Јас мислам дека е сериозен. За жал, уште постојат вакви мажиња кои сметаат дека жената треба да им биде слуга нему и на мајка му и дека служи само за приплод. Тешко на таа што ќе ја земе. Ако воопшто земе некоја.
Ти пак, ги зафркна Тие очекуваа да си на нивна страна, по машка линија. Ама пустите, не се сите како нив, да не можат да се одделат од суќната на мама
Види, и јас сум многу близок со мајка ми. Ама никогаш не ми се мешала за нешто или слично. И кога ќе дојде време за да се женам или не мора женење, живеење со партнерката, сакам сами да си бидеме. Си сакам приватност. Може сакам гол низ стан да се шетам, а не можам. Може сакам у кујна да се се*саме, а не можам. Зошто да се пазам дали некој ќе слушне стенкање во соседна соба? Тука ако прочитате тие што живеат со свекор и свекрва без тропање им влагаат, па сеа вие видете. А за помагање на родители нормално дека ќе помагам, сигурно нема така да ги оставам. А тоа што јас ќе си имам свое гнездо не значи дека не ги сакам. Ама балканци, тоа е...
Човеков ќе се жени за да има кој да и вари кафе и кој да ја гледа мајка му? Досега кој и вареше кафе? Кога во една куќа живеат 100 генерации, не може да има хармонија. Многу ретко во денешно време оти се на некој нешто ќе му пречи. Ако се оддели од мајка му и си живеат сами со жената, тоа по дифолт не значи дека ќе ја отфрлат. Некогаш и ќе и свари кафе, па и ручек ќе и направи ама секој ден не. Никој никому не е слуга. Жената си има посебно место, а мајката посебно.
А зошто вие балканци ама не типични балканци не створите свое гнездо и без пратнерка а? Или фино ви е во гнездото на мамичка, мама ве тинтра а после ќе си имале свое гнездо за да се сексале во кујна со парнерката. Ако толку е кнап работава а се зажелело за секс у кујна па прати ја мамичка до пазар и оп партерката во кујната на мама Проблемот е што ретко кој до 30години создал нешто свое за да наметнува правила-шетање гол и секс у кујна. А ти @BoboSentinel со какви женски дружиш? Не си им дораснат ти нив штом си толку приврзан за мама. Ама па и тие не ти се дораснати тебе кога наместо да те запознаат и засакаат до тој степен да решат да создаваат со тебе нешто заедничко прво им смета нечија мајка. Кај тебе најмал проблем е мајката, друг е твојот проблем ти пиша овој што грешиш. И ти треба да почнеш на тие женските да им вртиш муабет ко ќе ти бидат девојки и ќе сакаш да сексаш у кујна ќе ја тргнеш мама настрана. (ќе ја пратиш до на пазар да се изе*ете јако во на мама кујната)
Така а? И на ваков муабет од едни другарки ти кога би прашал зошто-како ти вретеле ваков муабет треба да ти се одговори дека си толкаво магаре што вакви муабети прави? п.с.многу сакате да навредувате кога не сте вие засегнати
А зошто па мажот да мора да создаде "гнездо"? Зошто тој товар се префрла нему? Се живее со неговите, нивниот дом се адаптира... Не гледам причина зошто било кој би отишол сам да живее со себе, ако му е арно дома и ако на родителите не им смета. Кога ќе има партнерка со која ќе сака да живее, дали ќе купат живеалиште или кирија ќе плаќаат, нивно си е. Ама дека уште во рани 20ти мажов треба да направи "гнездо" за партнерката која не ја ни запознал уште... мхм, сигурно.
Убаво си рече, не мора женење, ќе си живее со партнерката Ние сме од тие што не веруваат во љубов на хартија
Јас како да го имам разбрано дека тој генерално не верува во љубов . Небитно Мило ми е што сепак дава шанса и на бракот
Ме бендисува како размислува @Mr. Right. На Македонија и се потребни вакви мажи Жената/партнерката ако сака свое гнездо нека го создадат заедно. Не е тој коњ, сам да р'мба. Доволно е што е со нејзе За родителите во право е. Не значи дека треба да ги отфрли, ќе продолжи да ги почитува и помага исто како прво. Кога има љубов и разбирање се' ќе се реши.
Нема да земе, зошто од старт си кажува дека што и да биде никогаш нема да биде на страна на жената, туку дека никогаш нема да ја напушти мамичка макар и останал сам. Пред време, пред да се укаже прилика, можност, проблем или небитно... тој веќе знае како ќе постапи. Таа ќе му роди дете, ќе го пере пегла, ама ако мамичка каже дека снајка и го утнала кафето, тој ќе ја остави. Не знам зошто си прават проблеми кај што ги нема. Или па, имал такво искуство да некоја му наредувала да се откаже од мајка па сеа ќе се шета со икс на челото и ќе генерализира. Ама, ако толку ја сака мама, не треба ни да помисли да фаќа женска, а не па брак.
Па ќе одите на неделен ручек на сарма кај мама ќе јадеш сарма и после правец домче.Интересна ти е темава изгледа да се зезаш со нас.
леле не можам да поверувам што изначитав на последнава страница. Значи јас ко ќе остарам син ми треба мене да ме гледа и да остави и жена и се па од ко ќе умрам нека се врати кај жена си или па додека сум стара и болна ич нека не се жени после ко ќе ме нема нека му ја мисли,јас битно се наживеав.