Нема потреба да се присвојуе мажот, си се знае која е мајка, која е жена. Ако морам да се борам за него со мајка му, пријатно со здравје! Гледам погоре бројчено добро ја исхендлала ситуацијата, кога сите така смирено би реагирале, немаше да има толку многу кавги меѓу снаи и свекрви.
И кај мене исто, ми дава "silent treatment" - тивок третман, демек еве нема да ти зборам, само ако ја прашаш нешто ти одговара после пак исто, ова кога нешто не и е погодено, ама јас па нема каде да избегам, не ни е готов станот, заедно живееме сега...многу ме нервира
Дојдов само да пишам дека се срамам што се не изнапишав за свекрва ми,а да не беше она вчера тука,ќе се мрднев. Првиве денови е нон стоп со нас не надгледува,ни помага,да не е она нема да можам асално ни да се избањам. Си ги смирив малку хормоните.И таа е само мајка и прави се да ни помогне.
Зошто ни ги мразите мајките јас сум машко пазете имав едни другарки ми велеа да се преселам да живеам сам да се тргнам од мајка ми и што сакаа да постигнат? Јас мајка не мењам па и сам да бидам прво мајка после се, ме изгледала и јас во знак фала да се тргнам со снаа???
Никој не ги мрази мајките туку, под ист кров, во 99% од случаите искрснуваат проблеми, пред се заради генерациски јаз и менталниот склоп на просториве.
Заради ова прекинав контакт со за жал веќе поранешни другарки.Едната в лице ми се смееше дека на 30 сум нејќел да се иселам а другата в фаца ми плесна дека ми е време да се одделам од мајка ми.Како да ги сакам после?
Па како да ти кажам во право се.. Никоја нејќе маж на 30ка зависен од мама. Ти кога би се оженил во брак би биле тројца, ти, жена ти и мајка ти. Ич не ти е здраво ова размислување.
А што да направам? Сеуште сум многу приврзам, стара е мајка ми и немат кој да ја гледат и татко ми е стар. Како родител да отфрлиш па не е тоа добро не знам зашто сите то ми го велат
Не значи дека децата кои не живеат со своите родители помалце ги сакаат истите од тебе. Ти практично жената ја гледаш како слугинка - помошничка на тебе и твоите родители.
Твојата е МАЈКА, ама снаата нема мајка.. Секако дека треба мајка да се гледа. Но, едно големо но!!! Не значи дека ако се оделиш не ја сакаш, цениш и почитуваш. Не значи дека нема да ја посетуваш, дека ќе се откажеш од неа. Ако има слога нека има и заедница. Размислете пред да лупнете ваква глупост. Не знам само, кога тебе бабата(на женати мајка) би ве малтретирала, како би постапил. Дали и тогаш ќе кажеш МАЈКА Е МАЈКА.
Абе еве снаата се дели од мајката, оди да живее со мажот. Значи, автоматски се одрекува од родителот? Или ај ќе се мажиме ќе се жениме, ама секој со мама ќе си живееме...
Се помага кога веќе нема да може нормално да си ги обавува секојдневните активности. Додека е ,,на нога'' не мора да се туткаме сите под ист покрив.