Тетко викам на секоја постара жена и да не ми е роднина. Еве на газдата на станот му викам чичко, а недела дена го знам. Ама не му викам тато.
Не ги викам. Нит ќе ги викам. Чичко му по име го викам. Вујковци стрини тетки - тетка Трпана, исто ги викам сите други "тетки" роднини или не. Чичко Трајче - за сите роднини или не. Немам намера да се фамилијаросувам, со моја фамилија не се замарам, со негова па ич.
А вујко? А тетин? Мене не ми значи зборот. Почитување е. Маж ми вујко ми го вика на име, јас вујче го вика. оти кога ме запозна пред 6 7 години, ми рече јас сум вујкото. Реков здраво вујкото, и така му остана.
Па ти таа работа. Не сите Дм и вујко ми еден на друг "лепи" си викаат. На баба ми и вика "баба Трпана" не ја вика бабо. Вујко му вујче го вика тој, јас чичко Трпе. И така.
Уште пред да се мажам бев против мајката на мојот иден сопруг да ја викам мамо. Зборот мамо за мене одсекогаш бил свет збор. Кога се зедовме со мм мајка ми инсистираше свекрва ми да ја викам мамо така требало. Пробав но не можев едноставно зборот мамо не можеше да излезе од моја уста и точка. Свекрва ми ми викаше дома викај ме вештерко а надвор пред луѓе викај ме мамо јас и реков нема шанси така да правам. Дома и мм и девер ми на име ја викаат јас на почетокот вртев околу неа како киша околу крагуевац да ме види па да и се обратам после свекрвиче ја викав во добро расположение во лошо само поставував прашања и толку сакаш кафе?! Знаеше дека по неа викам пошто деверот си го викам нормално по име мм со срце Па следеше одг сакам. За тетки стринки ич неам проблем да ги викам тето,стрино,вујно,тетин итн. Со добар дел од нив имам стварно супер однос едноставно ме прифатија ги прифатив релаксирани сме се зезаме смееме баш времето поминато со некои од нив ми е екстра. Е има и такви со кој сме на она формално здраво како сте но има и од моите роднини на кои сум на исто формално здраво.
Делата се гледаат...та дали викаш ,,мамо,, или ,,тато,, ич не е важно Во помалите средини (да не речам рурални) се исклучок овие работи. МораЖ да викаш, нема сакам-неќум
Мене ми е тажно тоа. Не зборот. Туку каков третман добиваат жените генерално. И не од мажите само, туку жена на жена се волци.
И јас зборев за истото, ама секој си сфаќа како што сака да си сфати. Тоа е така секогаш. Што дека вујна ми ги крсти и двете деца по баба и дедо, кога еден ден и влегла на баба ми и ја давела? Што дека? Кога додека лежеше баба ми мртва, таа дојде и со грб свртена седна накај нејзиното тело? Зборовите немаат значење никакво. Постапките се битни, во било која релација.
Можеби ние кои имаме сега 40-45 години сме една од последните генерации кои поминаа низ таа голгота. Сега е проретчено зашто веќе ние сме свекрвите и колку-толку попуштаме околу ова прашање. Ама по селата сеуште е актуелна догма. Тоа крштевање деца по баби и викање ,,мамо,, е Оченаш и во воспотувањето на женските деца.
Можеби сте една од последните генерации на кои им барале мамо да викаат, ама ние сега што сме снаи, не ни кажуваат директно, муабетот е ти како сакаш викај ме, а потајно сака мама да ја викаш, и особено се срами пред народ како ќе ја речеш....оти за народо живееме де... како горе милобебенце што пишала, дома викај ме вештерка ако треба ама пред народ мамо...
Знаете што ми е многу интересно во односите снаи-свекрви ? Тоа што свекрвата ја малтретирала снаата со години и место снаата да се свести и да биде фина со нејзината снаа (кога ќе и пораснат децата и кога ќе стане свекрва) таа ја продолжува традицијата на свекрвинско однесување.
Во прекрасни односи сум со свекрвата. Дури некако и зборот свекрва ми е со некој лош призвук па најчесто не го ни употребувам, наместо тоа, викам "мајка му на ....." А нејзе и' се обраќам со "тетка ......" Така и' се обраќав пред да се омажам, така и сега. И ставот си го кажав уште пред да падне муабет за тоа. Со неа сум секогаш искрена и нема скриени мисли и емоции.
Sega generalizirate i ja sum o pomalo mesto pa ne se vodevme po ova. Mm koga go prasav za mislenje se nasmea i rece so si cudna svekrvite neli dzevrie se vikaat site
Имам син дај боже да станам свекрва , јас прва ќе бидам што ќе и речам да не ме вика мамо , па дури и најубаво да се сложуваме , доволно ми е син ми да ме вика мамо , знам колку е тешко за девојче кога ќе отиде во друга куќа и сите од неа нешто очекуваат , ќе и кажам колку и да ти бидам добра ти си имаш една мајка , како јас што не спијам сега и се тресам на син ми така сигурно и мајка и и се тресела нејзе , а тоа никако не се споредувва. Јас не ја викам мојата никако сега , чекам да ме види за да прашам и не не ми е незгодно воопшто.
На темава свекрва никогаш не би викала мамо. Сум пишувала и порано, мајка ми е почината одамна ама и дури беше живе сме разговарале на оваа тема пошто таа им се обраќаше на баба ми и дедо ми со мамо и тате. И тогаш и имав кажано дека свекрва никогаш нема да викам мамо, премногу ми е болна и чуствителна оваа тема. И тогаш мајка ми не се бунеше напротив ми викаше не било океј да им се обраќам со тетка Х и чичко Х. Еднаш ми се испушти и не знам како, најверојатно се занесов и на тетка ми и реков мамо, дури не ми се веруваше што кажав. Еден бивши еднаш се изјасни ако сме се земале мајка му да сум ја викала мамо, толку бев навредена и повредена што цела недела муабет не му правев. Сериозно, можеби за некој преувеличување, еден збор не значи ништо нели важна е почитта и односот ама сепак никогаш не би рекла. За мене тој збор е посебен и не би викала никогаш. Постарите генерации сум слушала да ама гледам сега невестите никоја не им се обраќа така.
Абе ако некоја има лично ќеиф да вика мамо, тетице, љубовке... и на свекрвата не и` смета - супер. Ама наметнување оти “така треба“.... да си го пикнат во гз. Сериозна сум. Ако не им чини моето обраќање, може и да не збориме. Уште поарно за мене. И онака нејќам луѓе.
Да постои истоветност меѓу родителите на двајцата партнери, тогаш не би ни постоеле зборовите свекор и свекрва. Зборот мајка за мене е најчистиот збор на овој свет и ме иритира што му се придава и друго значење освен она примарното. Можда гледиштето кон ова зависи од таа мера колку една ќерка е привржана за мајка си. Јас на пример никогаш нема друга да наречам мамо, и ако брат ми се ожени не би ми било пријатно, жената на брат ми да ја вика мајка ми - мамо.