Oчигледно сите се такви затоа и нашиве балкански мажи се такви какви што се, не можат да се осамостојат како што треба. Иста е и мојава, се понаша како деца да сме. Баба ми уште се јавува да се пожали дека татко ми не јадел, има работилница кај нив и таа му готви и нон стоп солење памет како на дете. Татко ми е 50 год скоро, па сеа видете.
А знаеш дека 99% од родителите реагираат така, без разлика дали децата се 5 години или 55 години? Овакво нешто не се случило кога сте биле кај твоите? Навистина не разликувате карактеристични однесувања на постарите(родителите) и нешто што е само карактеристично за свекрвите?
Не не се случува, моите ме третираат како возрасна личност, има граница помеѓу грижа за доборото на детето и опсесивно водење ред на се сешто, и што те засега и што не те засега
Тогаш твоите спаѓаат во тие 1% што се однесуваат како мува да не ги лази за децата затоа што сватиле дека се возрасни и нема потреба од никаков совет.
Многу муви ги лазат и се притресуваат за децата макар 60год да се децата АМА не им се мешаат во животот. Има разлика.
@Milan93 не си во право оти свекрва ми на ќерка и не и го прави ова или таа не и дозволува како женско ја сосекува во старт исто како и јас моите, мајка ми не ми се јавува да ме праша дали сум јадела, дали сум била на лекар, дали кивам и каде сум ги потрошила псрите
Не знам имаш ли деца, али ниеден родител не може мува да не го лази.... не можеш да си рамнодушен во никој случај.... се грижат за тебе но не до степен да ти кажуваат што да облечеш кога да јадеш и колку да јадеш, кај да ти стои мебелот, како да чистиш и пеглаш!
И свекрва ми и мајка ми ми се мешаат... Односно, ми се мешаше повеќе свекрва ми на времето, сега не... Мајка ми, и ден денс знај да ми дели совети, како требало-шо требало. И' имам речено неколку пати дека не сакам, ветува дека нема пак, ама не можи да се воздржи пустата... Баба ми имаше над 80, татко ми над 60 (Бог да ги прости), па шо готвела, ќе се качеше со едно чиниче манџа, да му дај да јади да не бил гладен Во Македонија така се навикнати сите. Дека треба секој на секој да му има преглед и влијание во животот. Замислете, во некои држави, дека се осамостојуваат од 18. И тоа не значи само живеење башка, ами и неконтактирање, многу често.. Нема одење по родендени, празници... не пак за вакви ситни работи да си кажуваат што требало-како требало.. Ниту знаат едни за други, ниту ги интересира... често... Не ми се допаѓа ни едниот начин на функционирање, ни другиот. Ни секој ден да си висите еден кај друг или на телефон со саати, ни ич непраење муабет. Дека ќе се смени за брзо... нема... Дека е мачно-мачно е... Ќе си се адаптира секој посебно. Се учи се'. А да.. заборајв. Имам еден другар од Холандија, кога да се пишевме еден период, свекрва ми беше кај нас. И ми имаше речено: Како седи кај вас цело време, зошто не и' бараш кирија? - видете како размислуваат... А јас не можам да и' барам кирија, прво оти таа и маж и' ни го оставија станот, второ, оти ми е свекрва... И за мајка исто би било. Е него тоа му беше несватливо: Како може да ти остават стан/куќа родителите? Ептен разлика во културните навики.
Така е само што повеќето мислите дека советот од постариот е мешање во вашиот живот Едмо е да го сосечеш ама тие пак ќе си го кажуваат своето кое мислат дека е делење совет. И не велам ситуација кога си далеку од нив туку кога сте биле кај нивЧ дали не ви рекле ајде јадете гладни сте, касни си уште малку, и слични работи. Имам и дете ама и мајка која е 80+ години и знам што и како мислат. Кога ќе станете малку постари ќе видите дали ќе имате или ќе немате потреба да ги советувате децата иако тие ќе бидат 20+ па и со свое семејство. Не велам дека е исправно ама тоа е праксата во МК. Едноставно за постарите секогаш ќе бидеме мали и секогаш ќе бидат они попаметните од нас мислејќи дека што и да кажат е исправно а совет од помлад некако потешко се прифаќа. Колку порано го сватите вие од 20+ години толку помалку ќе имате кавги со свекрвите односно постарите. Секоја чест на исклучоци како и тоа дека има навистина злобни свекрви кои мислат дека “еве оваа дошла тука и ќе ми соли памет“
Така е, затоа што сметаат дека поради тоа што ни се родители и постари од нас, по дифолт имаат право да ни кажуваат како треба. И не е совет. Ако е совет, ќе биде: Јас мислам дека ова треба вака, ваше е да си направите како сакате. Мешањето е: Да земиш ова вака да го напрајш/Или полошо, ќе земи сама ќе испреправи ко шо си мисли, па ти прередувај ако немаш друга работа. Знам за што зборувам, ми се случувало.
И после ќе збори мојот зашо работел а навечер... А он џабе е дома кога мисли ќе го посвојат место да го оженат...
Нека зборуваат/советуваат, не ми смета до толку. Мајка ми кај нас многу повеќе знае да каже по нешто. Ама не марам, не им ни замерувам. Од едното уше влего- друго излегло. Главно ситници се, не е нешто големо , па до толку да ми смета. Не се карам и расправам, аха и толку. Поминал муабетот. Ама да дојде да спие кај мене без претходен договор и да си прави што ќе и текне, па и цигара да пали. Ќе ја седнам и ќе и кажам . Или маж ми нека и каже. Нека мисли оти ја тужикам, па и она е без осет. Свекрва ми секогаш излегува на балкон и за тоа ми кажува. Прашува дали може и дали има пепељара надвор. Додека не беше роден малиот ја праќав во кујна , и пуштав аспиратор, па зимото нека пие кафе на раат, кујната ни е целосно оделена, ама сега не. Правец балкон , и самата е свесна фала богу.
Никаде не реков дека советот е мешање. Советот е - убаво е да му облечеш уште едно блузиче на детето. Мешање е да земе сама да го облече внук и без да каже.. Совет е - не е убаво да ги оставиш чаште од црвено вино немиени (што и сама знам) Мешање е да дојде кај тебе во кујна и да ти ги измие.. Нема зошто да се мешаат.. некогаш без лоша намера се замешуваат мислејќи дека прават добро.. Тоа што некој е постар, не значи дека е попаметен или помудар. Едноставно проживеале повеќе работи во животот и учеле од грешките. Не е лошо и ние сами да научиме, не сме глупи
Замисли маж ми е македонец, но нема ниту една од гореневедениве навики. Осамостален од 18 год, без никакви очекувања дека треба да му се остави стан, напротив, сам си го заработи. Без патолошка приврзаност со мајка му, иако имаат супер однос, и без слушање по телефон секој ден. Искрено, јас повеќе се слушам со жената. Никогаш не ми рекол да го правам тоа. Го правам од чист ќеф. Така да, или Mr Dreamy е еден и единствен, или не ќе да е до нацијата, туку до човекот.
Поретки се таквите... Имаш среќа Уствари, шо среќа... Сама си го одбрала... Значи добар избор си направила
Па мислам дека кај повеќето е само кажано а не и направено. Едноставно така било кога растеле тие и некако не им е сватливо дека времињата се менуваат, навиките се менуваат. Има многу разлика и денес кај тие што се 40 и тие што се 20 а не пак да кажеме за тие што се над 50-60 години. Н пример јас сум растен каде постариот воопшто се почитувал, каде сме почитувале и професори и комшии кои биле постари. Према родители сне имале посебен почит и не сне ги ословуцале на име или кој знае уште како не младиве денес се обраќаат кон родителите. Е сега за нив е тоа најнормално бидејќи сите млади сега така прават додека на нас над 40+ тоа ни е малку несватливо. Ние знаеме дека тој што е постар не мора да значи и дека е помудар ама очигледно е такак кога си помлад. И денес го има кога некој од 40 години разговара со некој 20+ малку со резерва гледа на кажаното да не речам советите од 20 годишните во смисол “ што се разбираш пак ти, ќе ми кажуваш мене јас колку имам поминато“
Нема потреба да мислиш. Не се мачи. Само читај што ти пишуваат. Тука има пишано и еден куп примери за мешање, не знам како си ги скокнал туку така. И не мешај почит со непослушување на совети. Ако ти ми речеш дека не е убаво да го носам детето на море летово само поради тоа што ти мислиш дека е мало а јас го однесам, не е непочит туку само твојот совет ми влегол од едно а излегол од друго уво. Толку. Пак ќе ти речам, ако си постар не значи дека си помудар. За промена не е лошо и да послушаш совет од помлади. Можеби во фамилијарни води не поминале многу ваквите 28годишници како мене, ама поминале во други води каде што ти можеби не си ни запловил.. така да, нема потреба од потценување. Тука не ги вклучувам советите од 20год девојќи како се чува бебе а таа самата да нема и такви слични неизживеани на дело примери..
@Milan93, во принцип да, секој има право да пише мислење, на било која тема ама не ти кажува нешто тоа што само твоето е контра сите останати? Ти никогаш нема да бидеш снаа, никогаш нема да бидеш „дојденец“ во туѓ дом, никогаш нема на своја кожа да осетиш што значи да те ждере свекрва. А конкретно на оваа тема и соодносот свекрва-снаа, буквално светот останува на младите. Порано од невестата се очекувало да биде безгласна, да не се буни, да прави така како што ќе и кажат. Денешниве девојки се многу поеманципирани и таквиот патријархален третман повеќе не поминува кај нив. Сега останува на момците, тие да еволуираат со свеста и сваќањата. Среќа, се повеќе и повеќе се пуштаат од суќњата на мамичка А тоа што темава направила 941 страни е доказ колку е тензичен тој однос снаа-свекрва. Повеќе од очигледно е дека не сите свекрви се златца и ангелчиња кои само сакаат добро да направат и кои ништо лошо не мислат.