Мајките се криви за приврзаноста. Кај нас,од мали нозе мајката се врзува со синот,па синот спие со мајката во исти кревет до кај 12 години,па во пубертетот и натаму, ке крие некои работи од таткото,за да го заштити мајкиниот син,ке му носи кафе и вечера на 20+ и после проблем со жена му ќе има,епа ќе има. Кога ке престане концептот "син на мајка" од кога ке се роди,тогаш може и мажите нема да се толку приврзани со мајките.
Поточно од ова - здравје. И претходно имам кажано, "свекрва ми" најмногу ја почитувам зошто израснала 2 сина кои не очекуваат од неа НИШТО. Се' знаат сами да си направат, а бидејќи и нејзиното здравје не е најарно, и за неа знаат да направат. Ни најмалку не се мамини, ни едниот ни другиот, а јас поздрава врска мајка-син немам видено. Оти имам другар на 20+ мајка му секое сабајле му мачка кришки леб, му лупи јаболче, и најтрагично беше кога седевме цело друштво а таа дојде да му облече блуза оти ладно било. Не е ни чудно што скоро па 30ка има, ни една девојка не издржува со него повеќе од 2 месеци. Ако сакам дете ќе си го родам, 30 годишно да посвојам не ми треба.
Јас имав другар на 26 години,незнаеше да испржи јајца,незнаеше како се прав тост,како се лупат и пржат компири.Едно лето неговите отидоа на одмор,го оставија сам,направи прво поплава,земал лубеница ја акнал во када,ја пуштил чешмата до крај,и си искочил,пола стан беше со вода,после 3 дена,ставил зејтин во тавце да пржи јајца,пуштил шпоретот до крај ринглата,зејтинот почнал да прска и капнало на ринглата зејтин и се запали шпоретот цела кујна беше црна,истото го направи и со компирите,за сите овие работи му кажував како да прави и што да прави,затоа што на секој 10 мин ми се јавуваше,што и како да правел,најакото од се беше кога ми се јави со поплавата,водата да ја вадел со ПРАВОСМУКАЛКА.Ова е све одраз на миличката му Мајка,која секое сабајле пред работа,му правеше доручек,му оставеше парички ако не го најдате тоа што му го зготвила да си купи некој сендвич,кога ке дојдеше во 4 сакапана од работа,му правеше ручек,и вечерта вечера му готвеше,му ги местеше алиштата по боја,за да знае дечкото што,со што да облече,јас вакво нешто уште немам сретнато во животот,а се надевам дека е еден и единствен ваков случај.Но работите се сменија,останаа многу сиромашни,затоа што до 28 год,ништо немаше во животот работено,освен кафиња,и шетање по градов ништо друго незнаеше да прави,и се спакува и си отиде во Прага да работи,се надевам дека нема да изгори Прага. Е од вакви Мамички,децата се парализирани(во рацете и главата),незнаат основни работи,незнаат да се снајдат кога се сами,и незнаат да водат грижа за себе,и после на 30 год,не бил женет,немал деца,фамилија?Добро е што е жив сам кутриот,колку и да најде некој мутавка што викам јас,како него,ни таа нема да го сака,затоа што ке им биде дома,бетер од штала,за све се криви РОДИТЕЛИТЕ.
Водата ја вадел со правосмукалка oo Врв на човечкото достигнување, колку треба да си мавнат да направиш вакво нешто Живо е човечево сеуште ?
Кога ми се јави и ми го кажа ова,искрено мислев се шали,и се смеев нормално,и по гласот гледам сериозен и исплашен,ми вика да ја вадам ли бе вака кажувај побрзо,цел стан е со вода,тогаш се облеков,отидов кај него,што да видам,како на базен исто.Иначе да жив е,работи во Прага. Најрагично е што беше мангупче во градот,женкар невиден,убав дечко искрено,ама 2-2 незнаеше да спои. Иначе кога отидов кај него,стварно мрднатиот ја извадил правосмукалката,и ке почнел така да ја вади водата
Прво и основно ризик е да ја брцнеш во струја правосукалката во поплавен стан, па ако сака и на вода нека е
Јас потекнувам од село, живееме во село.... Па немам проблем со обраќање на свекрва ми со : мајка, ама на свекор ми ми е тешко да се обратам, зашто татко ми е починат 15год.и оттогаш немам на никој речено тато-татко, ми е малку creepy и ми е срам, не знам како ќе реагира .... Со двајцата имам коректен однос, јас уште првиот пат кога влегов си кажав име и сите да ми се обраќаат така, џабе да ме викаат снајка, снао, а да не ме почитувааат, и на свекрва ми и реков дека снаа и свекрва само се почитуваат никогаш не се сакаат, нити таа може да ме сака како золва ми, нити јас мојата снајка ќе ја сакам како ќерка ми, или пак мајка ми ќе ја сака снаата како мене.... И да заслужуваат да ги викам со мајка - татко, зашто ептен ни помагаат... Мм дури знае некогаш да повиши тон, јас сум таа која секогаш ја смирува топката, исто сум иницијатор за да излеземе заедно на ручек - вечера.... Кога се нервирав околу свадбата со МОИ роднини, свекор ми беше тој што ме тешеше и велеше дека никој не го заслужува моите солзи...И да, заслужиле да ги викам така... Додека пак мајка ми си се изјасни дека не сака да биде ни "баба" ни "мајка " прво дури бев тинејџерка се тепав за тоа викање мамо тато, ама како возрасен човек гледам дека не е така
грешиш мила моја ..јас еднаш имав поплава од парното и комшијата ја зема неговата рејбон правосмукалка и така собиравме вода.
јас не би ама ете можело ти што постоиш на овој форум си доказ за тоа Инаку може и не била неговава на вода ние тргнавме со претпоставки само
Обична правосмукалка беше,мада и да беше на вода,не би ризикувал такво нешто,затоа што беше премногу вода.
Затоа јас на балканците не балканци пишав кога ќе научат да се тргнат од на мама што ги тинтра и создадат свое пред се за сами себе подругачие ќе им е. (Тоа своето дали ќе купат, кирија или чуваат празен дом на некој заминат во странство тие нека се снајдат а не и да сакам не можам,најлесно е да не можеш не од што не можеш туку од што така сакаш да не можеш, дека најлесно е готованското тато носи мама меси) А потоа ако најдат партнерка која со нив сака да создава заеднички уште поубаво ако не исто убаво. Ама кој разбра разбра убаво кој не разбра уште поубаво