Ок еве по ваше е , 99% свекрвите само мислат како да им го загорчат животот на снаите. Толку години чекале да им дојде снаа за малку да го искажат лоштото во себе што го криели со години. Прочитав се што сте напишале барем во последните 50-тина страни а знам дека и во останатите 900 е исто. Свекрвата посебно а некаде и свекорот се ламјите кои начекале новодојено дете да го малтретираат додека мајките и татковците им се супер. Па зборувате за свекрви кои веројатно се околу 50 години и тие самите биле снаи некаде 90-тите години од минатиот век кога и не беа баш толку нееманципирани и прости каде имале мака со свекрви кои истото го доживувале во 60-70тите години. И тогаш снаите(сегашни свекрви) биле омаловажувани, понижувани и тогаш оправдувањето било дека сопрузите им се мамини синови. Сваќате дека односот снаа-свекрва не е од последните 15-20 години туку од многу порано, сваќате дека во животот повеќето сте и снаи и свекрви? А верувам дека ниту една свекрва не се однесувала како нејзината свекрва ама ете пак снаите се незадоволни. Пак ќе кажам дека тоа е јаз меѓу стари и млади а не судир меѓу снаи и свекрви
@Milan93, многу е покомплицирано за да се припише тој конфликт само на генерациски јаз. Подлабоко е. Најпрво земи во предвид дека уште живееме во поднебје каде се смета дека разводот е најголема срамота што може да и се случи на една жена. Таа цел живот ќе биде обележана како распуштеница додека за мажот пропаднатиот брак е само една етапа од животот и никој нема му префрла за тоа. Затоа, имаме примери каде една иста свекрва му ги љуби нозете на зетот, му го тера ќеифот на секој начин, помага финансиски, чува деца без проблем, прави се за бракот на ќерката да успее додека дома душата и ја вади на снаата зошто смета невестата нема кај да бега и ќе мора да трпи. Мажот гледа ама не сака да се меша и да зазема страни, пошто нели, сопругата е сопруга ама мама е мамичка па кога на сопругата ќе и пукне филмот и ќе си го земе детето под мишка и ќе се врати дома, е тогаш сите остануваат подзинати како мемето со Пикачу. Свекрвата ја ждере снаата, мажот ќути Невестата си оди и бара развод Мажот: Е да де. ************************ На форумов може да делува дека сме собрани се ламји кои хејтаат свекрви чисто онака, од што немаме што попаметно во животов ама не е баш така. Најпрво, темава е наменета за проблеми па нормално дека тука ќе се пишува за лошите искуства. Е сега, дел од тие искуства се стварно непотребна драма и апла оговарање на свекрвата ама ќе приметиш дека секогаш имало објективни реакции на тие постови и директно им било укажувано на членките дека не се во право. Следно, колку што знам, ние на форумов уште немаме членка која има мажено/ женето дете па затоа сега-засега доминираат искуствата на снаите. Нека опстои форумов, Здравје Боже, па за десетина година навелико ќе почнеме да ги читаме и свекрвите како се жалат на снаите. Општо кажано, се е до човекот. Има снаи на кои им смета што свекрвата воопшто дише. Има свекрви кои би биле најсреќни да го растурат бракот. И нема врска дека ако е снаа, секогаш е во право и е жртва. Работата е што ако снаата се кара со свекрвата, си го ризикува бракот зошто многу синчиња не сакаат еден лош збор да слушнат за мајка им, додека свекрвата, кога се кара со снаата, ништо не губи зошто синчето си ќути. И тука лежи зајакот- не е проблемот во свекрвата, туку во мажот. Да се мажите како треба, оваа тема ќе немаше ни пола од страните.
@Milan93 Се што ми сметало кај мојата сверква најпрво потекнува од јазот меѓу млади и стари, а потоа едноставно ете некако иде несакањето, ретко која снаа си ја сака свекрвата, и тие се од оние кои не живеат заедно и ретко се слушаат и се гледаат. Како помала ја слушав и гледав мајка ми и останатите снаи и си велев Господе те молам да имам свекрва, мојот маж да има жива мајка, се прашував зошто снаите не си ги сакаат свекрвите. Можеби така си е останато со векови наназад, свекрва, што и да прави пак нема да чини. Ако ја прочитаме темава наназад една феминка се жали дека свекрвата не дошла да и го види внучето, а друга дека често доаѓала, таа што доаѓа во нормални граници пак не е нормална. Ете едноставно така си е, пред се заради разликата во години. По некоја логика, тука сме куп снаи што се жалиме од свекрвите, тоа е пропорционално на тоа дека еден ден ние истите ќе бидеме куп свекрви и од нас ќе се жалат снаите. Џабе е тоа што викаме јас на снаата нема вака, нема така. Мојата свекрва вика мојата ми правеше така, па јас тебе нема, сака да биде добра со мене, ама џабе е, пак ќе речам на прво место јазот меѓу годините е, на второ карактерот на снаата и свекрвата, на трето едноставно дека има нешто помеѓу односот снаа и свекрва. Можеби во минатото некоја свекрва мн и згрешила на снаата и ги проколнала сите свекрви што и да направат пак да не чинат. А мајка ми, ме нервирала повеќе од свекрва ми ама нејзе сум и кажувала во истиот момент, сепак мајка можеш слободно да и кажеш и не собираш во себе. Крај краева да не постоеше односот снаи и свекрва немаше да биде интересно.
Колку и да е добра како личност свекрвата, не може да ја сака снаата како своја ќерка, секогаш ќе ја гледа како жената што и го зеде синот и го завзема нејзиното место на број еден во неговиот живот. Никој во нивните очи не е најдобар за нивниот син, кој нормално го величат. Е поради тоа има недостиг на разбирање помеѓу снаа и свекрва. Свекрвата секогаш мисли дека знае што е најдобро за нејзиниот син а со тоа снаата се става на втора позиција. Можеби се помудри старите но треба да остават младите да си се грижат меѓу себе како што знаат а старците да си гледаат за себе.
Не секогаш те гледа со злоба свекрвата. За мојата, никогаш не би можела ова да го речам. Сме се карале, гадни кавги сме имале, ама не мислам дека од злоба го правела тоа, туку оти и мене ме третирала ко дете кое 'појма нема од животот'.... Башка што целосно им ја рушам динамиката во семејството, на која е таа навикната.
@Milan93 претпоставувам по никот си машко па затоа неможеш да ги согледаш од наша страна работите.И те како има разлика од давање совет кога треба и мешање секојдневно.Не е за верување но познавам една свекрва која патем ми е роднина и порано дур беа мали дечињата ги учеше неа да и викат мама, наместо на вистинската им мајка.И сега шо совет дала свекрвата на тие внуци.Дека е она најбитната особа во нивниот живот, па ги малтретираше до големи од неа да барат дозвола за се.Ова е како у Индиска серија буквално.Затоа баба финансираше се ама и без нејзин амин несмее никој да прдне.На татко им мрза светска тоа му одговара мама дава пари, жена дава п*****. Е тоа е кога старите ке претерат со советите и ке те возат како сакат.Оти нели ние жените имаме муда да одделиме родители од брачен партнер ама на мажите им е тешко да се одделат од мамичка нивна.Уствари не се они криви, туку баш СВЕКРВИШТАТА што намерно им сервираат се на тацна до 99 год да не се мачи убав тој на мајка.30 год.начукал и сеуште чека мама да му стави 1 чаша вода и остави 100 че на маса.И се тоа некако како да се прави со задна намера за цел живот да те врзе до себе.Самите ги прават децата неспособни.Еве еднаш свеки моја не дојде на свадба на роднини во друг град затоа што девер ми (25 год.) Неможел да се снајде со јадење . .Не дека станува збор за мајка ми но женава никогаш не делела совети од ракав.Иако можеби на некого му делува незаинтересирано мене ми е тој однос СУПЕР.Обичен муабет без улога на судија 2x неделно е доволно.
Изгледа за многу овде уште важи ова: Да се омажиш значи да посвоиш полнолетно дете за кое неговите родители не можат да постигнат да се грижат
Zosto NE znam ni sama. Mazot mi SE nesto odolgovlekuva. So nas zivee dedo negov I toj ni pomaga za del od smetkite, a od svekrva mi nemame apsolutno nikakva pomos. Veke NE znam sto da pravam, dali da stavam kraj na ova I da zaminam pa mazot mi ako saka neka IDi ako saka NE. Dedoto seuste NE znae nisto, SE mislam Dali da mu kazam, toj e mnogu dobar covek NE bi gi ostavil rabotite vaka. No SE plasam bidejki e star da NE mu SE sluci nesto koga ke razberi SE.
Секој човек различно ги доживува нештата. Еве на пример мене во овие ситуации повеќе би ме изнервирале "советите" отколку да земе и да го сработи тоа. Да ми рече свекрвата измијте ги чашите би ме побеснело, отколку да ги измие на пример кога нас не нема дома. Впрочем, многупати ми има постелено алишта, исфрлено ѓубре додека не нема дома, без да и речам и искрено не сум се изнервирала никогаш, напротив подобро за мене. Мајка ми пак на пример често знае да даде некој таков коментар, последно загледала една пајажина над климата 3 дена ми стоела и реков што не си ја собрала ако си ја видела. Ич не сакам попувања.
Не си се осетила како безвредна домаќинка? Некој да дојде во мој дом да ми спростира гаќи на жица, богами ќе го кренам на клоци. Тоа покажува колку сум јас неспособна.. баш како во фаца да ти плеска..
Зошто би се осетила така? Си знам јас колку и што придонесувам за домот и никој со ништо не може да ме натера да се почувствувам така. Плус знам колку и се најчисти намерите на свекрва ми, нема никаква позадина или лоша мисла зад нејзините постапки, па така воопшто не ми смета. Таа е цел живот домаќинка, јас одам 1ва, 2ра, 3та, чувам дете, спијам едвај по 4 часа дневно и пак си терам сама домаќинлук, а таа од што толку сака барем нешто да помогне секогаш кога сме излезени ќе се качи горе и ќе исфрли ѓубре, ќе спружи алишта ако завршила машината, ќе ги собере играчките на синко... Ситници се, ама јас сум и бескрајно благодарна.
Zosto tolku tragicno gi doslzivuvate nekoi raboti. Nedostigot na vreme da se sraboti nesto ne znaci deka nekoj ve pravi nesposoben ako vi pomognal. Pogotovo koga imate dobar odnos i e napraveno dobronamerno. Ova dokazuva samo deka dobar del od lugevo nemaat nervi i deka sekoja sitnica im e dobrodojdena za kavga.
Камо среќа некој да има желба да дојде да запегла, зачисти или ручек да ми направи. Што ќе си дотерам сама, тоа ми е. После славата тетка ми ја чуваше малата, па ми изми нешто од садовите што беа останати кога се вратив од работа, мислам одамна посреќна и поблагодарна не сум била. Не барајте 'рчки кај што нема, се додека не ви вадат на нос за тоа што помагат не гледам никаков проблем.
@1209 Јас сум за тоа да и кажеш директно и отворено дека си уморна и дека сакаш да си бидеш сама. На најфин, смирен и културен начин, исто така и извести го и маж ти што се случува доколку не знае. Исто качи се горе или евентуално кога таа ќе се симне викни го и свекор ти и пред него го спомни истиот муабет дека сакаш да си сама, не ги знам луѓето ама можеби човекот има барем малку повеќе осет па ќе му текне и ќе си отидат заедно. Убаво е човек кога е фин и културен ама верувај од молчење и нервирање и чување во себе нема ефект, само ќе си ги кинеш нервите. Не ја знаеме жената каква е, ете јас верувам дека нема лоши намери. Можеби мисли дека ти е пријатно во нејзино друштво, можеби мисли дека не сакаш да си сама, сака да се зближите итн. Јас те разбирам потполно, јас со татко ми не можам да седам повеќе од 5 минути во иста просторија не пак со некој друг. Млади сме, сакаме приватност. Нема потреба да се стегаш и срамиш, убави совети ти фале феминките на крај краишта тоа е веќе и твој дом, не си гостинка. Ако од тие совети нема ефект ќе премижиш и ќе и кажеш најдиректно.
''Некоја жена си правела муабет со пријателката: Леле што имам еден зет. Абе зет ко мед! Секој ден и вари кафе на ќерка ми, попладне и помага околу ручекот, помага и околу домашните обврски, чисти. Ќерка ми ужива! А што имам една снааа леле-леле. Сирот мој син. Нејќе од кревет да стане. Па морало кафе да и се прави од сабајле. Еден ручек не знае сама да направи. Да не е син ми да и помогне, да зачисти, ништо! '' Е ова е на кратко она што најчесто го прават свекрвите. Велам најчесто, не се фаќајте одма како мајка ви имала и син и ќерка и била супер. И ја како @1209 си патев долго време од финоќа, па ај вака, ај така, ај и она е нечија мајка преќути на се, но кога му кажав на мм да измие садови и женава од нигде никаде влезе у кујна и ми кажа дека у нејзина куќа машко не миело садови и тоа не и било својствено, па на културен начин ја одјебав и му се пуштив на мм дека е типично мешање у брачни одлуки, ниту еднаш не и текна дека син и не треба да фати садови. За многу, премногу работи сум ќутела и ќутам зошто не е злобна, напротив знае да ми удоволи и се, ама ете коа се испокаравме на почетокот и кога и кажав, многу е подруга. А тоа дека мојот 33годишен маж го третира ко дете, неам збор. И јас имам син, ќе се видам каква ќе бидам шала на страна, за осет се работи, жената може да има и 40 и 80 години џабе е ако нема осет. Мојава на почеток си влагаше така у соба без разлика дали сум сама или со мм, си ставаше работи у плакар што страшно ме нервираше а ја пошо ми е глупо да и кажам, па одоколу и реков дека ми ги меша работите и да не ми чепка више по плакари. @1209 мора да најдеш начин да и кажеш, ако не за нешо бар за цигарите. Значи кажи и дека имаш проблем и дека нејќеш да ти се пуши доле. И потенцирај и ни дека ни на мајка ти не и даваш, не само на неа. а тоа со спиењето, ако не си храбра, само преку маж ти. Или викни си другарка нека ти седи до касно, евентуално на спиење. Или мајка ти.
Не е лоша жена воопшто далеку од тоа, јас многу ја почитувам, а и таа мене, секогаш ми угодувала и ме гледа како нивна фамилија, а исто и јас, немам проблем ниту да и помогнам, ниту ручек да направам, ниту да и зачистам ако ме праша, па и сама се помолувам оти знам како и е тешко со годините на мајка ми да чисти, а свекрва ми е уште постара, плус 4 кучиња имаме и си треба нон стоп чистење па не е на одмет. Мене не ми смета ниту да ми измие садови ниту да ми пружи алишта, ниту да ги собере, ама ме нервира ако некој ми разместува и кажува како и што треба да биде, да дава мислење па ти ако го послушаш во ред, ама не и да се меша без прашање, оти јас кога чистам кај неа никогаш не сум поместила ништо без прашање, не и влегувам во интима и имам осет. А знам дека и е комотно во мое друштво, не дека и мене ми е лошо, јас сакам некој да има дома да си направам муабет, и двете сме сами, маж ми и свекор ми се во странство. Ама сакам вечерта да си биде моја, за релаксација и одмор, сакам да сум сама. Е сега јас му кажав на мм и тој рече ќе разговара, за утрето да добијам јас храброст да разговарам. И реков дали може место долу да го палам оганот горе одсабајле да е топло и таму да седам јас додека е на работа, оти секако таму се кучињата и игуаната и за неа е проблем да е ладно(ова ми беше аегумент) а приквечер да го завалам долу ако ми треба, за бањање, спремање или било што, оти многу брзо се загрева, за разлика од доле. Плус и реков нема да се умирисува тука на цигари оти знаеш дека ми сметаат. Не се навреди, напротив рече не ти е лоша идејата, нема проблем, требаше така да направиме уште одма. Денес сабајле ми го запалила горе оганот да ми е топло, се си беше океј, приквечер си се симнав јас и сите среќни и весели. Ми падна камен од срце, ќе видиме како ќе биде. Фала ви сепак.
Овој го гледај бе ако знае што напишал ете.. Кое место жити се? И дај објасни ми го тоа, цитирам ,,а нарочито мајката на маж ви,,? Не сфаќам она е нешто помајка од мајката на жената или што не разбирам? Ќе се посреќи таа за маж шо ќе те земе. Да не беше жално ќе беше смешно.
Ако не си го загорчат животот жена на жена, нема кој друг да им го загорчи животот. Ах да мажите, тие се само кец од карти, само прашање е која ќе го присвои.