Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Точно е дека односот ќе функционира ако има почит и разбирање од двете страни, ама ако е почитта само од едната, тешко...
    Викендов во мое отсуство јасно ми беше дадено на знаење кај ми е местото во куќа во која живееме само јас, мојот сопруг и детето. Сега сфаќам дека ќе морам поинаку да се поставам, да не дозволувам да се искористува премногу мојата добрина и попустливост. Среќа што мажот ми е на моја страна.

    Се прашувам дали вреди заради нечии каприци и краток фитил да има тензија меѓу нас - одговорот го знам. Проблемот е што никој од нас не може да разговара со неа како што треба, буквално сè сфаќа како што неа и' одговара (погрешно во најголем број случаи), и легнува болна од нервоза. Како да се справи човек со таква личност? Игнорирање не помага, разговор не помага, нешто трето?...
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    lolyta777 е тотално во право но како што и самата рече ги кривам мажите т.е. мамините синчиња и да кажеш пред мажот во присуство на свекрвата,пак е џабе,бидејќи лигушот таканаречен маж или ќе заќути демек правејќи се мачо или ќе ја одбрани мајка си тешко на тие жени што имаат покрај себе имаат лигуши упс мажи таков маж подобро е да го немаш тие се обични штетници
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Почна свекрвица да се занесува. Пред маж мми си ќути демек се арно да направи и ни мисли, а на два пати остануваме сами одма други теми ми вади од ракав и што е најинтересно истите ги врти . Што ли и е целта???
    Пред два дена денот го започна со тоа дека сум била голема за така краток период во трудноча, а го заврши со тоа дека ќе станам мечка од што нон стоп лежам(како божем мене да ми е интересно и нешто занимливо што не сум мрднала од дома 10дена и што ми е така од доктор(кој е и нејзин пријател) наредено :@ )
    Го предупредив маж ми дека доколку и нареден пат ми се занесува и ги повтори истите теми ќе биде друга песна. Тој да, на моја страна е, не сака да се нервирам, но ме изненади што конкретно за тоа “мечка“ беше и он дома, а и преќуте, а вчера му кажувам дека ќе свртам нов лист во односот со неа, одма јас сум се заканувала, па да сме седнале сите заедно да збориме. WTF демек јас лажам или што па ќе ме соочува, :fubar: ма има да направам таков спектакал, само нека проба некој да ми ја прелее чашата... невидена лутина ме држи уште :devil:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ох сега знам зошто моите си имаат хармоничен брак. Мајка ми нема свекрва :lol:
    Шала на страна, баба ми била добра жена ( починала кога јас сум се родила), па така тогаш цела куќа паднала на товар на мајка ми (тројца мажи-свекор, девер и маж).
    Нејсе, зборот ми беше дека песната што ја постира претходно ја отсликува реалноста. Не само во Македонија, туку и во секој дел од светот. Една куќа со две жени секогаш е тесна. Точка.
    Ах да можам да го вратам времето и јас да си одберам друга опција уште од почеток, наместо оваа што ја одбрав... Ама ајде, ќе издржам уште малку време вака :)

    И јас ќе сум некој ден свекрва. Знам како НЕ треба. А дали ќе знам како ќе треба, тоа не можам да кажам.

    meU, превземи нешто, не дозволувај уште сега така. Јас така си се нервирав во бременоста од свекрва ми, дури после многу време превземав позначајно нешто. И се чудев после зошто бебето ми е нервозно. Не вреди, верувај ми. Разговарај со неа на само, ако мт не ти верува, сними го муабетот. Може ова е ептен одење во крајност, ама кога таа е дрска, биди и ти. Знаеш како велат, за идиот да те разбере мораш да се спуштеш на негово ниво. ;) Ако разговорот со мт не даде резултат, тогаш земи си ја работата во свои раце. На крај краева, не сме најдени на пат и фрлени во НИВНИТЕ куќи.
     
    На meU и eli25 им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Меу, Така прават секогаш.Ако веќе видат дека синот е на наша страна,пред него јагниња,а пред нас вртат други теми.На смешка,на шала како знае,ќе си каже :D
    Ете конкретно сега пред свадба,кога се делеа маси,се сместуваа гости,се организираше ресторант,музика и слично,госпожата на мајка ми се побунила за гости кои ни се патем заеднички другари,а беа пишани кај маж ми,зошто биле пишани кај него,кога биле поблиски со мене |( ,а потоа на смешка кога и рековме рече ама не ,да не се повторуваат,јас мислев и вие сте ги пишале,не е за парите! Имала она многу гости,ние сме немале,па бараше од нашите маси да и остапиме,ама се тоа пред мајка ми.
    Онојпат се јавила демек онака,а потоа подбуцнува.
    Му кажав на мојот,иако мајка ми ме замоли да не кажувам,да не испаднела тужи-баба,а знам дека мојот за такви работи се нервира,и одма ќе и каже фино лепо.Па му реков низ муабет да и каже,она ќе си прочита меѓу редови,ама сепак ја потценив,сигурно знае дека нормално мама ми кажала,па онојпта требало да се договорат за порциите во ресторант кај нас дома,и они не дошле :^)
    Следно-и реков на мајка ми,ако звонат за договарање,да каже дека не е слободна,за да се тоа биде пред мене и маж ми за да не може она многу да се занесува.
    Најново е што-ова било машка свадба и они ќе биле главни,и на слики,и на ора,и на се ! :puke:

    Така да,на дистанца,онака напрај лице,биди фин,како неа ]:) ,од едното уво нека влези-од другото излези,и секако без мажот ништо,по милионити пат кажано,докажано,константирано :!:
    А и мене не ми е јасно,како би можеле да бидете со некое мамино галениче?
    Таквите од км се познаваат.Уште додека е дечко,ако секој втор збор е мама-се знае утре што да се очекува од него.
    Освен ако ептен не вложите труд,па да ги смените нештата :wasntme:
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ќе си умрам од смеа значи ова со свадбите сите исти проблем имаме :D
    и кај мене свекрвата на мама и зборела како за една работа таму требало да биде кај нив а не кај нас бидејќи они биле од машката страна :D и мајка ми цела испотресена демек леле леле.

    а јас не прашувам само давам изјави што и како ќе биде и нашла на мајка ми да и зборува. нормално за таква глупост и женска работа не кажав на маж ми оти знам дека ќе се скара со неа а и ич не се замарам. и кажав на мајка ми да продолжи да работи тоа што и кажав и без нервози.

    а најјако ми беше за поканите демек требало да стојат они со презиме и први да биле а јас на смеа на шала(а и така си ги направив :lol: ) викам па нема да стоите вие ке стоиме ние петко и станка со фамилиите така да нема прв втор :D
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ели маж ми не е воопшто мамино галениче, од свои 18години е излезен од дома и живее сам, сега таква ни е ситуацијата да мора со неа да бидеме.
    Инаку тој постојано се расправа со неа, воопшто не и оди по г’зот и сл, само ме изненади дека преќуте за тоа она мене што ми го кажа, но два пати му замерив, а претходно му кажав дека сакам да одам кај мајка ми малку да поседам и одма му стана јасно дека нешто не е во ред. Сега веќе е друга приказна, но мене ме интересира и дај Боже што побрзо да има повторно ваква случка да видам што ќе се деси.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Кога Ве читам сега вака ми вадите осмех на лице, најозбилно. Таква бев и јас на почеток а сега кога ќе ми текне за што сум си кинела живци ми оди да си мавнам една шлаканица. Така да, ќе дојде и вашето време за кое самите ќе се изборите и направите свој пат, нормално ако имате подршка од мажот.
    Никогаш нема да заборавам кога дојде моментот да бараме што накит ќе носи невестата (јас). Веднаш си кажав дека несакам злато, а од накит (така ми диктираше венчаницата) некои убави менѓуши и голема раскошна алка. 3 дена се шеташе за таа ебана алка на горештини од +40 во Јули месец кога бев и бремена. На крај спиздев и утредента по ладовина во 09 си отидов и си ја купив сама таа што си ја сакав.

    Најбитно е во старт да си ги искристализирате односите и правите како вас ви одговара. Ако и понатаму имате примедби од дотичните особи терајте си од едно уво влегува од друго излегува.

    МeU бидејќи имаш таква бременост да мораш да одмараш а таа нема осет за твоите хормони и заборавила кога таа била бремена, терај си на шега, во стил ,, ајде ќе заплетам едни чорапи сега, ќе изеклам една бовча,, и ќе свати колку е саатот ;)
     
    На meU и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. lina1234

    lina1234 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1




    da od dvete strani e, i zatoa vo ovie 2 god brak dosega ne se reklo nieden zbor na strana, dali taa na mene ili jas na nea, ke recam fala mu na BOGA svekrvata mi e pogodena :) nema sto jas da se placam od nea barem sega za sega
     
  10. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    не знам дали на право писувам ама не можам да ја барама темата......кој беше тој што кажуваше дека родителите не биле тие што растурале се?????
    жив пример.....ни ја растурија најголемата љубов што ја имавме...верени бевме и што ни направија!!!!
    ете која била причината што наеднаш се сменил....никој пат аер да не видат......ми го уништија животот ми ги растурија сите соништа!!!!! ;(
    што да правам сега что ми преостанува!!!!! ;( ;( ;( ;(
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    знам дека е тешко ама не се нервирај се ќе се среди... и ние се така откажавме оти неговите немале пари немале што да облечат |( свашта ... се скаравме. али еве сега се смиривме и се се среди. иначе и јас мислам дека во најголем случај родителите се криви што не гледаат да бидат среќни младите туку се замараат со други работи и клаваат ред уште од одма.. ама сепак и дечковците си криви најмногу. не може да застане и да каже ние решивме и така ќе биде вие не се мешајте :fubar:
    поздрав срцке и не се нервирај :*
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    не можам да не се нервирам кога сум уништена...за некој ден требаше да славиме година од верување...а нив за нашата среќа не му е гајле.....го притискале да не биде со мене....мислам дека ќе умрам од толку мн што го сакам...знам како дише ;( ;( ;( ;(
     
  13. Adelcheto

    Adelcheto Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    :* daj boze da vi odi na dobro sekogas taka :* Togas i vasite deca ke rastat vo edno harmonicno semejstvo kade sto ke naucat sto e doblest i pocit! megutoa retki se tie snai i svekrvi sto se pocituvaat.
     
    На lina1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Минатата година свеки за мојот роденден направила торта, сакала да ме изненади. Успеа. Веднаш по изненадувањето, ме изненади уште повеќе - ме расплака како никој до тогаш. Бевме тазе верени, а јас не можев да издржам, отидов до кај моите- цел ден плачев. Доцна ноќта, мажот ми (тогаш вереник) успеа да ме наговори да се вратам. Помислив никогаш да не се враќам. Така не сум плачела никогаш, па и на мој роденден. Ми се чинеше дека светот ми се сруши на глава. :'( :'( :'(
    Годинава свеки пак ми направила торта... :fubar: А бре не и ја сакам тортата! Мир сакам, мир!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    MeU џабе златна кинеш живци. Живеевме и ние една година заедно, баш кога се преселив (се земавме) а и бремена бев, па сега си се чудам на муабетите и нервозите што сум ги кркала за безвезе. Инаку сега се гледаме по потреба, најчесто ако ми згреши со муабет, не ни идам наредни месец дена, па нека го боде маж ми, кај е што е, демек неа не и е јасно... Ме чепна така за еден муабет кај што ме боли, а мене глупача ми требаше поприлично време да сфатам за што чепка, ама потоа баш бев лута...и сега еве пак, требаше да шетаме со моите на викенд ама нешто се изјалови и тргнавме подоцна, абе задоволство и се читаше од лице, и одма се јави дали е сам дома муж ми......сега се спремам да и одам да и се изнафалам со сликите. А и редовно ми испраќа од задушница ствари (а бремена сум)- шврки - па ко сум го подбрала мужево леле леле, таму да си јадеш викам од задушница, дома ако ми донесеш не ти отварам :)
    и изнасобрав оваа бременост, сега ќе смислувам казни, ама на крај баш ми се напеналува, само што можам да се исклучам бидејќи не живееме заедно па си свиркам.
    п.с. Пратила за детево 1 ќофте бе?!?! а јас?!?! и си го изедов а детево ако сака му викам на мм оди да земеш - бог да чува!
     
    На Anyshka, Nastjaaa4 и meU им се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски


    Побарај го него, оди ми пред врата бре! Разговарај со него во 4ри очи.
    Аааа ама се нервирам со такви идиоти ! :devil: (Како свекор ти и свекрвати.) И јас ги проколнував дури ја читав твојава приказана. Мој совет е да одиш кај него, разговарај, кажиму дека мајка и татко треба да се почитуваат ама дотолку па и лошо е. Објасниму што чувствуваш и смири се. Ќе бидете заедно, 100%. Иако не те познавам, имам добра интуиција. ;) :lol:
     
  17. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    само бог знае што се случува... ;( ни расипаа се.....му ја наполниле глава додека не бев тука а ссе беше прекрасно.....нема ни да сака да разговара за тоа го познавам јас....татко му има преголемо влијание на него.....се плашам да го изгубам а знам дека се сакаме.....и јас ги проколнувам и знам дека никој пат аир нема да видат ;(
    господ да ко казни таквите......како викат манастир и љубов меѓу двајца не се уништува!
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Nastjaaa4 извини вака, ама морам да ти најдам една замерка и да те искритикувам(нормално, најдобронамерно).
    Некои погоре ти даваат совети како да почнеш да си го средувап животот полека, а ти упорно секој пост ти е “ни го уништија животот “, клетви да им се врати и сл.
    Зошто кога знаеш дека не е до вас не превземеш нешто, за да ја подобриш ситуацијата или подобро ти е да се сожалуваш самата себе и да ги окривуваш другите.
    Секогаш кога нешто силно го посакуваш имаш реални и големи шанси истото да го добиеш. Ако сакаш да си го вратип стариот живот, да си продолжиш со човекот треба веќе да превземеш нешто , а не да тупкаш во место и тука да пишуваш постови со жалби, клевети ... Почни да дејствуваш !!!!
     
    На srcekrsacka, blond и Annath им се допаѓа ова.
  19. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    драга....не ми е целта мене да се залам да кукам да клеветам, јас си го казав мјот проблем мене не ми беше целта некој да замарам....не сум тип да се сожалувам самата себе си...немој да ме сватиш погрешно ама сите си знаеме со какви луѓе сме фатиле раб.џабе ние се ќе правиме кога некои луѓе решиле да го водат нечиј живот јас и на глава да се превртам џабе ќе биди.....
    сум пробала мн пати.....ама пусто влијание од др....е мн помоќно од мојата искреност....што да кажам....некои родители мислам дека можат да управуваат со животот на децата дури и тогаш кога тие сакаат да остварат свое семејство.....а и какви се тие родители кои прво глеедаат нив да им биде подобро...а после на децата....затоа пак ќе напоменам сите си знаеме како ни е и не е убаво да се суди од страна....ако некој сака да даде совет тоа е добредојдено а критики не бидејќи навистина само ние само си знаеме за какви луѓе станува збор поздрав!
     
  20. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Еј душичке,чекај малку сега ајде што старците се обидуваат да ви растурат.
    Ама запрашај се дали ти сакаш да бидеш со човек,на кој што можат толку лесно да му влијаат ?
    Ги обвинуваш неговите родители но него никако, мислам дека поголем дел од кривицата лежи баш во „ Мажето“ без навреда, знам го сакаш сакаш да бидеш со него, ги обвинуваш сите останати па и самата себе , бидејки ви се растура работата,но мислам дека најголем кривец е тој.
    Ај ти фино одјеби го стај го на игнор,најди си некој друг. Мислам дека така нај паметно ке ти биде.
    Вистинска љубов па и не се растура туку така лесно, ако ме разбираш што сакам да ти кажам.
    Знам дека после ова ке ме нападнат и други членки, па и самата ти но ако подразмилиш малку со ладна глава, ке сватиш дека сум во право.
     
    На srcekrsacka и Nastjaaa4 им се допаѓа ова.