па овој мојот ги вика моите родители баба и дедо, нели зет така вика, и сеа е муабетот како тој вика правилно а јас не
Со тетка и чичко, нити па мм му се обраќа со дедо на татко ми. Фала Богу разбрани се мојве. Некогаш сами ме терет само на име да им се обраќам, ама од култура ставам тетка и чичко.
Речи му дека ти немаш проблем, а ни твоите ако не им се обраќа така. Или, ако самоиницијативно и понатаму сака да ги вика така, тогаш нека си молчи кога никој не го тера на ништо.
Same samo so kaj mene oni ne zagleduvaat na toa i sami se izjasnia nema potreba de se vrakame nekolku veka nanazad... na pocetok bea na ime sega se baba i dedo i od dvete strani.
'Мамо' и 'Тато' ги викам (викаВ на свекор ми, починат е) Сум пишувала повеќе пати по темиве. Не ми побараа, јас мислев дека е ок така. Првиот пат кога го кажав зборот 'Мамо', уште не бевме земени со маж ми Смешно ми беше Малку ми требаше психичка подготовка пред да изговорам, и само што го изустви, свекор ми дофрли: Како? Како?? Ај уште еднаш повтори шо рече??? И воедно ме фати и незгодно и една смеа... Кутриот.. не ни знаеше дека така ќе ги викам, не зборнавме за тоа воопшто до тогаш....
Воопшто не е тешко да наречеш свекрва-мајка, доколку ја осеќаш така. Мајка ми откако памтам на баба ми и дедо ми им вика маме и тате, и покрај тоа што во минатото со дедо ми немале ич убав однос. Си ги сака, отккао памтам се однесуваат кон неа како кон своја ќерка. Ама доколку не осеќаш потреба и желба да наречеш некого така - немој. Тоа е исто ко да си присилен да кажеш те сакам, а да не го чувствуваш тоа.
Не би можела свекрвата да ја викам "мамо". Јас имам една мајка,тоа е таа која ме ранела, чувала и бдеела над мене. Свекрвата нема да го достигне тоа ниво никогаш како вистинската мајка. Порано на бивши ми мајка му ја нареков мамо и таа ми се испули. Не го сфаќав значењето тогаш интересно ми беше,но сега е поинаку. Затоа на свекрвата би се обратила со "тетка."
Јас свекрва ми не ја викам мамо.. Неможам навистина иако ми е драга ја сакам ја почитувам но.. Среќа маж ми ја вика Анне ( мајко на турски) па и јас некогаш по име некогаш Анне и се осеќам како да викам некоја другарка
Не е лесно да се вика "мамо" и "тато", за мене уште потешко е да викам "тетка" и "чичко". И затоа третата опција: Никако, што е на моменти доста непријатно. Ама тоа е што е, јас почнав на почетокот и планирав да ги викам "мамо" и "тато" ама со развојот на настаните сватив дека свеки ни најмалку не го заслужува тоа, и така на крај остана на третото. Не е лесно тоа посебно ако живеете во иста куќа со нив. За среќа јас сум сега подалеку и тоа што не сум со нив во секојдневен контакт со нив ми ја олеснува ситуацијата до некаде..
Нејасно ми е: зошто е тешко да се викаат свекорот и свекрвата со тетка и чичко? Потешко било од мамо и тато? Зошто? Ова озбилно ги прашувам жените што го имаат размислувањето. Според мене обратно е.
Moja generacija mazat I zenat I sega nekoj da mi se obrati so baba I dedo na mm . Abe ajde Pa mama I tato Amn mladino sto moabet pravite, zar ova prasanje ne se resi pred triesetina godini
Јас Па мака неам. Свекрва ми ако сакаше мамо ќе ја викав. Сеа ја викам на име Оти и маж ми така ја вика. Жената прави се да ми погоди и угоди, па шо и да побара ќе викам. Ако за неа викање мамо значи почит, ќе ја викам. Ама она знам ќе ми се смее ако речам.
Мнооогу е непријатно, ние моментално живееме заедно куќата не ни е готова, и во какви непријатни ситуации сум била не можам да ви кажам, дури после се нервирам амма пак сум на исто
Па викаш не ти е проблем, дека ти угодува. Ти пробај, ако ти се изнасмее, не викај. Може чека она ти да почнеш.
Смешки. Една мајка имате која ве носела 9 месеци, која бдеела над вас, ви се тресела додека застанете на свои нозе,за да отидете во туѓа куќа и друга жена да нарекувате мајка. Крајно понижувачки према вашата. И не ви е малце незгодно и неприродно исти особи со мажот да нарекувате мамо и тато ?