Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.412
    Пол:
    Женски
    Се додека им терате атер на сите,дали ќе се налутеле,дали нервен слом ќе доѓивеале,ништо не правите. Има такви со убаво се разбираат отворено кога ќе им кажеш,ама кога си имаш работа со такви посебни случаи,мора на нивен јазик да им објасниш. И активирај го маж ти,нека не дреме и нека ја седне малку нека ја прибере.
     
    На Antebellum, Lolipop23, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    138.132
    Пол:
    Женски
    Само сечење директ у корен при вакви ситуации. Со финоќа и од околу ништо не правите. Само нервози ќе се полнете.
    И на маж трубење секој ден, се што ви смета, се шо мајка му прави. Зар само вас цел ден да ве боле глава.
     
    На Antebellum, oblace1, Emy867 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Ѕверка си!!!! Ме изнасмеа... :rofl::rofl::rofl:
     
    На 1209, SexiLy, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Не живеевме со нив па да ни влегува в соба.. ама кога сме оделе некаде, сме и' оставале клуч обавезно.. 'За не дај Боже'.
    Има навика да чепка, раскрева, чисти, преместува.. И ден-денес.

    Еден од првите пати кога и' оставивме клуч, искоментира нешто во стилот: Не се секирајте, не ви буричкам низ дома.
    И одговорив: Не ми смета, буричкај слободно. Ама ако најдеш нешто што не ти се 'допаѓа', јас не сум крива... - се насмеав, и си кажавме чао.

    Не рекла дека нашла нешто :lol:
     
    На Antebellum, Rebecca_R, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.011
    Допаѓања:
    276.473
    И јас и дм сме такви, и моите ако го закачаат им враќа.
    На шала, на смеа... ама брц, секој да си знае кое му е местото ;)

    Еве скоро мајка ми нешто се објаснува, кога ќе сме имале дете, она ембашка ќе правела мекици. И дм ни две ни три - ааа па не знаев дека планираш трето да раѓаш, нека е со среќа :D

    Да видиш одма како престана да боцка :)
     
    На Antebellum, buba4e89, Emy867 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    138.132
    Пол:
    Женски
    Шо мажи се па тие што дозволуваат мајка им да им виси на врата додека обавјат брачни дужности. Како не им се спушта, со извињење, еве не знам .
    А бре до вратата ќе седнам и ќе испуштам крици или порнич ќе и пуштам. Ако и е пријатно нека си земе и столче да не стои
     
    На Antebellum, oblace1, Schwanger и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    149
    И мене истото ми се случуваше и уште се случува....Се пикаше во соба а малото неколку месеци нормално дека ке цица а јас гола и повекепати се случуваше ненајавени да влезат и она и свекор ми. И едно утро се будиме со малово и со првото кревање на ролетната ете ја и неа...со висок глас го поздравува бебето дури и комшиите да ја слушнат...и реков многу гласно викаш те молам излези.Она збори многу работи мегутоа одамна престанав да ја слушам и си терам по мое.Едно време се нервирав но сфатив дека е залудно и не вреди.За поголем проблем се обракаш кај маж ти он да реши и тоа е тоа.Убаво пиша една цленка во минатите постови дека и е поубаво во 30 м2 стан отолку на спрат од 100м2. Се додека си во заедница некоја (ист спрат, ист двор) мир нема да имаш.Игнорирај ја што повеке.Кај мојава само тоа пали, пошто не постои друг начин освен нејзиниот за повекето работи.
     
    На Antebellum, Skorpija25, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    That is a bitch! :rofl:

    Те ПРЕобожавам за муабетов :hug:

    :D
     
    На Alisa22, SexiLy, senjorita-v и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    138.132
    Пол:
    Женски
    Значи таков простотилак од било која страна го буди идиотизмот во мене :D

    Jaс коа се справував со мојата одев на принцип ,,говорим ти ќерко, сети се снао''. Се што ми сметаше и кажував демек за некој друг е. На пример ,,лелеее на Петкана другарка ми и влегувала на спрат коа не била дома, ау бруки, како така и ровари на жената'' . Што сфати - примени, што не - и објаснав со други зборови. Нормално со консултација на маж и потенцирање дека следно е он да настапи на сцена.
     
    На Antebellum, merina.93, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.751
    Допаѓања:
    38.815
    Пол:
    Женски
    Кога се одвоивме како од пеколот да сум излегла, а само 3-4 месеци живеевме во заедница.
    Полошо од живеење во заедница за една штотуку омажена девојка или мајка нема. Се чувствував како животот да ми завршил и ќе горам, ќе се распаѓам во тој пекол, кај и да е во лудница ќе завршам...

    Платата на мм беше во ист износ како киријата и сметките па живеевме од кредит. Ама ете коцките полека се местат, се преселивме во странство и сега од платата имаме за се. И ќе го отплаќаме кредитот во Мк.

    Подобро во колиба отколку во заедница. Здравје ако имам снаа/ снаи не би сакала под ист покрив да живееме.

    Желба над желбите ми беше да живееме тројцата сами. И се каам за тие месеци поминати во заедница. Да знаев какви трауми ќе ми останат...
     
    На Thallia, Antebellum, buba4e89 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на моабетот од горе дека плус кога се оделите и односите се подобруваат со свекорот и свекрвата.
    Секој си го гледа своето и секој си го има мирот и тука нема расправии.
     
    На Antebellum, Cka, WORRIED.BT и 10 други им се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    34.445
    Пол:
    Женски
    ^Не секогаш можеш да ги подобриш односите со свекорот и свекрвата. Кога знаеш дека ситр караници се потикнати од нив. Кога знаеш дека сакаат да те оделат од сопственото дете и мажот ти.
    Кога знаеш дека сакат да те користат материјално. Е така нема шанси да ги подобриш никако са к ќе ги тргнеш скрз од твојот живот.
     
    На AngIv, Skorpija25, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    24.043
    Пол:
    Женски
    Леле колку патетики... што ги тера бе така да зборат...
    Орај ама мајка ти ќе умре...ццц
    Ја па проста мислев за себе живееме.
    Мојава еден таков испад направи со умирачка(меѓу останатите скандали)
    Кога и рече си одиме..го праша дали сакал да умре?? Зошто да умреш? Зошто ти е брз јазикот и не знаеш што ќе кажеш.
    Аман со таа умирачка, па сите ќе умреме еден ден.
    Зошто се прават дека се толкави жртви јас не сфаќам.
    Саможивници!!!
    И лелее уште коа рече на таа и таа и викам одиш кај ќерка, аа нее свекрва и се праи доминантна... па цццка како било срамота тоа, па како дозволувала а истото го прави. За други збори зошто не праеле муабет снаа и свекрва, чуда големи... абре остај луѓе они си знаат.
    Него одам да сменам пелена, да не ме има по вести
     
    На mKdevojce, Sesil, Aneta92 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.305
    Допаѓања:
    47.222
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам дека родител треба поденкаво да се понуди да дава и на двете деца, безразлика дали едни се во подобра финансиска состојба од други. Ќерката во случајов останува ќерка и не може да се бара од родител да не и дава пари или да не и носи храна, ама нека и дава од своите финансии ако ги има, ако ги нема со договор треба да се решаваат вакви проблеми. Исто сметам дека ако се може нее на одмет да се помага на родител, секако ако се има доволно за тоа. Иако проблем гледам во ситуација каде што едното дете нема доволно ни за себе, а родителот да зема од неговите финансии за да даде на другото дете, иако јас да сум во ситуација колку и да имам ќе поделам со брат ми ако му требаат и со сестрата на маж ми ако и требаат, ама сметам дека тоа е со разговор меѓу нив, родителите не треба да се мешаат. Има ситуации кои и не се праведи, пример во мојата фамилија. Мајка ми на времето работела само таа кога се омажиле, со многу мала плата, кога била бремена со мене спремна да се породи едвај чекала да земе плата да купи нешто за мене, кога ја зела и таа мала плата која ја имала отишла да плати долг во продавница кој мислела дека е мал за на крај да се шокира, свекрва и испазарила се и сешто, зела од целата зимница пола и отишла кај тетка ми да и однесе, оставила на мајка ми да плати и притоа не купила ништо ниту за идното бебе(јас) ниту за дома. Уште и ја осеќам болката во гласот на мајка ми кога ми кажува за ова. Да напоменам дека тетка ми не ни имала потреба од тоа, многу се богати, а и да не биле, да биле во иста ситуација сметам дека тоа требало да го решат тетка ми и татко ми меѓу себе да си помогнат, а не баба ми да го прави ова зад грб. Комплицирани се ваквите ситуации, финансиите кога се малку и кога не стасуваат секаде прават проблем, единствено решение е разговор и договор.
     
    На SV1911, Skorpija25, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  15. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Како им се обраќате на вашите свекрви, по име, со тетка, или тоа тешкото-мама...? Гледам некои жени мака мачат со свекрви и навистина е тешко знам, мајка ми бел ден не виде од мојата баба, нејзина свекрва.. но јас имам неутрален некој однос со мојата свекрва на моменти ме нервира многу но ништо не и викам, еднаш многу се скаравме само ама ради маж ми се простивме од тогаш сме во добри односи, иако е неправедна за некои работи.... само не можам никако да и се обратам, затоа ве прашувам
     
    На sanji4444 и Antebellum им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.011
    Допаѓања:
    276.473
    Како и се обраќаше пред да се омажиш?
    Исто и сега.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322

    епа со тетка, ама еднаш пред родиве нејни и се обратив така па ко ме погледнаа сите ко гола да се соблеков, од тогаш се сецнав сеа никако не можам да ја речам, чекам да ме погледне па и се обраќам
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.011
    Допаѓања:
    276.473
    Следен пат и ти погледни ги.
    Не се замарај со глупости.
    Терај си како што си наумила, ако се лутат, нека им стои.
     
    На Antebellum, zalosna, TashSefton и 5 други им се допаѓа ова.
  19. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322


    old-fashion се овие чекаат мама и тато да ги викам, свекор ми одма кажа така сакал, свекрва ми малку као како ти одговара на тебе а знам што мисли
     
    На Antebellum и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.922
    Допаѓања:
    100.330
    Остави ги нека си чекаат. Ни со тетка/чичко не заслужиле да им се обраќаш после тоа погоре што си го напишала. Па чудно ќе ме гледаат одозгора ако не сум рекла мамо/тато. Море проста раја!

    Не знам бе ќе се најадат ли ако туѓо дете им рече мамо и тато???
    Не знам!
     
    На Skorpija25, Monella, zalosna и 8 други им се допаѓа ова.