Не би ми сметало да ги викам бабо и дедо. Впрочем тоа е пак убав гест од машка страна кон женската. Неколку убави гестови никому не шкодат. Бидете љубезно настроени секогаш и кон секого, а нарочито кон мајката на маж ви затоа што еден ден вие ќе го завземете нејзиното место.
А ќе ти смета да ги викаш мама и тато? И зошто не би ги викал така и сега? Не се вади со "така останало". Прекрши правила и израдувај ги луѓето.
За да утврдиме зошто снаата вели на свекрвата мамо, треба да прашаме стручно лице. И обратно мажот кога вели бабо и дедо на нејзините. Едноставно така останало и тоа така останало со причина. Која е причината јас не би нагаѓал.
Какво место ќе заземе? Која улога е мајката а која жената!? Мешаш брзини другар. Жена е брачен сопатник. Животен партнер со кој разменуваш интимни допири. Не може да ти е мајка
Чекај чекај чекајте малце другари )))) hold your horses! како тоа да биде фина НАРОЧИТО со мајката на мажот и како тоа еден ден ќе го завземе нејзиното место??!
Стручно лице such as...историчар на пример? Порано ја земале снаата во куќата на свекорот и свекрвата, од друго село нАли, и пошто далеку се нејзините биолошки мајка и татко, новиве ѝ стануваат новите мама и тато. И така оди тоа во историја, исто како и полските вециња. As simple as that.
А зошто па нарочито таа.. што има лошо во жената за да не се почитува? Јас правилното прашање го поставив ама ти не сакаш да одговориш?!
Го подбра жената му, остајте го сега @Dust ма, ме засркна од кафево, од првата голтка ќе цофнев Ја многу си ја сакам будуќа свеки, ама мајка не ми е, ќерка не сум ѝ. Не е почит, лицемерие е да ја викам мајка, или па таа мене ќерка Ни таа мене ќе ме сака како синчето нејзино, ни јас ќе ја сакам неа како мајкичката моја. Глупости се тоа, немаат никаква врска со почит. Почитта не е слепо следење на традиции, или протоколи, туку нешто многу посуштинско и подлабоко
Ич ама ич не сум плукачки расположена кон свкрвите, првенствено зашто имам прекрасен однос со мојата. Смешно ми паѓа што во случајов, пријателов погоре додели супериорна улога на мајка му, во однос на сите други членови на фамилијата и притоа, никаде не кажа дека и он треба НАРОЧИТО да е фин со таштата. Тоа "асиметрично алоцирање" на почитта го разбуди сарказмот во мене. Бај д веј, и ја ќе бидам свекрва. Син ми ако при жена до него, ми се увртуе у сукња, и ме велича the Balkan way, ќе си добие заушка.
Според мене се се остава на тоа како ќе се договорат снаата и свекрвата,нормално има и закржлавени во размислување свекрви,кои освен мамо не сакат друго да чујат(а снаата не може така да ја вика),тука треба мажот да реагира и да разговара со мајката т.е. да ја убеди во спротивното без да има последици во односот снаа-свекрва.Нормално постојат и снаи кои можат да викат мамо.Значи седнување,разговарање и договарање, толку.Дали ќе биде мамо,тето или на име мање битно.
Кога некој ќе отиде домазет ги вика мама и тато родителите на сопругата, наместо баба и дедо? Сериозно прашувам! Дека нели влегол во нивна куќа и сега им е син на некој начин, треба да ги вика мама и тато... Јас никако не ја викам свекрва ми. И тоа не е добро ама подобро е отколку мамо да ја викам, според мене.
Леле мајко мила... Кај бев јас дур траеше журкава за "мајка краљица"?! Почит се заслужува, ни на родени деца не им следува. Дали е мајка или свекрва, по дефиниција никого не го почитувам "онака", освен за обичните фала што си ме родила и фала што си го родила човекот со кого делам живот. Мамо, тато, бабо, дедо, гуштери и крокодили, тоа се толку закоравени глупости... Баба ми почина пред 2 години на 88, омажена на 20, викаше за што жити ќуфте да и' викав мамо на свекрва ми?! Затоа што така треба, затоа што простиот народ така кажувал од времето? Мајка ми си ја викаше по име, до последно. Ни едната мамкаше, ни другата "ќеркаше" со сила. Јас после една ситуација која ја приредија, не им се обраќам никако. Мм си контактира со нив ако му е желба, а тие три пати што се гледаме годишно имаме здраво, како сте и краток муабет.