Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    @SunnyGirl2 многу нејаснотии имаш во постовите. Каде живеете, со кого, сами ли сте, во заедница ли? Од каде си толку сигурна дека парите одат на золвата? И дали и ги дава тие пари на подарок или тоа е сепак заем? Со маж ти ќе си разговараш, другите не се ништо виновни. И на крај краишта не знам што толкава фама се крева околу таа свадба. Не мора да правите голема веселба, чим веќе заедно живеете пример може да си дадете ручек во кафеана со најблиските и толку. Никогаш не сум гледала поента да се гоштеваат сто души што ги гледам само по погреби и свадби, а ќе ми дојдат со сервис. Сериозно ова не само за членката туку во моја околина 99% немаат решено станбено прашање ама приоритет им е свадба демек срамота на детето свадба да не направиме. Има милион теми за свадби ама морам да кажам Посрамота би ми било да се буткам со 3 генерации под еден покрив, една соба да ми биде и спална и дневна и кујна, да немам сопствено купатило и сл.
    Башка родителите не се должни да ни плаќаат свадби. Не одгледале, не исчувале прави здрави доволно е и ај сега да им речам дајте 3000 ил 5000 евра за свадби, за глупости, некогаш претеруваме. Ако имаат вишок пари и сакаат да помогнат нека дадат ќе си ги вложам далеку попаметно. Утре нормално ако имам и можам да помогнам би помогнала и на моите и на неговите.
     
    На Antebellum, toogood, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Ако можете да помогнете помогнете само не одмагајте било на кој.
    Се сложувам со членката од претходно дека ако имаш и си во можност да помогнеш на фамилија помогни.
    Тоа е мојот став.
    Ние сме помогале. И планирам да помагам а најмногу од се би сакала да туткам и ним некој денар оти едноставно заслужиле.

    Уствари во оваа ситуација маж и на членката некако е нејасен, уствари и двајцата се нејасни.
    Се подразбира тоа дека кога немаш не можеш да дадеш, ваљда дома се праи муабет што како и каде со финансии. Ваљда двајца возрасни свесни луѓе знаат што прават, подразбираат што и како прават.
    Или работава е нешто ко криење или не знам што ама па мајко му стара ако немам што се вика за основно низ животот како можам да туткам па некој друг да тутка од тие пари за золвата стварно не ми е јасно.
    Чудно ми е дека во еден брак се подразбира кој што и како треба да води есап и слично а вакви ситуации некако ич не ми се јасни.
     
    На Antebellum, Milobebence, Sanja1105 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Така е, но да не се прават дека тие платиле, нели? Еве свекрвата не даде за свадбата, а се прави мислиш којзнае колку потрошила. А моите решија да ми направат свадба и тоа низ нос не ми го вадат, не ни помислиле да ми зборат дека потрошиле за мојата свадба. Ќерка сум им и им беше мерак секако. А свеки ништо не даде за порциите, а се чатали и ден-денес. Епа нече мочи код мене то.
     
    На AngIv, Skorpija25, Sandrush12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Мене уште не ми е јасно како знае дека парите свекрвата ги дава на золвата?
    Жената изгледа едноставно не ги сака свекрвата и золвата и не сака маж и да им праќа пари.
    За почеток договорете се да им давате само кога ќе одите Мк или за Нова Година да се почастат, Велигден и слично, а не секој месец.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    А шо има лошо у полнење кола зеленчук и овошје за ќерката? Оти моите по 10 ќеси полни ми носат, да знам дека кога брат ми ќе ср ожени снаата Нема да дозволува...
     
    На Antebellum, duffi, AngIv и 13 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Кој сака да прави свадба, тој плаќа.
    Јас не сакав, моите и неговите сакаа, тие платија, се'!

    Иначе, торби со овошје, не е кузнај шо.
    И мене ми дава мајка ми, тоа што имаат в двор овошје, и зимници кога прави, ако сакам, обавезно ми нуди некоја тегла.
    Мислам.. мајка ми е.
    Таа кога ќе дојди, ако имам кафе турско, или какао, или некој друг поклон што не ми треба... како чинии, тенџере, тавче некое.. ќе и' го дам, или нејзе, или на свекрва ми.
    Мислам.. ова не е финансирање.

    Финансирани бевме, првите две години, кога немавме пари сол в очи да си фрлиме. Е тогаш, ни плаќаа и сметки, и ни додаваа ако не ни стигнат за храна, облека или нешто такво.

    Ако се сите финансиски независни, работат, примаат пензии, нема што да им праѓате вие пари. Тие што не ви праќаат вам? и вие работите за тие пари, и тие работат за пари или примаат пензии што работеле. Ако се мали приходи, ајде де, ама ако имаат доволно, од шо мака, ваше да давате? Та и на свекрва, та и на золва, та и на мајка, та и на било кој!

    Прашајте зошто им смета вашето присуство.
     
    Последна измена: 27 ноември 2018
    На Antebellum, duffi, Emy867 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    5.936
    Сум ги слушнала кога зборуваат со свекорот. Па маж ми го слушнав кога кажа дека ако треба ќе даваат. Тоа беше пред да заминееме. Сите по една соба и да не сакаш ќе слушниш.

    П.с. убави плати земаат. И се бунат како сум мислела да не праиме свадба. Какво било тоа. А скржави се малку..

    Ќе тераме додека оди.. и така ќе ми пукнат живциве ... ајде убав ден.

    Си имате и вие по нешто у животот.
     
    На Skorpija25 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    34.292
    Пол:
    Женски
    ^^Околу полнењето и моите полнат на сестра ми секое идење кај нас (јас живеам со моите) ама ретко кога го земаат нејзиното дете да го чуваат. Ама па затоа моето деноноќно го чувале и сега го чуват но нема потреба да ми полнат бидејќи заедно јадеме и пиеме.
    Мислам нема потреба тоа да го гледаме. Е сега мт ако сака да им дава со него ќе си го расчистиш тоа не тука да кукаш што и како да направи.
     
    На Antebellum, WildMk, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.053
    Допаѓања:
    69.214
    Ехее, колку неправди има низ секојдневието, за тоа што кажала свекрва ти ќе се замараш. Ако сака така да кажува, со сила не можеш да и забраниш, остави ја нека збори. Џабе не си го расипувај расположението.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Зависи каква снаа ќе имаш. :D

    Ние бевме мн сиромашни па затоа се нервираше мајка ми дека и тоа што го имаме го даваме.
    Ама па ја сфаќам и баба ми, ќерка и е.
    Единствена да речам неправда е што тетка ми беше мажена за богат човек, работеа, имаа пари, убава куќа, а ние пак ќе речам бевме многу сиромашни.
    Кај сиромашниот ќе се најадеш, кај богатиот ќе се нагледаш.
    И општо жените имаат договор со ѓаволот, снаи и свекрва, јатрви, золви, секогаш повеќе злоба отколку добрина.
     
    На Meckicja, Antebellum, Sandrin4 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.769
    Допаѓања:
    141.821
    Ама како е можно снаата да и рече на мајка ми не и давај на ќерка ти и на внуците?!

    Уствари, шо се чудам па и јас. Вујна ми беше таква. Баба ми у цицките криеше 100 денари да и даде на мајка ми, ние леб и сало јадевме, они софри...

    Како и да е таква снаа не вирее, па и оваа сеа живее сама, се разведе од вујко ми, па и на свадба на ќерка и не и дадоа да оди. Таква злобна душа само зло и се случува.
     
    На Antebellum, TutiFuti, Sandrin4 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Зошто маж ти да не и помогне? Ако на фамилијата не помагаш тогаш на кој ќе помагаш? :?:
    Мали се платите во другите градови и нема ништо лошо во тоа што мажот сака да помогне на својата фамилија.
     
    На Antebellum, SunnyGirl2, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.704
    Допаѓања:
    213.436
    Пол:
    Женски
    Еве едно мислење од родител не ме сваќајте погрешно,но не е секогаш вистината со едно лице,патем и јас сум нечија снаа,золва и јатрва.Сум родила деца на своја желба,како и секој родител сум правела се што сум мислела дека е за нивно добро.Сме ѓи школовале,да имаат подобра иднина,во текот на тоа школовање сме се откажале како родители од многу работи,шетање,гардероба,празници и делници сме работеле за да ги извадиме на пат,секој еден родител тоа го прави за своите деца,не дека некој не терал,сме се бореле за подобро нивно утре.Читам мислење дека за родители кога помагаат на некое од децата се ствара револт од другата страна,ако некој син или ќерка помогни на родителите пак не чини за снаата.Мислите дека на родител му е лесно ако стигнал детето кое го израснал да му помага,не,не му е лесно.Секој родител сака тој да е во позиција цел живот да помага на своите деца,а од друга страна не гледам лошо ако пак на родителот се помогни.Зарем треба да ги оставам свекорот и свекрвата,или мајка и татко да тргаат сиромаштија ако не им стига,а при тоа можам да си дозволам да помогнам,истото важи и браќа и сестри,тие се од една страна золви јатрви,и сл.Зошто да префрлам ако свекрвата даде на нејзината ќерка,па нејзина е,не е откажана ако се мажила,на крај краева и тие од себе скусувале за на мојот маж да му овозможат образование,е сега кога тој заработува,ете желба му е да возврати на своите родители,јас кавга за тоа да правам,не е фер.И не заборавајте дека годините дури трепниме си поминале,па ние сме на тоа место од свекрвата,свекорот,мајка и татко,па мислам дека едно залаче подадено од нашите деца ќе ни се гледа како најскапо нешто што ни го дале.Мислам дека ми ја свативте поентата на сето ова напишано,и при тоа не сакам никој да се најде навреден.Штета е што си правите нерви и проблеми со вакви работи,наместо да уживате во живото во слога и разбирање.
     
    На Д.Чобанова, meggle, iki26 и 37 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.753
    Пол:
    Женски
    Јас многу пати сум си рекла сама себе или пак и на маж ми
    Мајка му е, она се чепела да рааѓа, она не спиела, она плачела и липтала, она не знаела кај и е главата, она знаела само како и на кој начин го израснаала во човек.
    Ова многу пати и за многу нешта ми е во глава.

    Има право лејла скроз..
    Ајде да се ставиме сите ние на местото после 20 години, ама за моето ќе ме боли нели, и сигурно нема да осеќам така како што осеќам сега кон свкрвата.

    Ама мое е нели а свекрвите никад не можеме да ги сватиме..
    Ама еден ден ќе ги сватиме и скоро па исто ќе бидеме истите.

    Печат ставам.
     
    На Antebellum, TutiFuti, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Sekoja cest za tekstov samo ne site gi razbiraat rabotite kako takvi. Bravo za isklucocite kako tebe
     
    На WildMk, gjoker4e и Milobebence им се допаѓа ова.
  16. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Потпишувам...Бравоооо ...
    Кешки секој да можит да си помогат обострано и без завист и љубомора...
    Јас колку можам давам на татко ми кога нема, бидејќи работи приватно, а сам е...До пензија има уште многу...
    Жал ми е...се борел, двоел од уста за ние да имаме...не извадил на пат...колку можам ќе му помогвам. Здравје изгуби со тоа малтерите.
    Пола збор немам речено кога свеќи му дава пари на мм...кешки нека имаат да даваат, пак сопругот е свесен и пак тие пари се за домот. Никогаш не сме криеле финансии... Кој колку имат толку, прајме есап. Све делиме.
    Само искреност и чесност.
    Немат потреба од лицемерие.
     
    На mimiiiii, WildMk, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не мора да значи дека немаат дволно пари ако се од 'други' градови.
    Јесте дека во Скопје има највисоки плати во просек, ама и по 'другите' градови има луѓе кои заробатуваат доста добро.
    Пошто не им ја знаеме точната финансиска ситуација на луѓево, ќе речеме дека: 'Во ред е да бидат финансирани од родителите доколку, живеат со приходи кои не им ги задоволуваат основните животни потреби'

    Иначе.. како што рековме, овошје, па и торби да е.. Не покрива сметки и храна за сите за секој оброк. Во превод: Поклон е.
     
    На Emy867, gjoker4e, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишувала постов...вака живеам јас на еазличен спрат сме со надворешни влезови но свекрвата така се однесува...нервен слом доживувам секој 2 ден незнам колку можам вака
     
    На AngIv, Milobebence и gjoker4e им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Не ја знаеш другата страна како изгледа тоа.
    Сум се нашла во ситуација така, со наши пари правени зимници баба ми и ги полнеше ќесите на братучедка ми, бидејќи ќерка и не е жива веќе, а на мене никогаш не ме удостоила со такво задоволство.
    Дури и за празниците кога ќе купеше 3 чоколади, купуваше за 2 внуци и правнукот, јас не и бев внука.
    Поентата е да кажам дека е лошо да си двоен и на некој начин отфрлен.
     
    На AngIv, WildMk, ZAHRA и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.594
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано @LejlaD и со се се сложувам. Ама.. има едно ама. Не велиме да не се помага, туку да не се дели едното дете на сметка на другото. Ако се има потреба нормално дека на едното ќе се даде повеќе, ама ако баш другото има потреба од тебе, а ти да му велиш чекај, додека подаваш на другото кое е добро ситуирано, не е во ред. За таква ситуација падна муабет.

    Јас имам ваква приказна. Дедо ми се преженил после Х години кога починала баба ми. Татко ми и неговите сестри живееле со маќеа, и мајка ми исто кога се земала со татко ми. Кога сестрите се омажиле, останале само моите со старите нормално. Таа, не сакам баба да ја наречам оти никогаш тоа не ми била, никогаш не учествувала во домашниот буџет ама затоа учествуваше во празнењето.
    Никогаш ручек не направила ниту зачистила. Ама затоа се од зимници и мармалади што мајка ми ќе направеше скришно полнеше торба и носеше на сестрите и внуките оти свои деца немаше. Не дека тие имаа потреба од нашите зимници.
    Мајка ми сепак, никогаш ништо не и пререкла, дури и еднашка кога излагајќи од подрум, во двор торбата полна тегли и падна и се се испокрши внатре, сите знаевме што има, таа само ја подигна и замина. Мајка ми и цел живот подава тегли на комшиите и тие нас. Секогаш кога нешто се меси, или овошје се собирало од двор сме давале на сите околу. Секогаш така сме функционирале со сите. Немало потреба од никакво криење, зарем некој ќе и речел врати теглите назад?
    Екс другарка од друга страна исто живееше со баба, маќеа на татко и ама имаа супер врска баба-внука.

    Кога дедо ми почина, таа живееше вонбрачно со уште 3ца други, со едниот е уште. Никогаш официјално не се премажи зошто уште ја цица пензијата од дедо ми, која е далеку од мала.
    Сакам да кажам... има разлика од човек до човек, ама секогаш е до човекот.
    И мене мајка ми ми полни торби кога се гледаме, и брат ми. Не дека имам потреба од тоа, ама ете нејзи мерак и е. Брат ми никогаш не се бунел оти не крати ништо од него. Ама да крати од него за да ми даде мене иако јас немам потреба од истото, и јас ќе се бунам.
     
    На Antebellum, Sanja1105, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.