Оти ни се испрани мозоците, зато. Оти научена бев од дете дека 'така треба'. Мајка ми никогаш не и' рекла Мамо на баба ми, ама на дедо ми му викаше Тате. И тоа го доживував како знак за почит... По заслуга И мене би ми било чудно да ги викам тетко и чико. Сакав да ги викам така, оти знаев дека ќе им биде убаво. Посебно, оти не ми побараа такво нешто. Дека и јас се карав со нив откако се омажив, се карав и тоа како... Посебно со свекрва ми. Од такт ме вадеше. Ама мамо и' викав цело време. Во смисла: Мамо, да ти е*ам матер! По 3-4 години, секако почнав да и' викам.. И мамо, и на име, и свекрвич/свекрвиште И ден-денес така.. Ама на почетокот ми беше ко 'обврска'. Се согласувам со тоа дека секој треба да си најде израз со кој ќе им се обраќа, дека мамо и тато е од 'минатиот век'... море 'минатиот милениум' . И не мора секој да го употребува .. 'оти така треба'... Ко јас шо почнав
Нема потреба, ако сакала ќе кажела. нема шанси да чека, се си кажуваме една на друга. АКо и текне преку ноќ, и да рече, ќе ја викам мамо. АКо сака и ваше височество, ичч не ми смета. За таа жена, малку е тоа.
Неприродно е некако се да си кажуваш со свекрва, па и со било кој, па и со мајка, ама добро, нека ти биде... Ова Ваше Височество ми се виде интересно, да направиме референдум за ново име на свекрва, наместо мамо. Би сакала да се усвои. И ќе стискам палци да не го снајде истото како референдумот за името на државата, па и свекрви и снаи среќни после. Па на плоштад прослава после, леле.
Дај боже да се омажиш, и да имаш свекрва како мојата. Ќе видиш дека е природно да имаш убава фамилија и кај мажот. не дека и кажувам кога сум имала секс, секако живееме одвоено, ама доволно сме блиски да си кажеме вакво нешто. Референдум мене не ми треба, кога има слога е сосема небитно дали е задолжително нешто или не.
Факт е дека е деградирачки Вајлд, према онаа која ти го дала и посветила животот, ама има разни луѓе..Јас ете сакам да разберам, ама не можам. Мислам дека ти имаш ќерка, убаво би се осеќала ако пред тебе друга нарекува мамо ?
И јас сум блиска со свекрва ми сега. На почеток се 'давевме'. Сега... супер однос имаме... И можам многу работи да и' кажам. Најбитно е, шо збора безобразно, и можам на рает да псујам пред нејзе.. За разлика од пред мајка ми Навистина и' беше мило, не се зафркавам. Нема да ми пречи ако ја вика така... Се знае дека е титула неповрзана со мајчинство. Мислам... свекрва ќе биде...
Цка, знаеме дека секогаш ги филуваш работите малку повеќе од што треба, ама добро. Мене ќе ми биде доволно свекрва ми да не ми се меша во бракот и да нема лоши зборови ни таа за мене, ни јас за неа. Јас поскромна сум, само толку барам. Не мораме да бидеме како прст и нокт.
Па ти имаш мали очекувања, затоа и со малце ќе бидеш задоволна. Мојата свекрва беше единствената која својот дом го стави под хипотека за ние да имаме. Ни верува до толку за да остане на улица. Единствената која сите овие години не промашила да не ми купи подарок, да ми честита именден, роденден, и единствената, која у 12 по полноќ одеше по аптеки кога бев сама за мене и со такси ми носеше лекови. Она ми облекуваше патики после пораѓај, она му пиша маил на маж ми после венчавка колку треба да ме сака и почитува, и која му пиша маил каков сопруг треба да биде после бебето. Бескрајно ја почитувам. Не дека не ме нервира повремено, ама секако помалце ме нервира од мајка ми И кога ме нервира и кажувам, ме нервираш, и одма прекинува со тоа што ме нервира. Мака ми беше што беше болна цела прва година откако добивме дете, ама после тоа беше тука цело време за помош колку што се можеше. Можда за некој е ова филување, за некој реалност.
Смешна си. Немам што да очекувам однапред од жена која не ми е ништо. Тоа е целата поента на муабетот.
Е не ти е 'ништо'... Мајка му е на твојот животен партнер. А тоа не е малку.. Да не била таа, тој немало да постои.
Да, мене не ми е ништо. И си имам силна причина зошто го кажувам и мислам ова. Ќе ја почитувам како мајка на мојот сопруг. Да немаме кавги. Повеќе не мора.
Не, фамилија ти е. Јас фамилијата на маж ми ја гледам како моја. И он мојата. Нема што да се дистанцирам од нив. Ама очекувам
Тоа не е никакво големо очекување. Да очекувам да ми готви, чисти, пере, финансиски да ме помага, па да речеш дека очекувам. Да нема кавги не е очекување, по логика на нештата кога двете страни се свесни и совесни, така и би требало да биде.
Мене ми иде како мажов брат да ми е. И него бате да го викам, шо да не. Ам баш зашо исто како тебе мислам за мајкава на дм, имам многу високо мислење, во секакви срања била тука за мене да ми подаде рака и обратно, немам проблем во лице да и кажам оти јас не сакам. Како што не сакам ни "ќерко" да ме вика оти не сум и. И не ме вика. По надимак се викаме двете. Сајд ноут, другата снаа, официјалната, мамо ја вика. А се нејќат баш баш.
Потеклото е дека сте сега една фамилија. Неогавата фамилија е и твоја, и вујковците вујко му ги викаш, и тетките тетко...