Можам само да претпостам каква е да речам ете таа родителска љубов што вака го "воспитува" синот , а најтрагично е што сеуште има синчиња што се вака послушни.
Ве читам вака со свекрвите па си се присеќам на мојава Едно е сигурно и помирете се со тоа, дека ќе зборат зборат и зборат. А јас како што таа збори ќе се умислам нешто баш тогаш и смислувам топла вода или па игнор од едно уше влегува од друго излегува А тие зборат зборат и зборат Нивно е да зборат а наше да си тераме по наше наше и наше И така Да не се даваме бе Што вика маж ми како повеќе стареат така повеќе улавеат а ние вакви ама и годините си го прават своето неминовно е Ако не зборат со нас со кој Стари луѓе такви се Јас кога пакував куферите пред еден месец она збореше 500 на саат као радио да пееше викам аман заман жено 5 минути ќе заборавам нешто треба да се фокусирам на торбите Не не и не На крај си се фокусирав на торбите па си мислев телевизорот збори
Шо иам глеано у една фамилија, свекрвата готви на првиот спрат дека таму живее, а горе снаата. Па наутро сите си доручкуваат и после по работа кој каде. И нема никаков проблем и снаата со чистење на првиот спрат како и обратно. Абе хармонија, да тие мерак да бидеш маж таму.
Аман бе Бобо А мажов/синов кај е у целото тоа готвење и чистење??? Леле бре те читам и алергија добивам
А што е со приватноста? Кога веќе имаат посебни спратови не гледам која е потребата заедно да доручкуваат и да си нарушуваат приватност со чистење туѓ спрат. Тешко на снаата. Прашај ја неа дали му е мерак да биде таму снаа и ќе знаеш која хармонија ја имаат.
Мојата свекрва не само што нон стоп збори, за се она има мислење и одма се навредува ако не се согласуваш со неа, туку и ја фаќаат луди периоди на два три месеци и тогаш мора да се скара со некој, често тоа сум јас и веќе одвај ја трпам ... страшна работа Исто така вели ако втората снаа ја викала мамо (имам девер неженет) нејзе повеќе ќе сакала и да не сум била навредена ако била завртена на таа страна. Па ај вие кажете на нормална ли ви личи?
Јас да сум на твое место ќе си ќутам. Ако доаѓа и осеќаш дека сака да се кара молчи и смеј се нека боцка боцка и сама нека си се кара. Не треба да и одвраќаш за да и даваш причина да се кара и оелснува врз тебе Ако е дојдена со причина за да се кара оди низ стан и молчи она нека збори збори.. Ти кути си и смешкај се Ќе види ќе не види дека игнорираш ќе се повлече Оти за кавга требаат двајца. А за тоа за другата снаа ќе и тречеш само "ако бе како сакаш така" и насмеј се. И толку Не и давај објаснувања и причини за да се кара и да боцка. Тоа е финатата.
Јас секако се тргам од конфликти ама не се трпи јас внатре се нервирам многу дури и со маж ми се караме, сеа не ми збори нешто налутена е тивок третман ми прави сака нешто да покаже, а уствари само проблем ствара и тензија на сите дома
Шо подалеку, то поарно. Та и од свекрва, та и од мајка. Секој кој има услови да живее самостојно, ич не треба да му се мисли... ни секунда.
Мојава знае чат пат да се налути за нешто и на никого да не зборува за тоа со денови ама сепак не кажува зошто се лути, поарно да ми каже тоа и тоа ми прече ќе пробам јас да го сменам а не само да се налуте и ништо да не збори. Не само со мене со сите домашни е ваква. А и многу е по тие обичаите денес ова не се прави утре тоа не се прави, за се таа нешто знае, таа е најпаметната ..
Веќе имам пишувано за мојата ситуација но сега би сакала да ве прашам конкретно како вие би постапиле на мое место. Веќе неколку месеци живееме во странство, пред да се преселиме мојата золва и свекрва ја користеа секоја прилика кога не сум дома да ми се качат на спрат и да бркаат кајшто ќе им се посака. Плус золвата се послужува со многу мои лични работи без да ме праша. Мојата золва посебно има многу мерак да спие на мојата спална, купена лично од моите родители. Вечерта после свадбата ние останавме во хотелот и таа и дечко и спиеле на нашата спална. За мене не постои поголемо нарушување на приватноста од тоа. Пред да заминеме, ја заклучивме само спалната, се' друго оставивме отклучено. Клучот не го оставив на некое ептен скришно место затоа што со тоа само сакав да дадам до знаење дека не сакам никој да ми ја користи таа соба. Се вративме пред една недела, и погодете што... едно отварање на собата и јас одма забележав дека собата е отклучувана по неколку знаци што намерно го запомнив. Згора на тоа креветот беше само онака нафрлан со прекривките со коишто ние убаво го бевме послале креветот. Видов дека и во кујната е секаде пребркувано, има земано пд банални работи како чаеви, салфетки, кафиња и сл. Плус свекрвата сама кажа дека си се послужувале со мојот кујнски прибор. Иста е и ситуацијата и со бањата. За една недела треба да се враќаме назад па се мислам дали да го заклучам целиот спрат но не ми се остава така дневната и кујната затоа што сепак таму има плин, вода и радијатори од парното кое го користат и доле. Знам дека повеќето би ми препорачале да разговарам и на мирен начин да им укажам но ветувајте дека тоа е многупати кажувано и повторувано. Многу лошо се чувствувам, како да ми е узурпирано тоа што е мое, џабе е што имам се и се ми е средено со наши лични средства и на моите родители кога не ми го оставаат да биде само мое..
Хмм... малку комплицирано но ја би заклучила а клучот би го оставила пр на свекорот ако тој недозволи да пребаруваат туку ептен у дадена ситуација штознам да проветри или сл....
Мене ме заинтересира овој дел да ми се качат на спрат...Ако спратот сте го изградиле ти и маж ти исклучиво со ваши финансии во ред е да пишеш да ми се качат и уште е по во ред да си го заклучиш катот и да оставиш клуч или кај свекорот ако е по совесен од свекрвата и золвата или кај твоите ако знаеш дека нема да ти буричкаат и спијат таму. А во случај да е катот на родителите од маж ти и они водат ред и ви чуваат што се чудиш што пофалело чајче или салфетка? А за спалната ќе си ја заклучиш и клучот кај посовесна особа што нема да ти претура, сигурно таму не чуваш плинска боца или имаш купатило во спална па да му ја мислиш. Премногу грижа за нешто што се решава многу лесно. Ова однесување на свекрва ти и злова ти само е искуство кое треба да ти укаже дека они две не се совесни во водење грижа за спратот.
Проблемот не е во салфетките или чајот. Проблемот е во помислата за тоа како некој ти претура во личните работи. И да, спратот е од нивна куќа кој беше буквално само празни ѕидови со блокови. Па замисли колку треба вложување за тоа да се среди. Ако е во нивна куќа не значи дека имаат право да ми претураат во гаќи. И токму поради тоа што е спратот од родителите и поради тоа што се однесуваат како да го бранат од некој туѓинец, наместо да живеат со синот ќе си останат сами во цела куќа. Нека им стои спратот за украс.
Маж ти за ова треба да покаже сериозно заби. Ти шо и да кажеш ќе бидеш само лоша снаа и ништо више, пак по старо ќе се тера. Тој треба сериозно да ги подбери што ви роварат по дома. Ако нему му е пријатно сестра му да се валка на неговиот кревет тебе сигурно не ти е. И шо дека е куќата од нив. Ај на глава нека ви се качат дека е од нив. Па на син им дале, не тебе.
Лично јас се согласувам со поцртаново, ама ете нив така им чини да не се согласуваат. Епа нека им стои за украс што се потресуваш тогаш дали влегле или не, ете решен проблем Некои дале на син, ама синот вклучително и жена му нивни си се и тука избиваат проблеми. Стариве си мислат сме дале, наши си се младиве и си мислат дека што и да прават дека се во право. Затоа ова пред брак се планира. Или со мирно се решава, со разбран муабет или има и други опции-кирија, нека си купат младиве или еве овие заминале во странство. Така во нејзиниот случај има решение клуч на спална и клуч на стан кај особа која е одговорна, очигледно свекрва и и золвата не се. И да убав муабет со мажот тоа да.
Штом веќе сте се одселиле во странство не вреди да се замараш со глупости. Води се по правилото: што не знам не ми смета и по раат ќе си бидеш. Заклучи и остави им го клучот, се може да се случи кога ве нема, од спалната извади ја постелнината, остави само гол душек, па ако сака золва ти да ја користи нека си ја намести сама. Многу е безобразно од нејзина страна, ама секако не можеш ништо да смениш од таму.
Jas iskreno ve citam cat pat i od ona s Jas se bi zaklucila i bi go dala klucot na mojte roditeli ako epten nesto se desi....oni nemora da imaat kluc.