тие нека си ја распоредат платата и нека земат минус во банка, кредитна картичка, кредит. Зошто маж ти, односно вие да им давате пари? Тие пари ќе ги ставите во заштедата. Зборувај, зборувај, зборувај со маж ти. Пред брак се е поинаку, а да не збориме па тогаш деца кога ќе дојдат. Така баба ми на тетка ми и ја полнеше колата и мајка ми се лутеше ама мала бев не ми беше јасно, па почна скришно навечер да доаѓаат тетка ми и тетин ми со колата и набрзина ставаа се од гаража во кола додека е мајка ми трета смена на работа, ама јас мала само гледав и не разбирав зошто така.
@SunnyGirl2 За мене си малку недоречена. Живеете во заедница и давате дел од вашите пари за да учествувате во секојдневните трошоци, ги дава твојот сопруг сите?. Или пак сте си посебно од родителите на сопругот а сепак сопругот дава дел или се? Мислам дека ако го знаеме тоа полесно ќе може да се разбере вашата ситуација и дали има навистина проблем или нема.
Нешто да ви кажам ама вака најискрено што мислам а сум чула и прочитала овде милион пати Стварно не знам како можете да се задолжувате со кредити за една свадба? Разбирам и подржувам кредит за кола за стан за намештај за реновирање ами за свадба? Не можам да сватам. Старите велат "испружи се колку ти е чергата ако сакаш есап и фамилија" и во право се. Подобро би подигнала кредит за некое битно прашање во животот отколку за еден ден трубадури гаги светки и лски. Безсмислно е. На крај пак ќе си у минус ем у поклони ем у кредит.
Neznam zasto mora svadba da se prave nie voopsto ne pravevme svadba gi pokanivme samo najbliskite rodnini I otidovme se vencavme vo crkva se registiravme I tolku a da zemam krediti da stedam mislam oti ne vrede da se maltretiram e dotolku
Не сме в Мк и од овде пари летаат. Инаку ако се враќаме и да не сме како што сме, ќе живеевме во 1 соба на таканаречен спрат. Зашто свакрвата се буни дека тааа куќа правела. Чак се погоди свекорот да седне на кревет в дневна и таја му вели Јас си го купив не може да седиш и овој оп стана и седна на фотеља.
Јас мислам дека веќе и свадбата не е толку голем проблем, колку што се земаат пари од едното дете за да се дадат на другото. Сега е свадбата изговор, ако не е свадбата, ќе биде нешто друго. Она што е ваше е ваше и нема што некој да го раздава без ваша дозвола. Ама ако тоа се нивни пари можат да ги даваат на кого сакаат, макар и на комшиите. Можеби ги делат децата, и на едното даваат повеќе и тебе тоа не ти е право. И нема да е право, ама за свои пари секој сам си одлучува на кого ќе ги дае. Јас мислам за свадба да не чекате од нив и сериозно да си поразговараш со мажот, оти сега велат дека не можат да ви напраат свадба, подоцна ќе велат да почекате за нешто трето додека ќе финансираат друга страна и така со ред. Затоа, разговор со маж, и без очекувања од неговите.
Епа ќе му речеш на мажето Мои пари мои правила. Ако вака се делите до мебел кој што купил тогаш и за финансии ќе се делите. Отвори уста.
Сега е веќе појасно. Обично на тие во странство парите на дрво им растат и им тече мед и млеко. Предложете им да ги повлечете и нив во странство. Подобро е да се научи човекот да лови риба отколку да му се даде риба да јаде. Кога се женел маж ти формирал свое семејство. Вие сте едно и како едно и донесувате одлуки. Тие пари се ваши. Треба да штедите за куќа/стан, пари секогаш требаат. Или ако веќе дава тој давај и ти на твоите и растур систем ама нека види како е.
Значи сопругот твој им пушта пари, штом живеете во странство. Не е дека некој со сила го натерал. Ако не сака да пушти, нема да пушти. Туку гледам повеќе ти одговара друг да обвинуваш, а ги избегнуваш коментарите дека треба да разговараш со него.
А зарем планирате во едно собче да живеете? Тргај пари настрана речете им собираме за стан да си уплатиме учество за кредит и поради тоа извинете не можеме да праќаме. Поради тоа и свадбата нема да ја правиме тие пари што планиравте да но ги дадете за свадба ќе ги искористиме за да исплатиме нешто од кредитот. По брза постапка вака се решава
Јас сум разговарала. Затоа пишав како да најдам решение.. што да му кажам. И прочитав мислења овде и ќе се обидам.. Фала ти сепак.
Прво, зошто да се чека за свадба две години, а веќе земени? За мене лично поголема глупост од ова нема, па до тогаш може и бебче ќе има и сите топтан на свадба... Друго, ако родителите сакаат свадба нек си прават. Уф памтам колку се нервирав, ама реков или свадба под мои услови или нема свадба!!! Друга работа. Штедиме и ние(сеа до детево повеќе у минус идеме), заштедените пробавме за добро да ги инвестираме ама нр успеа...ај ќе речеш налет 500 евра. Сум дала и на мајка, и на свекрва. Ама од мои пари, добиени за роденден, празник и слично. Тргнати на страна, но од заедничките гледаме и ние да не чепнеме кога сме во кнап. Од ма детево парите исто, иако се за неа, се се купува со наши пари, нејзините седат. Ќе си збориш со мажот. Ако сака нек им дава негови пари. Пример: платени сметки, храна итн... Тргнато за заштеда, е ако му остане ако сака сите нек ги даде. Значи прво сте вие двајца па после сите останати.
@SunnyGirl2 Леле те читам и се нервирам. Мноогу слиична ситуација. Кои проблеми излегоа кога секнаа парите од мојов кога бевме ние во странство, таму и се запознавме, ехеее, од тогаш ме мразат, матер им ебам. Извинете за францускиов. И пази се вракаме тука, тераме веридби и глупости, поправаме превозни средства, уредуваме стан, они со прст не мрдаат финансиски да помогнат, абе онака ко секое семејство ќе пушти една чинија ако ништо друго, и на крај овој мојов крив, поради мене нели, а се враќаме тука ги курцаме парите на тоа горе што пишав и двајцата без работа и без пари остануваме и ние криви, ми идеше да ги искубам тие кокошките, а сите, цела негова фамилија вработени со редовни примања, без никакви трошоци. уууууф! Ништо само сукалото и по маж ти, како може бе да не се грижи, што му е. Твоите изработени пари обавезно на посебна сметка да си ги чуваш. Аман..
Доколку имате нормални примања и ви остануваат пари на страна, тогаш зошто да не помагате еднаш во неколку месеци? Родители се.. крај краева, ако сметаш дека има солидна причина зошто да не помага, тогаш кажи му ја и кажи го твојот став, дека си против. Што знам, ние со мм и на неговите и на моите праќаме, колку - толку, ќе им се најдат за нешто. Би праќале и повеќе да имавме повеќе можности. Во врска со свадбата, никој не ви е должен да ви ја плаќа, освен ако не сака. Нема сигурно бубрег да продаде свекрва ти за тоа, така да chill.